– Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претседателски претставник за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев, ги коментираше наводите за наводни консултации во рамките на украинската влада со иронична порака до Киев. Според неговата објава на мрежата X, Дмитриев реагираше на извештаите во украинските медиуми дека поранешниот началник на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, ...

Германија го откри вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (РАСФФ). Овој вирус предизвикува вирусен хепатитис тип А, односно заразен хепатитис тип А. За време на официјалната контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија. ...

Државното ЕСМ ќе се жали на решението на Обвинителството за организиран криминал и корупција, со кое се запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“. – Следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на компанијата веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението. АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни механизми што ни стојат на располагање за заштита на ...

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, не дал оставка, туку од здравствени причини е на боледување, појасни премиерот Христијан Мицкоски, по шпекулациите околу градоначалничката позиција во Општината. Мицкоски рече дека додека градоначалникот се врати од боледување, во Општината има законски именуван заменик, кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите. – Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ...

„Едвај чекам“ – коментираше Дејвид Гета на објавата, а од „Авалон“ ги објавија сите детали за влезниците за најголемиот музички настан во Македонија: „⁠Сите влезници ќе чинат 35 денари, а достапни ќе бидат влезници и за стоење и за седење (трибина). Трибините се нумерирани и потребно е да одберете седиште при купувањето“. – ⁠Влезниците ќе бидат достапни од петок (15 мај) само на avalonbooking.mk, сите влезници ќе чинат 35 денари, а достапни ...

Создавање нови епархии во дијаспората, посебно во Европската епархија на МПЦ-ОА, бара преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој неодамна се повлече од управувањето на Австралиско-новозеландската епархија. Ваквото свое барање тој го образложи со тоа што надлежниот европски владика Пимен не работел канонски, односно, не ги посетувал сите европски земји во кои има наши иселеници. Според најавата, барањето за нови епархии ќе биде претставено ...

Бранителите на реката Дошница повторно најавуваат блокада за да не се гради минихидроцетрала на една од последните чисти реки во Македонија и бараат да се обезбедат средства за нови независни студии за влијанието врз природата, откако му е продолжена дозволата на концесионерот на хидроцентралата. Од Министерството за животна средина велат дека државата не може еднострано да ја раскине концесијата без правна основа, бидејќи тоа би значело ...

Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата и потребата од заедничка акција во ...

По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а на 19 мај, на малата сцена во МНТ ќе биде изведена претставата „Торонто експрес“, ...

Во бистрото „Комедија“, на 14 мај од 18.30, ќе се одржи промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. Романот, низ разговор со авторката, ќе го промовира Олгица Крстеска. „Јета“ е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот, но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна ...

Во рамките на манифестацијата ќе биде отворен и Поетскиот саем на книгата, кој првпат се организира кај нас и претставува нов исчекор во афирмацијата на поезијата во македонскиот културен простор. Годинава манифестацијата бележи и значаен меѓународен исчекор, станувајќи првата македонска поетска манифестација вклучена во програмата на „Поетската пролет“ – реномирана француска иницијатива што прерасна во важна меѓународна платформа за поетска ...

Во првиот квартал од годинава, во Скопје е забележан значителен пад на издавањето станови, додека паралелно расте побарувачката за деловни простори, покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности. Според извештајот, бројот на закупи на станови е намален за 47 проценти во споредба со последниот квартал од 2025 година, а вкупната месечна закупнина бележи пад од 40 проценти. Од друга страна, деловните простори бележат раст и на ...

Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада, оцени премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека вообичаено е во овој период да започне процедурата за ребаланс на Буџетот. – Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025 година, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распределба на средствата ...

Со приклучувањето на Србија во Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА, соопшти Народна банка. Тоа, во практиката, значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. – Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се ...

Малите и средни претпријатија имаат клучна улога во економскиот пораст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за поголем пораст и развој, порача заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, на Конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, која се одржува во Будва. Во рамки на Конференцијата, заменик-министерот ...

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки – вели министерката за финансии,Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата. – Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките што ...

Речиси 90 отсто од увозот на нафтени деривати минатата година бил од Грција, покажуваат податоците од годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Според извештајот, во истиот период е забележано зголемување на потрошувачката на бензините за 8,34 отсто во однос на 2024 година. Раст е регистриран и кај дизелот – 5,17 отсто, кај екстра лесното масло 2,23 ...

Каков (летен) хит ќе излезе од неговата нова песна, сосе видеото снимено на островот Хвар? За оваа убава летна песна е одбран морскиот амбиент на јадранскиот остров Хвар, еден од најатрактивните острови на Медитеранот. Таму се снимаше и видеоспотот. Уште позанимливо е што спотот го снимаше самиот Тарабунов, со својот висококвалитетен мобилен телефон. – Нема глума, нема маски, нема кисели насмевки, нема ниту лицемерство! Македонскиот поп-пејач ...

За неодамнешното пукање на неговите панталони токму меѓу нозете, кога забележливо му ѕиркаа црните слип гаќички, сите зборуваат дека е дел од смислено сценско сценарио. Тој и на свои 55 години останува привлечен, но води значително помирен живот, и професионално и приватно. Во среќен брак е со манекенката Катја, со која има четири дечиња – двајца синови и две ќерки Мегапопуларниот грчки пејач, Сакис Рувас, со почетокот на годинашната Песна на ...

Зоонегувателот Сашо Панчев, кој го успал животното и потоа безбедно го однел во карантинскиот дел на скопската Зоолошка градина, ја раскажа за весникот ВЕЧЕР целата приказна околу вчерашното случување. Тој истакна дека по физиономијата и по сите карактерни црти, животното личи на волк, но оти допрва ќе се утврдува дали е чист волк или е мелез. И од АХВ појаснија дека нејзините ветеринари ќе направат вонреден инспекциски надзор во Зоолошката ...

Француските власти денес ставија во карантин крузер закотвен во Бордо со повеќе од 1.700 луѓе на него, откако беше објавено дека 90-годишен патник починал по појава на гастроентеритис. Околу 50 лица покажале симптоми на норовирус, што ги натерало француските здравствени власти да интервенираат, објавија АФП и Ле Фигаро. Крузерот „Амбасадор крузер лајн“, кој тргна од Шетландските Острови и пловеше преку Белфаст, Ливерпул, Брест до Бордо, пред ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...

Интервентен тим составен од ветеринари, ренџери и локална полиција во иднина ќе интервенира при појава на диви животни во населени места или при сообраќајни незгоди во кои се повредени животни што претставуваат опасност за граѓаните. Тимот ќе има задача по брза постапка да процени како ќе се постапува со животното, кое потоа би било згрижено во прифатен центар за диви животни. Ова го предвидува новиот Закон за природа што го подготви ...

Според податоците од ветеринарните здруженија и граѓанските организации, бројот на улични кучиња на национално ниво изнесува над 11.000 кучиња. Најголем дел од уличните кучиња се, всушност, напуштени миленици. Постојат многу предлози и програми како да се намали бројот на кучиња скитници по улиците. Меѓутоа, она што треба да се потенцира е дека исклучиво почитувањето на Законот за идентификација и регистрација на домашните миленици, ...

Грција и Турција повторно се најдоа во необичен спор околу културното наследство, овој пат околу традиционалната супа од шкембе што двете земји ја сметаат за дел од сопствената гастрономска традиција Нов гастрономски спор ги загрева односите меѓу Грција и Турција, а овој пат супата од шкембе е во центарот на спорот, објави Euronews. Јадењето, наречено „патса во Грција и „ишкембе“ во Турција, е дел од кујните на двете земји со векови, но сега ...

Деновиве, во Општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодарите. Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на Општина Аеродром. Дератизацијата ја врши Центарот за ...

Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина. Екипите на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ деновиве косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк на Франкофонијата, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните ...

Почна изградбата на нов паркинг простор на улицата „Пушкинова“. Паркингот ќе биде на површина од 437 квадратни метри, а партерно ќе биде уреден со павер елементи. Од Општина Кисела информираа дека во рамки на градежните работи соодветно ќе се реши и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. -За нас секое паркинг место е важно. Свесни сме за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жителите, па затоа ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Од Општината информираат дека во моментов активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на општината. Меѓу ...

Два камиона се судрија на дел од автопатот во близина на Стара Пазова, во правец кон Белград. Според неофицијални информации, еден камион удрил во друг камион што превезувал цилиндри за гас, предизвикувајќи истекување на гас. Не е познато за каков гас станува збор. Сообраќајот на тој дел од автопатот е прекинат. Пожарникарите и полицијата се на местото на настанот. „Патишта на Србија“ објави дека сообраќајот е пренасочен кон клучката Стара ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.58
75%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.45
80%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.95
44%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
77%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.47
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.43
40%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.36
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.92
51%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
53%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.46

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Калај

53.60

Бакар

13.10

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Рутениум

48965.59