Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол. Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите. ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“. Во изјавата за медиуми, Филипче порача дека денеска, на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, Македонија можеше да има многу повеќе причини за славење, но за жал државата ја води Мицкоски и неговата организирана криминална. „Денес го славиме денот на Европа и Денот на ...
Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и ...
Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование – врска меѓу компаниите и студентите“, што се одржа на Хајделберг факултет во Скопје, а каде учествуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Димитар Клисаровски, потпретседател на Шведско-Македонската ...
Светската здравствена организација потврди шест случаи на хантавирус поврзани со крстаречкиот брод кој плови кон Шпанија, додека здравствените власти ширум светот спроведуваат интензивно следење и епидемиолошки анализи. Според последните информации, вкупно осум лица се заразени, а три лица починале. Станува збор за бродот „MV Hondius“, кој плови од Јужна Америка кон Канарските Острови. СЗО соопшти дека шест од случаите лабораториски се ...
На Русија не ѝ треба ничија дозвола за одржување на Парадата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде официјален декрет со кој ѝ се дозволува на Москва да одржи воена парада на Црвениот плоштад. „Не ни треба ничија дозвола. Тешко на секој што се обидува да се потсмева на Денот на победата и прави такви глупави шеги. Тоа е веројатно нивниот најголем проблем“, ...
Северна Кореја воведе нови уставни одредби според кои државата автоматски би возвратила со нуклеарно оружје доколку лидерот Kim Jong-un биде убиен или ако биде нарушен командниот систем на земјата, објави The Telegraph. Според написот, Пјонгјанг ја зацврстува својата нуклеарна доктрина и испраќа јасна порака дека секој обид за соборување или елиминација на режимот би предизвикал непосреден и масовен одговор. Во текстот се наведува дека ...
Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на парадата во Москва, која традиционално се организира на 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Говорот на Путин беше фокусиран исклучиво на настаните од Втората светска војна, и за разлика од претходните говори од 2022 година, кога ја започна инвазијата на Украина, немаше многу референци за актуелните настани. „Го славиме нашиот свет, светол и најважен празник со чувство на гордост и љубов ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Советничката од Левица, во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу обвинува дека веќе трет месец не и се доставува одговор на советничко прашање, поврзано со договорите и анексите склучени помеѓу ЈСП и фирмата „Маратон”. Иако, како што нагласи, според член 44 од Деловникот за работа на советот, одговор треба да и се достави во рок од десет дена, а најмногу до 30 дена, доколку се потребни сложени анализи, одговор го нема. „Овде не станува ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Накитот на легендарната италијанска актерка Клаудија Кардинале ќе биде продаден на аукцијата на престижната куќа Кристи од 19 до 26 јуни, објави нејзината ќерка Клаудија Сквитиери. „Овие скапоцености припаѓаат на историјата на високата уметност за накит, историјата на златното доба на италијанското кино, римското Долче Вита и врвот на кариерата на мојата мајка“, изјави Клаудија Сквитиери за ANSA. Ова се исклучително вредни парчиња, претежно ...
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ повторно е тема во регионалните медиуми, откако се појавија информации дека по разводот од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер повторно пронашла љубов. Според пишувањата на медиумите, Ивановиќ веќе извесен период е во врска со маж кој не е дел од јавниот живот и кој, наводно, нема никаква поврзаност со спортот или естрадата. Иако засега нема официјална потврда од поранешната тениска ...
Американската администрација денеска објави серија досега доверливи документи, фотографии и материјали поврзани со НЛО и неидентификувани воздушни феномени (UAP), со што повторно се разгоре глобалниот интерес за мистериозните случаи што со години ги истражуваат американските служби. Меѓу објавените материјали се најде и архивска фотографија од мисијата Apollo 12 Moon Landing, која веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. На ...
Неколку европски авиокомпании моментално подготвуваат кризни планови за летната сезона поради можен недостиг на керозин, објавува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Причината, како што е наведено, е блокадата на увозот на авио гориво поврзано со ситуацијата во Иран, што може да доведе до промени во распоредот на летови и откажување на одредени летови. Иако моменталните залихи се сè уште доволни, нискобуџетниот превозник „Рајанер“ веќе ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денес повика на формирање нов европски одбранбен сојуз, посочувајќи дека Алијансата во нејзината сегашна форма повеќе не е доволна бидејќи сомнежите за безбедносните гаранции на САД растат. „Она што го гледаме во моментов е колапс на НАТО, а тоа е опасно“, изјави тој за весникот Велт. Расмусен додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп предизвикал толку многу сомнежи во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија и Украина постигнале договор за размена на воени заробеници во сооднос 1.000 за 1.000 и изјави дека треба да се воспостави режим на прекин на огнот од 9 до 11 мај. Зеленски објави на социјалната мрежа X откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе се воспостави тридневно примирје меѓу двете земји. „Црвениот плоштад ни е помалку важен од животите на украинските ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, загуби за првпат во својата кариера во првиот натпревар на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ беше поразен од Дино Прижмиќ со резултат 2:6, 6:2, 6:4 во второто коло од споменатиот турнир, што е прв натпревар на Новак, бидејќи беше слободен во првото коло. По најголемата победа во неговата кариера, Прижмиќ рече: „Тешко е да се каже нешто, имам голема почит кон Новак, кој е мој идол. Играв феноменално, сакам да ...
Доколку САД повторно предизвикаат инциденти во Ормутскиот теснец, постои можност за нов избувнување на конфликт во регионот, изјави анонимен ирански воен извор за иранската новинска агенција Тасним. Според изворот, ситуацијата во моментов е „мирна“, но доколку американските сили се обидат повторно да влезат во Ормутскиот теснец и да ги „малтретираат“ иранските бродови, „сè уште постои можност за повторно влегување во такви конфликти во ...
Бразилецот Атос Саломе (39) е познат на пошироката јавност како „Жив Нострадамус“ поради неговите наводни „предвидувања“ за настаните во светот. Многумина го нарекуваат „модерен наследник“ на Мишел де Нострадам, а неодамна пишувавме за неговите тврдења дека човештвото е следено од „автоматизирани системи од повисок слој на реалноста“. Бразилскиот мистик сега зборуваше за конфликтот на Блискиот Исток, наведувајќи дека војната со Иран е само ...
Најмалку тројца планинари загинаа денес кога еден од најактивните вулкани во земјата еруптираше во источна Индонезија, исфрлајќи пепел со километри во воздухот, соопштија официјални лица. Според „Њујорк тајмс“, вулканот Дуконо, кој се наоѓа на островот Халмахера, еруптирал околу 7:40 часот по локално време, со силен татнеж и формирање густ облак од пепел околу десет километри над врвот, според извештајот на Индонезиската вулканолошка служба. ...
Пронајдено е девојчето (5) кое денеска исчезна во Нови Сад. Според медиумите, малата Натали била кај пријателка. Девојчето последен пат било видено на булеварот „Ослободување“ со нејзината мајка, а потоа се упатило кон својата куќа, од каде му се губи трагата. Во потрагата беа вклучени многу граѓани и воспитувачката од градинката каде што оди девојчето. Исто така, присутни беа голем број пријатели од градинката. Пронајдено е девојчето (5) ...
Онлајн петицијата „Embape out“ предизвика големо внимание кај навивачите на Реал Мадрид, бидејќи бројот на потписи скокна од околу 12 на речиси 50 милиони за само еден ден. 🚨 Despite a fierce public backlash and calls for his sale, Real Madrid are not thought to have any plans of offloading Kylian Mbappé this summer. An online petition to get Kylian Mbappé out of the club has now reached nearly 50 million signatures. The ‘Mbappe Fuera’ ...
Повеќе од 2.500 луѓе над 100 години моментно живеат во Холандија, според најновите податоци од Холандскиот завод за статистика. На почетокот на оваа година, регистрирани се вкупно 2.551 стогодишници, а нивниот број останал релативно стабилен во текот на изминатите пет години, објави NOS. Според овие статистики, огромното мнозинство се жени – речиси 2.100, што е поврзано со нивниот подолг просечен животен век во споредба со мажите. ...
Двајца пензионери од Хрватска изгубиja вкупно 17.700 евра во два одделни случаи на компјутерска измама што се случиле завчера. Измамниците ги намамиле со лажни ветувања за заработка од криптовалути и фиктивни парични награди, соопшти Полициската управа Лика-Сењ. Во средата, 71-годишна жена се јавила во полициската станица во Госпиќ и пријавила дека била измамена. Според извештајот, таа комуницирала со непознато лице кое ја уверило дека ...
Речиси еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, 39-годишниот Луис Суарез изјави дека е отворен за евентуално враќање во националниот дрес, иако во септември 2024 година објави крај на својата репрезентативна кариера по конфликтот со селекторот Марсело Биелса. Пред повеќе од година и пол, Суарез го обвини Биелса дека создава раздор во репрезентацијата и оти се ...
Петгодишната Натали, исчезна денес во Нови Сад, беше потврдено за „Блиц“. Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, исчезнатото девојче последен пат е видено на Булеварот на ослободувањето. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Во времето на нејзиното исчезнување, девојчето било со нејзината мајка во Нови Сад. Штом се губи трагата на девојчето, нејзините родители веднаш го пријавиле исчезнувањето во полиција. ...
Драма со часови се одвиваше во германскиот град Зинциг во покраината Рајнска област-Пфалц откако полицијата доби дојава за грабеж на банка и можна заложничка криза во филијала на Фолксбанк во центарот на градот. Специјални единици на германската полиција упаднаа во банката по шестчасовна опсада и пронајдоа две лица заклучени во собата, додека осомничените напаѓачи успеаја да избегаат во меѓувреме. Според информациите на германскиот „Билд“, ...
Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе и повеќе нови капацитети без соодветно планирање со што ја ...
Велешанка (43) пријави во СВР Велес дека е измамена за сума од 16.592 денари, откако доби лажна смс порака за наводен сообраќаен прекршок. Според информациите од полицијата, на 5 мај 2026 година таа добила порака во која било наведено дека треба да плати казна за сторен сообраќаен прекршок. Во пораката имало линк до веб-страница со насоки за плаќање, а било наведено и дека доколку ги следи упатствата ќе може да плати само половина од износот ...