Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Почеток е на мај, само неколку недели по парламентарните избори на кои заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а богаташот Ѓула Балаши има важно соопштение. Тој во интервју изјавува дека своите компании, како и дел од личното богатство, ги префрлил во државна сопственост, пренесува Гардијан. „Во сегашната ситуација не верувам дека нашата група компании има иднина“, вели Балаши. Балаши беше меѓу најголемите добитници во ерата на Орбан. ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко објави потресни детали за жртвите од синоќешниот руски воздушен напад. Меѓу убиените е и тригодишно момче чие тело беше извлечено од урнатините на целосно уништена станбена зграда од страна на спасувачите. A young victim of Russia's overnight attack on Dnipro was a 3-year-old boy. Rescuers recovered his body from beneath the rubble of a four-story apartment building destroyed by a Russian strike. A ...
Стапката на сиромаштија во Германија, според новиот извештај на Паритатише Волфахртсвербанд (Paritätische Wohlfahrtsverband), достигна нов максимум. Од 2024 до 2025 година, овој удел, според тековниот Извештај за сиромаштија, се зголемил за 0,6 процентни поени на 16,1 процент од населението, пишува ДВ. „Во оваа земја, 13,3 милиони луѓе живеат во сиромаштија – ако ја погледнеме само релативната сиромаштија во однос на нивните приходи“, вели ...
Кога станува збор за правото на обесштетување поради доцнење на лет, во Европската Унија во моментов важи правилото дека патниците имаат право на надомест по три часа доцнење. Европскиот парламент се залага тоа правило да остане непроменето. Висината на обештетувањето сега изнесува меѓу 250 и 600 евра, во зависност од должината на летот. Сепак, се разгледува можноста прагот за исплата да се зголеми – на четири часа, а за долги релации дури и ...
Руската војска започна масовни ракетни и напади со беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта. Во Киев, една од ракетите погоди деветкатна станбена зграда во областа Подолск, делумно срушувајќи ги горните катови, изјави градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, на Телеграм. Од нашата мрежа Металопластика го претстави Кукуловски 16 минути kontra.mk Помошник во Сан Антонио ќе биде нов тренер на Орландо… 20 минути ...
Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго продолжува да расте, а здравствените власти предупредуваат дека епидемијата се шири во повеќе здравствени зони на истокот од земјата. Според податоците објавени од здравствените власти, епидемијата ги зафатила провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву, региони кои со години се соочуваат со безбедносни предизвици, вооружени групи и ограничен пристап до здравствена помош. ...
Во слабо осветлено телевизиско студио, еден од најбогатите луѓе во Унгарија е на работ на солзи. Почеток на мај е, неколку недели по општите избори со кои се стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а рекламниот магнат Балаши Ѓула има да објави нешто. Ѓула му кажува на новинарот дека штотуку ги предал своите бизниси на државата, заедно со дел од своите приватни заштеди. Дури донел и нотарски заверен акт – правен документ со кој ...
Метеоролошките институти на Холандија и Белгија денес издадоа жолти предупредувања поради грмотевици, силен ветер, град и обилни врнежи што би можеле да предизвикаат локални штети и прекини во сообраќајот во текот на денот. Холандскиот метеоролошки институт (KNMI) предупреди дека дождовите што ја погодија земјата во текот на утрото ќе се развијат во посилни грмотевици што ќе се движат од југозапад кон североисток, објавува „NL Times“. Се ...
Камбоџа вчера соопшти дека ги известила Обединетите нации и Тајланд дека започнала задолжителна постапка за помирување според меѓународното право за решавање на долгогодишниот поморски граничен спор со Бангкок, објавија британските медиуми. Овој потег следува по одлуката на тајландската Влада од минатиот месец еднострано да го раскине договорот од 2001 година со Камбоџа, што обезбеди рамка за преговори за спорната област во Тајландскиот Залив ...
Кина и САД минатата недела одржаа „искрени и конструктивни“ разговори за воздушната и поморската безбедност на Хаваи, согласувајќи се дека подобрената комуникација може да ги намали погрешните пресметки и да го зголеми професионализмот, соопшти кинеската морнарица. На состаноците, одржани на 28 и 29 мај, присуствуваа претставници на вооружените сили на двете страни, според соопштението објавено доцна во понеделникот. Во посебно соопштение од ...
Научниците предупредија дека тајфунот „Џангми“ се приближува кон Јапонија, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови. Откажани се повеќе од 300 летови, а можни се и предупредувања за итна евакуација. Јапонската метеоролошка агенција објави дека тропската бура е лоцирана западно-северозападно од Амами од седум часот утрово, а силните ветрови веќе предизвикаа штета на делови од Окинава и повредија повеќе од десет лица. Се очекува бурата ...
Странски разузнавачки агенции инсталирале шпионски софтвер на паметните телефони на високи руски функционери со цел да ги прислушуваат и шпионираат, објави денес Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Податоците се извлечени од паметни телефони со користење на технологиите на американските ИТ компании Fastly и Cloudflare, објавува РИА Новости. „Прислушувањето на телефоните на високи руски функционери со користење на шпионски софтвер ...
Украина и Литванија постигнаа договор за долгорочно снабдување со течен природен гас (LNG) преку терминал во Клајпеда, во западна Литванија. Ова го објави украинската премиерка Јулија Свириденко по меѓувладините консултации за време на нејзината официјална посета на Литванија, пренесува Укринформ. „Украина ќе добива поголеми количини течен природен гас од Балтикот. За време на меѓувладините консултации во Вилнус, постигнавме договор за ...
Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) започна истрага за проектот за луксузно одморалиште на островот Сазан во Јадранското Море и заштитеното крајбрежно подрачје Вјоса-Нарта, поврзано со компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. -Истрагата главно е поврзана со постапките околу контроверзните промени во заштитениот статус на подрачјето и промените во сопственоста ...
Иран го обнови својот повик за прекин на огнот во Либан во понеделникот, поради континуираните израелски напади, а министерот за надворешни работи Абас Аракчи рече дека сегашното кревко примирје меѓу Иран и САД мора да го вклучи Либан. „Прекинот на огнот меѓу Иран и САД е недвосмислен прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и Либан. Неговото кршење на еден фронт е кршење на прекинот на огнот на сите фронтови“, наведе Аракчи во објава на ...
Околу 1,48 милиони луѓе имигрирале во Германија минатата година, што е за околу 13 проценти помалку од претходната година, објави државната агенција за статистика, наведувајќи дека бројот на заминувања од Германија, исто така, се намалил од 1,25 милиони луѓе за околу два проценти. Таканаречената нето миграција, односно разликата помеѓу бројот на имигранти и емигранти, била 235.000 плус 45 проценти под вредноста во 2024 година, објави ...
По кафезите против дронови, оклопите од трупци и гуми на бомбардерите, руската војска посегна по уште едно необично решение. Камионите сега добиваат специјални црно-бели шари насочени кон збунување на системите за вештачка интелигенција што ги контролираат украинските дронови. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи во последните денови покажуваат руски воени камиони „Урал“ и „КамАЗ“ покриени со необични црно-бели шари. Некои личат ...
Компаниите од еврозоната досега во голема мера не успеаја да ги пренесат зголемувањата на трошоците предизвикани од војната на Блискиот Исток на крајните корисници, што укажува дека слабата економска активност ја ограничува нивната моќ на одредување цени и го намалува ризикот од нов силен бран на инфлација. Анализата на Ројтерс за извештаите за заработка и деловните најави од 175 од најголемите компании од еврозоната покажа дека само околу ...
Унгарскиот економски портал G7 пресметал колку заработиле членовите на семејството на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за време на неговото шеснаесетгодишно владеење. Според анализата на порталот, компаниите поврзани со децата на Орбан и неговиот татко добиле вкупно 64.153.512 евра (25 милијарди форинти) дивиденди од 2010 до 2026 година. Од нашата мрежа Почина легендарен НБА тренер 9 минути kontra.mk Победата на ПСЖ во Лигата на ...
Еден од симболот на американскит претседател Доналд Трамп за движењето МАГА, Емили Харт, испадна дека е индиски студент. Ова е епилог на аферата околу популарна „блогерка“ во САД, која стана своевидно лице на конзервативното движење за само неколку месеци. Сепак, се пожа дека Емили Харт е всушност дигитална маска создадена од индиски студент по медицина. За креирање на изгледот и објавите на Емили Харт биле користени алатки за вештачка ...
Пратеничката група на грчката партија Нова левица, формирана од поранешни членови на СИРИЗА, по две и пол години постоење се распадна, со оглед на тоа што седум од 11 пратеници си заминуваат од партијата, а заедно со нив и уште 143 членови, јави дописничката на МИА од Атина. Преку допис испратен до секретарот на партијата Гаврил Сакеларидис, вкупно 150 членови соопштуваат дека си заминуваат од Нова левица, објаснувајќи дека ја напуштаат, ...
Невидено брутално семејно насилство се случило во американската држава Илиноис, за време на кое осумгодишно дете било брутално претепано со бејзбол-палка, додека се обидувало да ја заштити својата мајка од нејзиниот насилен партнер, објави „Дејли мејл“. Лиланд „Ли“ Арнет починал по тешките повреди на главата добиени од ударите со бејзбол-палка. Трагедијата се случила на 13 мај во Де Сото, кога, според истрагата, 36-годишниот Маркус Мултри ја ...
Виетнамските воздухопловни сили се подготвуваат за голем технички и оперативен скок. Според извештаите на специјализираните медиуми, виетнамските воздухопловни сили (VPAF) ги финализираат плановите за купување на руски ловци од петта генерација Су-57, со испораки закажани за почетокот на 2030-тите, објавува списанието „Милитари воч“. Ова би го направило Виетнам втората држава од регионот АСЕАН што во својата воздушна флота ќе има „невидливи“ ...
Десетици илјади ултраортодоксни Евреи излегоа на улиците низ Израел, каде што блокираа патишта и железници во знак на протест против задолжителната воена служба, објавија американските медиуми. Протестите ги парализираа главните патишта, а поради масовните собири во Ерусалим и во пошироката област на Тел Авив, јавниот превоз беше запрен. Некои од демонстрантите носеа знаци со кои го осудуваат Израел, со пораките: „Подобро би умреле како ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека повеќе од 500 припадници на службите за итни интервенции биле ангажирани во справувањето со последиците од масовниот руски напад извршен во текот на ноќта врз повеќе украински градови. Според Зеленски, најсилниот удар бил насочен кон Киев, каде што биле оштетени десетици станбени објекти и друга цивилна инфраструктура. — реклама — „Главниот удар беше врз Киев, каде што повторно се ...
Сообраќајот повторно се подобрува во Дубаи, масите во рестораните се полнат, а воздушниот сообраќај во голема мера е обновен. На површината, животот во туристичката престолнина на Заливот изгледа речиси сосема нормално. Но, под површината лежи посложена реалност – додека инфраструктурата функционира, довербата на патниците сè уште не е целосно обновена. Хотелите, авиокомпаниите и угостителите сега работат понапорно од кога било за да ги ...
Повеќе од еден милион жители на поширокиот регион на Париз би можеле директно да бидат погодени доколку дојде до големи поплави на реките Сена и Марна, предупредува нова студија на Институтот за регионот на Париз (IPR). Според анализата, околу осум проценти од населението во регионот живее во подрачја кои се изложени на ризик од излевање на реките, а меѓу најзагрозените се и стотици илјади домови. Студијата покажува дека дури 555.000 ...
Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...
Шест лица загинаа во масовно пукање на повеќе локации, во она што полицијата го нарекува „очигледен семеен спор“ во градот Маскатин во американската држава Ајова. „Денес сум без зборови поради овој чин на зло и она што тој ѝ го направи на нашата заедница“, изјави началникот на полицијата во Маскатин, Ентони Кис, на прес-конференција во понеделник. Според полицијата, во серија убиства, жртвите биле убиени во две куќи и една деловна зграда, а ...
Напаѓач вчера уби шест луѓе во пукање на повеќе локации во град во американската сојузна држава Ајова, во случај што, според полицијата, најверојатно произлегол од семеен спор. Осомничениот напаѓач починал додека полицајците се обидувале да стапат во контакт со него, соопшти полицијата. Серијата убиства се случила во две куќи и во еден деловен објект во Маскатин, соопштија властите. „Денес едноставно немам зборови, ова зло и она што му го ...