Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја отфрли можноста поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да ја претставува Европската Унија во какви било разговори со Русија, откако неговото име претходно го спомена рускиот претседател Владимир Путин, објави Гардијан. „Ние Европејците одлучуваме кој зборува во наше име. Никој друг“, рече Мерц во Ахен на церемонијата за доделување на Меѓународната награда Карло Велики, јасно ставајќи до знаење дека ...
Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта се искачи на 24, вклучувајќи три деца. „Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормутскиот теснец и ги обвини САД за предизвикување блокада во регионот. „Ормутскиот теснец е отворен за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Аракчи во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, објави новинската агенција Тасним. Тој оцени дека теснецот во моментов ...
Може да се развие вакцина против хантавирус, но ако се спроведе според сите стандарди и ги помине сите потребни тестови, процесот би можел да потрае неколку години, рече Генадиј Онишченко, епидемиолог во Руската академија на науките и потпретседател на Руската академија за образование. – Подготвени сме да произведеме вакцина. И ова не е толку научен предизвик колку технолошки. Може да се направи на ист начин како што направивме со ...
Стотици демонстранти излегоа на улиците на неколку населби во Хавана, блокирајќи патишта со запалени купишта ѓубре, удирајќи тенџериња и тави и извикувајќи слогани, поради прекини на електричната енергија и недостиг на гориво. Демонстрантите извикуваа слогани како што се: „Вклучете ги светлата“ и „Народот, обединет, никогаш нема да биде поразен“, објави Ројтерс. Ројтерс објави дека протестите биле во голема мера мирни и претставуваат ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Ерусалим ќе остане под израелска контрола „засекогаш“, нагласувајќи дека државата Израел е „посилна од кога било“, додека во исто време „режимот во Иран е послаб од кога било“. – Ќе продолжиме да се бориме против сите закани од радикалниот ислам, рече Нетанјаху на церемонијата по повод Денот на Ерусалим, објавува „Тајмс оф Израел“. Според него, доколку Израел не покренеше војна против ...
Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI. – Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста, рече Маѓар. Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја ...
Најмалку десет лица, меѓу кои шест деца, беа убиени, а повеќе од 20 беа ранети во израелските напади врз јужен Либан. Според либанската државна новинска агенција ННА, шест лица беа убиени во градот Арабсалим, меѓу кои три деца, а 12 лица беа ранети. Едно дете беше убиено, а пет лица беа ранети во градот Харуф, додека три лица беа убиени, меѓу кои две деца, а едно лице беше рането во нападот врз Румин. Едно дете беше убиено, а девет лица беа ...
Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се искачи на осум, а над 40 се повредени, соопштија украинските власти. Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека под урнатините на станбена зграда во округот Дарница е пронајдено уште едно тело, со што вкупниот број на жртви се искачи на осум, објави Укринформ. Во погодениот дел од градот се во тек операции за пребарување и спасување, додека спасувачите продолжуваат да ги ...
Високиот антикорупциски суд на Украина му одреди на поранешниот началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, притвор од 60 дена во случај поврзан со сомневање за перење пари во голем корупциски скандал. Одлуката беше објавена на судско рочиште во Киев, кое беше емитувано во живо од украинскиот телевизиски канал Novosti.live. Судот, исто така, ја остави отворена можноста Јермак да биде ослободен од ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство. Утрово, според ОЈО, осомничениот ја уби неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. – Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека ...
Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, изјави, откако украински морски дрон беше пронајден кај островот Лефкада во Јонското Море, дека ширењето на војната во Украина кон Медитеранот „нема да се толерира“. Герапетритис по разговорите во Атина со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман изјави дека Медитеранот мора да остане „зона на мир“ и без воени операции, објави Катимерини. „Секоја трансформација на Медитеранот во ...
Претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, оцени, во врска со написот на „Форбс Србија“, дека во медиумскиот извештај е наведено дека настрешницата на железничката станица во Нови Сад не се срушила поради корупција, туку поради проблеми со корозија, што, според истиот напис, претходно довело до уривање на два моста во Војводина. Брнабиќ на социјалната мрежа X изјави дека текстот е „интересен“ во кој, како што ...
Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи, коментирајќи ги повторените закани од САД и Израел против неговата земја, рече дека Иран е навикнат на нив. „Тие ги повторуваат своите закани на различни начини веќе долго време, но самите знаат дека не добиле и нема да добијат никакви резултати од овие закани, дури ни од војната што ја започнаа“, изјави тој за новинската агенција ИРНА. Министерот нагласи дека нема воено решение за прашањата ...
Во Белград се одржува протест, повикан од студентите во блокада по денешните инциденти пред Правниот факултет, кога возач на автомобил ја проби блокадата за време на нерегистриран собир, во кој, според Министерството за внатрешни работи, еден маж е повреден, а учесниците на нерегистрираниот собир скршиле прозорец на автомобил и оштетиле друг автомобил, повредувајќи го возачот. Протестот започнал пред Правниот факултет, а учесниците потоа се ...
Студентите на Правниот факултет кои се во блокадата повикаа на прошетка од факултетот до зградата на Радио и телевизија на Србија вечерва во 18 часот, барајќи да објават видео од нападот врз собраните пред факултетот денес, како и нивна изјава за тоа што точно се случило. Го објавуваме писмото на студентите до Радиотелевизија Србија во целост: Почитувани, Со оглед на тоа што денес се случи напад, кој Јавното обвинителство го оквалификуваше ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека земјата ќе продолжи да ги модернизира и развива своите стратешки нуклеарни сили. – Секако, ќе продолжиме да ги модернизираме и развиваме нашите стратешки нуклеарни сили, создавајќи ракетни системи со зголемена борбена моќ, способни да ги надминат сите сегашни и идни системи за ракетна одбрана, рече Путин за време на посетата на Московскиот институт за термотехнологија, клучен потфат на руската ...
Кина се согласи да нарача 200 авиони од американскиот производител Боинг, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз во четврток, пренесува Ројтерс. Во интервју за Фокс њуз, Трамп откри и детали од неговиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за Иран и Ормутскиот теснец. Според него, Си му рекол дека Кина нема да испраќа воена опрема во Иран и дека сака клучниот воден пат да остане отворен. „Тој рече дека ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг и кажа на делегацијата од американски бизнис лидери дека Кина ќе продолжи да „ги отвора своите врати пошироко“ кон светот и дека американските компании ќе имаат подобри перспективи на кинескиот пазар, објавија државните медиуми. „Вратите на Кина кон надворешниот свет ќе се отвораат сè пошироко и пошироко“, рече Си за време на состанокот во Пекинг, додавајќи дека американските компании „ќе уживаат во уште ...
Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормутскиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за управување со водниот пат, објави денес полуофицијалната новинска агенција Фарс, повикувајќи се на информиран извор. Извештајот на Фарс дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Кина, постигна договор со кинескиот претседател Си Џинпинг дека Ормутскиот теснец мора да остане ...
Хашкиот трибунал, по којзнае кој пат, покажа дека се занимава со политика, а не со правда и право. За жал, бевме одбиени, рече Дарко Младиќ во изјава за Срна Според него, образложението на Механизмот е дека има најдобри можни лекари кои му пружаат најдобра можна грижа, а тоа се лекарите кои го лекувале од инфекции на уринарниот тракт откако доживеал мозочен удар. „Ова се лекари кои не успеале да го откријат мозочниот удар пред да добие втор ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја истакна подготвеноста на Русија да го олесни решавањето на конфликтот околу Иран за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денес во Њу Делхи, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Лавров уште еднаш ја изрази подготвеноста на Русија да им пружи добри услуги на страните во потрагата по меѓусебно прифатливи решенија и нивно спроведување“, ...
Соединетите Американски Држави и Кина се согласија дека Ормутскиот теснец не смее да се милитаризира или да биде предмет на систем на патарина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата меѓу американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг. – Кинеската страна изјави дека не е за милитаризација на Ормутскиот теснец и дека не е за систем на патарина, и тоа е нашиот став, рече Рубио во интервју за ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини Обединетите Арапски Емирати за директно учество во воени операции против неговата земја за време на состанокот на БРИКС во Њу Делхи, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр. – Не ги именував ОАЕ во мојата изјава заради единство. Но, вистината е дека ОАЕ беа директно вклучени во агресијата врз мојата земја. Кога започнаа нападите, тие дури и не издадоа осуда, рече ...
Денеска јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Според ОЈО, осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во ...
Денеска се случи инцидент во близина на Правниот факултет во Белград кога возачот на автомобил „oпел“ се врати наназад и удри во постар маж кој ја блокираше раскрсницата. Министерството за внатрешни работи го објави инцидентот, наведувајќи дека сторителот е уапсен. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) – Денес, околу 12 часот, на раскрсницата на булеварот Крал Александар, пред Правниот факултет, за време на ...
Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека Соединетите Американски Држави и Кина треба да бидат партнери, а не соперници. Тој ја упати пораката за време на здравицата на приемот одржан во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и американската делегација. Си, исто така, во својот говор истакна дека оваа година, 2026 година, се одбележува 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. Кинескиот претседател Си Џинпинг рече ...
Рударите кои беа заробени во рудникот во близина на јужниот дел на Косовска Митровица поради прекини во снабдувањето со електрична енергија го напуштија рудникот, објавува „Економија онлајн“. 18 рудари се заробени во рудникот од 1:30 часот по полноќ поради прекини во снабдувањето со електрична енергија синоќа. Компанијата „Трепча Југ“ претходно денес објави дека рударите се заробени поради прекин на електричната енергија поради дефект на ...
СДСМ побара Владата јавно да ги објави сите детали околу најавениот концерт на светски познатиот диџеј Дејвид Гета во Скопје, кој треба да се одржи во рамки на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. На прес-конференција, Петар Огњеновиќ оцени дека најавата отвора сериозни сомнежи за начинот на кој е донесена одлуката и за висината на трошоците што ќе паднат на товар на граѓаните. „Првото и најважно прашање е – колку ќе ги ...