Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја блокираше испораката на пари во Ирак и замрзна некои програми за безбедносна соработка со ирачката војска со цел да изврши притисок врз Багдад да ги распушти милициите поврзани со Иран, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски и ирачки претставници. Според весникот, претставници на американското Министерство за финансии неодамна ја блокирале испораката на речиси 500 ...

Русија соопшти дека во текот на ноќта нејзината противвоздушна одбрана пресретнала и соборила 155 украински дронови над повеќе региони. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се појаснува дека во текот на ноќта дежурните средства за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 155 украински беспилотни летала од авионски тип над териториите на Курската, Самарската, Белгородската, Брјанската, Воронешката, Саратовската, Пензенската, ...

Американскиот апелационен суд донесе одлука со која на сојузната држава Тексас ѝ се дозволува да бара Десетте божји заповеди да бидат истакнати во училниците на јавните училишта. Одлуката ја донесе Апелациониот суд на Петтиот округ на САД, кој заклучи дека законот на Тексас не го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД. Овој амандман ги штити верските слободи и забранува воспоставување на државна религија, но судот смета дека во овој ...

На децата и младите во Обединетото Кралство кои сега имаат 17 години или помалку ќе им биде трајно забрането да купуваат цигари, откако британскиот парламент го усвои Законот за тутун и електронски цигари. Долниот дом и Домот на лордовите се согласија за конечниот текст на законот насочен кон создавање „генерација без чад“ со забрана за продажба на тутунски производи на секое лице родено по 1 јануари 2009 година. Откако законот ќе добие ...

Европскиот совет воведе санкции врз два руски субјекти за кои изјави дека се поврзани со пропаганда и дезинформации од Москва. Санкциите беа воведени врз медиумската платформа „Евромор“ и Фондацијата за поддршка и заштита на правата на сонародниците што живеат во странство (Правфонд), за кои Советот во соопштението изјави дека даваат „правен и аналитички резултат кој систематски се користи за зајакнување на клучните точки на дезинформација на ...

Тројца јапонски војници загинаа, а еден беше повреден кога за време на вчерашните вежби граната експлодираше во тенк на воен полигон во јужна Јапонија, соопштија официјални лица. Смртоносната експлозија се случила додека тројцата војници биле во куполата на тенк Тип 10 за време на вежба со боево гаѓање во која учествувале уште два тенка на полигонот Хиџудаи во префектурата Оита. Четвртиот член на екипажот, возач, преживеал, но бил повреден, ...

Експлозии одекнале во Одеса по напад со беспилотни летала, соопшти претседателот на регионалната воена администрација, Олег Кипер, на својот канал на Телеграм. Според информациите, повеќе од 20 дронови го нападнале украинскиот пристаништен град од правец на Црното Море. Локални канали на Телеграм јавуваат дека нападот бил интензивен и се слушале повеќе експлозии во различни делови од градот. Локалните власти веднаш ги повикале граѓаните да ...

Иранските сили отворија оган врз брод со контејнери во близина на брегот на Оман, при што е оштетен командниот мост, но екипажот е безбеден, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство. Инцидентот се случува време кога претседателот на САД го продолжи примирјето со Техеран, иако часови претходно најавуваше воена акција врз Иран. Иранската страна тврди дека дејствувала бидејќи бродот не ги почитувал сигналите. Ова ...

По изборната победа над долгогодишниот лидер Виктор Орбан, Маѓар порача дека планира да ги продлабочи односите со соседните држави, при што особено ја истакнува Австрија како клучен партнер. „Некогаш делевме иста држава, а Австрија е важен економски партнер на Унгарија. Би сакал да ги зајакнам односите од историски, но и од културни и економски причини“, изјави тој. Иако дел од политичката поддршка ја доби со ветувањето за обновување на ...

Продолжувањето на примирјето од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е тактика за купување време за ненадеен напад, изјави синоќа советникот на претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамад Бакер Калибаф. Советникот на Калибаф во објава на Х рече дека продолжувањето на американската блокада на иранските пристаништа „не е ништо поразлично од бомбардирање и дека мора да се соочи со воен одговор“. Трамп синоќа ...

Висок ирански воен командант ги предупреди јужните соседи на Иран дека ако нивното земјиште или објекти се користат за напад врз Иран, тие „ќе мора да се збогуваат со производството на нафта во регионот на Блискиот Исток“, објавија иранските државни медиуми, пренесе Си-Ен-Ен. Позадина на предупредувањето Новинската агенција Фарс, која е блиска до владата, го цитираше командантот на Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската ...

Лидерите на Европската Унија на состанокот во Кипар треба да почнат да подготвуваат прирачник за тоа што треба да се случи ако земја од ЕУ што е нападната упати повик за помош од партнерите во блокот, изјави претседателот на Кипар. Тој рече дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за „давање суштина“ на член 42.7 од договорите на блокот, кој ги обврзува сите 27 земји-членки да си помагаат едни на други во време на криза. –Имаме член 42.7 и не ...

Eвропската Kомисија не очекува масовно откажување на летови во наредниот период и смирува дека досега откажаните летови се на линии кои и пред војната на Блискиот Исток и растот на цената на нафтата на светските берзи, не биле доволно профитабилни. Еврокомесарот за транспорт по неформален состанок на министрите за транспорт за земјите членки, инсистираше дека во Европа нема недостаток на авио-гориво. Сепак, комисијата подготвила и денеска ќе ...

Иранската војска се закани дека нивните сили ќе нападнат американски и израелски цели со полна сила доколку го нападнат Иран. Иранската државна телевизија објави изјава од портпаролот на централниот штаб дека иранската армија ќе им одржи на Америка и Израел уште построга лекција од порано, опишувајќи ги како убијци на деца. Соопштението на иранската заедничка команда дојде речиси истовремено со најавата на американскиот претседател Доналд ...

Втора пратка на високорадиоактивен нуклеарен отпад под силно обезбедување пристигна во објект за привремено складирање во Ахаус, во најнаселената германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, соопшти полицијата рано утрово. Контејнерот „Castor“ беше транспортиран околу 170 километри од западниот град Јулих до Ахаус во регионот Минстерланд, стигнувајќи до локацијата рано наутро без поголеми инциденти, изјави портпаролот на полицијата. ...

Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, кажа дека тековните напори за завршување на војната меѓу Техеран и Вашингтон се „сложен процес“ и важно е да се овозможи „континуитет“ за да се одвива тој процес. Според него многу важно да се даде можност за мир. Мислам дека е многу важно да му дадеме континуитет на процесот. Ова е сложен процес. Имаме нуклеарен аспект кој е, секако, исклучително сложен и ова е оној за кој ...

Со години, белоруската армија е во состојба на континуирани воени вежби под строг надзор на руски инструктори, што значи интеграција на белоруските единици во системот за управување на руските вооружени сили. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Медиумите објавија дека, во согласност со декретот бр. 132 на Александар Лукашенко од 17.04.2026 година, за повик на резервни офицери, во Белорусија започна тајна мобилизација. Потпишаниот декрет на Лукашенко за ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека однесувањето на САД е некомпатибилно со дипломатијата. Иранската новинска агенција ISNA објави дека Арагчи рекол дека „нелегалните потези“ на САД и „контрадикторните ставови“ на американските лидери се „некомпатибилни со тврдењата за дипломатија“. – Исламската Република Иран ќе го следи ...

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата одлука за продолжување на прекинот на огнот, изразувајќи надеж дека преговорите ќе доведат до трајно решение на конфликтот. „Во мое лично име и во име на фелдмаршалот Саид Асим Мунир, искрено му се заблагодарувам на претседателот Трамп што го прифати нашето барање за продолжување на прекинот на огнот за да се овозможи продолжување на ...

Украина денес ќе го продолжи транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави извор од индустријата, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи дека поправките се завршени и ја повика ЕУ да го деблокира заемот од 90 милијарди евра што беше запрен поради спорот околу нафтоводот. Испораките на нафта треба да започнат денес на ручек, изјави извор од индустријата, додавајќи дека унгарската нафтена компанија МОЛ го поднела ...

Добивај вести на Viber Белгиската влада започна кампања со која ги повикува граѓаните да се подготват за можни вонредни ситуации, во услови на зголемени геополитички тензии и зачестени природни катастрофи. Властите апелираат домаќинствата да обезбедат основни залихи со кои ќе можат да функционираат најмалку 72 часа во случај на криза, како што се прекин на струја или интернет. -Вонредни ситуации можат да се случат било каде и во било кое ...

Папата Франциск повторно се врати во центарот на светското внимание на 21 април, точно една година по неговата смрт, кога папата Лав XIV му оддаде почит како на поглавар кој ја одбележа Католичката црква со милосрдие, скромност, близина до сиромашните и силна порака за човечко братство. Франциск почина на Велигденски понеделник, 21 април 2025 година, во Домот „Санта Марта“ во Ватикан, на 88-годишна возраст, по мозочен удар, кома и неповратен ...

Светот на боксот го загуби еден од најголемите мајстори на оваа благородна уметност. Легендарниот мексикански борец Мигел Канто почина на 78-годишна возраст, оставајќи неизбришлив белег во историјата на оваа категорија и на спортот воопшто. Веста за неговата смрт ја потврдија бројни светски медиуми, со што се стави крај на едно од најзначајните поглавја во боксот на 20 век. Канто, познат по прекарот „Ел Маестро“, се сметаше за еден од ...

НАТО денеска ја критикуваше нуклеарната политика на Русија и на Кина и ги повика двете земји да соработуваат со САД за поголема стабилност и транспарентност, во пресрет на меѓународната конференција. Во соопштението, 32-те членки на Алијансата ја нагласија својата „цврста посветеност на целосна примена“ на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, кој е клучен столб на глобалната контрола на вооружувањето од 1970 година. Изјавата е објавена ...

Тешка трагедија го потресе селото Трешњевица кај Ивањица, откако 12-годишно момче го загуби животот по случајно консумирање отровна течност. Според неофицијални информации од мештани, детето најверојатно им помагало на родителите во малинникот. Во еден момент, жедно, испило течност од пластично шише, мислејќи дека станува збор за сок. Сепак, во шишето се наоѓал раствор што се користел за прскање на овоштарникот против плевели. Се ...

Најпознатиот американски и светски сатиричен медиум, „Онион“, поднесе нова понуда со план за преземање на „Инфоворс“, пропаднатата платформа на десничарскиот промотор на теории на заговор, Алекс Џоунс, пренесе Би-би-си. Наместо комплетно купување, како во претходниот неуспешен обид, овојпат се предлага договор со лиценца, со кој „Онион“ би објавувал сопствена сатирична содржина на платформите на „Инфоворс“, со цел да ги исмева теориите на ...

Голем крокодил влегол во хотел во Зимбабве во потрага по храна откако излегол од реката Замбези, изненадувајќи ги гостите и персоналот, објавуваат странските медиуми. Според сведоците, влекачот долг околу четири метри влегол во хотелот и прво се обидел да влезе во кујната, откако го нашол ресторанот со шведска маса затворен. Еден британски турист го опишал крокодилот како се однесувал „како гостин“, движејќи се низ ресторанот, а потоа седнал ...

Патниците на домашните авиокомпании се добро запознаени со тоа чувство кога колената им се заглавуваат на седиштето напред и кога не можат да се наместат на седиштето за време на патување од неколку часа. Нискобуџетните превозници прават сè за да го зголемат бројот на седишта во авионите. Покрај тоа, тие се обидуваат да ги намалат трошоците колку што е можно повеќе. Некои дури и дојдоа до идеја да имаат седишта за стоење во авионите на ...

Италија испрати остар протест до Русија откако руска ТВ водителка даде навредливи изјави за премиерката Џорџа Мелони, додека претседателот на земјата ја поддржа и ги осуди скандалозните коментари. Италија го повика рускиот амбасадор во знак на протест поради навредите упатени кон премиерката Џорџа Мелони од страна на руска телевизиска водителка, изјави денес италијанскиот министер за надворешни работи. „Го повикав рускиот амбасадор во ...

Иранскиот преговарачки тим, преку пакистански посредник, ја информирал американската страна дека од различни причини нема да биде присутен во Исламабад на мировните преговори утре и дека во моментов нема изгледи за учество во преговорите, објави новинската агенција Тасним. Тасним известува дека релевантни извори веруваат дека причината за оваа одлука е тоа што, врз основа на рамката од 10 точки прифатена од САД, Иран го прифатил ова ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
37%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
46%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
37%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.93
43%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
58%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
30%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
40%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
45%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
37%
1013
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
51%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.712

Currency

71.3566

Currency

37.788

Currency

38.6981

Currency

67.2273

Currency

7.71792

Currency

0.70284

Currency

0.33532

Currency

0.5249

Currency

1.16606

Currency

0.55339

Рутениум

51376.89

Бакар

11.87

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Сребро

2352.10

Паладиум

47518.80

Алуминиум

3.52

Платина

63401.27

Злато

146150.13

Иридиум

253540.09

Калај

49.41