Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје-Штип, апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од Депонијата е најинтензивен. Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација која ...
Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери. Новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација на студентските домови во два типа – Тип 1: Енергетски ...
Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150 – годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, Општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување околу државните и националните интереси, затоа ...
Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Како што информира Царинската управа, случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во ...
Ако изминатиов викенд поминавте покрај Малата сала во СЦ „Борис Трајковски“, немаше шанси да го пропуштите звукот на чистата еуфорија. Втората сезона на Level UP Experience, која се одржа во саботата на 16 мај во организација на Анхоч, не беше само обичен гејминг настан, тоа беше моќен спектакл кој ги сруши сите претходни очекувања и покажа колку е бројна, гласна и жива македонската гејминг и поп-култура заедница. Салата беше преполна до ...
Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик, велат од Левица. – Иако во државата се предвидени ...
На граничниот премин Градишка помеѓу Босна и Хрватска, се урна дел од оградата на мостот, целосно блокирајќи го движењето на возила и пешаци, објавија локалните медиуми. Оградата попушти под неутврдени околности, а според првичните информации, нема повредени, објави Klix.ba. – Поради уривањето на дел од мостот, сообраќајот на граничниот премин Градишка е прекинат од синоќа. На другите гранични премини, задржувањата за патнички возила ...
Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. – Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија. Очигледно е дека зад овие активности стои ...
Уште 12 дена остануваат до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски. Уште 12 дена до уште едно големо разочарување и уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка. Нема отворање на следната фаза од преговорите, без разлика колку точки формално ќе бидат исполнети. Тоа е ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика високиот претставник на Обединетите нации за Алијансата на цивилизациите, Мигел Анхел Моратинос, да одговори на наводниот прогон на канонската Украинска православна црква (УПЦ), објави денес руското Министерство за надворешни работи по состанокот во Москва. Во соопштението на руското Министерство се вели дека на шефот на Алијансата на цивилизациите му е упатен „итен повик“ да ...
Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само ...
Двајца тинејџери отворија оган во Исламскиот центар во Сан Диего во Калифорнијa, убивајќи тројца мажи пред џамијата, од кои едниот бил обезбедувач, пред двајцата осомничени да бидат пронајдени мртви од очигледни самонанесени рани од огнено оружје, соопшти полицијата. – Сите деца што одат во училиштето кое е дел од Исламскиот центар – најголемата џамија во регионот во близина на мексиканската граница – се пронајдени безбедни по пукањето, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...
Пакистан им испрати на Соединетите Американски Држави ревидиран предлог од Иран за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, потврди вчера неименуван пакистански функционер. „Немаме многу време“, рече изворот кога беше прашан дали ќе биде потребно време за да се прекине ќорсокакот, објави Ројтерс. Неименуваниот извор додаде дека двете земји „постојано ги менуваат своите цели и услови“. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со ...
Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската енклава Калининград. – Треба да им покажеме на Русите дека можеме да ја пробиеме малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во енклавата, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, објави Спутник. Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредуваше ...
Белата куќа соопшти дека Иран мора да ги предаде своите залихи од збогатен ураниум како дел од секој договор со Вашингтон, предупредувајќи го Техеран дека претседателот Доналд Трамп „не блефира“ и ги држи сите воени опции отворени доколку разговорите не успеат. – Овој збогатен ураниум што го имаат, не можат да го задржат. Претседателот Трамп беше многу јасен дека збогатениот ураниум мора да се предаде. Тој не блефира, изјави за Фокс њуз ...
Двајца тинејџери отворија оган во Исламскиот центар во Сан Диего во Калифорнијa, убивајќи тројца мажи пред џамијата, од кои едниот бил обезбедувач, пред двајцата осомничени да бидат пронајдени мртви од очигледни самонанесени рани од огнено оружје, соопшти полицијата. – Сите деца што одат во училиштето кое е дел од Исламскиот центар – најголемата џамија во регионот во близина на мексиканската граница – се пронајдени безбедни по пукањето, ...
Русија се бори со зголемените внатрешни притисоци поради неуспесите на украинското бојно поле и економските тешкотии, изјави Каупо Росин, директор на Службата за надворешно разузнавање на Естонија. Во разговор одржан пред два дена, Росин истакна дека времето не работи за рускиот претседател Владимир Путин, барем додека Западот опстојува на санкциите и помошта за Украина, пишува The Kiev Independent. Повеќе од четири години по почетокот на ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвини претседателот на Хрватска – Зоран Милановиќ во Загреб дека му штети на имиџот на надворешната политика на земјата откако претходно беше објавено дека претседателот не дал одобрение за предложениот израелски амбасадор. Пленковиќ, одговарајќи на прашањата на новинарите, рече дека ова е уште една во низата постапки на претседателот што ѝ штетат на Хрватска, наведувајќи како примери, како што рече, ...
Војводството Корнвол, кое му обезбедува на наследникот на престолот на Велика Британија приватен годишен приход од над 20 милиони фунти, ќе продаде една петтина од својот имот во следните десет години, пишува Би-Би-Си. Како што првично објави „Тајмс“, на овој начин се планира да се соберат 500 милиони фунти, кои ќе бидат директно инвестирани во локалните заедници, со посебен акцент на прифатливи станови и еколошки проекти. Оваа кралска ...
Најмалку пет лица се убиени денеска, а седум се ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, според турските медиуми. Mersin Tarsus’taki silahlı olayda failin Darıpınarı – Karageçit’te ilerlediği anlar: son bilgilere göre 4 ölü, 8 yaralı pic.twitter.com/txKBbOVAbW — Mersin Haber (@mersinhaber) May 18, 2026 Според наводите, осомничениот Метин О. (37) ја уби својата поранешна сопруга Арза О.(32) ...
Иран испрати нов мировен предлог до САД, со услови кои, според американската страна, се слични на претходните понуди што Вашингтон веќе ги отфрли, објавува Ројтерс. Сепак, висок ирански функционер изјави дека американската страна ги омекнала своите ставови по некои прашања. Пакистански извор потврди дека Исламабад, кој посредува во комуникацијата меѓу страните во конфликтот на Блискиот Исток, го проследил најновиот предлог до Вашингтон, но ...
Првиот ден од квалификациите за Ролан Гарос го донесе најголемото изненадување од квалификациите во последните неколку години! И покрај тоа што земјената подлога не му е омилена, искусниот британски тенисер Даниел Еванс (35) очекуваше многу повеќе. La première victoire en Grand Chelem et une belle réaction pour Daniel Jade !#RolandGarros pic.twitter.com/xPmYL6Wzxk — FFT (@FFTennis) May 18, 2026 Сепак, денес беше исфрлен од анонимниот ...
Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите – истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 не се предвидува затворање институции, туку ...
Четири лица се убиени, а осум се ранети во јужна Турција кога вооружен човек отвори оган. Смртоносниот инцидент се случи во округот Тарсус во покраината Мерсин, според турскиот весник Хуриет. At least four people were killed and eight others wounded in a shooting incident in Mersin, Turkey, with the gunman still at large. pic.twitter.com/vwl87wzgUL — World Source News (@Worldsource24) May 18, 2026 Пукањето наводно започна во ресторан, а ...
По првата победа на Бугарија на Евровизија, се постави прашањето каде ќе се одржи следното издание на натпреварот и дали Бугарија може да организира еден од најголемите телевизиски настани во Европа. Овогодинешната победничка Дара, која славеше со песната „Бангаранга“, веќе изјави дека сака Евровизијата да дојде во Софија следната година. Сепак, организацијата на толку голем настан за Бугарија може да претставува сериозен финансиски ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, сооопштија денеска од неговиот кабинет. Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран. „Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката ...
Иван Баричевиќ – другарот на 19-годишниот доставувач на пица Лука Миловац во хрватскиот град Дрниш за ХРТ ја опиша кобната вечер кога Кристијан Алексиќ го уби младиот човек додека доставуваше храна. Баричевиќ рече дека Лука се плашел да оди сам на адресата на Алексиќ, па му понудил да оди со него. „Јас, како негов долгогодишен пријател, му понудив да одам со него, реков дека ќе одам со него, дека сè ќе биде во ред, дека сум таму со него. Се ...
Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија. - Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена ...
Пoранешната германска канцеларка Ангела Меркел денес ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објавува Политико. – Мислам дека воената поддршка што ја обезбедивме досега е апсолутно исправна работа. Исто така, мислам дека е исправно што правиме многу повеќе за да создадеме ефект на одвраќање покрај нашата поддршка за Украина. Она за ...