Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување ...

Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. Утрово во Битола, во семејна расправија ...

Претставници на релевантните лаборатории во нафтената индустрија во регионот, на министерствата за енергетика, регулаторните комисии, државните инспекторати, како и други релевантни институции и компании учествуваат на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што од денеска се одржува во Охрид. Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења и современи практики во ...

Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска ...

Општина Аеродром од 18 мај започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром. Во рамки на акцијата, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го оставаат стариот и дотраен мебел, ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени кардиохируршки операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на ...

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...

– Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се и потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека бргу ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството – изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”. Компаниите, додаде Азески, сигнализираат ...

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и оваа година активно се вклучи во масовната еколошка акција „Генералка викенд“, која се одржа на 8 мај на повеќе локации во Скопје. Акцијата, како што соопштија денеска од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, се одржа на кејот на реката Вардар опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа разни видови непрописно одложен отпад од брегот и од пешачките патеки. Паралелно, ...

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска имала средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која, како што информира Општината, ја запознала со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните. -Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со посебен фокус на размени во областа на културата, образованието ...

ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството. – Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со мазутот, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека досега за капитални проекти се реализирани 75 отсто од буџетските средства на Министерството за транспорт. Како што рече, Министерството е подготвено и за повеќе ако буџетот дозоволува. – Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75 отсто од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има ...

Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара ...

Во однос на Реформската агенда веруваме дека сепак има стапка на исполнетост и позитивен тренд од почетокот на овој извештаен период и се надеваме дека ќе има и поголема исполнетост до крајот реформските чекори, рече денеска Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија, во изјава за медиуми пред Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во организација на ...

Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што правиме ние за да ги заштитиме ...

На важноста на регионалната поврзаност, како клуч за енергетска стабилност на поширокиот регион и на енергетските проекти што секоја земја ги спроведува, се осврнаа учесниците на панел-дискусијата на конференцијата за енергетика во Атина, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која посочи дека ни е потребна поголема регионална интеграција и интерконекција, а паралелно се осврна и на актуелната ...

Претседателот на македонското друштво „Сонце” и лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски оствари средба со Ана Соле Мена, виш експерт за повеќејазичност во Европската комисија. -Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и ...

Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е системски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, ...

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...

Им се обраќаме на СДСM токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа. Со доаѓањето на ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна ...

Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за над 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Според него, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција. Како што рече Трипуновски во гостување на Алфа телевизија, како функционер по промената на ...

Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија 2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни ...

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните. „Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и ...

Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија ...

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, вели министерот за правда Игор Филков во реакцијата за запирањето на истрагата за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“. – Како министер ...

– В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести. Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење ...

Дванаесет холандски лекари се во шестнеделен карантин поради контакт со телесни течности од пациент заразен со хантавирус од крузерот. Болницата соопшти дека ризикот е низок, но мерката е превентивна. Во Париз, Французинката заразена со вирусот е во критична состојба и на респиратор. „Пациентката моментално има најтешка кардиопулмонална форма на болеста и прима последна фаза на поддржувачка нега, ставена е на респиратор за кој се надеваме ...

Високи американски и кинески претставници се согласуваат дека ниту една земја не треба да наплаќа такси за премин низ Ормускиот Теснец, соопшти Стејт департментот, што е знак дека двете земји се обидуваат да најдат заедничка основа во нивните напори да го натераат Иран да се откаже од контролата врз виталниот воден пат. Изјавата доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, на кој ќе биде ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01