Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
САД дозволија истекување на ослободувањето од одговорност со кое се ублажуваат санкциите врз руската нафтена индустрија, поради порастот на цените на енергијата предизвикан од војната со Иран, објави германската новинска агенција ДПА. Во април, Министерството за финансии на САД издаде ослободување од одговорност со кое се овластува испорака и продажба на сурова нафта и нафтени производи од руско потекло натоварени на бродови од 17 април. ...
Во Дрниш синоќа е убиен 19-годишен маж, а полицијата интензивно трага по 50-годишниот осомничен кој избегал по пукањето. Како што соопшти Полициската управа на Шибенско-книнската жупанија, злосторството се случило околу 23:05 часот на терасата од семејна куќа во Дрниш. Според досега познатите информации, 50-годишниот К.А. со огнено оружје пукал во 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на местото на настанот од повредите. Како што ...
Бугарија е победник на 70. издание на Изборот за песна на Евровизија, кое вечерва се одржа во Виена, освојувајќи вкупно 516 поени во драматично финале во кое одлучувачки се покажаа гласовите од публиката. По гласањето на националните жири-комисии, Бугарија веќе беше во водство со 204 поени, а поддршката од гледачите дополнително ја зацврсти нејзината позиција и ѝ ја донесе победата на јубилејното издание на најголемиот европски музички ...
Според руските власти, најмалку три лица загинале во ноќниот напад на украински беспилотни летала врз Московскиот регион помеѓу 16 и 17 мај. Руските власти објавија дека системите за воздушна одбрана одбиле масовен напад врз московската област од вечерта на 16 мај до раните часови на 17 мај. Moment a Ukrainian drone crashes into a residential building in Moscow. https://t.co/vEcAt6Pf5M pic.twitter.com/q0ZEdHpV2R — Woofers (@NotWoofers) May ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час. Мининалната темепратурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин. -Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме ...
Израел го таргетираше Изедин ал-Хадад, шефот на вооруженото крило на Хамас во Газа, во напад во кој загинаа седум лица. Хамас го потврди убиството на ал-Хадад, шефот на вооруженото крило на оваа палестинска група во Газа, во израелски напад што се случи еден ден претходно, пишува Ал Џазеира. Во соопштението, Хамас го осуди „предавничкото и кукавичко убиство“ на ал-Хадад од страна на Израел, кој ги предводеше бригадите Ал-Касам. Израелскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека, ако „руската воена машина“ преживее, нејзините следни напади може да бидат насочени против Европа и други региони. „Ако руската воена машина истрае, нејзините следни напади може да бидат насочени против Европа и против другите соседи на Русија, во подалечни региони: руското зло веќе се покажа во Сирија и африканските земји“, истакна тој во вечерното видео обраќање, пренесува ...
На 43. протестен „Марш за ангелите“ што денеска за прв пат се одржа во Виница родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ рекоа дека институциите и понатаму ја туркаат приказната дека „клучна причина“ за смртта на 63-те жртви е јаглерод моноксидот, но, според нив, останува фактот дека кај една третина од жртвите е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности. -Значи ако не бил кај сите, тогаш не е важно што бил кај една ...
Чаби Алонсо (44) постигна целосен договор за преземање на Челси и ќе стане нов тренер на лондонскиот клуб, пишува „Атлетик“. Шпанскиот стручњак го посети Лондон на почетокот на минатата недела и ја прифати понудата, а четиригодишниот договор моментално се финализира и наскоро се очекува официјално соопштение, открива угледен спортски медиум. Алонсо беше главна цел на Челси од самиот почеток, а тренерот на Реал Мадрид беше отворен за преселба ...
Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук, на која се забележува лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот. -Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11.05.2026 година околу 21:00 ...
Малку фудбал, многу прекини, само неколку шанси, но една мајсторија за која ќе се зборува и ќе се прераскажува го одбележа финалето на ФА Купот! Сезоната на Челси се претвори од кошмар во ужас бидејќи последниот воз за Европа е пропуштен. И за сè е „вината“ на Антоан Семењо, кој го доведе Манчестер Сити до единствениот гол, победа и трофеј во најстарото фудбалско натпреварување во светот – 1:0 (0:0). Во последните два и пол месеци, Челси не ...
Седум лица се повредени денеска кога автомобил се заби во пешаци во центарот на северниот италијански град Модена, соопшти полицијата. Falcia in auto una decina di pedoni e accoltella un passante a Modena, fermato #ANSA https://t.co/LshVvUIUgT pic.twitter.com/dH2Dfx2na4 — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) May 16, 2026 Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од околу 30 години, е уапсен. Претходно, италијанските медиуми објавија дека ...
Десетици, можеби дури и стотици илјади демонстранти се собраа во Лондон на митингот „Обединете го Кралството“ организиран од крајно десничарскиот активист Томи Робинсон, а во градот се одржуваат и спротивставени пропалестински демонстрации. 🚨WATCH: Police have just ARRESTED Ryan from @RTCORGUK 🇬🇧 This has just happened outside Euston Station in central London as he was heading to the UTK march. Seems like the police are ALREADY getting ...
Инцидент се случи денеска на аеродромот во Сплит за време на полетувањето на авион на „Кроација ерлајнс“. Како што објави „Далмација Данас“, авионот требало да полета кон Франкфурт, но од непознати причини заврши надвор од пистата, на тревната површина покрај пистата. Според првите информации, се се случи за време на постапката на полетување, под сè уште нејасни околности. Во овој момент не е познато дали има повредени, ниту колкава е ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла ...
Професионалниот ММА борец – Медет Женалиев го загуби животот откако скокна во водата за да спаси четири тинејџерки од давење. Драматичниот настан се случил на езерото Исик-Кул, каде што Женалиев престојувал со своите пријатели. Според информациите од локалните власти, девојките се капеле кога одеднаш биле зафатени од силен воден вртлог, а една од нив била првата што почнала да се бори за воздух и да повикува помош. Во тој момент следела ...
Селтик е шампион во шкотската Премиер лига. Во последното, 38-мо коло на домашен терен, го победија Хартс, директен конкурент за титулата, со 3:1. Клубот од Глазгов со тоа ја освои својата петта последователна титула на шкотски шампион. Хартс не успеа да ја прекине доминацијата на Селтик и Ренџерс, кои ја освоија секоја лигашка титула од 1985 година, кога Абердин на Сер Алекс Фергусон го освои првото место. Средбата помеѓу Селтик и Хартс го ...
Почина д-р Јордан Пачков, истакнат лекар, публицист и долгогодишен општественик од Куманово, кој целиот свој професионален и творечки век го посвети на медицината, пишаниот збор и афирмацијата на родниот град. Тој почина на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе богато творештво и значаен белег во повеќе области – медицината, спортот, историјата и локалната публицистика. Д-р Пачков беше препознатлив по својата посветеност кон истражувањето и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до ...
Осум лица загинаа денес во Бангкок во судир помеѓу товарен воз, градски автобус, неколку автомобили и мотоцикли, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила во прометна тесна улица во близина на железничката станица, што води кон аеродромот во централниот дел на тајландската престолнина. По судирот, автобусот и неколку автомобили се запалиле, а видеата на социјалните мрежи покажуваат дека по судирот, возот турнал неколку возила по ...
МВР информира дека вчера попладне во 18:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување. Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод ...
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 36-годишниот М.Ѓ. од Битола, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, осомничениот битолчанец бил лишен од слобода од страна на полициски службеници во текот на ноќта, околу 1 часот по полноќ. Веднаш по лишувањето, врз основа ...
Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. Надворешната канцеларија за криминалистички ...
Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат ...
Џoн Траволта беше изненаден кога му беше доделена почесната Златна палма за животно дело на Канскиот филмски фестивал во петокот. Ѕвездата на „Брилијантин“ рече дека не го очекувал ова и беше видливо трогнат. „Не можам да верувам. Ова е повеќе од Оскар“, рече 72-годишниот американски актер. Траволта ја прими наградата кратко пред прикажувањето на неговиот режисерски дебитант „Propeller One-Way Night Coach“. Приказната е базирана на детска ...
Куче по име Лазар, чии сопственици тврдеа дека е најстарото куче на светот, почина во четвртокот на возраст од 30 години и пет месеци, објавува BFM TV. Лазар, раса Папилон, стекна популарност на социјалните мрежи како „Лазар 30-годишникот“ и „најстарото куче на светот“, иако неговиот рекорд сè уште не е официјално потврден од Гинисовата книга на рекорди. Според сопственикот, кучето угина во ветеринарниот центар во Алонзи-ла-Кај во Горна ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. Посетата ќе се одржи само неколку дена по престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг. За време на посетата, Путин и Си ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку ...