Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Избираме потежок пат кон Европската Унија бидејќи достоинството нема цена. Ваква порака денеска испрати македонскиот премиер Христијан Мицкоски зборувајќи за иднината на Македонија, чија евроинтеграција е блокирана со барањата за промена на Уставот со цел на внесување на Бугарите во него, а содржани во преговарачката рамка договорена во 2022 година. Со ова, премиерот Мицкоски практично повторно одговори на сè позачестените притисоци од ЕУ, ...
Владимир Путин направи редок и емотивен гест кога ја покани својата поранешна професорка, Вера Дмитриевна, на прослава на Денот на победата во Москва, а потоа лично ја однесе на свечена вечера. Рускиот претседател ја пречека својата поранешна професорка по германски јазик како почесен гостин неколку дена во главниот град по парадата на Денот на победата. Извештаите велат дека на Вера Дмитриевна, 88, ѝ беше организирана културна програма за ...
Иран ја „прошири“ својата дефиниција за Ормускиот теснец на „широка оперативна зона“, многу поширока од порано, изјави висок функционер на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Теснецот повеќе не се смета за тесен појас околу неколку острови, но неговата територија и воено значење се значително проширени, изјави Мохамед Акбарзаде, според државната новинска агенција Фарс. „Претходно, Ормускиот теснец беше дефиниран како ...
Новите песни „Љубов, што е љубов“ и „Тапаните силно ми чукаат“ се доказ дека Филип и Раде подеднакво добро пливаат и во фолк и во забавната поп-музика. Ова е почеток на сето она убаво што ќе се случува понатаму во нивната кариера, со почетокот на ова долго, топло лето (Дуле Миќиќ) Браќата Филип и Раде Нуневски, попознати на сцената како „Бендот на браќа Нуне“, а ако е за споредба, како некогаш браќата Бајиќ, завчера во Скопје направија ...
Неискосената трева во повеќе делови од градот им создава проблеми на скопјани и страв од змии, откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат фотографии со влекачите, наводно направени деновиве, во разни делови од Скопје. – Во тревите не само змии туку и мечки ќе почнат да се кријат. Излезете и прошетајте покрај Вардар, до салата „Јане Сандански“, да ја видите глетката со висока трева – реагираат жители од Аеродром. Засега ниту во ...
Во скопската Зоолошка градина има посебна причина за радост. Оттаму известија дека го добиле првото јајце од фламингата. – Фламингата пристигнаа во Зоолошката градина Скопје во 2020 година, кога беше отворено нивното живеалиште, малата зелена лагуна создадена според нивните потреби. Тогаш тие беа млади единки, а кај овој вид половата зрелост и природната подготвеност за размножување доаѓаат подоцна, по неколку години. Затоа ова прво јајце е ...
Противпожарната бригада на Град Скопје доби специјално навално противпожарно возило, кое значително ќе ги зајакне капацитетите за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Станува збор за возило наменето за гасење пожари во урбана средина, како и за технички интервенции, со можност за транспорт на екипа од пет пожарникари. Возилото е производство на MAN, со цистерна за вода со капацитет од 6.000 литри и пумпа со нормален и висок ...
Неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик поднесе денеска Симона Груевска. Во објавата на нејзиниот профил на социјална мрежа „Фејсбук“, таа не наведе детални причини за нејзиното повлекување. – Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот изготвил фалсификувана диплома во која внел неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование. Како што соопштуваат од МВР, во периодот од 2020 до 2026 година тој во повеќе наврати ја употребувал дипломата ...
Владата наголемо се спрема со низа настани да го одбележи големиот јубилеј 35 години од независноста, а кулминацијата ќе биде на 8 Септември со Дејвид Гета, кој ќе настапи во Арената „Тодор Проески“. Портпаролката Марија Митева на прес-конференцијата, заедно со „Авалон продукција“, најави дека прославата ќе биде национална културна манифестација од највисок ранг, со амбиција да остави трајна вредност и силна трага во културната историја на ...
Новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки, изјави вчера македонскиот министер за правда, Игор Филков. На денешната јавна расправа одржана во просториите на МАНУ, тој зборуваше за новите правни решенија содржани во предлогот на законот за пробациската служба, со кој се унапредува организациската поставеност на системот ...
Канскиот филмски фестивал своето 79. издание го започнува вечерва (12 мај) со програма во која главно ќе бидат претставени нови дела од некои од најпочитуваните автори на уметнички филмови во светот – Педро Алмодовар, Асгар Фархади, Павел Павликовски, Кристијан Мунџиу – но без ниту еден филм од големите хуливудски студија. Фестивалот официјално ќе биде отворен со француската комедија „Електричниот бакнеж“ од Пјер Салвадори, а почесните Златни ...
Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и ...
– Презадоволен сум од начинот на кој се претставивме, како бевме пречекани, но и од присуството и реакцијата на публиката во градовите каде што настапивме. Салите беа полни, а стоечките овации траеја и повеќе од десет минути. Аплаузите завршуваа дури откако ќе се спустеше завесата. Особено сум задоволен од уметниците, младите кадри, но и од поддршката што ја имаме од генералниот директор на МОБ и од Министерството за култура и туризам. Сите ...
ЈП за Државни патишта ја проширува мрежата за продажба на М-таговите. Според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, отсега М-таг уредот може да се набави во продажни салони на двата мобилни опеаратори низ целата држава, наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар. – Ја прошируваме мрежата за продажба на М-таг уреди преку соработка со А1 Македонија и Македонски ...
Пораките од првиот ден од самитот 2026, кој се одржува во Скопје, јасно покажаа дека Македонија се наоѓа во период кога мора да донесе клучни одлуки за сопствениот развој. Инфраструктурното поврзување, економските реформи, дигиталната трансформација, подобрувањето на институциите и поголемото вклучување на дијаспората беа посочени како неопходни предуслови за посилен економски раст и побрзо интегрирање на државата во европските и во светските ...
Во првите три месеци од тековната година, највисоката постигната цена за стан по квадратен метар изнесува 177.667 денари (130.000 евра). Овој стан, со вкупна површина од 45 квадратни метри, се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода. За секој квадратен метар од оваа недвижност биле платени 2.888 евра. Овие податоци произлегуваат од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, кој денеска беше ...
Воведувањето на системот ЕЕС за влез и излез од државата ги зголеми турканиците на границите кон соседните земји, но истовремено отвори можност за летување во домашните туристички центри како Охрид, Струга и Дојран. Иако Охрид нуди плажи, спортски активности, културни содржини и гастрономски доживувања, домашните туристи во изминатите години ретко го бираа како дестинација за летен одмор поради високите трошоци. Градот важи за достапна ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration“, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и ...
ЈП за Државни патишта ја проширува мрежата за продажба на М-таговите. Според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, отсега М-таг уредот може да се набави во продажни салони на двата телекомуникациски опеаратори низ целата држава, наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар. – Ја прошируваме мрежата за продажба на М-таг уреди преку соработка со А1 Македонија и ...
– Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била ...
Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ приреди вистинска драма во третото коло на мастерсот во Рим, откако по голем пресврт го совлада Маријано Навоне и обезбеди пласман во осминафиналето. Српскиот тенисер го загуби првиот сет, но потоа успеа да ги добие следните два и по повеќе од три часа исцрпувачка борба, стигна до голема победа. Сепак, најдраматичниот момент се случи во самиот финиш на мечот. Откако стигна до меч-топка, Меџедовиќ повраќаше на ...
По слабиот резултат на локалните избори, се засилува притисокот врз британскиот премиер, Кир Стармер, да даде оставка. Оставка побараа и 80 пратеници од неговата Лабуристичка партија, како и дел од Владата. Министерката за заедници и домување, Мијата Фанбулех, е првата што поднесе оставка во вторникот, а според „Дејли телеграф“, шестмина министри ќе побараат оставка од Стармер, меѓу кои и министрите за надворешни работи, одбрана и за култура. ...
Кремљ денеска го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва нема намера да ја заврши. „Мислам дека се ближи крајот“, им рече Путин на новинарите во саботата за војната, која трае веќе пет години. Замолен да ги коментира коментарите на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека дел од трилатералната работа со ...
Паниката поради хантавирусот на крузерот MV Hondius е претерана, но може да се искористи како изговор за нови енергетски блокади во Велика Британија и Европската Унија. Ова го изјави Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот лидер за инвестиции и надворешна економска соработка. Дмитриев вели дека најновите податоци за вирусот не покажуваат знаци на поголема опасност за луѓето, но ...
Натпреварот за песна на Евровизија, кој со децении се претставуваше како аполитична прослава на музиката, гламурот и европското единство, се соочува со една од најголемите кризи во својата 70-годишна историја. Според истрагата на „Њујорк тајмс“, израелската влада систематски го користела натпреварот за песна на Евровизија во последните години како инструмент на „мека моќ“, обидувајќи се да ги искористи успесите на своите претставници за да го ...
Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика. Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „Виноскоп 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека посетителите ќе имаат ...
Општина Центар на младите од оваа општина им доделува субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. За таа цел се обезбедени 2 милиони денари. Субвенцијата изнесува 10.000 денари, а право на аплицирање имаат лицата родени во 2006, 2007 и во 2008 година. Од Општина Центар информираат дека од оваа година е воведено и олеснување на постапката, со тоа што субвенциите може да се исплатат и на трансакциската сметка на родителите ...
Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активностите за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на своја територија. Во тек се градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „9“ во населеното место Илинден. – Со реконструкцијата се спроведува целосна модернизација на водоводната мрежа на траса од околу 1.200 метри, при што се вградуваат нови и современи цевководни решенија што ќе ...
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, се пофали дека Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја, со највисока реализација на капитални инвестиции досега. – Во основниот буџет на Град Скопје за 2026 година беа планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 % во однос на 2025 година. Но, најважно е што овие средства не останаа само бројки на хартија. Во првиот ...