Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес го назначи шефот на агенцијата за домување, Бил Пулт, за вршител на должноста директор на националното разузнавање, со што политички лојалист без искуство во националната безбедност го постави на чело на огромната разузнавачка заедница на Америка во време на војна и глобални тензии. Трамп објави на социјалните мрежи дека 38-годишниот Пулт привремено ќе ја замени Тулси Габард, но исто така ќе продолжи ...

Појавата е регистрирана помеѓу 1 и 28 мај и се проширила во 139 заедници во седум локални самоуправи: Мајдугури, Џере, Мафа, Кондуга, Монгуно, Нгала и Магумери. Ова е една од најсериозните кризи во јавното здравство во таа федерална држава во последните години. Салех Аба-Каза, извршен секретар на државната агенција за здравствено осигурување во Борн, рече дека првите сомнителни случаи се пријавени на 1 мај, а епидемијата е потврдена на 4 ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во 2025 година добил подароци во вредност од речиси 13,8 милиони динари објави српската Агенција за спречување корупција. Тие објавија список со сите подароци што ги примил лани Вучиќ. Покрај стандардните, протоколарни подароци што Вучиќ ги добил за време на средбите со други државници, имало и интересни предмети – спортски дресови со неговото име, негови портрет, па дури и песна посветена на него. ...

Завршена е операција за пребарување и спасување во станбена зона погодена од руски ракети во текот на ноќта во Днепар, објавува „Украинска правда“. Шефот на регионалната администрација на Днепропетровската област, Александар Ганжа, изјави дека 16 лица се убиени, а 42 се повредени во рускиот напад. Четири деца се меѓу ранетите. Три од нив се во болница, како и 21 возрасен. Градоначалникот на Днепар го прогласи 3 јуни за ден на жалост во ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар е во прва официјална посета на Берлин. Германија ќе разговара за новата улога на Унгарија во ЕУ, очекувајќи Будимпешта да не предизвика политички главоболки. Кога Петер Маѓар победи на парламентарните избори во Унгарија во март 2026 година, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан, во многу европски престолнини имаше опипливо чувство на олеснување. Неговата инаугуративна посета на Берлин за средба со ...

Кенија се соочува со зголемени тензии поради стравувањата од ширење на ебола, откако најавената американска програма за карантин предизвика протести и реакции во јавноста. Ситуацијата дополнително се усложни кога судот донесе одлука со која привремено ја запре имплементацијата на мерките, отворајќи дебата за јавното здравје, човековите права и улогата на странските партнери во справувањето со потенцијални здравствени закани. Според ...

Иако мачките и кучињата не можат да зборуваат, постојат мали нешта што ги прават, а кои можат да ни кажат како се чувствуваат, што сакаат или дали се чувствуваат лошо. На сопствениците на домашни миленици им се препорачува да не ги игнорираат своите мачки ако ги креваат задниците во воздух, бидејќи тоа го прават од причини што најмалку би ги очекувале. Иако многу луѓе мислат дека мачките едноставно велат здраво кога доаѓаат да ги погалат и ...

Турција очекува присуство на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО што ќе се одржи во Анкара на 7 и 8 јули, изјави турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан. Во интервјуто за Блумберг ТВ, Фидан нагласи дека Трамп, во неколку неодамнешни телефонски разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изразил намера за учество во состанокот на Алијансата. Според Фидан, Соединетите Држави остануваат посветени на ...

Практиката да се остават прозорците на автомобилот делумно отворени за време на летните жештини за да се проветри внатрешноста е казнива во неколку земји од Европската Унија. Иако за многу возачи ова е вообичаена навика за справување со високите температури, сообраќајните закони во Италија, Германија, а од неодамна и во Грција, предвидуваат глоби за ваквото невнимание. Грција воведе нови правила Според списанието Autopista, повикувајќи се на ...

Министерката за надворешни работи Велислава Петрова разговараше телефонски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михај Попшој. Во рамките на разговорот, министерот Попшој ѝ упати честитки на Велислава Петрова за стапувањето на должноста министерка за надворешни работи на Република Бугарија и ѝ посака успех во извршувањето на службените должности. Двајцата разговараа за традиционално добрите односи меѓу ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји од НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови. -Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев рече дека ...

Франција ја забележа својата најтопла пролет откако започнаа евиденциите во 1900 година. Со просечна температура од 13,8 степени Целзиусови, пролетта 2026 година е најтоплата досега регистрирана“, соопшти метеоролошката служба. Според извештајот, кој го опфаќа периодот од март до мај, оваа бројка ја става пролетта 2026 година пред претходните рекорди поставени во 2011 и 2020 година. Сезоната беше обележана со невообичаено ран и интензивен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го именуваше директорот на Федералната агенција за финансирање на домувањето, Вилијам Палти, за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба. Тој на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social) напиша дека Палти ќе продолжи истовремено да ја извршува и функцијата директор на Федералната агенција за финансирање на домувањето. „Вилијам има длабоко искуство во управувањето ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека обвинувањата против Русија за дронови наводно откриени во земји од Европската Унија се неосновани и неподдржани со докази. „Сите обвинувања што ги слушаме, особено за дронови некаде во земји од Европската Унија, се неосновани. Не е претставен ниеден факт, материјал или доказ“, изјави Захарова. Таа рече дека докази не биле доставени ниту до Русија ...

Полска сака да им забрани на лицата под 16 години да користат мобилни телефони во училиштата од 1 септември и планира да воведе построги правила за проверка на возраста за пристап до порнографија, изјави денес премиерот Доналд Туск. Земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ги забранија паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето. Други земји забранија или размислуваат да ...

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во синоќешните напади врз пет украински региони и Киев биле насочени кон транспортната инфраструктура и воените аеродроми. Во градот Киев, како што тврди Москва, погодени се десет воени производствени погони и три центри за регрутација. Мета на нападите биле и фабриките во Харковската, Сумската, Днепаропетровската, Хмељничка и Полтавската област и во регионот Запорожје. Според руското МО, во ...

Амбасадорите на Израел и на Либан во САД денеска во Стејт департмент почнаа уште една рунда директни разговори за завршување на конфликтот. На преговорите не учествуваат претставници на Хезболах. Тоа е четврта средба помеѓу претставниците на двете земји, кои немаат дипломатски односи. На средбата присуствуваат израелскиот амбасадор Џехиел Лајтер, либанската амбасадорка Нада Хамадех Моавад, како и Даниел Холер, советник на американскиот ...

Бугарскиот пратеник од редовите на ГЕРБ-СДС, писател и телевизиски автор Љубен Дилов-син почина на 2 јуни 2026 година на 61-годишна возраст, по компликации предизвикани од инфаркт. Веста за неговата смрт ја потврдија за БГНЕС од прес-службата на партијата, а лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејството и блиските. „Збогум, Љубо Дилов! Загубив пријател, впечатлива личност, талентиран писател и човек ...

Мозамбик соопшти дека пет негови државјани биле убиени во „ксенофобични напади“ во Јужна Африка за време на викендот, а властите во вторникот работеа на репатријација на стотици други лица. Сепак, јужноафриканската полиција тврди дека во насилствата во крајбрежниот град Мосел Беј загинале само двајца државјани на Мозамбик. Ова се првите убиства кои официјално се поврзуваат со бранот антимигрантски протести што се шират низ оваа земја. Според ...

Селекторот на турската репрезентација, Винченцо Монтела, го објави конечниот список од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат земјата на претстојното Светско првенство. За Турција ова е историски момент, бидејќи се враќаат во планетариумот за прв пат од 2002 година, кога го освоија бронзениот медал, а сега се меѓу селекциите што би можеле да бидат хит на првенството. Италијанскиот стручњак одбра состав во кој главни ѕвезди и предводници на ...

Во текот на ноќта, руската армија изврши напади врз компании од воената индустрија во пет украински региони и во Киевската и Запорошката област, објави руското Министерство за одбрана. Се вели дека нападите биле насочени и кон транспортната инфраструктура, вклучувајќи ги и воените аеродроми. Министерството ги опиша нападите како масовна одмазда за, како што тврдат, терористички напад врз студентски дом во таканаречената Луганска Народна ...

Возач за влакно избегнал потешки последици откако вчера со својот автомобил удрил во мечка која се обидувала да го премине автопатот Егнатија во северна Грција, објавија локалните медиуми. Станува збор за заменик-градоначалникот на општината Дескати во регионот Гревена. Тој не се здобил со повреди во судирот, но превентивно бил пренесен во локалниот здравствен центар. Неговиот автомобил претрпел сериозни оштетувања. Засега не е познато колку ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, следната недела за да отвори ново поглавје во односите, откакона изборите го победи својот претходник, наклонет кон Москва, Виктор Орбан. За време на посетата на Берлин, Маѓар рече дека е подготвен да се сретне со Зеленски ако техничките разговори за правата на унгарското малцинство во соседна Украина бидат завршени оваа ...

Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија. Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро. Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 згради се делумно оштетени а патиштата се поплавени, вкупно 331 лет се откажани, а ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повторно побара од САД да им испорачаат системи „Патриот“, по еден од најжестоките руски воздушни напади од почетокот на војната. Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот Русија изврши масовен напад врз повеќе украински градови, при што загинаа најмалку 14 лица, десетици се повредени, додека спасувачките екипи трагаат по луѓе затрупани под урнатините. Според украинските воздухопловни сили, кон ...

Илузија е дека Русија ќе се откаже од хибридните напади врз европските земји, рече претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите од Средното воздухопловно училиште во Куновице. – Русија нас, како држави и членка на НАТО, нè означува како непријател и би било наивно да се преправаме дека тоа не е случај. Русија е земја, која, за жал, се однесува како империја и се обидува да владее и да ги контролира земјите околу неа – истакна Павел. Тој ...

Вишеградската група е основана во 1991 година од страна на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, со цел промоција на заедничките економски интереси, поттикнување на слободната трговија, развој на сообраќајната инфраструктура и соработка на енергетски план. Маѓар, на прес-конференцијата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, најави дека на претстојниот состанок на 23 јуни ќе предложи во тој формат да бидат поканети Австрија, Германија, Хрватска, ...

САД дискутираат дали да распоредат нуклеарно оружје во други европски земји-членки на НАТО, објави во вторник „Фајненшл тајмс“. Американските претставници сигнализираа отвореност за дополнителни распоредувања надвор од шесте постојни земји кои се домаќини на бомбардери способни за нуклеарно боево оружје, соопшти „Фајненшл тајмс“, цитирајќи три лица информирани за дискусиите. Овој потег би вклучувал повеќе локации за сместување на ...

Во Германија живеат најмногу луѓе во сиромаштија од 2020 година, покажуваат податоците на Паритетното здружение за социјална грижа, објави „Deutsche Welle“. Според новиот извештај за сиромаштијата, стапката на лица изложени на ризик од сиромаштија во Германија пораснала од 2024 до 2025 година за 0,6 процентни поени и достигнала 16,1 процент од населението. Извршниот директор на здружението, Јоахим Рок, ја опиша состојбата како „кризна“ и ...

Повеќе од 40 лица починаа од колера во државата Борно во североисточна Нигерија, а повеќе од 3.000 се заразени, соопштија властите. Епидемијата, која се случи помеѓу 1 и 28 мај, се прошири во 139 заедници во седум области на локалната самоуправа: Мајдугури, Џере, Мафа, Кондуга, Монгуно, Нгала и Магумери. Ова е една од најлошите кризи во јавното здравство во државата во последниве години. Салех Аба-Каза, извршен секретар на државната агенција ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.38
72%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.29
87%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.44
85%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.57
95%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.7
85%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.37
92%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.75
62%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.01
51%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.55
61%
1016
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
85%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
1.72
77%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3224

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Алуминиум

3.46

Цинк

0.00

Злато

139690.59