Во координирана акција на полицијата во изминатите 24 часа, шест возачи низ државата завршиле во полициска станица поради сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, предизвикување незгоди и напад врз полициски службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Скопје се приведени двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Кај едниот, кој управувал мопед, биле измерени 1,85 промили ...

Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле уапсени, а со едно лице бил извршен службен разговор. Како што информира Министерството за внатрешни работи, изутрина во 8:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека ...

Украина е заинтересирана за постигнување мир со Русија, бидејќи нејзината позиција ќе станува сè потешка колку подолго трае конфликтот, оцени Џон Миршајмер, професор на Универзитетот во Чикаго. Тој посочи на она што го нарече парадоксална ситуација во која европските лидери не веруваат дека завршувањето на конфликтот е во интерес на Европа и Украина, иако продолжувањето на војната, според него, сигурно не е во интерес на Киев. – Сите изјави ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.6. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни. – Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...

Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна насока, критикувајќи ја актуелната власт за економска несигурност, поделби и „заробени институции“, додека ја истакна определбата на НСДП за социјална правда, силни институции и европска иднина. Мисовски потенцираше дека партијата во изминатите 20 години покажала одговорност и ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет. – Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам ...

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ Венко Филипче, е доказа дека споделуваат еднакви вредносни политики. Коалицијата и соработката, најави тој пред денешниот конгрес на НСДП, продолжува и понатаму. – Сега и во една нова форма, во Фронтот за слобода и правда. Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите ...

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот. Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни ...

Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, преку видео-обраќање апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Како што информираат од Министерството за здравство, видео-обраќањето на Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. -Сакам да ...

Мицкоски дојде на власт со лаги. Ги излажа граѓаните за враќање на името, за Преспанскиот договор, за подобра преговарачка рамка. Ги излажа и за економијата. Изминуваат 2 години, половина од мандат на Христијан Мицкоски а ниту едно од ветувањата во економијата не е остварено. Наместо подобар живот и повисок стандард, народот живее полошо и со помалку пари. Наместо нови инвестиции – инвеститорите си заминуваат. Наместо намалување на ...

Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од ...

Денес истекува рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда. Сведоци сме на уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага, се вели во соопштението од СДСМ. Тој дојде на власт со лаги. Вети дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард. ...

Серијата на ДУИ со министрите за правда не завршува со Блерим Беџети и Аднан Јашари. Беџети молчеше повеќе од 1.000 дена, Јашари го имаше печатот во рака, а сепак не мрдна со прст. Сега на ред е Валдет Џафери. Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда. Бил министер, со мандат и можност да дејствува, но и за време на неговиот мандат правосудниот испит на албански јазик остана без решение, се вели во соопштението од ВЛЕН. – Дури ...

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата низ цела Франција доведоа до повеќе од 400 апсења по победата на Пари Сен Жермен над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите. Илјадници полицајци беа распоредени за да ги смират немирите што го попречија јавниот превоз во Париз. Problems in Paris pic.twitter.com/KOU8r5UF4S — Elon Musk (@elonmusk) May 31, 2026 Огномет и ракети беа користени за време на прославите, а неколку полицајци беа ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес соопшти дека пресретна и уништи американски дрон MQ-1 кој влегол во иранскиот воздушен простор над територијалните води со очигледна непријателска намера, распоредувајќи напредни ракети за воздушна одбрана за веднаш да го соборат леталото. Канцеларијата за односи со јавноста на ИРГК соопшти дека дронот, кој ѝ припаѓа на американската војска, бил откриен кога влегол во иранскиот воздушен ...

Израелските војници го зазедоа стратешкиот замок Бофорт, изграден од крстоносците, во јужен Либан, објавија денес Израелските одбранбени сили (ИДФ). „Северната команда започна командна операција со големи копнени сили. Операцијата се фокусира на воспоставување контрола врз висорамнината Шебаа и областа Вади ал-Сулуки, продлабочување на целниот напад врз Хезболах и уништување на централната терористичка инфраструктура воспоставена на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обврзал да не развива нуклеарно оружје, што е клучна пречка во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за завршување на војната. Иако двете земји се чинеше дека се приближуваат кон договор во последните денови, „Њујорк тајмс“ вчера објави дека американскиот претседател го заострил својот предлог и испратил нова верзија на текстот до Техеран. Американскиот медиум не можеше детално да ги ...

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која денеска на редовното изборно Собрание добила поддршка од мнозинството членови на ДПМ (71). ДПМ вечерва соопшти дека во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржало своето редовно изборно Собрание, при што избрало ново ...

Во текот на вчерашниот ден доставивме барање до Министерство за култура (Секторот за заштита на културното наследство), Управа за заштита на културното наследство и Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, за итна привремена заштита на куќата на улица „Димитар Влахов“, сместена во непосредна близина на старото градско јадро на Охрид (зона III-a согласно Планот за управување на светското природно и културно наследство на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Осомничениот, велат од ОЈО, 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната ...

Русија и Кина ќе уживаат поволни услови за минување низ Ормутскиот теснец, изјави Ебрахим Азизи, шеф на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент. – Земјите што се стратешки важни за нас, вклучувајќи ги Кина и Русија, ќе продолжат да уживаат посебен третман и поволни услови кога станува збор за прашања поврзани со Ормутскиот теснец, изјави тој за РИА Новости. Азизи нагласи дека и Москва и Пекинг ...

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната разузнавачка агенција (ЦИА), наводно зел 303 златни прачки, секоја со тежина од еден килограм, и повеќе од 2 милиони долари во странска валута. Помеѓу приближно ноември 2025 година и март 2026 година, Раш упатил повеќекратни барања до владата на Соединетите Американски Држави за исплата на значителни количини на странска валута и златни прачки во вредност од десетици милиони долари, сите ...

Американскиот економист и професор на Универзитетот во Масачусетс, Ричард Волф, оцени дека Европа се обидува да го претстави проектот за вооружување како политичка неопходност со демонизирање на Русија. Зборувајќи на YouTube каналот на политикологот Глен Дизен, Волф изјави дека, како што рече, „безумното воено вооружување“ може да се оправда само ако се создаде јавна слика за застрашувачки непријател. „Може да се оправда со демонизација. ...

Во драматично финале исполнето со пресврти, ПСГ ја одбрани европската круна откако по пенал-рулетот го совлада Арсенал и повторно се искачи на врвот на континенталниот фудбал. Лондонскиот состав одлично го отвори натпреварот и рано стигна до предност. По продор по левата страна, Каи Хаверц ја затресе мрежата на ПСЖ и донесе голема радост меѓу навивачите на Арсенал. Францускиот шампион долго време не успеваше да пронајде решение за ...

Во источната авганистанска покраина Лагман, 18 лица загинаа, повеќето од нив жени и деца, а 30 беа повредени кога камион што превезувал неодамна вратени авганистански бегалци се преврте во среда, соопшти покраинската полиција. Според соопштението, несреќата се случила во регионот Сурхакан на автопатот што го поврзува Кабул со источните покраини, кога возачот ја изгубил контролата, поради што возилото се лизнало од патот и се превртело, ...

Обединетите нации ги додадоа Израел и Русија на црната листа за сексуално насилство за време на конфликт, наведувајќи злоупотреби од страна на нивните безбедносни сили, вклучително и силување на машки притвореници. Според извештајот, двете земји ги попречиле истрагите и го блокирале пристапот на истражителите на ОН. Во извештајот се вели дека ОН потврдила сексуална злоупотреба на 31 Палестинец – мажи, жени и деца – во Појасот Газа и ...

Бројот на лица за кои постои сомневање дека имаат ебола во Демократска Република Конго се искачи на 1.028, изјави денес министерот за здравство на Конго, Самуел Роџер Камба. Тој им рече на новинарите дека 225 лица во Конго се потврдени како заразени со вирусот ебола, објави Ројтерс. Камба потсети дека од четврток, во Конго имало 906 сомнителни случаи на ебола. Бројот на лица за кои постои сомневање дека имаат ебола во Демократска Република ...

Американскиот Конгрес работи на нов закон со кој би се постигнала невидена интеграција меѓу војските на САД и Израел, потег кој нашироко се смета за длабоко проблематичен. Планот за обединување на воените арсенали на двете земји е вклучен во верзијата на Законот за овластување за национална одбрана (NDAA) за 2027 година. Член 224 од законот е посветен на воената интеграција под името „Иницијатива за соработка во одбранбената технологија на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33