Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Играчот од средниот ред на Барселона и на Шпанија – Фермин Лопез, ќе го пропушти претстојното Светско првенство поради сериозна повреда. Младиот фудбалер ја скрши метатарзалната коска на стапалото и мораше да се подложи на операција, што значи дека му претстојат неколку месеци закрепнување. Оваа вест е голем удар за Шпанија, но и за Барселона, каде што Лопез се претвори во еден од клучните играчи. Во последните сезони, Фермин се разви од ...
Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни верува дека Арне Слот треба да преземе драстичен чекор и да го остави Мохамед Салах надвор од составот за последниот натпревар од сезоната. Легендата на Манчестер Јунајтед го нападна Египќанецот по неговите коментари по поразот на Ливерпул од Астон Вила. Салах на социјалните мрежи изјави дека Ливерпул мора повторно да стане „хеви метал напаѓачки тим од кој противниците се плашат“, што многумина го ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија ги осудува нападите на Иран врз Обединетите Арапски Емирати и другите земји и дека Техеран мора да престане да им се заканува на своите соседи и да го отвори Ормутскиот теснец. „Иран мора да започне сериозни преговори со САД, да престане да им се заканува на своите соседи и да го отвори Ормутскиот теснец без ограничувања“, напиша Мерц во објава на платформата X. Тој предупреди ...
„Денес пратениците на Левица гласаа за укинување на можноста членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство, како принцип што треба да гарантира целосна политичка и институционална лојалност кон Македонија. Срамно е што пратениците од владејачкото мнозинство одбија да го поддржат овој предлог и власта, предводена од Мицкоски, практично призна дека нема проблем највисоки функционери во извршната власт да имаат политички и деловни ...
Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. – Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Гебрејесус на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус ...
Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...
Долго време се шпекулираше дека Мурињо би можел да се врати на клупата на Реал Мадрид, а сега тоа и официјално се случи. Сè започна кога Флорентино Перез ги зеде работите во свои раце и кажа како ќе го избере следниот тренер на „Кралевите“. Навивачите веднаш почнаа да шпекулираат дека тоа би можел да биде Мурињо и беа во право. „Специјалниот“ така се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ по 13 години, а сезонава го води тимот на Бенфика. View this ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави, откако новинарите го замолија да коментира за украинските напади врз Москва, дека ситуацијата за Русија сега е доста непријатна, бидејќи Москва беше погодена од 30 беспилотни летала. Но, како што истакнува, насловите на светските медиуми дека дошло до пресвртница во војната, според него, се претерани. „Мирот е најдоброто решение, ќе биде подобро и за двете. Русија сигурно не е во лесна позиција, ...
СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа. По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 ...
Binance воведе заштита при повлекување средства, нова безбедносна функција наменета за вид ризик што класичните дигитални заштити не можат целосно да го покријат: притисок или присила во реална средина за префрлување крипто-средства. Додека алатки како лозинки, двофакторска потврда, заштита од лажни пораки и сигурносни клучеви за најава без лозинка помагаат во одбрана од онлајн напади, оваа нова функција е насочена кон ситуации во кои ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. -Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...
Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, се закани дека ќе ги „деактивира“ сите американски воени бази во јужниот дел на Персискиот Залив. – Во изминатите 24 часа, морнарицата на ИРГК не дозволи ниту еден брод да помине низ Ормутскиот теснец. Во блиска иднина, сите американски воени бази во јужниот дел на Персискиот Залив ќе бидат деактивирани, рече Золфагари во објава на социјалната мрежа X. Иран, рече тој, ќе изгради „Нов ...
Шефот на Централната команда на израелската армија, Ави Блут, потпиша наредба со која се проширува израелскиот закон за смртна казна на Палестинците во окупираниот Западен Брег, објави денес „Хаарец“. Законот ќе се применува на оние кои ќе извршат дело „со цел да го негираат постоењето на државата Израел“. Според израелскиот весник, правните и безбедносните службеници предупредија против примената на законот на Западниот Брег, бидејќи ...
Лидерот на француската партија „Патриот“, Флоријан Филипо, оцени дека одлуката на Московскиот арбитражен суд во спорот меѓу Централната банка на Русија и белгискиот депозитар „Еуроклеар“ може да има сериозни последици за Европската Унија и нејзините планови во врска со руските средства. Коментирајќи ја одлуката на судот на својот YouTube канал, Филипо рече дека Москва со овој потег го зголемува притисокот врз европските земји. „Ова е многу ...
Оваа година имаше забележителна промена во рамнотежата на операциите на фронтовската линија, а особено денес, индикаторите за активни операции на Одбранбените сили на Украина се повисоки секојдневно од оние на руските сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите војници денес, на оние кои моментално се на фронтот, на секоја борбена бригада. Многу е направено оваа година, а се ...
Кипарскиот новинар Алекс Христофору оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, поради низата инциденти со украински беспилотни летала во балтичкиот регион, сериозно ја разнишал довербата на некои европски сојузници во Киев. Коментирајќи ја политичката криза во Латвија и тензиите на естонската граница, Христофору рече дека Украина го тестира трпението на Европската Унија со своите постапки во балтичките земји и Финска. „Што е со ...
Binance воведе заштита при повлекување средства, нова безбедносна функција наменета за вид ризик што класичните дигитални заштити не можат целосно да го покријат: притисок или присила во реална средина за префрлување крипто-средства. Додека алатки како лозинки, двофакторска потврда, заштита од лажни пораки и сигурносни клучеви за најава без лозинка помагаат во одбрана од онлајн напади, оваа нова функција е насочена кон ситуации во кои ...
Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. – За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш, рече Сали. Осврнувајќи се на ...
За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...
ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија. Само еден ден откако копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие веднаш се вклучија во работна средба со премиерот Христијан Мицкоски за ...
Собранието не ја прифати иницијативата на СДСМ за измени на Законот за Влада со кои министрите би можеле да имаат исклучиво македонско државјанство. Предлогот не ја доби потребната поддршка од владејачкото мнозинство, а за него гласаа само 20 пратеници од опозицијата. Измените беа предложени од пратеничката група на СДСМ со образложение дека законското решение треба да биде усогласено со претходниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, според кој и ...
Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М.Ш. и Ж.Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...
Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница. Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и ...
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и ...
Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката. Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. За Абази и да не говориме, човек кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, ...
Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам. Како што објави британската Амбасада на својата Фејсбук страница, таа ќе ја преземе должноста во август годинава од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на должност од 2022 година. Според нејзината биографија, Сиванјанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во Британската ...
Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа. Реалноста е сосема поинаква. Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше. Нема пари за повисоки плати, нема ...
Командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал-мајор Мохсен Резаи, во интервју за иранската државна новинска агенција Тасним изјави дека Американците прво мора да преземат конкретни акции во преговорите, додавајќи дека Иран е „сериозен во преговорите, а уште посериозен во војната и одбраната на земјата“. „Трамп сакаше да ја посети Кина во време кога имаше предност, но неговата ситуација во војната со Иран го наведе да ја посети Кина ...
Странски државјани од неколку земји, вклучувајќи ги Јапонија, Ирска, Норвешка и Холандија, се борат на страната на украинските вооружени сили, изјави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи за злосторствата на киевскиот режим, Родион Мирошник. Според него, бројот на странски борци во украинските единици продолжува да расте, а тие, како што истакна, доаѓаат не само од европските земји, туку и од Латинска Америка, Африка и ...
Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот. И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по ...