Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на ...
Војната со и затворањето на Ормутскиот теснец, клучна бродска линија низ која минуваше околу 20 проценти од светската трговија со нафта пред конфликтот, предизвикаа шок во понудата што не е виден со децении. Притисокот ги тера земјите ширум светот да се борат да најдат алтернативи за да го надоместат недостигот, а многу влади, особено во Азија, воведоа и мерки за намалување на побарувачката. За да се обезбеди доволно снабдување и да се ...
Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14 500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од типовите матура се изработени посебни испитни програми врз основа на ...
Нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и интензивно се промовираат во и околу училиштата во Македонија, додека здравите опции се ограничени, покажува првата национална проценка на нутритивните средини во училиштата. Истражувањето е спроведено во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, а опфатени биле 40 основни и средни училишта и ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс сигнализираше дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп за евентуален договор со Иран е далеку од сигурно, среде извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за завршување на војната. Венс им рече на новинарите во заедничката база Ендрус дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека некои точки, вклучително и можните ограничувања на нуклеарната ...
Централната команда на САД (CENTCOM) го предупреди Пентагон дека противниците користат комерцијално достапни податоци за локација за следење и потенцијално таргетирање на американскиот персонал во воените зони. Во писмото што го сподели со Ројтерс сенаторот Рон Вајден на 14 април се вели дека CENTCOM добил повеќекратни извештаи дека Иранците ги експлоатираат комерцијалните податоци за локација за следење на американскиот персонал на терен. ...
Портпаролот на романското Министерство за национална одбрана (MApN) Кристијан Поповичи објасни зошто војската не го соборила дронот што синоќа удри во десеткатна зграда во центарот на Галац, Романија. Тој изјави дека Романија „не може да ризикува да создаде поголема опасност од онаа што ја спречува“ и дека војската има „многу строги ограничувања“ во такви ситуации, пишува Digi24.ro. Беспилотно летало се урна синоќа во станбена зграда во ...
Откако руски дрон удри станбена зграда во центарот на романскиот град Галаци, се огласи и НАТО. Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“. Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата. „Утрово, дрон удри станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс сигнализираше дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп за евентуален договор со Иран е далеку од сигурно, среде извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за завршување на војната. Венс им рече на новинарите во заедничката база Ендрус дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека некои точки, вклучително и можните ограничувања на нуклеарната ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени. Утре ...
Рано утрово дрон удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галац, при што полесно се повредени две лица. Дронот ја погоди зградата околу 2 часот наутро, предизвикувајќи пожар на нејзиниот десетти кат, објавија романските медиуми. Во исто време, Русија започна напад врз близок украински град, објави романското Министерство за одбрана. 🇷🇴 – ROMANIA 🔴 Another angle shows the moment a drone reportedly struck a residential ...
Масимилијано Алегри е новиот тренер на Наполи, според бројни извори, вклучувајќи го и добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Според извештаите, Алегри ги прифатил условите што ги понуди Наполи и во моментов сè е на ниво на уснен договор, додека наскоро се очекува официјална потврда за соработка. Веста предизвика големо изненадување во Италија, бидејќи се чинеше дека искусниот стручњак ќе направи долга пауза по напуштањето на Милан. Сепак, ...
Европската комисија ја казни кинеската онлајн продавница Тему со 200 милиони евра според Законот за дигитални услуги (DSA) бидејќи платформата не презела доволно мерки за да спречи продажба на нелегални и опасни производи. Според официјалното објаснување, Тему не ги идентификувал, анализирал и проценил соодветно системските ризици поврзани со нелегалните производи што се нудат на неговите страници. При спроведувањето на истрагата, Европската ...
Службеници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршиле притисок врз владината канцеларија задолжена за печатење пари да дизајнира банкнота од 250 долари со ликот на Трамп, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца поранешни и двајца сегашни вработени во службата. Весникот наведува дека ова ќе биде прв пат по повеќе од 150 години лице кое е сè уште живо да биде прикажано на американската валута. ...
Италијанските власти запленија имот вреден повеќе од 200 милиони евра, наводно поврзан со мафијата и мрежата за трговија со дрога на починатиот шеф на Коза Ностра, Матео Месина Денаро. Три лица беа уапсени за време на голема операција спроведена во неколку земји, соопштија властите. Месина Денаро беше уапсен на Сицилија во јануари 2023 година. Како лидер на Коза Ностра, тој беше еден од најбараните криминалци во Италија повеќе од три ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро ...
Познатата манекенка Синди Крафорд (60) откри дека има блефароптоза – медицинска состојба која предизвикува спуштање на очните капаци. Во ново интервју за People, иконата на деведесеттите години раскажа како се справува со ова нарушување веќе една деценија. Таа се присети како ги забележала првите промени. „Се сеќавам, тоа беше пред десет години, откако наполнив 50 години. Кога имав рано утрински снимања, ме прашуваа: „Можеш ли да почнеш во 6 ...
Нападот врз Киев, за кој Русија предупреди, може да се случи во секој момент, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу. На прес-конференција на Првиот меѓународен форум за безбедност во Москва, тој нагласи дека Русија има сè што ѝ е потребно за таков напад, пренесува ТАСС. Одговарајќи на прашањето дали одбивањето на европските амбасадори да го напуштат Киев може да влијае на определувањето на рускиот план, тој ...
Специјализираниот портал Finance Football објави преглед на годишните плати на селекторите на националните тимови кои ќе настапат на овогодинешното Светско првенство, а податоците откриваат значителни разлики меѓу националните асоцијации кога станува збор за инвестициите во стручен кадар. На врвот на финансиската пирамида е Карло Анчелоти, кој заработува дури 10 милиони евра годишно како селектор на Бразил. По него следува германскиот ...
Во српскиот град Бачка Паланка запленети се околу 20 кг кокаин. Вредноста на запленетите дроги на уличниот пазар е околу еден милион евра. Сепак, оваа вредност може да достигне петкратно поголема бројка, бидејќи со мешање и зголемување на масата во сооднос од 1 спрема 5 во малопродажбата, достигнува вредност од 5 милиони евра. Последната поголема заплена на кокаин беше кон крајот на април кога полицијата во Нови Сад заплени 17 килограми ...
Шефот на кантоналната полиција во Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско, но и дека се радикализирал и дека уште во 2015 година бил пријавуван за ширење пропаганда на т.н. Исламска држава, пренесува швајцарски „Блик“. „Ова беше гнасен терористички чин. Сакаме таквите луѓе да ја напуштат земјата“, рече Фер. Тој додаде и дека напаѓачот во 2024 година ...
Нејмар повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради нов здравствен проблем што отвори многу неизвесности пред Светското првенство. Бразилската ѕвезда мора да мирува две до три недели поради повреда на листот на десната нога, поради што ќе ги пропушти пријателските натпревари против Панама и Египет, а неговиот настап на првиот натпревар на Бразил на турнирот е исто така сериозно доведен во прашање. На 13 јуни, Бразил треба да игра ...
Преговарачите на САД и Иран постигнаа договор за 60-дневен меморандум за разбирање со кој би се продолжило примирјето и би се покренале преговори за иранската нуклеарна програма, но американскиот претседател Доналд Трамп сè уште нема дадено конечно одобрување за договорот, јави денеска Аксиос, повикувајќи се на американски официјални лица. Според наводите на изворите, меморандумот предвидува пловидбата низ Ормутскиот теснец да биде ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, денес изјави дека клучниот предизвик на модерната монетарна политика е да се зачува кредибилитетот и независноста на централните банки во услови на зголемени економски и политички притисоци. Зборувајќи на 28-от состанок на гувернерите на франкофонските централни банки во Пном Пен, главниот град на Камбоџа, Лагард посочи дека светот е во фаза каде што шоковите во понудата ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...
Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, беше елиминиран во второто коло на Ролан Гарос. Италијанецот убедливо водеше против Хуан Мануел Черундоло со 2:0 во сетови и 5:1 во третиот, па сервираше за натпревар, но потоа одеднаш се струполи. Изгуби дури 15 поени по ред, дозволувајќи му на противникот да стигне до 5:4 и три брејк топки. Черундоло го прекина својот сервис и ја продолжи својата серија на 18 поени по ред пред Синер конечно да ја ...
Босна и Херцеговина утре ќе го игра последниот натпревар пред домашните навивачи на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ пред да оди на Светското првенство, а атмосферата во главниот град веќе навестува вистински спектакл. Селекторот Сергеј Барбарез се обрати на медиумите пред пријателскиот натпревар против Македонија, зборувајќи за плановите на тренерскиот штаб, состојбата на тимот и предизвиците што ги очекуваат „Змејовите“ на Светското ...
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, го поздрави „невиденото единство“ во земјата откако САД и Израел започнаа смртоносна воена кампања против Иран. Во писмена порака објавена денес, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението. „Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се докажани и на пријателите и на непријателите“, рече Хамнеи во писмена порака ...
Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, изјави дека Унијата мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина. Кос за денешен „Фајненшл тајмс“ оцени дека Брисел мора да биде иновативен, но, исто така, нагласи дека без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, нема отстапка кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и ...
Бугарија дава многу важен придонес кон безбедноста на НАТО, изјави премиерот Румен Радев денеска на средбата со генералниот секретар на пактот, Марк Руте, во Брисел. Радев истакна дека Бугарија ја постигнала целта за инвестиции во одбраната еднакви на два проценти од БДП и постојано се движи кон нивно зголемување на пет проценти. Бугарскиот премиер истакна дека задачата на НАТО е да го заштити секој сантиметар од територијата на Алијансата. ...