Во македонскиот јазик веќе неколку години активно и зачестено, присутна е секојдневната употреба на англизмите. Ги употребуваме сите, но најмногу учениците и помладиот свет. На што се должи прекумерната употреба на англизмите? Сметам дека современата електронска комуникација, интернетот, си го прави своето, понатаму, нечитањето на домашна белетристика, недоволното познавање на својот мајчин јазик, гледањето филмови и сл. со странски превод... ...
По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик Кога мало дете од четири години – роден говорител на македонски јазик – ќе каже „мало шипче“ наместо „мала овчичка“ (од англиски „sheep“ – овца), кога на родителите ќе им возврати со „уат?!“ наместо „што?!“, кога и зборовите за боите од англискиот јазик „грин“ („зелено“), „јелоу“ („жолто“) „ред“ („црвено“) ќе му излегуваат од устата попрво одошто соодветните македонски зборови – ...

