Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Апелацискиот суд денеска расправаше по жалбата на Обвинителството во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при што обвинителот Дарко Јакимовски побара осудителна пресуда и за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој претходно беше ослободен од Кривичниот суд. Обвинителството смета дека Ѓорчевски имал улога во грабнувањето на неговата ќерка, посочувајќи дека преку порака им кажал на децата како да се облечат утрото кога ...
Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД ...
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром. -Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од ...
Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, заради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува, поради оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, ...
Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. – Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното – интензивно се ...
Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија. Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш директно ќе удри по ...
Судијката Жаклина Доведен не донела одлука самата да се изземе од предметот во случајот со петгодишното дете и мајката Невена Спасеска, туку барањето поднесено од правниот тим на мајката го препратила на одлучување до Врховниот суд. Ова за А1он го потврдија од Апелациониот суд во Битола. Барањето за изземање доаѓа откако таткото поднесе жалба на новата пресуда на Основниот суд во Охрид, со која во повторената постапка детето беше доверено на ...
После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски. Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, ...
Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. Ставовите на Радев се одамна јасни, ...
Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на ...
Иранските државни медиуми го прикажаа американскиот предлог за прекин на војната на Блискиот Исток како повик до Техеран да се предаде. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се поклони пред „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, коментираше денеска Прес ТВ, телевизиска станица поврзана со иранското раководство. Спротивно на тоа, иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови ...
Иранските државни медиуми го прикажаа американскиот предлог за прекин на војната на Блискиот Исток како повик до Техеран да се предаде. Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се поклони пред „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, коментираше денеска Прес ТВ, телевизиска станица поврзана со иранското раководство. Спротивно на тоа, иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови ...
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо ...
Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претседателски претставник за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, изјави дека западните медиуми не сакаат да ги отворат очите за корупцијата во Украина. – Западните медиуми се многу бавни и неволни да ги отворат очите за документираните случаи на корупција во Украина, напиша Дмитриев на својата страница на социјалната мрежа X, коментирајќи ја ...
САД значително го зголемија бројот на воени извидувачки летови во близина на Куба од почетокот на февруари, со регистрирани најмалку 25 мисии на морнарицата и воздухопловните сили, според податоците од јавно достапните платформи за следење на летови, објави CNN. Според анализата на податоците од платформата Flightradar24, летовите најчесто се одвиваат во близина на Хавана и Сантијаго де Куба, додека некои авиони се приближиле дури 64 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го опиша одговорот на Иран на предлогот на Вашингтон за прекин на војната како целосно неприфатлив. – Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените ирански „претставници“. Не ми се допаѓа – целосно неприфатлив! Ви благодарам за вниманието кон ова прашање, напиша Трамп на својот профил на Твитер. Претходно, Пакистан потврди дека добил одговор од Иран на предлогот на Соединетите Американски Држави ...
Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка до Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (PIC), но ќе остане на функцијата сè до изборот на негов наследник. Според информации од дипломатски извори, Шмит официјално побарал разрешување од функцијата, а земјите членки на PIC во наредниот период ќе треба да започнат консултации за избор на нов висок претставник во БиХ. Засега нема официјални ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД го следат збогатениот ураниум на Иран и се подготвени да одговорат доколку добијат информации дека нешто се случува на локацијата каде што се наоѓа. За време на гостувањето во емисијата „Full Measure“, Трамп рече дека САД ќе стигнат до збогатениот ураниум на Иран „во одреден момент“ и дека американските сили ја следат локацијата. „Ако некој се приближи до тоа место, ќе дознаеме за тоа и ...
Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок практично доби епилог, откако Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите да останат во елитата и заедно со Шкупи се селат во второлигашка конкуренција. Македонија ЃП на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 1-4. Гостите од Кавадарци уште во првото полувреме направија солидна разлика, со погодоци на Окере и Сила, а во вториот дел ја ...
Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро се наоѓа во Соединетите Американски Држави, откако претходно доби политички азил во Унгарија, објави „Политико“. Според информациите, Зиобро влегол во САД со виза издадена во време на администрацијата на Доналд Трамп. Информацијата ја потврди и актуелниот полски државен обвинител Валдемар Зурек. „Во моментов имаме информации дека тој пристигнал во Соединетите Држави“, изјави Зурек за ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран се заканi поради можноста за распоредување британски и француски воени бродови во Ормутскиот теснец. „Секое распоредување и стационирање на разорувачи околу Ормутскиот теснец, под изговор „заштита на поморскиот сообраќај“, не е ништо повеќе од ескалација на кризата“, објави тој на социјалните мрежи. Тој додаде дека „присуството на француски и британски воени бродови во Ормутскиот теснец, кои би ...
Израел воспостави тајна воена база во ирачката пустина во февруари за да ја поддржи својата воздушна кампања против Иран, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски официјални лица и други извори. Според весникот, базата е изградена непосредно пред почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари и служела како логистички центар за поддршка на израелските воздухопловни сили. Во базата наводно биле сместени ...
Снимката од камерата на телото на полицаец, објавена од израелскиот дневен весник „Хаарец“, фрла сомнеж врз официјалната полициска приказна дека арапско-израелскиот државен обвинител Салах Калил Фајсал Наамех се спротивставил на апсењето кога бил претепан во својот дом во Бершеба минатата недела. Видеото, снимено со камера на телото на полицаец, покажува крвава дамка на подот од станот откако Наамех бил одведен. Обвинителот не се чинеше дека ...
Иран денеска им испрати на пакистанските медијатори одговор на најновиот американски предлог за прекин на војната, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. „Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот медијатор“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано, на прекин на војната во регионот“, се вели во него, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца. – На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. – Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста ...
Во акциска контрола спроведена синоќа во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад привеле седум странски државјанки поради нелегална работа. Како што соопшти полицијата, приведени се А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29) и А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При контролата во ноќниот клуб, тие биле затекнати како ...
Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга. Полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода И.Б., на ...
Големиот пожар во зоната на исклучување во Чернобил, чија површина се зголеми речиси десеткратно во последните 24 часа, во моментов не претставува закана од зрачење за населението надвор од зоната, објави Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациона безбедност. Експертите за пожари на центарот постојано ја следат ситуацијата и моделираат можни сценарија за ширење на радиоактивни честички. Fires in the #Chernobyl exclusion zone ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...