Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Директорот на чешката разузнавачка служба БИС, Михал Куделка, предупреди дека е поверојатно Русија да изврши ограничен напад врз членка на НАТО за да ја тестира реакцијата на Aлијансата отколку да започне голема војна како онаа во Украина. – Поверојатно е дека членка на НАТО, веројатно во балтичкиот регион, може да биде нападната за да се тестира одговорот на Aлијансата – рече Куделка на безбедносна конференција во чешкиот парламент, ...
Поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда и воен советник на Врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека ако САД продолжат со војната, Техеран ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави американската телевизија Фокс њуз. – Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе им го загорчи животот на американскиот народ и ќе предизвика ...
Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро – оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата. Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. – Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и ...
Во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР ...
Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со години – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...
По повод утрешниот празник Курбан Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, Реисул Улема, Шаќир Фетаи. – Со желби Возвишениот Аллах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан Бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската Хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите ...
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во чиј состав е и синдикатот СПАИС во кој членуваат вработени од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) апелира до Град Скопје и до раководството на претпријатието да седнат заедно со синдикатот и да ги надминат проблемите со кои се соочуваат вработените. Според синдикатот, вработените во ЈСП особено возачите реагираат на распоредите за работа за верски празници, а проблеми со ...
Во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. – А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што детето паднало и било влечено по улицата, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје ...
Иран изјави дека нема да постигне никаков договор со САД освен ако Вашингтон не се согласи да ослободи замрзнати ирански средства, објавија иранските медиуми. Новинската агенција Тасним претходно објави, повикувајќи се на извор, дека Техеран сака 24 милијарди долари замрзнати средства во странство да бидат ослободени во кој било меморандум за разбирање со Вашингтон. Иранската новинска агенција Фарс објави дека разговарала со извор близок до ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека ...
Прмиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската Унија. -Нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, додека е оваа ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. За 0,330 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 51,144 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра ...
Пратеничката група на СДСМ нема да ја поддржи фискалната стратегија 2027 – 2031. Како што истакнаа денеска пратениците Фатмир Битиќи и Сања Лукаревска во рамки на општиот претрес, наместо да се потпира на структурни промени, стратегијата базира на претпоставка дека БДП ќе расте побрзо од задолжувањето и не нуди одговор на прашањето – како ќе се амортизираат идните ценовни шокови. Според СДСМ, стратегијата е индиректно признание дека ...
Додека Европа и регионот вложуваат сериозни средства во критични минерали, Македонија и понатаму не го користи својот руден потенцијал. Грција и Бугарија забрзано отвораат нови рудници за бакар и други суровини важни за зелената транзиција, додека проектот „Иловица-Штука“ кај нас останува во статус кво поради долги административни процедури и поделени ставови во јавноста. Сега во јавноста актуелен е проектот за ископ на антимон кај Крива ...
Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“. – Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици – објави на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски. Двајцата ...
Денеска во белгискиот град Бугенхаут се случи несреќа во која неколку лица ги загубија животите кога воз се судри со училишен автобус, јавува Ројтерс. Голем број служби за итни случаи и полициски екипи беа веднаш испратени на местото на несреќата, која се случи околу 8.15 часот на железнички премин. Точните причини за трагедијата сè уште се истражуваат, но според првичните информации, железничкиот премин бил затворен за патен сообраќај во ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. „Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР ...
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп останува посветен на прекинување на конфликтот во Украина, изјави портпарол на Стејт департментот, според британскиот Телеграф, во време кога дипломатските напори на Вашингтон се одвиваат заедно со новите закани од Москва за интензивирање на нападите врз Киев. „Разговорите за прекин на војната меѓу Русија и Украина продолжуваат. Претседателот Трамп е решен да ги прекине бесмислените загуби и да ја ...
Подмладоците на политичките партии во државата денеска во Скопје потпишаа декларација за европски вредности и кохезија на настан организиран од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, со поддршка на Европската Унија, по повод Денот и Месецот на Европа. Со потпишувањето на декларацијата младите политички лидери се обврзаа на почитување и унапредување на заедничките европски вредности, меѓу кои дијалогот, кохезијата, ...
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19,4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година – објави Државниот завод за статистика. Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годината, во споредба со истиот период лани, статистиката евидентира зглемување на количеството превезена стока во железничкиот превоз за 14,2 проценти, а во воздухопловниот за 34,1 ...
Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случи на 24 мај околу 19.55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со возило „ауди“ удриja во мотоциклoт на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршуваше работни ...
Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка, стои во соопштението на СДСМ. – Ги излажа граѓаните.Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна. Половина Влада му ...
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи предупреди дека земјите од Блискиот Исток повеќе нема да служат како штит за американските воени бази во регионот. Неговата порака беше објавена по повод хаџот, годишното исламско поклонение во Мека во Саудиска Арабија. – Нема враќање во старите времиња, а народите и земјите од регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка повеќе нема да има безбедно засолниште во регионот за интриги ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет. Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира ...
Рано утрово по локално време во иранскиот пристанишен град Бандар Абас се слушнаа неколку експлозии, по што беше активиран системот за воздушна одбрана. Иранската револуционерна гарда првично објави три експлозии, повикувајќи се на неименувани извори, но официјалната потврда за причината не беше веднаш објавена. Револуционерната гарда подоцна во соопштението соопшти дека звукот од експлозијата се слушнал во близина на аеродромот Бандар Абас ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите за нуклеарен договор со Иран се забавени поради спорови околу формулацијата на договорот. „Ќе бидат потребни неколку дена за да се реши ова… сè е околу несогласувањата околу еден збор, една реченица“, им рече Рубио на новинарите во авион на пат кон Индија, повторувајќи ги претходните коментари на американските претставници. „Ќе мора да го решиме тоа“, рече тој. Коментарите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека збогатениот ураниум на Иран треба да се уништи или во САД, во Иран или на друга прифатлива локација. – Збогатениот ураниум (нуклеарна прашина) или веднаш ќе биде префрлен во САД за транспорт до САД и уништување, или, по можност, во соработка и координација со Исламската Република Иран, ќе биде уништен на лице место или на друга прифатлива локација, при што Комисијата за атомска ...
Војската на Соединетите Американски Држави објави дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и имале за цел да „ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на CENTCOM изјави ...