Лидерот на словенечката националистичка десница, Јанез Јанша, денес по потпишувањето на коалицискиот договор објави на социјалните мрежи дека очекува бројни пречки, но рече дека новата влада ќе има доволно знаење и храброст да ги надмине, јавува словенечката агенција СТА. „Нема да биде лесно. Ќе има многу пречки. Знаеме за нив. Имаме доволно знаење и храброст да ги надминеме“, рече тој во видео објавено на социјалните мрежи. Јанша рече дека ...

Неколку сплавови, според неофицијални информации најмалку три, се зафатени од пожар на страната Макиска од Ада Циганлија во Белград. Голем број пожарникари и спасувачи работат на местото на настанот, обидувајќи се да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење кон околните згради. Во моментов нема потврдени информации за повредени. Причината за пожарот и точните околности под кои избувнал засега се непознати, а повеќе детали се ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјава за МИА во врска со пишувањата во медиумите за наводна „шпионска афера“ во нејзиниот Кабинет, кажа дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумпцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка. – Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за ...

Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација и тренер на Вардар, Гоце Седлоски, денеска јавно се извини за контроверзната прослава на „црвено-црните“ по освоената титула, која предизвика бурни реакции во јавноста. На денешната прес-конференција, на која беше објавен списокот на фудбалери за претстојните дуели против Босна и Турција, Седлоски упати извинување во свое име и во име на целиот тим на Вардар. „Во мое лично име и во име на ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги ...

Двојните аршини околу онлајн обложувањето фрлаат сериозна сенка врз вистинските намери зад новиот предлог-закон за игри на среќа. Додека изминатава година се стегаше обрачот околу онлајн сајтовите што приредуваат игри на среќа преку нивно целосно забранување на територијата на Македонија, државната платформа „Мегавин“ продолжи непречено да функционира, отворајќи сомнежи дека крајната цел не е искоренување на коцкањето, туку чистење на ...

Рударските инвестиции во Иловица и Плавица на Македонија може да и донесат 770 милиони евра – пари кои ќе и помогнат на државата во заштитата на животната средина, преку рекултивација и рехабилитација на подрачја и мониторинг на биодиверзитетот. Ваквите идеи се преточени во Акцискиот план за минерални суровини 2026-2030, а произлегуваат од новата Стратегијата за минерални суровини, која ја изработуваа експерти од МАНУ. За Стратегијата да се ...

Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска повторно е приведена, откако, според информациите од полицијата, се обидела да ја попречи акцијата за заловување и заплена на добиток што ја спроведувале надлежните служби кај Крива Паланка. Од МВР информираат дека на 20 мај 2026 година во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода 28-годишната Ј.Ѓ. од Крива Паланка. „Постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано ...

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место во с. Копаница, скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. ...

За премиерот Христијан Мицкоски одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е скандалозна. „ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на ОЈО-ГОКК. Очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи по тоа во жалбата. Да почекаме, па да коментираме“, изјави Мицкоски. Претходно, ОЈО-ГОКК соопшти дека ја ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација и тренер на Вардар, Гоце Седлоски, денеска јавно се извини за контроверзната прослава на „црвено-црните“ по освоената титула, која предизвика бурни реакции во јавноста. На денешната прес-конференција, на која беше објавен списокот на фудбалери за претстојните дуели против Босна и Турција, Седлоски упати извинување во свое име и во име на целиот тим на Вардар. „Во мое лично име и во име на ...

Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка -Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, обвини дека СДСМ избегала од собраниската дебата за новото задолжување, бидејќи, како што рече, нема аргументи со кои би ги поткрепила своите тврдења. „Кога станува збор за лаги и инсинуации, во моментот кога аргументите треба да се соочат таму каде што им е местото – на собраниската Комисија – нив едноставно ги нема“, изјави Стојаноски. Тој рече дека аргументите на СДСМ „паѓале еден по еден“. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Владата на Христијан Мицкоски ја турка државата во „должничко ропство“ и најави дека пратеничката група на СДСМ се повлекува од комисиската расправа за новото задолжување. „Секојдневно гледаме како Владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе ...

Австриски и германски државјанин се под истрага поради сомнежи дека учествувале во таканареченото „сараевско сафари“ – наводни организирани „тури“ за богати странци кои плаќале огромни суми за да пукаат врз цивили за време на опсадата на Сараево во 1990-тите години. Како што објави австрискиот весник „Кронен цајтунг“, двајцата осомничени наводно патувале во Босна и Херцеговина меѓу 1992 и 1996 година и од позиции на војската на босанските ...

Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи, велат од Левица. – Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, ...

Силен земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди пошироката област на Неапол рано во четврток наутро. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), епицентарот бил во Заливот Поцуоли, на длабочина од само три километри, објавува Euronews. M4.0 earthquake hit Southern Italy, near Naples, at 05:50 local time with shake reports and felt in Quarto, Pozzuoli, and nearby areas. #terremoto #sismo pic.twitter.com/JLTrDSxREo — ...

САД го обвинија поранешниот кубански лидер Раул Кастро за заговор за убиство на американски државјани и други злосторства во врска со соборувањето на два авиона во 1996 година помеѓу Куба и Флорида. Случајот откриен во среда ги обвинува Кастро и уште петмина за соборувањето на авионот што ѝ припаѓал на кубанско-американската група „Браќа за спасување“ и убиството на четири лица, вклучувајќи тројца Американци. Кастро, сега 94-годишен, тогаш ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие директна улога во структурите на Европската Унија како привремен чекор кон полноправно членство во ЕУ, што, според него, би можело да помогне во постигнувањето договор за прекин на војната предизвикана од руската инвазија. Во писмо до лидерите на ЕУ, кое го виде Ројтерс, Мерц предложи Украина да добие нов статус на придружен член, што би им овозможило на украинските претставници да ...

Русија достави нуклеарна муниција во теренски депоа во Белорусија како дел од големи нуклеарни вежби, соопшти руското Министерство за одбрана во четврток. Овој потег е дел од вежбите во кои учествуваат нестратешки нуклеарни сили, објави Ројтерс. „Како дел од вежбата на нуклеарните сили, нуклеарна муниција беше доставена во теренски депоа во областа на локацијата на ракетната бригада во Република Белорусија“, соопшти министерството. Според ...

Додека дипломатските напори продолжуваат, тензиите меѓу Иран и САД растат со закани од двете страни. Неименуван ирански воен претставник изјави дека Техеран поседува напредно, но нетестирано оружје и дека овој пат нема да дејствува воздржано, додека Белата куќа предупреди за воена акција „без преседан во модерната историја“ ако Иран не ги прифати условите на САД, објави Ал Џезира. Во исто време, двете земји разменуваат пораки преку Пакистан ...

Украинските сили за беспилотни системи и Безбедносната служба на Украина (СБУ) тврдат дека погодиле руски центар за обука и производство на беспилотни летала на окупираната територија на Донецката област. Нападот, велат тие, уништил опрема, оклопни возила и муниција, а загинале и голем број руски војници. Киев вели дека операцијата значително ја нарушила обуката на операторите на беспилотни летала и логистиката на беспилотните летала за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие статус на „придружна членка“ во Европската Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што би можело да го олесни постигнувањето договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите на ЕУ и министерските состаноци, но без право на глас. Мерц верува дека таков модел би можел да помогне во тековните мировни преговори ...

По медиумските извештаи дека Володимир Зеленски сепак нема да ја посети Србија, Кабинетот на претседателот на Украина објави дека патувањето ќе се одржи на подоцнежен датум. Информацијата ја потврди Дмитро Литвин, советник за комуникации на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Беше одлучено дека некои други датуми би биле посоодветни, додека Качка засега ќе патува таму за да се подготви теренот за одредени прашања“, рече Литвин како ...

Речиси сите големи рафинерии за нафта во централна Русија беа принудени да го запрат или намалат производството на гориво по серијата украински напади со беспилотни летала во последните денови, покажуваат официјалните податоци и извори запознаени со ова прашање. Москва веќе воведе забрана за извоз на бензин, која ќе биде на сила од април до крајот на јули, објавува Ројтерс. Вкупниот годишен капацитет на рафинериите кои целосно или делумно го ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе ...

Нова тензична ситуација над Црното Море предизвика загриженост во меѓународната јавност, откако дошло до сериозен инцидент меѓу руски ловечки авиони и воен авион на НАТО. Според информациите што ги пренесуваат светските медиуми и безбедносни извори, руски ловци пресретнале летало кое извршувало извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор. Инцидентот се случил во април 2026 година, а британското Министерство за одбрана дури денес ја ...

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На почетокот од денешното судење, еден од бранителите се осврна на претходни докази од камери што биле презентирани. Според бранителот, некое време прилично точно биле избројани, останатото време значително помал број гости се упатувале кон ...

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Калај

53.60