Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ се реализира трета година во Штип, идејата за нејзино започнување е на Сојузот на училишен спорт во соработка со одделението за образование при општина Штип. Оваа спортска манифестација од година во година се проширува со додавање на нови игри односно спортски содржини, а интересот кај учениците е во постојан раст. „Оваа спортска манифестација дојде во соработка со општина Штип ...
Гаши потенцира дека Македонија е посветена на евроинтеграциите и од тоа не отстапува, но додаде дека, за жал, низ тој процес се соочува со низа препреки, кои го прават патот уште потежок и понеизвесен, но тоа не нè обесхрабрува да се откажеме од европските вредности и стандарди. Тој нагласи дека фокусот останува на реформите во правосудството, образованието, здравството, социјалната заштита, унапредувањето на економскиот стандард на ...
Претседателот на одборот на директори на Македонски Телеком, Сашо Димитријески ќе добива повисок месечен надоместок ако Собранието на Друштвото го прифати предлогот на седницата закажана за 27 мај. Неговиот месечен надоместок ќе биде 250.000 денари. „ Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од 250.000,00 денари. Месечниот надоместок на останатите членови на Одборот на ...
Во рамки на Меѓународната конференција за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, беше промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина. Делото го прикажува Скопје како уникатен пример на меѓународна солидарност и урбана обнова по земјотресот, со учество на врвни светски архитекти и поддршка од Обединетите нации. Книгата претставува значаен придонес во разбирањето на историскиот и современиот развој на ...
Вчера во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од ...
Судењето против деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани започна денеска со подготвително рочиште. Одбраната ги дополнуваше листите со докази, а дел од адвокатите кажаа дека не добиле потребна документација од МВР за да може да направат вештачења. Обвинителката кажа дека ќе се произнесе по сите докази на одбраната, кога ќе биде готова листата на докази. Обвинителството ги ...
Советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кисела Вода побара итно свикување вонредна седница по трагичниот настан на градилиште, во кој загина работник, а неколкумина беа повредени. Координаторката на советничката група Даниела Настова Пиштолова изрази сочувство до семејството на загинатиот и посака побрзо закрепнување на повредените, нагласувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги ...
Власта, штитејќи ја опозицијата, се штити и самата себе, бидејќи во демократијата и таа може да стане опозиција, изјави претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова. Таа ова го изјави на 20-тата конференција на претседатели на парламенти на јадранско-јонската иницијатива која годинава се оддржува во Македонија. -Многупати сум велела дека важно е дека нема добар парламент без почитувана опозиција. Власта мора да знае дека штитејки ...
Викендот во Трета лига – Југ се играат натпреварите од 23. коло каде лидерот Борец на домашен терен ќе игра против Питу Гули, Росоман на домашен терен ќе го пречека Бучин, Влазними Јуниор ќе се соочи со Младост од Кривогаштани, Венец во Долни Дисан ќе игра против Превалец, во дерби на третиот и вториот на табелата, а пак Башкими од Јаболчиште ќе игра со Млекар. Сите натпревари ќе се одиграа в недела. Исто така, в недела ќе се играат мечевите ...
Проектот „СФЕРА – во нова ера – моја кариера“е избран меѓу трите најдобри во категоријата Enterprise (1000+) на престижниот конкурс „Најдобри регионални HR практики 2026“, што се одржа во Ровињ – Хрватска, каде го освои третото место во категорија на компании со над 1000 вработени и во силна конкуренција на компании од целиот регион. Финалистите имаа можност да ги претстават своите проекти на HR Days конференцијата која се одржа од 21 до 23 ...
Викендот ќе се одиграат натпреварите од 23. коло на Првата ракометна лига, а во Штип гостува екипата на Јехона од Гостивар, која ќе ги одмери силите со Текстилец УГД. Ова ќе биде дерби меч за шесттото место на табелата, токму овие две екипи ја делат шесттата позиција со по 20 бодови, а победникот ќе биде сигурен на шестото место, бидејќи и немаат можност за повисок пласман. Натпреварот меѓу Текстилец УГД и Јехона се игра во салата „Тошо ...
Во услови на зголемена побарувачка за брзи и достапни финансиски средства, сè повеќе граѓани се одлучуваат за користење на кредити како начин за надминување на тековните финансиски предизвици или реализација на лични планови. Ваквиот тренд дополнително ја нагласува потребата од поголема финансиска едукација, транспарентност и сигурност во процесот на кредитирање, особено во делот на разбирање на условите и заштитата на личните податоци на ...
Вчера околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача. Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми. Се работи на расчистување на случајот. Вчера околу ...
На скверот кај КИМ, на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, денеска е поставена нова уметничка интервенција посветена на подигнување на свеста за борбата против говорот на омраза. Станува збор за реалистична скулптура на лута пиперка со димензии 2м x 60см x 70см, која преку пораката „Јади луто, не зборувај луто“ на сликовит и духовит начин ја пренесува идејата за одговорна и внимателна комуникација. Инспирацијата за оваа акција произлегува ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес (СВР), вчера вечер, во 22:50 часот го лишиле од слобода А.Р.(35) од Велес. „Тој се сомничи дека во објект во Велес, се обидел да изврши „тешка кражба“. А.Р. задржан е во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес . Убавка Јаневска Сподели: Поврзано: Полициски службеници на ...
Додека полицијата и обвинителството ги утврдуваат причините за денешната несреќа на улицата „Козјак“, во која еден работник загина, а тројца беа повредени, жителите од околните објекти во Кисела Вода се гласни во својот револт против начинот на кој се гради во нивното маало. „Ова е трагедија“, вели низ солзи постара жена која живее во непосредна близина на градилиштето. Таа за медиумите раскажа дека глетката била страшна и дека спасувањето на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што како што рече се дознала вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши. „Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е ...
Предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство поттикна јавни реакции, особено меѓу еколошките организации, кои сметаат дека ваквите решенија отвораат сериозни ризици за животната средина, јавното здравје и ресурсите на Македонија. Од „Спас за Гевгелија“ посочуваат дека предложените законски решенија се стигнати во Собранието по скратена постапка, а се покренати од пет пратеници. ...
Ископ за темели на станбена зграда во скопска Кисела Вода утрово беше фатален за едно лице, додека четворица завршија во комплексот „Клиники Мајка Тереза“. Еден од нив е со тешки телесни повреди и се наоѓа на КАРИЛ, каде докторите го подготвуваат за оперативен зафат. Останатите тројца се здобиле со полесни повреди. Ископ за темели на станбена зграда во скопска Кисела Вода утрово беше фатален за едно лице, додека четворица завршија во ...
„Вреди“ го поздравува „најновото откритие“ на Демократската унија за интеграција во врска со Коридорот 8, кое, иако со задоцнување, го потврдува она што ние континуирано го кажуваме и докажуваме: овој проект не може да се запре и не е ничија сопственост, велат од таму. По долг период на контрадикторни изјави и обиди за создавање политичка магла, охрабрувачки е да се види, велат од „Вреди“ дека опозицијата конечно рефлектира и се приближува ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, и притоа потенцирала дека од новата бугарска влада очекува конструктивен однос и разбирање на потребата од проширување. – Се разбира. Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека ...
Филипче конечно си ја кажа маката. Судии и обвинители ќе испорачуваат правда, а пречка за ЕУ не е Бугарија туку Мицкоски. Вакви тези може да каже само исплашен бугарски привезок чии храброст, морал и пари се во фиоките на бугарското разузнавање, велат од ВМРО-ДПМНЕ, „Гордите носители на златни визи од Дубаи последни се што имаат право да зборуваат за било што поврзано со државни интереси. Ова што денес го прави СДС не е политика. Ова е ...
Наутро, додека Велес се буди, доколку брзате кон работното место или сте тргнале на првите набавки неизбежна глетка на и околу фонтаната на плоштад „Сармаале“ се овие гулаби кои ја гаснат жетта за вода. Во некои денови ќе ги затекнете и во поголемо јато како што беа и пред вклучувањето на фотографскиот апарат на Дума.мк. Меѓу нив имаше и неколку ластовички кои веќе се пристигнати во градот. Но со приближувањето на фоторепортерот дел од нив ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат. Во своето обраќање, Тошковски нагласи дека безбедносната ...
Самуиловата тврдина наскоро ќе го врати својот сјај како културно јадро на Охрид преку сериозен инвестициски циклус најавен од министерот Зоран Љутков. Со издвоените 11.520.000 денари, овој историски симбол нема само да биде конзервиран, туку и целосно ревитализиран со поставување ново осветлување и летна сцена за културни настани. Министерството за култура и туризам става силен фокус на спојувањето на историјата со модерниот туризам, што ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери. Во своето обраќање, истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна, отпорна и доверлива ...
Проект има, кој што се пресликувал од град во град во Македонија, но Велес немал маркица која според Детален урбанистички или Генерален урбанистички план би овозможила изградба на затворен Пливачки базен гласеше одговорот на Градоначалникот Марко Колев на новинарско прашање за министерот за спорт Борко Ристовски, при минатонеделната негова посета на Градски фудбалски стадион „Зоран Паунов“. Колев, за овој капитален објект инаку одамна баран ...
Охрид, 24. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На годинашниот Државен натпревар „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ учествуваат и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” и постигнаа забележителни резултати. Тимот под менторство на проф. Наташа Јанкоска Китани и проф. Никола Сиљаноски, освоија прво место во категорија најдобар штанд меѓу стручните училишта од нивната област. Натпревари ќе има и денес, на кои повторно ќе учествуваат ученици од ова училиште. ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во време кога довербата во институциите е кревка, а политичките пораки често одат пред суштината, повторно се отвора прашањето за двојното државјанство на носителите на јавни функции. Дали ова прашање е навистина правно и институционално, или станува алатка за дневна политика? И уште поважно – дали решението што се нуди ја зајакнува државата или создава нови поделби? Да почнеме од ...