Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. – Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, ...

Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија. Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за тендерот за електричните автобуси. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека економската состојба во државата е сериозно влошена, народот тоне во сиромаштија а Владата нема никакви мерки за заштита на граѓаните во услови на криза. Филипче посочи дека синдикалната кошничка достигна речиси 69.000 денари, додека платите на голем број работници не се доволни ниту за покривање на основните трошоци за живот. „Нема никакви мерки да се ...

АКТ денеска откива нов скандал, нова бомба. Скопјани се повторно жртва на корупцијата и криминалните тендери на ВМРО-ОКГ. Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе доцнат, ќе се варат или ќе ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека економската состојба во државата е сериозно влошена, народот тоне во сиромаштија а Владата нема никакви мерки за заштита на граѓаните во услови на криза. Филипче посочи дека синдикалната кошничка достигна речиси 69.000 денари, додека платите на голем број работници не се доволни ниту за покривање на основните трошоци за живот. „Нема никакви мерки да се ...

Граѓани од Македонија се одзваа на повикот за собир во Куманово од каде на пладне беше упатена поддршка поддршка за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. pic.twitter.com/K98QV0sVpv — Cvetak (@Cvetak45) May 23, 2026 Тие од плоштадот со знамиња на Македонија и Србија се упатија српскиот конзулат во Куманово, од каде ја упатија поддршката за мир и слога. Организатор на настанот беше Здружението : „Мир, слога и стабилност“. ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од ...

Кристијан Шмит призна дека притисокот од Соединетите Американски Држави придонел за неговата одлука предвреме да ја напушти функцијата висок претставник, пренесува германската новинска агенција dpa. Тој е висок претставник од август 2021 година, а претходно овој месец ја објави својата оставка, тврдејќи дека тоа е лична одлука. Сепак, на прашањето на германскиот дневен весник „Аугсбургер Алгемајне“ дали американскиот претседател Доналд Трамп ...

Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој ...

Извршниот директор на Евролигата, Ќус Буено, откри нови детали околу иднината на европската кошарка и можните големи промени во елитното натпреварување. Според него, интересот за влез во Евролигата е поголем од кога било досега. Тој изјавил дека постојат дури 17 понуди за нови франшизи, додека околу 40 клубови сакаат да се приклучат на Еврокупот. Буено посочи дека во иднина Евролигата би можела да се прошири на 22 или дури 24 екипи, што би ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати писмо до лидерите на Европската Унија во кое остро реагира на германскиот предлог Украина да добие придружено членство во ЕУ без право на глас. Според него, таквиот модел би бил неправеден кон Украина и би значел земјата да биде дел од Унијата, но без можност да учествува во носењето одлуки. „Би било неправедно Украина да биде присутна во Европската Унија, а да остане без глас“, порачал ...

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...

Германските здравствени власти предупредуваат на нови случаи на борнавирус, ретка но многу опасна инфекција која може да предизвика тешко воспаление на мозокот кај луѓето. Последниот случај е регистриран во покраината Мекленбург-Западна Померанија, додека претходно инфекции биле потврдени и во Баварија. Иако вирусот е редок, лекарите предупредуваат дека во голем број случаи завршува со сериозни последици или смрт. Борнавирусот најчесто се ...

Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно. Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат намерно го блокираа ...

Кинеската компанија „Mint Group“, која веќе неколку години работи во Србија, најави дека во земјата ќе донесе нови технологии поврзани со роботика и вештачка интелигенција. Од компанијата велат дека во соработка со технолошката фирма „AGIBOT“ развиваат повеќе видови роботи, меѓу кои и хуманоидни роботи, роботски кучиња и системи што можат да помагаат во секојдневните домашни работи. Според најавите, Србија би можела да стане еден од центрите ...

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC) ги проширија областите за да им забранат влез во САД на луѓе кои претставуваат ризик за јавното здравје, вклучително и постојаните жители на САД, поради моменталната епидемија на ебола во Африка. Новата привремена наредба беше објавена во петок, а CDC вели дека причината е ширењето на сојот на ебола Бундибугио, за кој нема одобрена вакцина или лек. Според новите правила, на ...

Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ, наведуваат од СДСМ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата ...

„Спејс Екс“ успешно го лансираше својот 12-ти „Ѕвезден брод“ во тест лет без екипаж од Тексас во петокот вечерта. Ова лансирање претставува клучна пресвртница и претходница на јавно објавената рекордна IPO на компанијата. Ова беше деби лет на најновата верзија на „Старшип В3“, и самиот вселенски брод и неговиот „Супер Тежок“ бустер, сега напојуван од нови, понапредни мотори „Раптор 3“. Лансирањето се случи од сосема нова лансирна рампа во ...

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во базиликата „Сан Клементе“ во Рим ќе присуствува на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...

Во кинески рудник за јаглен на северот од земјата се случи експлозија, при што загинаа десетици луѓе. Голем број луѓе се повредени, а најмалку девет од нив се заробени под урнатините. Според првичните информации, 82 лица загинаа во рудникот за јаглен „Лиушенју груп“, кој се наоѓа во покраината Шанкси. Во времето на експлозијата, според извештаите, имало 247 работници на должност, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде ...

Филипче да каже дали е дел од мрежата на бугарските мисии во Скопје за кои говори Петрова Чамова ? Венко Филипче е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија, Филипче отворено ги промовира бугарските позиции и има ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени од Румен Радев, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци“. За Филиче и СДС не е проблем да ја туркаат ...

Матурантите од Задарското техничко училиште направија големо изненадување за својата класна наставничка Нина и го претворија последниот ден од средното училиште во емотивна сцена што се прошири на социјалните мрежи. Учениците – воздухопловни техничари ѝ подарија на својата класна автомобил, кој го донесоа пред училиштето. View this post on Instagram A post shared by Naš Zadar (@nas.zadar) Класната наставничка беше целосно шокирана кога го ...

Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот ...

Илјадници Кубанци се собраа денес пред амбасадата на САД во Хавана, на провладин протест организиран поради одлуката на САД да го обвинат поранешниот кубански претседател Раул Кастро, за соборување на два цивилни авиони пред 30 години. Учесниците во провладиниот протест мавтаа со знамиња за време на речиси едночасовниот митинг, скандирајќи „да живее Раул“ и „татковина или смрт“, објави Ројтерс. 🇨🇺 Tens of thousands of Cubans took to the ...

Член на нуркачкиот тим што ги пронајде телата на италијанските нуркачи на Малдивите изјави дека опремата со која биле пронајдени „не била оптимална“. Финскиот нуркач Сами Пакаринен, кој учествуваше во откривањето на четворицата Италијанци претходно оваа недела, ја сними внатрешноста на пештерата и им изјави на италијанските медиуми дека „телата биле заедно во еден дел од пештерата“, кој ја опиша како многу длабока и „многу предизвикувачка“, ...

Соединетите Американски Држави денес објавија втора серија претходно класифицирани документи за наводни видувања на неидентификувани летачки објекти (НЛО). Документите содржат изјави од луѓе кои пријавиле необјаснети зелени сфери, дискови и огнени топки, објави Скај њуз.Првата серија документи беше објавена претходно овој месец, на 8 мај. View this post on Instagram A post shared by The White House (@whitehouse) Министерот за одбрана на ...

Настапот на светската музичка ѕвезда Рики Мартин во Црна Гора беше обележан со сериозен инцидент кој предизвика големо разочарување и вистинска бура на социјалните мрежи. Коментарите од луѓето на интернет изразија срам, огорченост и чудење од ваквото однесување. Имено, наместо вечерта да помине исклучиво во знакот на музика и прослава, непознато лице фрли солзавец во публиката на средина од настапот, насочен кон сцената. Овој неочекуван ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за смртоносен напад со беспилотни летала врз студентски дом во Старобилск, во окупираниот регион Луганск, и ѝ нареди на војската да подготви опции за одговор, објави Ројтерс. Според тврдењата на Москва, шест лица загинале во нападот, десетици млади луѓе се повредени, додека 15 лица сè уште се водат како исчезнати. Руските власти велат дека до 18 деца може да се закопани под урнатините. ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025 година, е повисока за 8.2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 проценти и Информации и ...

Иран и САД сè уште не постигнале договор, изјави Ројтерс висок ирански извор, додавајќи дека разликите се намалени. Изворот истакна дека збогатувањето на ураниум од страна на Иран и контролата на Техеран врз Ормутскиот теснец остануваат меѓу точките на спор. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Платина

55170.68