Викендот во Трета лига – Југ се играат натпреварите од 23. коло каде лидерот Борец на домашен терен ќе игра против Питу Гули, Росоман на домашен терен ќе го пречека Бучин, Влазними Јуниор ќе се соочи со Младост од Кривогаштани, Венец во Долни Дисан ќе игра против Превалец, во дерби на третиот и вториот на табелата, а пак Башкими од Јаболчиште ќе игра со Млекар. Сите натпревари ќе се одиграа в недела. Исто така, в недела ќе се играат мечевите ...
Лидерот Борец со убедливи 5:0 го доби Питу Гули на домашен терен во меч од 23. коло на Трета лига – Југ. Теодор Мирчевски постигна два гола, а по еднаш погодија Стефан Филиповски, Матеј Панов и Филип Ефтовски. Единствениот меч без погодоци беше тој меѓу Башкими од Јаболчиште и Млекар кој ги поделија бодовите откако одигра 0:0. Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 2:0 славеше над Превалец. Двата погодоци беа постигна по седум ...

