Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп ги собира членовите на кабинетот, додека преговорите со Иран за завршување на војната и повторно отворање на Ормутскиот теснец остануваат неизвесни. Пред состанокот со неговите најблиски соработници, Трамп вели дека договорот е блиску и дека може да покаже дека нуклеарната програма на Иран е доволно ослабена за да прогласи политичка победа. Сепак, нацрт-договорот остава голем број клучни прашања за ...
САД постепено ќе го намалуваат бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови што ѝ ги ставаат на располагање на НАТО, со што продолжува притисокот врз европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана, објави „Политико“. Одлуката била соопштена на состанок зад затворени врати на директорите за политика на НАТО, а информацијата ја пренел советникот на Пентагон, ...
Неколку луѓе загинаа, а неколкумина беа сериозно повредени во пожар во фабрика во Лонгвју, во близина на границата на државата Вашингтон со Орегон во северозападниот дел на САД, соопштија локалните власти. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничка изјава со „Нипон Дајнавејв Пакингџ“ и локалните власти, потврди дека имало жртви и повеќекратни сериозни повреди во инцидентот. Точниот број на жртви сè уште не е објавен. 🇺🇸 A chemical ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
Министерството за надворешни работи ги предупреди странските државјани, вклучително и персоналот на дипломатските мисии, да го напуштат Киев што е можно поскоро Одбивањето на Европската Унија да ги евакуира дипломатите од Киев значи дека имаат вишок персонал, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „ЕУ изјави дека ќе го задржи своето дипломатско присуство во Киев непроменето, и покрај ...
Во 15.15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“ во скопската населба Карпош е изгубена повозрасна жена. „Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно бели пруги. Број за контакт 070/399-945“. Кој ќе ја забележи веднаш да се јави на полиција или на телефонскиот број. Во 15.15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“ во скопската населба Карпош е изгубена повозрасна жена. „Изгубена ...
Милан би можел да остане без Рафаел Леао, еден од најпрепознатливите играчи во нивната офанзивна линија, ова лето. Португалското крило повеќе не е целосно недопирливо, а Галатасарај веќе почна да го испитува теренот за евентуален трансфер. Според информациите од Италија, Леао би можел да биде достапен за околу 50 милиони евра. Тоа е цена што би можела да привлече повеќе клубови, особено затоа што станува збор за играч кој вредеше близу 115 ...
Нетолеранцијата меѓу Златан Ибрахимовиќ, советник на раководството на Милан, и сега веќе поранешниот тренер на клубот од Милано – Масимилијано Алегри кулминираше со неодамнешна физичка пресметка во ресторан. Инцидентот, за кој беше потребна интервенција на трета страна, е најновиот чин во драмата што ги потресува италијанските фудбалски гиганти, откри новинарката Моника Коломбо. Жешка расправија се случи пред директорите Џорџо Фурлани и Игли ...
Со комплексен модел за прогнозирање од 2014 година, Јоаким Клемент ги предвиде шампионите без грешка. За претстојното Светско првенство, тој вели дека тоа ќе биде Холандија. Кога октоподот Пол правилно предвиде дека Германија ќе го освои Светското првенство во фудбал во 2010 година во Јужна Африка, тој стана познат низ целиот свет. Во меѓувреме, германскиот економист Јоаким Клемент го надмина Пол. Со комплексен модел за прогнозирање, од 2014 ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ги интензивира воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни летала на Хезболах. „Израелската армија дејствува со значителни сили на терен и ја презема контролата врз стратешки доминантните позиции. Ја зајакнуваме безбедносната тампон зона за да ги заштитиме заедниците во северен ...
Сју Јао, осуден за труење и убиство на својот соработник, милијардерот и гејмерски тајкун Лин Ќи, е погубен во Кина. Според локалните медиуми, незадоволниот Сју го отрул Лин во 2020 година затоа што вториот го маргинализирал во компанијата кратко откако му помогнал да обезбеди договор со Нетфликс за адаптација на популарната научно-фантастична трилогија. Компанијата на Лин, Yoozoo Games, ги поседува правата за адаптација на кинеската ...
Шефот на воено-административната администрација на Запорожје, Иван Федоров, денес на својот Телеграм канал објави дека бројот на повредени во рускиот напад врз Запорожје се зголемил на 15. „До 19:00 часот, бројот на повредени лица во рускиот напад се зголемил на 15. Меѓу нив има осум жени, шест мажи и едно бебе. На сите им е укажана потребната помош“, се наведува во соопштението на Федоров, пренесува Укринформ. Тој додаде дека во рускиот ...
Оскаровецот Расел Кроу (62) престојува во Париз со својата девојка Бритни Териот. Двајцата беа забележани пред неколку дена на трибините на Ролан Гарос, а потоа избувна инцидент пред хотелот каде што престојуваат, што брзо стана тема на социјалните мрежи. Russell Crowe loses his cool with fans waiting for autographs. “Stay where you are, don’t f***ing push in on me. I’ll come to you! Give everybody space. As soon as somebody’s a d**k I’m ...
Возачот кој утрово со својот автомобил слета во клисура длабока 150 метри во областа Дубац, на Макарската ривиера, се спаси без сериозни последици, а според пожарникарите, успеал сам да излезе од возилото пред да пристигнат спасувачките служби. Според пожарникарите од Брела, тие добиле пријава за несреќата во 5:35 часот утрово, по што веднаш излегле на терен. „По пристигнувањето на местото на интервенцијата, го најдовме возилото надвор од ...
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија попладнево во 17:04 часот. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 40.545 и географска должина 19.641, недалеку од градот Селеница. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под ...
Здравствената состојба на генералот на Војската на Република Српска – Ратко Младиќ е непроменета, односно сè уште е многу лоша, изјави за RTRS синот на генералот, Дарко Младиќ. – Нема промени, ниту на полошо ниту на подобро, состојбата е повеќе или помалку иста, како да се стабилизирала, но е полоша отколку што била пред мозочните удари. Неговата состојба е многу лоша – рече Дарко Младиќ. Тој рече дека вчера разговарал по телефон со својот ...
Западна и Централна Европа беа погодени од топлотен бран невообичаено рано оваа година, а високите температури ги однесоа првите жртви. Седум смртни случаи поврзани со топлината се пријавени во Франција. Портпаролката на владата Мод Брезеон денес за TVF1 изјави дека имало најмалку пет случаи на давење и два смртни случаи на спортски настани, објави германската агенција dpa. На западот од Франција, портокаловото ниво на предупредување е веќе ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес предупреди дека гладот сè повеќе се користи како многу евтино оружје во конфликтите, осудувајќи ги нападите врз прехранбената инфраструктура и предупредувајќи за влошување на глобалната несигурност во храната предизвикана од војната на Блискиот Исток. Зборувајќи на настанот „Безбедноста на храната и исхраната под притисок: Последици од конфликтот на Блискиот Исток“, одржан за време на Неделата на ...
Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излета од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во судир на воз и автобус во северна Белгија, објави денес канцеларијата на федералниот обвинител. Како што е наведено, пет деца се пренесени во болница во тешка состојба. Несреќата се случила на железнички премин за време на утринскиот шпиц во близина на градот Бугенхаут, околу 30 километри северозападно од главниот град Брисел. Министерот за внатрешни работи, Бернар Квинтин, изрази сочувство за Х. ...
Нов шок на Ролан Гарос! По голема битка со Адам Волтон, Данил Медведев успеа да загуби иако беше голем фаворит и го заврши учеството на овој турнир. Волтон ја изведе сензацијата за три часа и 22 минути, а конечниот резултат беше 3-2 за Австралиецот, односно 6:2, 1:6, 6:1, 1:6, 6:4. Волтон, 97-от играч во светот, одлично го започна натпреварот оставајќи го Русинот само со два гема во првиот сет. Данил успеа да ја спречи сензацијата и одговори ...
Во полициска акција што е во тек од рано утрово за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, уапсени се 17 лица, кои нелегално се стекнале со над 4,5 милиони евра, информираа од грчката полиција. За 24 часа ова е втора ваква акција на полицијата за разбивање на криминални организации чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во давање ...
Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме ...
Неколку лица беа убиени во нападите на израелските и американските сили врз иранските бродови во близина на Ормутскиот теснец, објавија денес иранските медиуми. 🚨 JUST IN: Iran was STRUCK by the US after the IRGC got caught laying MINES in the Strait of Hormuz⚡⚡⚡ The strikes took place in Bandar Abbas, home to a key Iranian base Missile launch sites were also blasted to smithereens. Fox is reporting this is NOT an end of the… ...
Триесетгодишна жена е застрелана во центарот на градот Шефилд, а британската полиција уапси три лица под сомнение за убиство, соопшти полицијата на Јужен Јоркшир. Пукањето, според Скај њуз, се случи на Вест Стрит, област од градот позната по ноќниот живот и големиот број студенти на Универзитетот Шефилд. Жената е однесена во болница со сериозни повреди, каде подоцна почина. Полицијата уапси маж (30) и жена (32) кратко по инцидентот во ...
Се појавуваат првите детали за американските напади врз Бандар Абас во јужен Иран, кои Вашингтон ги опиша како чин на самоодбрана. Додека сè уште се чекаат целосни детали, извори од двете страни почнуваат да ги даваат своите извештаи за настаните. Висок американски функционер изјави за „Фокс њуз“ дека нападите не биле обид за кршење на прекинот на огнот. Според него, американската војска одговорила откако забележала два брода на морнарицата ...
Глобалната воено-политичка ситуација значително се влоши, се појавуваат нови жаришта на нестабилност, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, обраќајќи се пред учесниците на 58-от состанок на Советот на раководителите на безбедносните агенции и специјалните служби на Заедницата на независни држави (ЗНД). – Денес, глобалната воено-политичка ситуација стана значително посложена. Сериозна криза го зафати Блискиот Исток. Се појавија ...
Израелските сили извршија воздушен напад врз градот Кафр Сир во округот Набатија во јужен Либан. Според извештаите од терен, нападот е дел од поширок бран напади што ги погодија јужните делови на земјата. Покрај Кафр Сир, бранот израелски напади ги погоди и јужните либански области Тир и Набатија. Напади беа пријавени и во Машгара, град во западната долина Бека. Израелските сили извршија воздушен напад врз градот Кафр Сир во округот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека им наредил на Израелските одбранбени сили да ги интензивираат нападите или „да го притиснат гасот уште посилно“ во операциите против либанското милитантно движење Хезболах. Нетанјаху во видео обраќање рече дека Израел е во војна со Хезболах и дека израелските сили елиминирале повеќе од 600 членови на групата во последните недели, објави „Тајмс оф Израел“. – Ние сме во војна со Хезболах. Само ...
Едно лице е убиено, а четворица се повредени во рускиот напад врз Одеса, објави началникот на Воената администрација на Одеса, Серхиј Лисак. „Тукушто дознавме дека една од повредената починала. Лекарите се бореа за нејзиниот живот до последен момент, но повредите беа претешки“, рече Лисак на Телеграм, објави Укринформ. Според него, нападот оштетил инфраструктурен објект, додека ударниот бран скршил прозорци во образовна институција и блиски ...