Месец мај 2026 година е најактивен во календарот на неработни денови. Доколку ги планирате своите обврски, важно е да знаете дека бројот на слободни денови варира во зависност од верската припадност на граѓаните. За сите граѓани: Месецот носи два државни празника кои се неработни денови за сите: 1 мај (петок) и 25 мај (понеделник). Бидејќи обата празника се поврзани со викендот, тие формираат два продолжени викенди. За верниците: ...

Скопското обвинителство отвори истрага за несреќата во Кисела Вода каде при градежни работи загина еден работник, а тројца се повредени. Дежурен обвинител изврши увид на лице место, соопштија од Обвинителатвото. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде ...

ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт повторно ги актуализира рудниците ширум државата и уште еднаш јасно покажува на дека е на власт само за профит, никако со и за граѓанит, обвинуаат струмичките социјалдемократи. Во соопштението до медиумите тие ги прашаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ како ќе ги погледнат своите сограѓани во очи и како ќе објаснат што повторно ја отвораат темата за рудници „Без јавна расправа, без консултации со граѓаните, сакаат да ...

Според информациите од ОЈО ГОКК, во тек се интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Детали за тоа дали ботоксот се аплицирал или ампулите завршиле во магацини, за сега официјално не се откриваат, а бидејќи се работи за истрага, не се откриваат ни имињата на приведените, меѓу кои има и лекари. Но, неофицијално на пациентки им биле ставани ампулите во задник, околу очи, во нос, а некои од нив имале сериозни контра индикации и ...

Охрид, 24. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во НП „Галичица“ во тек е мониторинг на пештерата Лескоечка. Воспоставениот редовен мониторинг преку фото-замки овозможува постојано следење на состојбата во екосистемот на Лескоечка Пештера. Куна белка (Martes foina) е нов евидентиран посетител во Лескоечка ...

Startup Revolution.ai продолжува да гради заедница каде што технологијата, лидерството и вистинските искуства од индустријата се среќаваат на едно место. Во тој контекст, по успешните настани и континуираниот раст на заедницата, на 29 април 2026 година во Startup Club Skopje ќе се одржи новото издание на Engineering Leaders Meetup посветен на инженерско лидерство, градење тимови и развој на производи во комплексни технолошки средини. Со ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на настанот „Земјоделство со висока природна вредност и неговото значење за биодиверзитетот и пристапувањето кон ЕУ“, организиран со поддршка на Шведската агенција за животна средина и општина Радовиш. Во своето обраќање Хоџа истакна дека овој концепт претставува важен инструмент за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата и за зачувување на биолошката ...

Електродистрибутивната мрежа најави серија планирани активности за одржување и интервенции во мрежата, поради што делови од Скопје во текот на претстојниот викенд ќе бидат со прекинато снабдување со електрична енергија. На 25 април (сабота), без струја ќе бидат: Од 08:00 до 15:30 часот: Од 09:00 до 11:00 часот: Прекини кои започнуваат на 25 април и продолжуваат до 26 април: Од 08:30 (25.04) до 17:30 часот (26.04): На 26 април (недела), ...

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали со новиот граничен систем ЕЕС полесно ќе се патува во ЕУ?“. Според резултатите, скоро три четвртини, или 71,86 отсто од анкетираните одговориле дека со новиот систем нема да се патува полесно во ЕУ, 14,78 проценти одговориле „Ќе видиме“, додека само 11,13 отсто се согласни дека ЕЕС ќе ја олесни постапката. Гласајте на нашето ново прашање на неделата ...

Според информациите од Обвинителството, станува збор за фирми кои во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и немале објавено ценовник за рекламирањето Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утрово влегло во три фирми кои биле сопственици на портали и одзело документација за да го провери рекламирањето на политичките партии во текот на кампањата за предвремените парламентарни ...

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои ќе настапат на Европското првенство за сениори во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, патуваат со сопствени средства, бидејќи, како што наведуваат, не се обезбедени средства од надлежните институции, стои во партиското соопштение. Во соопштението од Левица се наведува дека Карате федерацијата на Македонија, слично како и за претходното јуниорско и кадетско Европско првенство во Кипар, не ...

Јавните изјави на белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево за време на неговата посета на Македонија предизвикаа коментари и незадоволство во Бугарија. Тој изјави дека: „Билатералните прашања не треба да го попречуваат процесот на проширување на Европската Унија“. -Ова е повеќе за незнаење отколку за политичка провокација, изјавил бугарскиот професор и академик Спас Ташев, додавајќи дека „незнаењето се должи на неколку фактори“. ...

На нов панел утрово посветен на предизвиците во процесот на проширување на ЕУ, претседателот на „Солуција“, Никола Димитров, заедно со министерот за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа упатиле порака до земјите членки дека време е Унијата да си го одржи зборот даден уште на Самитот во Солун 2003. „Мораме многу повеќе да работиме за нашата цел во земјите членки на ЕУ, да убедуваме и да сме активни. Немаме луксуз да нѐ нема“, порачал ...

Тројца работници се потрупани со земја, по ископ на за изградба на зграда потрупанис е работници. Според информациите на ЦУК, повикот за помош е повикан утрово по осум часот. -Во 08:14 часот е добиен повик за потрупани градежни работници со земја на улицата Козјак број3 и се бара Брза помош. Во 08:18 е добиен втор повик од д-р Драган Панов, доктор во Итната медицинска помош од Скопје кој бара асистенција од БПЗЕ Скопје за извлекување на ...

На Градските гробишта во Штип денеска ќе биде погребан Стојан Михов, познат пензиониран судија во Основниот суд Штип. Судијата Михов имаше 74 години. Михов беше долгогодишен судија, а извесен период ја вршеше и функцијата портпарол на Основниот суд во Штип. Беше познат по експресивниот речник и еден од ретките судии кои со новинарите зборуваше без влакно на јазикот. Судиската кариера ја заврши во мај 2016 година. Нека му е вечна слава! На ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го обвини раководството на СДСМ, предводено од Венко Филипче, дека дејствува исклучиво по насоки на поранешниот премиер Зоран Заев, со цел да се кочат евроинтеграциските процеси и да се заштитат лични бизнис интереси. Според Петрушевски, појавувањето на Заев на одбележувањето на роденденот на СДСМ е јасен сигнал за тоа кој ја контролира партијата. „Како што ...

Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори и физичките ...

Од Електродистрибуција информираат дека во недела (26.04.2026) од 05:00 до 15:00 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Во наведениот период, делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето. Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, ...

Најавата на Венко Филипче дека СДСМ ќе се повлече од Работната група за изборниот закон доколку власта продолжи да ја тера собраниската процедура за укинување на техничката влада, не наидува на одобрување кај некои членови на партијата. И покрај тоа, многумина од оние кои ги контактираше ДВ, одбија да го образложат несогласувањето, со објаснување дека „постои одредена чувствителност која може да биде поинаку протолкувана во врвот на ...

Безбедноста и здравјето при работа во Македонија континуирано се влошуваат, а градежниот сектор останува една од најопасните дејности. Ова недвосмислено го потврдува новиот „Годишен извештај за несреќи при работа за 2024 година“, подготвен од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР). Според податоците, во 2024 година се евидентирани вкупно 133 несреќи на работното место на национално ниво, што претставува сериозен скок во однос на ...

Во Ургентниот центар донесени се тројца пацинети од несреќата и тоа еден пациент е префрлен на КАРИЛ, по направените иследувања се подготвува за оперативен третман. Со тешки телесни повреди е и има повреда на над коленица и подколеница во моментов е стабилен, вели за Телма Д-Р. Арсовски, раководител на Трауматологија. Тој вели дека останатите двајца работници се со полсени повреди и нивната состојба се следи. –Друг пациент е на 39 години со ...

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР информираа дека за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време ...

Ситуацијата што ја имаме со концесиите за мермер е јасен пример за системски поставен модел кој работи на штета на државата и граѓаните, истакнуваат од Левица. Фактот, како што велат, дека за четири години се наплатени само 1,7 милиони евра од 29 концесионери, сума која е симболична во однос на реалните приходи што се генерираат од експлоатацијата, покажува дека државата практично го отстапува своето природно богатство за минимална до ...

Денеска во Кривичниот суд се одржува рочиште за судењето на 13 полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На претходното рочиште, судењето беше одложено по барање на адвокатите на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николовa, поради нивни обврски во друг притворски предмет со приоритет. Според обвинението, полициските службеници се товарат за пропусти ...

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ се спротивставува на отворањето рудник за антимон во Крива Паланка, нарекувајќи ги ваквите проекти „рудници на смртта“. Од таму предупредуваат дека ископувањето антимон може да предизвика сериозно загадување на вода, почва и воздух. Како пример ја наведуваат хаваријата во Србија во 2014 година со токсична јаловина и тешки метали. Според нив, јаловиштата можат да останат опасни и по затворање на ...

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Република Северна Македонија, Бјорн Габриел. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, ...

Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во таквите дејства, ќе утврдат соодветните органи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, коментирајќи ги случувањата ...

Македонскиот образовен систем се соочува со сериозен потрес по откривањето на низа законски прекршувања на Филозофскиот факултет во Скопје. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека ова е само почеток на процесот за воведување ред во високото образование. Според извештајот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), од 2019 година на овој факултет противзаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски ...

Добивај вести на Viber Рудникот за антимон во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори, велат од опозициската СДСМ, од каде и денеска тврдат дека новиот рудник е меѓу приоритетите на Владата бидејќи премиерот има бизнис интереси. Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка? Вистината покажа дека не е така и ја разоткри ...

Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска коментирајќи ги случувањата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.89
66%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
68%
1014
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
57%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
64%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
49%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
47%
1016
Currency

61.6317

Currency

52.7687

Currency

71.3566

Currency

37.788

Currency

38.6981

Currency

67.2273

Currency

7.71792

Currency

0.70284

Currency

0.33532

Currency

0.5249

Currency

1.16606

Currency

0.55339

Злато

147815.56

Калај

49.41

Сребро

2406.31

Платина

64494.40

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Бакар

11.98

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

323115.00

Алуминиум

3.51

Паладиум

48644.08