Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Московските власти воведоа ограничувања за објавување текстови, фотографии и видеа за последиците од терористичките напади, вклучително и нападите со беспилотни летала, објави веб-страницата на градоначалникот на Москва. Целта е борба против лажните вести, според извадок од записникот на градската антитерористичка комисија, а ограничувањата не се однесуваат на информациите објавени од руското Министерство за одбрана, официјалната ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека шпанскиот фудбалер Ламине Јамал ја направи Шпанија горда со мавтањето на палестинското знаме за време на прославата на титулата на Барселона. „Оние кои мислат дека знамето на една земја може да „поттикне омраза“ или се неинформирани или се заслепени од сопствениот срам. Ламине едноставно изразуваше солидарност со Палестина, што милиони Шпанци го чувствуваат. Уште една причина да се биде горд на ...
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за информации што ќе доведат до апсење на Моника Вит, поранешна разузнавачка специјалистка на воздухопловните сили на САД, која беше обвинета во 2019 година за шпионажа за Иран. Се верува дека Вит пребегнала во Иран во 2013 година. – ФБИ не заборавило и веруваме дека во ова критично време во иранската историја, некој знае каде се наоѓа, рече Даниел Виерзбицки, специјален агент задолжен за контраразузнавање ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР и Министерството за образование и наука координираат активности за справување со безбедносните предизвици во училиштата, при што полициски службеници и стручни лица од средните училишта веќе подолг период спроведуваат превентивни контроли и надзор на терен. На заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, Тошковски во ...
Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година, истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026“. Таа посочи дека ако се навратиме една ...
Тврдењето дека во Македонија биле вршени “непотребни операции на срце” добива поинаква и попрецизна рамка по досега објавените информации од медиумите. Странските експерти не утврдиле операции без медицинска основа, туку посочиле на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација. Според досега пренесените информации, странските експерти не го квалификувале случајот како изведување операции без медицинска основа. Наместо тоа, тие ...
Одлуката на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во последен момент да го откаже распоредувањето на 4.000 војници во Полска ги изненади вработените во Пентагон и европските сојузници, а не е јасно зошто Хегсет ја издал наредбата. Одлуката била уште поголемо изненадување бидејќи војниците и опремата веќе почнаа да пристигнуваат во Полска, објави „Политико“. – Не знаев дека ова ќе се случи, рече еден од американските претставници, кој ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се работи на законските измени со кои ќе се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела. На денешната прес-конференција, министерката рече дека со пратениците веќе се работи на дефинирање на законските измени. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собрание за да ги дооформат тие предлози. Веќе тоа е донесена ...
АД ЕСМ најостро и во целост ги отфрла наводите изнесени во денешното соопштение на политичката партија Левица. Станува збор за крајно невистинити, лажни и тенденциозни конструкции кои немаат допирна точка со реалноста, туку служат исклучиво за евтин политички маркетинг и манипулација со јавноста. Од ЕСМ велат дека најмногу зачудува фактот што Левица, во својата желба за собирање политички поени, си зема за право веќе да го затвори случајот ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ги обвини Обединетите Арапски Емирати за помагање и поттикнување на воени напади врз Иран, велејќи дека Абу Даби го „предал“ Техеран за време на војната. Говорејќи на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Гарибабади ги отфрли, како што ги нарече, „неосновани тврдења“ од министерот за надворешни работи на ОАЕ дека Иран ја нападнал земјата и дека е ...
Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција, вели Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука ...
Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус – варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата – соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско ...
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ (08.05.2026 – 14.05.2026) Ротирна печка 3 (А-03.1) Ротирна печка 4 (А-04.1) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се ...
Иран внимателно ги следи случувањата во Пекинг и состаноците на министрите за надворешни работи на БРИКС, додека бара алтернативи во случај разговорите со САД да пропаднат, изјави иранскиот аналитичар Абас Аслани. – Иран сака да биде сигурен дека во отсуство на каков било договор, ќе најде алтернативи, изјави Аслани за Ал Џезира, кој е виш соработник во Центарот за стратешки студии на Блискиот Исток. Тој рече дека непосреден приоритет на ...
Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера. Се разбира, оваа конесија е ...
Дваесетгодишен возач од Скопје е уапсен од полицијата откако со возило удри во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР. Во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ патничко возило „сеат“ управувано од А.П.(20) од Скопје, удри во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здоби со тешки повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила ...
Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека властите во Украина ветиле дека ќе ја запрат војната, но направиле спротивното и рече дека режимот во Киев е „одговорен“ за војната во Украина. – Тие ја турнаа својата земја во катастрофа. Трагедијата што се одвива таму е создадена со свои раце. Нека се справат со својата пропаганда. Киевскиот режим никогаш не донел, и никогаш нема да донесе, ништо добро со својата пропаганда, рече Песков. ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 15 мај 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 118,89 евра/mwh, додека на MEMO цената е 83,18 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 79,31 евра за мегават час, а на MEMO 18,65 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение кон Иран е при крај, откривајќи детали од разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кои главна тема биле тензиите на Блискиот Исток и безбедноста на енергетските рути. Според Белата куќа, двајцата лидери разговарале за состојбата околу Ормутскиот Теснец, при што било нагласено дека пловниот пат мора да остане отворен за меѓународниот сообраќај. Загриженоста доаѓа ...
Второто полуфинале на Евровизија заврши и познати се сите финалисти кои ќе се натпреваруваат за победникот на Евровизија 2026, во сабота, 16 мај. Синоќа, вечерта ја отвори бугарската претставничка DARA со песната „Bangaranga“, носејќи динамичен поп-настап со впечатлива сценографија и модерна продукција. Настапот беше проследен со силна кореографија и визуелни ефекти, со што Бугарија уште на стартот ја подигна атмосферата во салата. Особено ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, Бимилк го продолжува своето стратешко партнерство со СОС Детско село, потврдувајќи ја својата долгорочна посветеност кон децата на кои љубовта, грижата и чувството на сигурен дом им се неопходни. Семејството е темелот врз кој расте секое дете – со љубов, поддршка, чувство на припадност и сигурност. Но, за дел од децата, животниот пат започнува со поинакви предизвици. Токму затоа, по повод Денот на ...
Потенцираме дека заштитата на младината од евентуална зависност од игри на среќа е наш врвен приоритет и затоа демонстрираме крајно конструктивен пристап. Нашите членки, кои се претставници на реномирани светски брендови од оваа индустрија, водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“. Во тој контекст одредбите од предлогот за минимизирање на светлечките реклами на ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во понеделник ги предупреди САД и Израел да не започнуваат нови воени акции против Иран, велејќи дека секој таков обид ќе заврши „како претходниот“ и дека „сите земји треба да признаат дека Исламската Република е победник во оваа војна“. Зборувајќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Арагчи рече дека заканите против Иран станале вообичаени, ...
Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата. Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ. Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во ...
Уште само 16 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите. 16 дена до ново неисполнето ветување. 16 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. По признанието на Мицкоски дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата на СДСМ, следеа признанијата на Тимчо ...
Иранскиот потпретседател Мохамед Реза Ареф изјави дека Ормутскиот теснец му припаѓа на Иран и дека Иран „нема да се откаже од него по никоја цена“. – Ние нема да се откажеме од Ормутскиот теснец по никоја цена. Ормутскиот теснец пред сè ни припаѓа нам. Тој отсекогаш бил наш имот, иако некое време не го користевме добро она што ни припаѓаше, рече Ареф. Ормутскиот теснец е широк 21 наутички милји во најтесната точка, а според Конвенцијата на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...