Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе ...

Холивудската ѕвезда – Шерон Стоун одржа говор на гала-вечерта во Кан, велејќи и на публиката дека луѓето треба подобро да се поврзуваат едни со други. Ѕвездата на култните „Сурова страст“ и „Казино“ учествуваше на настанот организиран од Фондот за подобар свет, организација која ја поддржува „кинематографијата и уметноста во служба на човештвото“. @varietymagazine #SharonStone told #Cannes attendees to “put down your f—king phones” and ...

Саутемптон е исфрлен од финалето на плејофот за влез во Премиер лигата откако тимот беше прогласен за виновен за шпионажа на Мидлсбро. Одлуката ја донесе независен дисциплински комитет откако Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го обвини Саутемптон за кршење на прописите. Оваа казна значи дека Мидлзборо, кој беше елиминиран од Саутемптон во полуфиналето на плејофот, ќе се бори против Хал во финалето за место во највисоката лига на англискиот ...

Силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето недалеку од брегот на Перу, објави Германскиот центар за геофизички науки (GFZ). Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри, соопшти GFZ, пренесува Ројтерс. Засега нема информации за можни жртви или предизвикана материјална штета. Вчера се тресеше тлото во Кина. Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди ...

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари 2022 година, во Украина се убиени 15.850 цивили, вклучувајќи 791 деца, објави канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, објави денес агенцијата Интерфакс-Украина. Според ОН, повредени се 44.809 лица, вклучувајќи 2.752 деца. „Вистинскиот број на жртви е веројатно многу поголем“, додава ОН. Се известува дека најмалку 238 цивили биле убиени, а 1.404 ранети во ...

Полицијата во англискиот округ Сари истражува два одделни пријави за сексуална злоупотреба на деца, започнати по објавувањето на документи поврзани со Џефри Епштајн. Во соопштение објавено денес, полицијата изјави дека станува збор за случаи од минатото, пренесува Скај њуз. Според соопштението за медиумите, истрагата е започната откако Министерството за правда на САД објави досиеја за Епштајн. „Едниот извештај се однесува на локации во Сари ...

На социјалните мрежи се појави видео од емотивната реакција на 34-годишниот Нејмар откако дозна дека е вклучен во составот на Бразил за Светското првенство 2026. Neymar broke down into tears after getting selected for the World Cup ❤️ Look what it means to him 🥹 (via @neymarjr) pic.twitter.com/DebjWViOVq — ESPN FC (@ESPNFC) May 19, 2026 Искусниот напаѓач официјално се враќа во репрезентацијата по тригодишна пауза и неговиот последен настап ...

МВР информира дека синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...

Вкупно 837 лица побарале медицинска помош поради сериозни проблеми со дишењето во изминатите два дена, како последица на силната песочна и прашинска бура што го погоди Ирак, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. A powerful dust storm has swept across Iraq, including Najaf and Baghdad, sending people to hospital with breathing difficulties.#Iraq #DustStorm pic.twitter.com/SJkeNiYKkW — International Crisis Room 360 (@ICR360) May ...

Големо изненадување во шведската фудбалска јавност предизвика одлуката Руни Бардџи да не биде вклучен на списокот на патници за Светското првенство, а угледниот весник „Афтонбладет“ сега открива дека причините не се од фудбалска природа. Според нивните наводи, селекторот Греам Потер го пречкртал 20-годишниот играч на Барселона поради неговото однесување. Бардџи беше дел од националниот тим уште во март, но тогаш не играше ниту една минута на ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, моментно втор играч во светот, нема да настапи на овогодинешниот Вимблдон. Алкараз ја потврди одлуката преку социјалните мрежи, објавувајќи дека сè уште не е доволно подготвен да се врати на теренот по повредата. Шпанецот објави на Инстаграм и откри дека нема да игра на подготвителниот турнир во Квинс, ниту на најпрестижниот Гренд слем во сезоната. „Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел одби да биде главен посредник во преговорите меѓу Украина и Русија. Според неа, само политичарите кои моментално се на власт можат веродостојно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин. „Ние можевме да ги водиме овие преговори само со претседателот Путин затоа што имавме политичка моќ, затоа што бевме шефови на влади“, рече Меркел, како што објави Политико. „Ви треба таа моќ“, додаде ...

Рускиот претседател Владимир Путин по повод посетата на Кина изјави дека односите меѓу Пекинг и Москва „достигнаа неверојатно ниво“. Во видео порака објавена на Телеграм, Путин оцени дека односите меѓу Русија и Кина се одразуваат во „меѓусебно разбирање и доверба, посветеност на меѓусебно корисна и рамноправна соработка, дијалог со меѓусебно почитување и поддршка за прашања што се однесуваат на суштинските интереси на двете земји, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да му даде на Иран уште два до три дена, можеби најмногу до почетокот на следната недела, пред да „преземе дополнителни воени дејствија“. NOW – Trump to give Iran 2-3 days, maybe early next week, before taking additional military action. pic.twitter.com/H9nguz6GLx — Disclose.tv (@disclosetv) May 19, 2026 – Подготвен сум да им дадам уште два до три дена, најдоцна до почетокот на ...

Компанијата „Бритиш ервејс“ бара 10 милиони фунти отштета од главниот лондонски аеродром „Хитроу“ бидејќи минатиот викенд 20.000 парчиња багаж не биле натоварени во авионите. Извршниот директор на авиокомпанијата, Шон Дојл, ги известува медиумите, во писмо до директорот на аеродромот „Хитроу“, Томас Валдби, барајќи отштета бидејќи системите за багаж на Терминал 5, главниот центар на „Бритиш ервејс“, се расипани од петокот. Неисправноста ...

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека жали што прашањата за животната средина станаа „лесна мета за екстремистите“ во последните години и дека Франција мора да продолжи да ја намалува употребата на фосилни горива. „Забележав во последните години дека екологијата стана лесна мета, особено за екстремистите, и дека на некој начин таа е сцена на популизам“, рече Макрон на почетокот на состанокот на Советот за еколошко ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преговорите не значат предавање, нагласувајќи дека Техеран влегува во дипломатските процеси со сила и решителност за да ги заштити интересите и правата на својот народ. Во објава на мрежата X, Пезешкијан нагласи дека Иран нема да се откаже од она што тој го нарече легитимни права на државата и нацијата, без оглед на притисокот. „Дијалогот не значи предавање. Исламската Република Иран влегува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на неговата администрација да ги откаже нападите врз Иран закажани за утре, но предупреди дека може да започне „целосен, голем напад“ во „секој момент“. Трамп рече дека катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед го замолиле да го одложи нападот бидејќи веруваат дека може да се постигне договор ...

Група пратеници од Словенечката демократска партија (СДС) денес го номинираа лидерот на партијата Јанез Јанша за следен премиер на Словенија. Се очекува Јанша да ја формира својата четврта влада со сродни партии од десниот центар и сојуз предводен од Нова Словенија, како и со поддршка на партијата Ресница, објави СТА. Номинацијата на Јанша за премиер беше поднесена до Народното собрание со потписи од 48 пратеници. Група пратеници од ...

Во интервју за руската државна новинска агенција Тасс, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека во европските престолнини се зборува сè повеќе за „заканата од непосредна војна со висок интензитет“ со Русија. Руски дипломат денес предупреди дека ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО расте и дека последиците од такво сценарио би можеле да бидат катастрофални. „Поради понатамошната ескалација на ...

Напаѓачот кој уби двајца и рани четири лица, меѓу кои и двајца малолетници, во општината Ел Ехидо во шпанскиот град Алмерија и се предаде на полицијата, објавија шпанските медиуми, наведувајќи дека двете убиени лица се родители на напаѓачот. Извори од Шпанската цивилна гарда потврдија дека едно од повредените деца, кое е во критична состојба, има седум месеци и дека станува збор за син на сторителот, објави „Ел Паис“. Повредено е и ...

Руско-украинските преговори за завршување на конфликтот сè уште се без конкретен напредок, а Пентагон смета дека една од главните причини за застојот е одбивањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати територијални отстапки. Генералниот инспектор на Пентагон на 19 мај изјави дека Зеленски го задржува својот став дека Украина нема да отстапи територија на Русија, што, според проценката на американското воено министерство, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека одобрил нови операции на украинските сили и специјалните служби против Русија. Зеленски изјави дека ги овластил специјалните служби и Одбранбените сили на Украина да спроведат нови операции, потсетувајќи на последиците од последните руски напади врз украинските градови, објави Укринформ. Украинскиот претседател оцени дека ниту една украинска жртва во руските напади не останала без ...

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел одби да биде главен посредник во преговорите меѓу Украина и Русија. Според неа, само политичарите кои моментално се на власт можат веродостојно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин. „Ние можевме да ги водиме овие преговори само со претседателот Путин затоа што имавме политичка моќ, затоа што бевме шефови на влади“, рече Меркел, како што објави Политико. „Ви треба таа моќ“, додаде ...

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави во Берлин дека е крајно време за дипломатија во врска со војната во Украина, оценувајќи дека конфликтот ги исцрпува не само земјите директно вклучени во него, туку и оние што го поддржуваат. Радев ги даде овие забелешки на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, за време на неговата прва посета на Берлин како бугарски премиер. Одговарајќи на прашање за можноста за започнување ...

Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, откако доби поддршка од 48 пратеници во Државниот збор. Како што јави Словенечката новинска агенција (СТА), кандидатурата на Јанша, покрај матичната СДС, ја поддржаа и пратениците од Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија (СЛС), Фокус, Демократите на Анже Логар, како и членовите на ...

Како ќе успее власта да го заживее македонското рударство? Оваа индустриска гранка има се послаби економски показатели, и го влече надолу индикаторот за индустриското производство во Македонија. Дополнително, дел од рудниците не се во добра кондиција и не се исклучува можноста за масовни отпуштања на рудари. Во меѓувреме, инвестициите во рударството континуирано наидуваат на најразлични пречки, иако во Стратегијата за минерални суровини ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека краците на финансиското, политичко и медиумско влијание кои потекнуваат од Орбан и Вучиќ и водат до Мицкоски ќе бидат демонтирани. Филипче нагласи дека постои силна пропагандна мрежа и политички влијанија во регионот, кои се свесни што прави оваа власт која не држи намерно како слепо црево тука на Балканот и сето тоа за лично богатење. „Христијан е контролиран и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28