Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари средба со директорката на Оперативно- техничката агенција ОТА Марија Јаническа на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка со почитување на основните човекови слободи и права. Како што информираат од ОЈО, двајцата оценија дека соработката до сега се одвива непречено, ...

Горивата што се точат на бензинските пумпи во Македонија и се меѓу најевтините во регионот, ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Надлежните уверуваат – контролите се редовни, лабораториските анализи ригорозни, а системот се усогласува со европските правила. „Важна пресвртница е донесувањето на новиот закон за енергетика, кој постави посилна правна рамка за пазарен надзор и овозможи поефикасно следење и контрола на ...

Предметен јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле ...

Ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ денеска беа на прием кај градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата, информираат од локалната самоуправа, градоначалникот Георгиевски им посака топло добредојде на гостите, истакнувајќи дека ваквите меѓународни образовни размени претставуваат значајна ...

„Вреди“ оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети, се вели во соопштението на „Вреди“. Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за ...

Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија. И при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните, рече Михаил Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија при денешната посета на историско и туристичко Крушево. -Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни проекти ...

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците, беше нагласено денеска на панел дискусијата „Ученички активизам за безбедни училишта“, организирана во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, соопшти Меѓаши. На панелот претставници на институции, училишта, граѓански организации и ученици дискутирале за ...

Во организација на Општина Крива Паланка и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, со свечено дефиле на матурантите од генерацијата 2022/2026 беше одбележано завршното поглавје од средното образование на младите средношколци од општината. Со многу насмевки, емоции и младешка енергија, матурантите достоинствено дефилираа низ градскита улица, испраќајќи едно незаборавно средношколско поглавје и чекорејќи кон нови животни предизвици и ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и кинескиот лидер Шји Џинпинг се согласија дека Ормуската Теснина мора да остане отворена за слободен проток на енергија, објави Белата куќа по состанокот на лидерите во Пекинг. Британските медиуми пренесуваат дека во официјалното резиме од разговорите Белата куќа наведува дека двајцата лидери разговарале за глобалната енергетска стабилност, како и за потребата од непречен проток на нафта и гас преку ...

Бизнисот добро се справува со инфлацијата, се чувствува исцрпено, но има капацитети да одолее на предизвиците. Првиот човек на стопанската комора Бранко Азески, уверува дека состојбата е стабилна, а државата и компаниите имаат доволно механизми да делуваат за амопртизација на ценовниот шок. Во услови кога изостанува значителен инфлаторен удар однадвор, состојбите полесно се менаџираат: „Ние сме секојдневно во комуникација со Владата така да ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) Скопје и Министерството за европски прашања, ја истакна важноста на Реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија. Како што соопшти ...

Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус за ...

Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата Димитрие Чуповски бр. 7. Таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – младите, возрасните и пензионерите – каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. – Мислев дека е време уште едно место тука во центарот на градот да им ...

Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик – информира обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства, соопшти Министерството за образование и наука. Проектот е поддржан од„ Македонски Телеком“ и, како што велат од МОН, е резултат на заложбите за дигитализација на образованието и значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата. -Оваа учебна година започнуваме со ...

Не само јавниот, туку и приватниот сектор треба активно да се вклучи во борбата против корупцијата. И невладините организации, исто така, науката, академиците, стопанските комори, граѓаните, на сите нивоа. Секој треба јавно да зборува и да кажува со какви конкретни примери на корупција се соочил. Неопходно е креирање заедничка платформа во која ќе учествуваат сите општествени чинители. Само така ќе може да се стори нешто конкретно, наспроти ...

Потребен ни е дијалог со Бугарија и во тој контекст јас побарав билатерална средба со мојата колешка од Бугарија на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Шведска за десетина дена. И покрај сѐ она што се случи во последните денови, мојот став беше прилично јасно артикулиран и јавноста го слушна за онаа несекојдневна и навистина непријатна епизода пред некој ден – изјави денеска министерот за ...

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го ...

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од Обвинителството и полицијата, ...

Девет пациенти завршиле на операции на срце под сомнителни медицински наоди – утврди странската лекарска комисија. Од вкупно 13 анализирани случаи, кај овие деветмина биле утврдени сомнежи за неоправдани наоди во дијагностиката и упатувањето кон кардиолошки интервенции. Кај останатите четворица пациенти третманот бил целосно оправдан и изведен според медицинските стандарди. Пациентите кои биле оперирани биле од 46 до 78 години. Случаите кои ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница донесе одлука дека Предлог законот за парнична постапка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање и за организирање јавна расправа. Предлог законот за парнична постапка, кој пред пратениците е со европско знаменце, за заменик министерот за правда Ален Деребан, е еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. – Станува збор за ...

Целта му биле жени, и тоа главно постари кои живееле сами. Не се знае како и зошто токму нив ги избрал, но главниот мотив му бил што го мразел женскиот род. Им влегувал дома, на некои има ставал ќебе врз глава, на други перница за да ги задуши, ги тепал, си задоволувал ниски страсти за време на чинот, а некои и ги ограбил. 25 годишниот овчар Трајче Б. од селото Малотино во Старо Нагоричане е првиот сериски убиец во Македонија чиј мотив за ...

Премногу време поминато на интернет, намален број на активностиво реалниот свет, голем интерес за содржини со агресивно однесување во медиумите… Ова се дел од главните причини коиго поттикнуваат врничкото насилство, се посочува во проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина,, кој го изготви невладиниот сектор во соработка со МОН. Се апелира дасе слушне гласот на учениците за проблемите со кои се соочуваат,а стручните лица да работат не ...

Ужасен крај за 31-едно годишната Ајнет Вејсел од Битола. Нејзиниот 33 годишен сопруг, со кого не живееле заедно веќе подолго време, утринава нешто пред 7 часот, по жолчната расправија, ја нападнал со нож и ја избодел до смрт. Ајнет беше мајка на 4 деца. Роднините во шок раскажуваат дека сопружниците биле разделени, недоразбирањата меѓу нив биле чести, но жртвата не го пријавувала заради децата. Тврдат дека убиецот не можел да се помири дека ...

Култната претстава „Чичко Кумплунг“ се враќа на театарската сцена. Вчеравечер, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, премиерно беше изведена претставата „Чичко Кумплунг“, работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи. Оваа сатирична црна комедија носи нова обработка на еден од најпрепознатливите ликови од македонскиот филм и преку хумор и сарказам ги прикажува општествените аномалии и ...

Борба за глобална доминација или обид за мир? Големата народна сала во Пекинг беше местото кадешто зад затворени врати се одржаа двочасовните историски преговори меѓу САД и Кина предводени од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. Кина ја покрена чувствителната тема за Тајван, нарекувајќи ја „најважното прашање“ кое може да ја обезбеди стабилноста во односите меѓу двете земји. Двајцата лидери успешно го избегнаа прашањето за Тајван. Сепак, ...

Повик за обединување околу реформските закони и агенда и планот за раст. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја повика опозицијата на одговорен пристап и дијалог кон европската иднина, а не дненво политички препукувања. Според него интеграцијта не е само политичка парола, туку подразбира реформи, функционални институции, владеење на правото и независно правосудство. Шефот на дипломатијата порача дека Филипче и неговите сопартијци ...

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти. Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За Филипче и СДСМ, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во општина Валандово ќе ги посети населените места Јосифово и Балинци. Посетата на Трипуновски е во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Кампањата почна на 18 март годинава од општина Босилово, а предвидено е, како што рече тогаш министерот, да бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. -Целта е да се слушнат ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Родиум

257205.97