Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Правдата во државата се погребува, судството и обвинителството се стават под директна контрола на Мицкоски. Наместо независни правосудни институции –гледаме партиски инсталации. Наместо владеење на правото – контролирано судство. Власта го смени јавниот обвинител за да се инсталира обвинител под нивна контрола. Јавно, на телевизија Мицкоски ја елиминираше независната кандидатка за јавен обвинител, Ленче Ристоска. Иако таа доби максимални 10 ...
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење ...
Помал пожар избувна во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запали црево поврзано со плинска боца. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓаа во централното градско подрачје. Според информациите, вработените реагираa навремено и со противпожарни апарати успеаja да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел од објектот. На местото веднаш ...
МВР информира дека рано утринава околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс. Првата ...
Австралиецот Брајан Бери го прослави својот 102-ри роденден на 6 февруари и сподели неколку совети. Брајан, кој е наречен „супер старец“ поради неговата виталност и бистрина на умот беше гостин во емисијата „Sunrise“ на неговиот роденден. Таму рече дека тајната на својата долговечност ја гледа во едноставните одлуки – „Не пијам и не пушам“. „Како момче, никогаш не помислив дека ќе живеам до 102 години“, призна тој. Тој се осврна и на ...
Џанфилипо Матераци, талентиран крилен играч од младинската школа на Лацио во Рим, доби покана од главниот тренер на кадетската репрезентација на Србија, Игор Матиќ, за пријателски натпревар против Словенија. Зад тој повик стои приказна за семејството, идентитетот и силната врска со земјата која отсекогаш имала посебно место во нивниот дом. Неговата мајка Маура, родена во Белград, изјави за официјалната веб-страница на Фудбалскиот сојуз на ...
Камион што превезуваше течен природен гас експлодираше на автопат во Сантијаго, Чиле. Инцидентот резултираше со четири смртни случаи и 17 повредени лица. Возачот на возилото, кој наводно ја изгуби контролата пред несреќата, е идентификуван како една од жртвите. Силната експлозија создаде огромен облак од чад, а ударот беше почувствуван во радиус од 200 метри, оштетувајќи најмалку 50 возила. Обвинителството започна истрага за експлозијата, ...
Меѓу 12 и 17 февруари годинава, Европол ги поддржа полициските агенции во Украина, Полска и Молдавија во заедничка операција против меѓународна криминална мрежа вклучена во производство и трговија со синтетички дроги, првенствено синтетички катинони како што е алфа-PVP. За време на координираните акции, Украинската национална полиција и Полското Централно истражно биро извршија проверки на околу 510 локации. Во таа прилика, беа разбиени 36 ...
Три лица загинаа во пад на хеликоптер на рускиот Далечен Исток, во регионот Амур, објавија властите денес, пренесува Анадолу. Приватниот хеликоптер од типот „Робинсон“, кој исчезна од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, според соопштението за медиумите на владата на регионот Амур. „Во регионот Амур е завршена потрагата по хеликоптерот што исчезна во округот Ромнен. За време на операцијата за пребарување и ...
Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не се цени според системот на напредок, односно како се совладуваат предизвиците, туку целиот овој процес на приклучување кон Европската Унија се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата Европска унија за што се повеќе политичари во Брисел се свесни. За нас само, како земја ...
Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 беа обележани со низа драматични сцени на спортските терени, а најновиот инцидент се случи за време на четвртфиналната трка во брзо лизгање на 1.500 метри. Short track is pure chaos, high speeds, tight turns, no room for error, blades like knives. Polish skater Kamila Sellier goes down Team USA’s Kristen Santos-Griswold slides into her razor-sharp skate blade slices right across Sellier’s ...
Поради насилното однесување на синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, кога четири часа дивееја пред Владата и Парламентот, уапсени се 46 лица. Судирите меѓу полицијата и демонстрантите започнаа веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, кога поддржувачите почнаа да фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон објектот на Владата. Тие продолжија пред Парламентот, каде што демонстрантите беа уште ...
„Со предложените измени на Законот за високо образование, ДПМНЕ уште еднаш покажува дека образованието го гледа како елитистичка привилегија. Министерката предложува зголемени критериуми за избор во наставно-научни звања, барајќи од 6 до 7 научни трудови, од кои најголем дел во списанија со импакт фактор од Web of Science и Scopus. Она што намерно се премолчува е дека објавувањето во овие списанија чини илјадници евра по труд, средства кои ...
На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ја истакнуваме важноста на јазикот како суштински дел од нашиот идентитет, култура и духовно наследство. Мајчиниот јазик е првиот глас што го слушаме, првата мисла што ја оформуваме и темелот врз кој го градиме нашето знаење, стои во честитка на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. -Како што рекол Блаже Конески, човекот чија татковина беше ...
Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ и вечерва заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал. На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 39 групи во различни категории со учесници од земјава и странство. Маските ...
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата, информираат од АХВ. „За утврдените недоследности со контролите, ...
Скот Мектоминај се потврди како еден од клучните играчи и позитивни приказни оваа сезона за Наполи, откако беше и еден од главните протагонисти во освојувањето на четвртата титула во италијанското првенство минатата година. Шкотскиот играч од средниот ред, соиграч на македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас во интервју за „Кориере дело Спорт“ отворено зборуваше за неговата поврзаност со градот, неговата иднина, проблемите со ...
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите. Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување ...
Циклонот „Долина“ донесе силна снежна бура во Москва. Снегот паѓаше цел ден на 19 февруари и не престана до утрото на 20-ти. Висината на снегот во Москва достигна рекордни 80 сантиметри. „Метеоролошката опсерваторија на Московскиот државен универзитет забележа рекордна количина снег во последните 72 години набљудување. Во центарот на Москва, на станицата Балчуг, беше само малку пониска, 77 сантиметри“, изјави за РИА Новости Михаил ...
Во раните утрински часови, на улиците на Сараевскиот кантон, се одвиваа сцени како од филмска брканица. Ј.Х.(41) запали автомобил во населбата Пејтон, а потоа избега од полицијата, но и пукаше во нив. Jedna osoba je ranjena u pucnjavi koja se desila rano jutros, 21. februara na području općine Ilidža u Sarajevu pic.twitter.com/oDJmqA6SkI — Nezavisne novine (@NezavisneBL) February 21, 2026 Како што изјави портпаролката на Министерството за ...
Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало врз еден од објектите во Удмуртија, во Русија, објавија регионалните власти. Регионалниот министер за здравство Сергеј Багин изјави дека три лица се хоспитализирани со повреди од различен степен – две се во умерена состојба, а едно е во тешка, објави Интерфакс. Уште осум повредени се прегледани и пуштени на амбулантско лекување. Претходно, шефот на Удмуртија, Александар Бречалов, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од четири до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не ги потврдил медиумските извештаи дека следната недела во Женева би можела да се одржи нова рунда преговори за Украина во трилатералниот формат Русија-САД-Украина. „Не, засега не можам да го потврдам тоа. Кога ќе се постигне точно разбирање, ќе ве информираме, како што правиме во последно време“, изјави Песков за новинарите, објави Спутник. Песков додаде дека Москва нема ...
Иран му соопшти на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека Техеран ќе ги смета базите, објектите и средствата на „непријателска сила“ во регионот за легитимни цели доколку се соочи со воена агресија. Во соопштението испратено до Гутереш се вели дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран „сигнализира реален ризик“ од воена агресија, додека во исто време наведува дека Иран не сака војна, објави Ројтерс. „Иран ...
Американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт ја освои наградата за глобален уметник на годината на IFPI по четврта година по ред. Во соопштението од Universal Music Serbia се наведува дека Свифт ја освои наградата по шести пат, а ова е нејзина четврта година по ред на врвот на листата на IFPI за глобални уметници. Свифт сега ја освои наградата онолку пати колку што сите други уметници заедно во текот на изминатите 10 години, што ја ...
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолу. https://www.youtube.com/shorts/SV0ZBumSbUg Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка од премиерот Еди Рама. Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски ...
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости. Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека командниот центар на палестинската милитантна група Хамас, кој беше цел на воздушен напад во палестински бегалски камп во близина на крајбрежниот град Сидон во Либан, бил користен за напади врз Израел, а либанските медиуми објавија дека најмалку едно лице е убиено во нападот. „Командниот центар што беше погоден го користеа терористичките оперативци на Хамас во последните месеци за подготовка ...