Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата ...

Повеќе од 1.700 патници и членови на екипажот се во карантин на крузер закотвен во Бордо, по смртта на еден патник и сомневање за акутна цревна инфекција, соопштија денес француските здравствени власти. На бродот има 1.233 патници, претежно Британци и Ирци, како и 514 членови на екипажот. Покрај починатиот патник во неговите деведесетти години, околу 50 лица пријавиле гастроинтестинални симптоми и се тестираат за можно присуство на ...

Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на Самитот Македонија2026 ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите. ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бил изненаден од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да не покрене постапка во случајот со набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој беа опфатени 13 лица, меѓу нив и сопствениците на „Пуцко Петрол“, Ратко Капушевски и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Мицкоски рече дека со „неверување“ ја примил информацијата дека според обвинителството не постоеле ...

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде беше прободен со остар предмет 15-годишен ученик, апелира до родителите да посветат внимание на своите деца. Вели државата ќе стори се што е во нејзина надлежност, но важна алка се и родителите во целиот процес. – Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. ...

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денес изјави дека еден ден војна со Русија ја чини Украина околу 450 милиони долари, нагласувајќи дека најтешката цена што ја плаќа земјата е загубата на животите на украинските војници. Зборувајќи на конференцијата „Стратешка арка“ организирана од Полскиот институт за меѓународни односи (PISM), Сибиха рече дека Украина е „многу блиску до моментот кога времето би можело да почне да ...

Русија и Украина гледаат мали шанси за оживување на мировните преговори посредувани од САД, дури и по завршувањето на војната на Блискиот Исток, дознава „Фајненшл тајмс“ (FT) од извори запознаени со позициите на двете страни. Рускиот претседател Владимир Путин го префрли својот фокус на освојување на повеќе украинска територија со сила. Тој планира дополнително да ги прошири своите барања откако Русија целосно ќе ја врати контролата врз ...

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија од Министерството за внатрешни работи. – Лицето за кое прашувате на 7.5.2026 по наредба на Основното јавно обвинителство е повикано на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР. ...

Малите и средни претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој, порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, која што деновиве се одржува во Будва. Во рамки на Конференцијата ...

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката ...

Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари. Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни ...

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката ...

Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира ...

Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ...

До нас пристигнаа вознемирувачки сведоштва од пациенти кои со години се лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на целосен колапс на основното функционирање на оваа јавна здравствена установа. Информациите до нас откриваат дека пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од најосновни медицински материјали – шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и кеси за венепункција, ...

Кога организираната криминална група ВМРО-ЗНАМ почнува да зборува „бугарофили“ за СДСМ, тоа е класичен случај на проекција, најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија се наоѓа токму во нивните редови. Максим Димитриевски, колаборационистот, нашол да зборува за СДСМ? Човекот кој за пари ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи. Човекот чие здружение се распаѓа затоа што ги измами и предаде и своите колеги, велат ...

Волкот кој вчера беше заловен во скопската населба Козле најверојатно бил незаконски чуван во урбана средина, а според првичните информации, дивото животно било држено со ремче и ланец. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ја осуди ваквата постапка, оценувајќи дека станува збор за сериозна неодговорност и загрозување на јавната безбедност. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат ...

Вработен во музејот Лувр во Париз е уапсен и изведен пред истражен судија под сомнение дека е поврзан со широка мрежа за измами со билети, како дел од истрага во која се вклучени неколку лица, соопштија француските обвинители. Истрагата, започната во јуни 2025 година, се однесува на наводна измама вредна повеќе од 10 милиони евра во Лувр, во еден од најпосетуваните музеи во светот, објавува „Ле Фигаро“. Според обвинителите, досега се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави мапа на Венецуела покриена со американското знаме на својата социјална мрежа Truth Social со краток натпис: „51-ва држава“. Оваа објава доаѓа во време кога Трамп, според извештаите од Вашингтон, сериозно ја разгледува идејата за припојување на Венецуела кон Соединетите Американски Држави. Планот на Трамп вклучува преземање целосна контрола врз нафтената индустрија во земјата, по отстранувањето на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од ...

Синоќа во Виена се одржа првото полуфинале од јубилејното 70. издание на Евровизија 2026, на кое настапија 15 земји учеснички што се бореа за место во големото финале. Публиката имаше можност да проследи разновидни настапи, сценски ефекти и музички перформанси од претставниците на Молдавија, Шведска, Хрватска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Црна Гора, Естонија, Израел, Белгија, Литванија, Сан Марино, Полска и Србија. На сцената ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја отфрли можноста високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, да биде вклучена во преговорите за украинскиот конфликт како претставник на ЕУ, велејќи дека дури и разгледувањето на таква улога е „залудно“. „Залудно е“, кратко изјави Захарова, реагирајќи на изјавите на Калас во кои таа зборуваше за своето ...

Одговарајќи на пратениците кои велат дека американската војска се бори да ги замени бомбите и ракетите што се користеле во војната, Пит Хегсет рече дека Пентагон е „целосно свесен за сите овие околности“. „Залихите на муниција се непотребно претерани“, рече американскиот секретар за одбрана, додавајќи: „Знаеме точно што имаме и имаме доволно од сè“. Неговите коментари доаѓаат само неколку дена откако демократскиот сенатор Марк Кели изјави во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе одговори реципрочно на сите потези на Москва по истекот на тридневниот прекин на огнот, уште еднаш повикувајќи ја Русија да прифати траен прекин на огнот. Зеленски, во објава на Телеграм, изјави дека Русија, како што тврди, сама одлучила да го прекине делумното молчење кое траело неколку дена и рече дека Украина соодветно ќе ги прилагоди своите одговори. – Русија мора да ја ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот. – Израелскиот експанзионизам останува главен проблем на стабилноста и безбедноста во нашиот регион. Проблемот со кој се соочуваме во Заливот не треба да нè натера да го заборавиме прашањето за Газа, рече Фидан во Доха, за време на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер и министер за ...

Претстојната енергетска криза што наскоро ќе ги погоди Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ги направи преговорите меѓу Европа и Русија неизбежни, изјави денес Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка. „Финскиот претседател Александар Стаб верува дека политиката на САД кон Русија и Украина не им служи на интересите на Европа ...

Поранешниот украински премиер Микола Азаров тврди дека случајот против поранешниот началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, е покренат по промената на политичкиот курс во Вашингтон и, како што тврди, по налог на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Според извештаите на ТАСС, Азаров оценил дека украинските антикорупциски институции, Националното биро за борба против корупцијата ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09