Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
„Ве известуваме дека станува збор за извршување на преглед и до овој момент во СВР Скопје нема пријави за поплаки поврзани со овие активности на полициските службеници“. Вака од Министерство за внатрешни работи одговорија на прашањата на Плусинфо, откако во јавноста се отвори дилема дали полициските контроли во средните училишта во Скопје се спроведувале во рамки на законските овластувања. Реакциите следуваа по информациите дека полицајци на ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес беше во работна посета на општина Желинo. На средба со градоначалникот на општина Желинo, г-дин Блерим Сејдиу, беше разговарано за моменталната економска состојба, поддршката на Владата за инфраструктурни проекти во општините, конкретната поддршка на Министерството за труд и економија на бизнисите и граѓаните. Заедно со Сејдиу, министерот Дурмиши посети неколку успешни бизниси во Желинo. ...
Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...
„Силиконската долина го загуби својот компас.“ Така започнува првото поглавје од книгата „Технолошка Република“ во кое Алекс Карп го запишува својот поглед на светот. Карп, милијардер на листата на 100 највлијателни луѓе на списанието Тајм, е извршен директор на Палантир, софтверска компанија специјализирана за анализа на податоци. Палантир објави резиме од книгата на Карп во 22 тези преку својата официјална сметка на платформата X за време ...
Продолжуваат теренските активности за поставување на заштитна еластична ограда, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Денес работите се реализираат на патниот правец кон Михајлово, каде се преземаат конкретни чекори за подобрување на условите за возење и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди. Проектот се спроведува во соработка со ЈПДП, од каде што оградата е обезбедена како донација, додека Општина Кавадарци е задолжена ...
По трагичниот настан со загинатиот градежен работник во скопската населба Кисела Вода, експертската јавност повторно алармира за сериозни пропусти во почитувањето на градежните и инженерските стандарди. Случајот отвори низа прашања за безбедноста при изведување градежни работи, особено кај ископи и изведба на објекти со подземни нивоа. Според објавата на „Engineer Cast“, ваквите несреќи се јасен показател дека градежните јами не смеат да се ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека општината ќе добие ново современо спортско игралиште. „Општина Аеродром ги отпочна градежните активности за ново спортско игралиште во паркот „Авионче“ – модерен простор за спорт, дружење и позитивна енергија. Игралиштето ќе биде професионално опремено со врвни кошеви, трибини и услови за натпревари од највисок ранг, вклучително и 3x3 баскет – едно од првите вакви во ...
Техничката влада мора да остане и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за таа да не се укине – порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција. – Ако целокупниот механизам, начин на владеење е само една имитација на механизмот со кој што владееше Никола Груевски до 2016 година, кога сите институции беа узурпирани од него лично, од негови блиски луѓе, од партиски луѓе, сега е истиот систем. Тогаш ...
Двајца млади луѓе од Тетово останале без пари откако поверувале во оглас за изнајмување стан на социјалните мрежи, но наместо клучеви, останале со празни раце. Од полицијата информираат дека против 24-годишна скопјанка е поднесена кривична пријава, откако со лажни огласи на Фејсбук успеала да измами повеќе лица. Според информациите, таа преку профил на социјалната мрежа се претставувала дека нуди станови под кирија. За да „резервираат“ стан, ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка по службена должност против Министерството за спорт и Одбојкарската федерација на Македонија, поради сомневање за директна дискриминација врз основа на пол, во областа на образованието, науката, спортот и пристапот до добра и услуги. Имено, на 33-тото издание на Купот на ОФМ во 2026 година, машкиот победнички тим бил награден со 1.000.000 денари, додека женскиот победнички ...
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод на местото викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода И.М. (68) од с. Дебреште, општина Дебреште. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М., во кое се превезувала бесправно пресечена дрвна маса, информираа од МВР. Откако му бил даден знак да застане, возачот не ги почитувал ...
Апел за помош. Магдалена е прекрасно, насмеано девојче. Единственото што ја разликува е болката со која го прави секој чекор.Таа не може да стапне нормално. Оди на прсти, со напор, со напрегање што едно дете не треба да го познава. Секој чекор и чини многу повеќе отколку на другите деца. Најтешкиот момент за мене како мајка е кога ќе ме погледне и ќе ме праша: „Мамо, кога ќе ми помине ноџето?“ Тогаш немам одговор… Знам дека има решение. ...
Синдикатот за градежништво (СГИП) бара итна и темелна истрага и преземање конкретни мерки за да не се трагедија како денешната во Кисела Вода каде загина еден работник, а тројца се повредени при ископ на зграда. – Утрово немаше да имаме загинат работник доколку се почитуваше законот и доколку тие што треба да го контролираат спроведувањето на законите треба да се на терен пред да се случи несреќа, а не отпосле. Со просек од 20 несреќи со ...
Скопјанецот Љупчо Петковски, кој живее во непосредна близина на местото каде што се случи несреќата во Кисела Вода, реагираше на трагичниот настан, укажувајќи дека уште пред несреќата имало видливи промени на теренот. „Јас живеам на 50 метра до местото каде што се случи несреќата. Во близина патот почна да пропаѓа точно во периодот кога почнаа да ја отвораат дупката за објектот. Дали е од механизацијата или земјиштето си давало знаци, не ...
Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура во општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која одговараше на новинарски прашања во Штип по означувањето на почетокот на функционирање на Центарот за кибербезбедност во рамките на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека за неа измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш кога се донесоа и сега, се неуставни и го поддржува предлогот на власта таа да биде укината од следните избори, но смета дека за укинувањето, исто како и кога се изгласа решението, треба да има дијалог. Сиљановска-Давкова исто така смета дека, освен пратениците, можност за двојно државјанство не ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на на XX Конференција на претседатели и спикери на Парламенти на земјите учеснички во Јадранско-јонската иницијатива, чиј домаќин е македонското Собрание во својство на претседавач на земјава со инцијативата за периодот 2025-2026. Сиљановска-Давкова истакна дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку интензивна соработка во ...
Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на јубилејното 30-то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. Министерката потенцираше дека поддршката на жените во економијата и претприемништвото не е само прашање на родова еднаквост, туку и на одржлив економски развој. „Поддршката на жените во економијата, ...
Градоначалнико Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. -Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот ...
Во Делчево е пријавен вознемирувачки семеен инцидент во кој маж наводно ја избркал својата сопруга од заедничкиот дом и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе. Случајот во полиција го пријавил таткото на жената, кој навел дека неговата ќерка била избркана од домот од страна на нејзиниот сопруг, идентификуван со иницијали М.Б. од Делчево, при што ѝ било оневозможено да го земе детето со себе. Според информациите од надлежните, на 23 април 2026 ...
Изјавата на министерот за правда Игор Филков дека „консултациите со институциите и граѓанскиот сектор се во тек“ околу промена на изборното законодавство, е само делумно вистинита, бидејќи досега е одржана само една средба со дел од граѓанските иницијативи и тоа на нивно барање на 16 април. За барањето за вклучување на граѓанските организации од крајот на март, сè уште нема реакција од Министерството за правда Во врска со подготовките на ...
На 22.04.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.С.(31) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека извршил тешка кражба во куќа, сопственост на Е.Ш.(22), при што одзел пари и со тврди предмети го нападнал сопственикот. По наредба на јавен обвинител, изготвена и поднесена е кривична пријава по брза постапка до Основно ОЈО Штип, по што лицето Т.С., ќе биде изведено пред судија на претходна ...
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 53-годишен маж од Скопје пријавил дека на 22.04.2026 околу 08:00 часот во неговиот дом дошол Д.В. (сопруг на поранешната снаа на пријавителот), кој што претходниот ден физички го нападнал пријавителот, и му упатил закани по неговиот живот. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, Д.В. неколку месеци наназад го малтретирал пријавителот, а физички ја нападнал и неговата внука. Се ...
Малолетник бил повреден од остар предмет во основно училиште во Арачиново. Нападот го извршил негов соученик, а повреденото дете завршило во болница. - На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет, а според пријавеното бил повреден во основно училиште во село Арачиново од негов соученик, соопштија од полицијата во ...
Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ се реализира трета година во Штип, идејата за нејзино започнување е на Сојузот на училишен спорт во соработка со одделението за образование при општина Штип. Оваа спортска манифестација од година во година се проширува со додавање на нови игри односно спортски содржини, а интересот кај учениците е во постојан раст. „Оваа спортска манифестација дојде во соработка со општина Штип ...
Гаши потенцира дека Македонија е посветена на евроинтеграциите и од тоа не отстапува, но додаде дека, за жал, низ тој процес се соочува со низа препреки, кои го прават патот уште потежок и понеизвесен, но тоа не нè обесхрабрува да се откажеме од европските вредности и стандарди. Тој нагласи дека фокусот останува на реформите во правосудството, образованието, здравството, социјалната заштита, унапредувањето на економскиот стандард на ...
Претседателот на одборот на директори на Македонски Телеком, Сашо Димитријески ќе добива повисок месечен надоместок ако Собранието на Друштвото го прифати предлогот на седницата закажана за 27 мај. Неговиот месечен надоместок ќе биде 250.000 денари. „ Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од 250.000,00 денари. Месечниот надоместок на останатите членови на Одборот на ...
Во рамки на Меѓународната конференција за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, беше промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина. Делото го прикажува Скопје како уникатен пример на меѓународна солидарност и урбана обнова по земјотресот, со учество на врвни светски архитекти и поддршка од Обединетите нации. Книгата претставува значаен придонес во разбирањето на историскиот и современиот развој на ...
Вчера во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од ...
Судењето против деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани започна денеска со подготвително рочиште. Одбраната ги дополнуваше листите со докази, а дел од адвокатите кажаа дека не добиле потребна документација од МВР за да може да направат вештачења. Обвинителката кажа дека ќе се произнесе по сите докази на одбраната, кога ќе биде готова листата на докази. Обвинителството ги ...