Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д=р Даниловски. -Хантавирусот деновиве стана ...
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. -Овој фестивал повеќе од пет децении е симбол на ...
Независните руски медиуми „Медиазона“ и „Медуза“ вчера објавија, првпат оваа година, нова проценка за вкупните руски воени загуби во Украина. Според нивниот извештај, 352.000 руски мажи на возраст меѓу 18 и 59 години загинале од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година. Во заедничкиот извештај, објавен симболично на Денот на победата во Русија, се наведува дека проценката се базира на податоци од јавно достапниот руски ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските ...
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција истакна дека претседаелот на СДСМ Венко Филипче чекори по стапките на Заев и е подготвен е да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија. -Венко Филипче повторно докажа дека е спремен да ја продолжи политиката на Зоран Заев, а тоа е политика на попуштање пред Бугарија и прифаќање на барања кои директно задираат во македонските национални и државни ...
Првпат во анкета на јавното мислење, десничарската Алтернатива за Германија (AfD) води пред владејачката Христијанско-демократска унија (CDU/CSU) со цели пет процентни поени, објавуваат германските медиуми. Во анкета на јавното мислење спроведена од Институтот Инса за неделното издание на весникот „Билд“, на прашањето за кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат оваа недела, 28 проценти од испитаниците ја избрале AfD. За ...
Патнички авион удри човек на пистата во САД, објави CBS News Неидентификувано лице се искачи преку ограда на аеродромот во Денвер и, во рок од две минути, стигна до пистата, каде што беше удрен од Airbus A321. A passenger plane struck a man on the runway in the U.S., CBS News reports An unidentified individual climbed over a fence at Denver airport and, within two minutes, reached the runway, where he was hit by an Airbus A321. The man died ...
Украинските функционери регистрираа руски напади со беспилотни летала и речиси 150 судири на бојното поле во последните 24 часа и покрај примирјето меѓу Киев и Москва, посредувано од САД. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека Русија и Украина се согласиле на тридневен прекин на огнот од 9 до 11 мај, бидејќи пошироките напори за ставање крај на четиригодишната војна се во застој. Едно лице е убиено, а тројца се ранети во ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека свесно ја туркаат државата во изолација за да ги заштитат, како што рече, сопствените криминални интереси. „Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата ...
Неизвесноста предизвикана од војната и затворањето на Ормутскиот теснец од страна на Иран ги зголемуваат трошоците за живот и ги погодуваат буџетите на компаниите, семејствата и владите. Но, додека некои се доведени до работ на опстанок, други, чии бизниси се попрофитабилни за време на војната или кои профитираат од нестабилните цени на енергијата, остварија рекордни профити. Би-Би-Си ги разгледува секторите и компаниите што жнеат милијарди ...
Утрово во кафуле во Крапина во Хрватска се случи пукање. Полициската управа Крапино-Загорје потврди дека маж (52) пукал и убил полицаец (52), кој во моментот на инцидентот не бил на должност. Потоа се застрелал и со хеликоптер бил префрлен во болницата Дубрава. Загорје Интернешнл разговарал со сведок, келнер во кафулето, Доријан Шваљек, кој видел сè. „Човекот влезе со пиштол, се сврте кон него и го застрела три пати, потоа излезе надвор и се ...
Крузерот кој се наоѓа во центарот на епидемијата на хантавирус пристигна на шпанскиот остров Тенерифе, каде што се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно оркестрирана меѓународна операција за репатријација, објави CNN. MV Hondius ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а патниците ќе бидат евакуирани во нивните матични земји откако ќе биде потврдено дека немаат симптоми, соопштија официјални лица. ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер на ЕУ што присуствуваше на парадата за Денот на победата во Москва, повика на обнова на соработката меѓу Европа и Русија. „Отфрлам нова Железна завеса меѓу ЕУ и Русија“, рече Фицо во видео порака објавена на Фејсбук за време на неговиот повратен лет од Москва до Братислава. WHAT DIDN’T FIT INTO THE PRESS CONFERENCE LIVESTREAM. Just a few hours ago, I concluded my visit to Moscow. This week, ...
Крузерот кој се наоѓа во центарот на епидемијата на хантавирус пристигна на шпанскиот остров Тенерифе, каде што се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно оркестрирана меѓународна операција за репатријација, објави CNN. MV Hondius ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а патниците ќе бидат евакуирани во нивните матични земји откако ќе биде потврдено дека немаат симптоми, соопштија официјални лица. ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти војната во Украина завршува, неколку часа откако вети дека ќе ја победи Украина на најскромната парада на Денот на победата во Москва во последните години. Путин, исто така, навести дека е подготвен да преговара за нови безбедносни аранжмани во Европа, каде што го издвои поранешниот германски канцелар Герхард Шредер како свој посакуван соговорник. „Мислам дека ова прашање завршува“, ...
Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе нападне американски објекти на Блискиот Исток доколку нејзините танкери бидат загрозени, објавија иранските државни медиуми. Предупредувањето доаѓа додека Вашингтон чека одговор од Техеран на најновиот предлог за мировен договор, објавува „Гардијан“. „Секој напад врз ирански танкери и трговски бродови ќе резултира со силен удар врз американските објекти во регионот и непријателските бродови“, ...
Некогаш една друга партија важеше за лажоманска. Но, полека и сигурно, ВМРО-ДПМНЕ го презема тој примат. Вчера, преку нивните инсталации во Општина Карпош, се обидоа да ја излажат јавноста дека градоначалникот Сотир Лукровски не поднел оставка, туку бил на боледување. Е па, таа приказна не поминува, наведуваат од ГРОМ и прашуваат: Ако е боледување, тогаш нека објаснат: Зошто барале од Централниот регистар Сотир Лукровски, градоначалник ...
Коалицијата ВРЕДИ вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање на Конгресот рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Тој истакна дека се собрале заедно различни ...
Либанското движење Хезболах објави видео од напад со беспилотно летало врз израелски тенк, а на видеото може да се види дека пред директниот удар, припадник на израелската армија се обиде да избега од возилото. Според Хезболах, нападот се случил во близина на градот Алма ал-Шааб, кој се наоѓа во јужен Либан. ⚡️ Direct Strike on IDF Tank from Hezbollah. Watch the Israeli JUMP AWAY 😂 pic.twitter.com/RNzfvggs2i — Ethan Levins 🇺🇸 ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила ...
Страшен инцидент ја одбележа спринт трката за Големата награда на Франција во МотоГП, откако легендарниот шпански возач Marc Márquez доживеа тежок пад во самиот финиш на трката во Ле Ман. Осумкратниот светски шампион при голема брзина загуби контрола над моторот и силно удри во асфалтот, по што публиката и членовите на тимовите останаа во шок. Според првичните информации, Маркез успеал самостојно да стане, но видливо куцал и со болки ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – ...
Делегацијата од Република Српска, во која беа Милорад Додик, претседателот на РС Синиша Каран и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, одржа средба со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва. РТРС објави дека Путин на почетокот на средбата рекол дека е уверен дека ќе продолжи да го развива партнерството меѓу Русија и РС. „Меѓу Србите и Русите негуваме блиски односи со векови и многу ни е мило што ве гледаме во ...
Денеска Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија. Пред еден месец тој порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и директно го спомена Никола Груевски, прашуваат од СДСМ. Помина еден месец а Владата на Христијан Мицкоски и министерот Филков молчат. Граѓаните заслужуваат јасен одговор на едноставно прашање: Дали е испратено официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски или не? Прво беше оправдување ...
Русија испорачува компоненти за беспилотни летала во Иран преку Каспиското Море, велат американските претставници, што сугерира дека Каспиското Море се претвора во клучен канал за тајна и отворена трговија. Долго запоставениот трговски коридор му помага на Иран да ги обнови своите воени капацитети по американско-израелската воена кампања што заврши минатиот месец, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани добро информирани ...
Кристијано Роналдо повторно беше мета на провокации од навивачите кои го скандираа името на Лионел Меси од трибините. Португалскиот фудбалер одговори на тоа на неочекуван начин – се сврте кон публиката и почна да мавта со рацете како да диригира оркестар, а видеото веднаш стана хит на интернет. 🚨🇸🇦Al Shabab fans chanting “Messi, Messi, Messi” and Cristiano Ronaldo decides to become a choir conductor😂😂❤️. pic.twitter.com/WrVQP9TFoF — ...
Слободата не е подарок, туку е резултат на пожртвуваната борба на илјадници храбри борци кои под знамето на антифашизмот и народноослободителната борба, се исправија против окупаторите и нивните соработници. По повод „9 мај“ – Денот на победата над фашизмот, делегацијата на #Левица предводена од пратеникот Борислав Крмов, пред споменикот „Ослободителите на Скопје“ положија свежо цвеќе во чест на оние кои ги положија животите за слобода. ...
Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...