Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна дека ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор. „Гордана Силјановска изјавуваше дека никогаш нема да изговори Северна Македонија. Христијан Мицкоски велеше дека додека е тој во ВМРО, Преспанскиот договор не е завршена работа. И што сега се случи? ...
Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик, информираше обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на Планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус околу ...
Binance, водечката светска крипто берза според обем на тргување и број на корисници, овој викенд носи посебен настан во центарот на Куманово. На 16 и 17 мај, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, Binance „Камионот со ќебапи“ ќе биде поставен на плоштад Нова Југославија, каде посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни ќебапи и во исто време, во опуштена и отворена атмосфера, да се доближат до светот на криптовалутите. Во текот на двата ...
Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик, информираше обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Полициски службеници од СВР ...
Дебатата за иднината на рударството во Македонија добива нов интензитет, откако еко-активисти порачаа дека нема да дозволат отворање на нови рудници во земјата. Во телевизиско гостување тие отворија прашања за можни еколошки ризици – од ширење прашина преку ветер, до влијание врз земјоделството и потенцијални природни непогоди. Активистите сметаат дека Македонија треба да се фокусира на туризмот како главна развојна гранка, додека ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски врши директно влијание врз работата на обвинителството и побара оставка од обвинителот Ненад Савевски, поради, како што велат, сомнежи за нарушена независност на институцијата. Од партијата тврдат дека „Мицкоски нарачува, а Савевски испорачува“, оценувајќи дека станува збор за пример на, како што наведуваат, „партизирано судство и обвинителство“. Според СДСМ, веќе 160 дена нема одговор од ...
Binance, водечката светска крипто берза според обем на тргување и број на корисници, овој викенд носи посебен настан во центарот на Куманово. На 16 и 17 мај, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, Binance „Камионот со ќебапи“ ќе биде поставен на плоштад Нова Југославија, каде посетителите ќе можат да уживаат во бесплатни ќебапи и во исто време, во опуштена и отворена атмосфера, да се доближат до светот на криптовалутите. Во текот на двата ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...
Телот на убената жена е дадено на обдкција, собрани се материјални докази кои ќе се вештачат, информираше Јавното обвинителство за случајот во Битола. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот. Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса. ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување ...
Млада жена утрово е убиена во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, во случај што според првичните информации се поврзува со семејно насилство. Настанот се случил околу 7:30 часот, по семејна расправија. Според првичните информации, станува збор за инцидент во кој маж ја убил својата сопруга. Осомничениот е лишен од слобода, а на местото на настанот увид вршат надлежните органи. Повеќе детали за мотивите и околностите под кои се ...
Трамп и Си прошетаа низ Небескиот храм во Пекинг, во придружба на водич кој им ја објасни историјата на зградата. Остатокот од делегацијата држеше дистанца додека двајцата лидери ја разгледуваа импресивната сино-златна царска зграда, дел од храмовиот комплекс каде што царевите некогаш се молеле за добра жетва. 🚨🇨🇳 BREAKING — “Did You Talk About Taiwan?” Trump and Xi Ignore Question in Beijing pic.twitter.com/s4sIPMMykx — Pamphlets ...
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...
Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. – Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата ...
Тајван го обвини Пекинг дека е „единствен извор“ на несигурност во регионот, додека кинескиот претседател Си Џинпинг одржа разговори на високо ниво со својот американски колега Доналд Трамп. Комунистичката партија на Кина го смета островот со самостојна власт за своја територија и вети дека еден ден ќе го стави под своја контрола, со сила доколку е потребно. „Воената закана од Кина е единствен извор на несигурност во Тајванскиот теснец и ...
Во пресрет на состанокот меѓу претседателите на САД и Кина, американскиот државен секретар Марко Рубио застана да го погледне со восхит таванот на конференциската сала во Големата народна сала во Пекинг. Снимката од моментот предизвика низа реакции на социјалните медиуми. Marco Rubio was very impressed with the ceiling and light fixatures inside the Great Hall of the People. pic.twitter.com/0ojbKaJoxD — Zhao DaShuai 东北进修🇨🇳 Commentary ...
Сликата за уништена иранска армија што ја презентираше администрацијата на Трамп на јавноста е во остра спротивност со она што американските разузнавачки агенции го откриваат доверливо. Според доверливи проценки од почетокот на овој месец, Иран успеал да го врати пристапот до повеќето свои ракетни локации, лансери и подземни објекти, пишува „Њујорк тајмс“. Најзагрижувачки се доказите дека Иран го вратил оперативниот пристап до 30 од 33-те ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг во четврток со формална воена церемонија за добредојде, додека двете сили се стремат да ги стабилизираат односите по месеци трговски тензии. Клучниот состанок се одржа зад затворени врати. Кинескиот лидер Си Џинпинг го покрена чувствителното прашање за Тајван за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...
УЕФА денес го казни Фенербахче со 10 милиони евра поради низа манипулации и неправилности во финансиското работење. Иако оваа казна не е една од најголемите изречени од европската фудбалска организација (Челзи 80 милиони, ПСЖ 65 милиони, Барселона и Манчестер Сити по 60 милиони евра), таа е секако значајна. Специјалниот оддел на УЕФА за спроведување на правилата за финансиска одржливост, кој го надгледува балансот помеѓу приходите и ...
Руски државјанин е осуден откако се обиде да внесе стотици непријавени дијаманти скриени во џебот од фармерките од Дубаи во Русија, објавува РИА Новости, повикувајќи се на судски документи. Според резултатите од истрагата, тој купил вкупно 330 сечени природни и синтетички дијаманти во Дубаи, по што пристигнал на еден од московските аеродроми. Иако поседувал вредни предмети кои подлежат на задолжителна царинска декларација, тој решил да ...
Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Си Џинпинг се сведени од најави за „голем договор“ на апел за помош за повторно отворање на Ормутскиот теснец и притисок за помали трговски договори. Претседателот Доналд Трамп пристигнува во Пекинг во улога на која не е навикнат – како молител кој бара услуги, пишува Политико. Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг во четврток и ...
Холандските власти запленија речиси 220.000 нелегални електронски цигари и повеќе од 50.000 кутии никотински кесички, додека Службата за финансиско разузнавање и истрага (FIOD) исто така заплени 23 милиони нелегални цигари, објавија денес надлежните институции. Акцијата беше спроведена во текот на изминатата недела на повеќе локации, вклучувајќи компанија во покраината Јужна Холандија и магацин во Северен Брабант, според NL Times. Според ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека очекува доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин за осветувањето на руско-српската катедрала во Бања Лука. На прашањето кој треба да присуствува на церемонијата, Додик кратко одговори: „Го очекуваме доаѓањето на Владимир Путин“. Тој додаде дека градежните работи се речиси завршени и дека останува само боење на ентериерот. „Тоа ќе го ...