По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување на утринската програма на Алфа, изјави дека покрај забавните елементи, планирани се и пешачки зони, ...
Гранит АД Скопје потпиша договор вреден 6,8 милиони евра со Министерството за транспорт и врски на Северна Македонија за изградба и реконструкција на објекти на граничниот премин со Србија. Според информациите, договорот предвидува изградба на нов објект и придружни капацитети, како и реконструкција на постојните станици на граничниот премин. Проектот е дел од активностите за модернизација и подобрување на инфраструктурата на границата меѓу ...
Членот на извршниот одбор на СДСМ Јон Фрчкоски на денешната прес-конференција објави како што рече „нов скандал“ за како што ја нарече „омилената фирма на власта“ Мастеф која добила 93 тендери со вкупна вредност од 18,3 милиони евра. Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ОКГ. Така се ...

