Украински беспилотни летала го нападнаа руското пристаниште Таганрог, а пожар што избувна по нападот запали танкер, резервоар за гориво и административна зграда, изјави денес гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар. Според прелиминарните информации, нема жртви во нападот врз пристаништето, напиша рускиот гувернер на социјалната мрежа Макс. Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, објави дека пожарот во пристаништето е ...

Бугарија ќе дозволи американските воени авиони да останат на нејзина територија, како членка на НАТО, до крајот на јуни, откако САД сè уште не одговориле на барањето за безвизен режим за бугарските граѓани, изјави вчера бугарскиот премиер Румен Радев. Тој рече дека ја разбира сложеноста на административните процедури, но дека Бугарија има свои приоритети и не може да прифати долгорочен престој на авиони и танкери на аеродромот во Софија. – ...

Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. – Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...

Бродот наречен “Big Boss Diamond”, едрилица со „пиратска“ тематика која е исклучително популарна кај туристите, беше на еднодневно крстарење во близина на островот Парадајс и заливот Аквариум кога се случи сериозниот инцидент. Застрашувачкиот момент се одвиваше во близина на Мармарис, во југозападна Турција, кога туристички брод со 148 патници одеднаш почна да се полни со вода и потона за помалку од еден час. 🇹🇷: Tourist Boat Carrying 110 ...

Бродот наречен “Big Boss Diamond”, едрилица со „пиратска“ тематика која е исклучително популарна кај туристите, бил на еднодневно крстарење во близина на островот Парадајс и заливот Аквариум кога се случи сериозниот инцидент. Застрашувачкиот момент се одвиваше во близина на Мармарис, во југозападна Турција, кога туристички брод со 148 патници одеднаш почна да се полни со вода и потона за помалку од еден час. 🇹🇷: Tourist Boat Carrying 110 ...

Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент и од историски и од културен аспект, оцени министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија во Нови Сад. Љутков оцени дека станува збор за значаен јубилеј, истакнувајќи дека заедницата на Македонци во Србија има важна улога во општествениот развој. – ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека конфликтот во Украина завршува. „Што се однесува до мојата изјава дека, според мене, конфликтот завршува – не го кажав тоа туку така, туку врз основа на анализа на ситуацијата на фронтот“, рече Путин на прес-конференција на крајот од официјалната посета на Казахстан, пренесува Спутник. Тој рече дека не е можно да се наведат конкретни ...

Петнаесет деца загинаа, а 62 се ранети минатата недела во Либан, каде Израел продолжува со воздушните напади и покрај прекинот на огнот, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ ги нарече овие бројки „запрепастувачки“ и истакна дека, според меѓународното хуманитарно право, децата мора да бидат заштитени во секое време за време на конфликтот, пренесува Ал Џезира. Израел, кој се бори против проиранското движење ...

Тројца летонски алпинисти загинаа откако паднаа во близина на опасен превој на планината Мекинли во Алјаска, додека четвртиот член на експедицијата е спасен, соопштија американски официјални лица. Летонската планинарска група соопшти дека тројца членови на експедицијата загинаа откако паднаа додека се искачуваа во близина на превојот Денали до највисокиот врв во Северна Америка, додека четвртиот член на тимот е спасен и однесен во болница, ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи изјави дека Вашингтон и Техеран сè уште се во контакт во врска со постигнување мировен договор, но дека меморандумот за разбирање меѓу двете земји сè уште не е целосно финализиран. – Додека зборувам, размената на пораки, се разбира, е во тек, но не е постигнат конечен договор, изјави Багеи за иранската државна телевизија. Багеи рече дека иднината на Ормутскиот теснец ќе ...

Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...

Полскиот премиер Доналд Туск денес реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји-членки на НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови. – Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев ...

Возач на автобусот загина, а според првичните информации, 23 лица се повредени во несреќа што се случи на главниот пат број шест помеѓу Печ и Хирд, кога автобусот удрил во дрво и слетал во канал, соопшти Полициската управа на округот Барања. Полицијата изјави дека автобусот се движел кон Будимпешта кога, од причини кои засега се непознати, преминал во спротивната лента, а потоа удрил во дрво, пренесува Хирадо. Возачот почина на самото место, ...

Британскиот весник „Телеграф“ објави обемна анализа на актуелната политичка ситуација во Турција, во која се тврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појавува како долгорочен победник од американско-израелската војна против Иран. Како што е наведено во текстот, глобалниот безбедносен вакуум му овозможи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган значително да ја зајакне позицијата на својата земја на светската сцена, првенствено ...

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за работењето на Министерството во 2023 година. Од МОН посочуваат дека извештајот на кој се повикува Левица се однесува на периодот кога со Министерството раководела претходната Влада, а не на актуелното раководство. ...

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава. Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство. – Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. ...

Холандскиот тренер Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, објави денес англискиот фудбалски клуб. Слот (47) беше назначен за менаџер на Ливерпул на 1 јуни 2024 година, заменувајќи го Јирген Клоп. Раководството на Ливерпул изрази благодарност за успесите што Слот му ги донесе на клубот во соопштение. Холандскиот тренер Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, објави денес англискиот фудбалски клуб. Слот (47) беше назначен за менаџер ...

Иранскиот балистички ракетен напад врз кувајтската воздухопловна база повреди неколку Американци и сериозно оштети два дрона MQ-9 Reaper. Драматичниот напад доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп разгледува договор за продолжување на кревкото примирје. Кувајската воздушна одбрана пресретна иранска ракета Fateh-110, но остатоците од ракетата паднаа директно врз воздухопловната база Али Ал Салем, изјави за Блумберг лице ...

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека Македонија се наоѓа пред важен избор – дали ќе продолжи да стои во место додека соседните држави забрзано инвестираат во економски развој, или конечно ќе почне да ги користи сопствените потенцијали за отворање нови работни места и подобар животен стандард за своите граѓани. Во период кога Грција и Бугарија отвораат нови рудници, инвестираат во критични минерали и привлекуваат стотици ...

Руските воени сили започнаа напад врз воени аеродроми, енергетски објекти и транспортна инфраструктура што ги користат украинските вооружени сили, соопшти денес руското Министерство за одбрана. „Како одговор на терористичките напади на Украина врз цивилни цели во Русија, руските вооружени сили започнаа напад користејќи прецизно водено копнено и воздушно оружје со долг дострел и беспилотни летала за да нападнат воени аеродроми, енергетски и ...

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „БМВ“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје. Мотоциклистот М.Ф. се здоби со тешки повреди, ...

Советникот на врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја предава дипломатијата по трет пат“ со продолжување на поморската блокада наметната врз Иран. – Како што беше предвидено, американскиот претседател ја предава дипломатијата по трет пат. Со продолжување на поморската блокада и претерување со преговорите, тој докажа повеќе од кога било дека не е преговарач и дека се ...

Промени на уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има. Сите се сеќаваме дека последните измени на уставот за промена на уставното име, ги направија Филипче и Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утре дента ние влегуваме во ЕУ, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. – Да ја потсетиме јавноста дека СДС и ДУИ тогаш промовираа уставни измени ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале ...

Ја заокружуваме целокупната консултативна и институционална постапка за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на ...

Сашо и Виолета Стојановски од Куманово, веќе 2 години живеат во болка и неизвесност, разделени од нивната 26 годишна ќерка која е со Даунов синдром. Заминале во Шведска само за подобра иднина на Мелани и потоа животот им донел болен пресврт. Шведските власти им ја одзедоа и ја сместија во институција, разделена од нив. Причината е небулозна-вработена како социјален работник која што била доделена на Мелани за надзор, го пријавила семејството ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови ...

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли. Според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи ...

Преостанатите рудари на злато, кои беа заробени во поплавена пештера во централен Лаос 10 дена, беа успешно евакуирани, соопштија тајландските спасувачи, што е најновото во серијата спасувања што се случија еден ден откако беше спасен првиот од петте заробени мажи. Петтемина спасени беа дел од група од седум државјани на Лаос кои влегоа во пештерата во покраината Ксаисомбун минатата среда во потрага по злато, но беа блокирани од пороен дожд, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39