Русија успешно тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета, „Сармат“, која може да носи боева глава, а според рускиот претседател, тоа е „најмоќниот ракетен систем во светот“. Лансирањето на ракетата „Сармат“ се случи три месеци откако истече последниот договор на Русија со САД за ограничување на нивните нуклеарни арсенали. Според Путин, како што објави агенцијата „Франс Прес“, вкупната моќност на боевата глава на ракетниот систем ...

Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави, изјави денеска дека претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп би требало да престане да испраќа контрадикторни пораки за своите намери во војната со Иран и наместо тоа да ја заврши работата и да помогне во соборувањето на власта во Техеран. Критиката на Пахлави доаѓа во момент кога САД и Иран разменуваат предлози за долготраен мировен процес во услови на ...

Израелскиот претставник на Евровизија, Ноам Бетан, настапи на ова натпреварување и предизвика бура кај публиката како претставник на земјата поради која многумина го бојкотираат овој настан, а за време на настапот се слушнаа извици на неодобрување. Поради учеството на Израел, имаше бура пред почетокот на Евровизија оваа година, во Виена се одржаа протести, а некои земји се повлекоа од натпреварот токму затоа што Израел е сè уште дел од ...

Албрехт Вајнберг, кој преживеа низа нацистички концентрациони логори и го изгуби поголемиот дел од своето семејство во Холокаустот, почина. Вајнберг со години ги учеше учениците за нацистичките злосторства и почина на 101 година, објави „Гардијан“. „Откако се врати од Њујорк во својот дом во Источна Фризија пред 14 години, Албрехт неуморно и со неверојатна енергија зборуваше за своите ужасни искуства за време на нацистичката ера и постојано ...

Високи американски и кинески претставници се согласуваат дека ниту една земја не треба да наплаќа такси за премин низ Ормускиот теснец, соопшти Стејт департментот во вторник, што е знак дека двете земји се обидуваат да најдат заедничка основа во нивните напори да го натераат Иран да се откаже од контролата врз виталниот воден пат. Изјавата доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг подоцна ...

Бура што траеше само 15 минути предизвика хаос во Романија. Имено, само толку време беше потребно луѓето да останат без покриви на своите куќи и со градини целосно уништени од град. Метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе престанат, но дека ветерот ќе продолжи да беснее. Поројните дождови и градот ги претворија улиците во областа Вранчеа во вистински реки. За само неколку минути, сè беше покриено со дебел тепих од мраз. Налети на ветер од ...

Директивата предвидува фармацевтските компании да плаќаат 80 проценти од трошоците за дополнително прочистување на водата, за да се отстранат фармацевтските остатоци кои произлегуваат од третманот на пациентот при излачување на лековите од телото и не се поврзани со регулирани производствени процеси и прочистување на отпадните води. Во Холандија пресметале дека цените на клучните антибиотици би можеле да се зголемат до 220 проценти, а ...

Андриј Јермак, поранешната десна рака на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се најде на обвинителната клупа откако неговото име беше споменато во извештаите на две антикорупциски агенции во Украина. Андриј Јермак, поранешната десна рака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се појави на суд во Киев на 12 мај откако беше осомничен за перење пари од две антикорупциски агенции, објави „Би-би-си“. Поранешниот шеф на кабинетот ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе ја посети Кина од 13 до 15 мај на покана на претседателот Си Џинпинг, објави Министерството за надворешни работи во Пекинг во понеделник. Тоа ќе биде прва посета на американски претседател на Кина за речиси девет години и доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете земји околу низа прашања, објавува „Саут Чајна Морнинг Пост“. Посетата, исто така, се совпаѓа со кревкиот прекин ...

Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд им соопшти на членовите на кабинетот дека е подговен да се кандидира за лидер на Лабуристичката партија доколку министерот за здравство Вес Стритинг наскоро започне внатрепартиски натпревар“, објави „Тајмс“. Поранешниот лидер на лабуристите Милибанд, како што сер наведува, го поддржува градоначалникот на Манчестер Енди Бернам, кој претходно беше и висок член на британската влада, министер за ...

Здравјето на срцето не зависи само од исхраната, вежбањето и редовните прегледи. Тоа зависи и од малите вечерни рутини што многумина ги повторуваат речиси автоматски. Ако сакате да имате здраво срце, избегнувајте ги овие 6 вообичаени навики. Неколку навидум безопасни навики што ги имаме по 18 часот можат непотребно да го оптоварат срцето и да го влошат квалитетот на ноќното закрепнување на телото, тврди кардиологот Франческо Ло Монако. Ако ...

Израелската полиција денес издаде предупредување во кое се наведува дека голем број Израелци добиле пораки од непознати броеви за кои велат дека се „наменети да создадат паника и претставуваат обид на иранските разузнавачки елементи да регрутираат израелски граѓани во Израел и во странство“. Првата порака, како што објави „Си-ен-ен“, споделена од израелската полиција, го охрабрува примателот да соработува и да „контактира ирански амбасади во ...

Франција побара „поблиска координација“ меѓу здравствените служби во Европската Унија и земјите од Шенген зоната поради појава на потенцијално смртоносен хантавирус на холандски крузер кој моментално плови дома од Канарските Острови. Четворица од петте француски државјани евакуирани од бродот „Хондиус“, кои се чуваат во строга изолација во болницата Биша во Париз, имаат негативни резултати од тестот, а една жена која е позитивна на вирусот и ...

Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во врвна форма во последно време, а за тоа најдобро говорат освоените пет последователни титули на мастерс-турнирите. Тој сега ќе се обиде да стигне до шестиот во Рим оваа недела, а интересно е што ако Синер го стори тоа – ќе стане само вториот тенисер во историјата што ги освоил сите мастерс-турнири. Претходно, тоа му успеа само на Новак Ѓоковиќ, кој е сопственик на 40 мастерс титули (рекорд), додека ниту ...

Силно невреме започна во Белград околу 18:45 часот, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) најавува нова бура за околу еден час, околу 20 часот. Бурата веќе беснееше низ некои делови од Србија денес во текот на денот, а сега во српската престолнина почнаа да дуваат силни ветрови со интензивни поројни дождови кои полека се шират во сите делови од градот. Одеднаш се стемни во Белград по сончевото попладне. Силни ветрови почнаа прво да ...

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...

Француските власти започнаа со спроведување засилен болнички карантин за лица идентификувани како контакти на случаи на хантавирус. Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни вчера изјави дека „сите случаи на контакт, без исклучок“, ќе бидат сместени во засилен карантин во болнички услови, објавува француската телевизија „БФМ ТВ“. Според медиумските извештаи, дел од изолацијата започна во понеделник вечерта, додека преостанатите ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар сака да обезбеди враќање на земјата во главните текови на Европската Унија и презема брзи чекори за да ги поправи односите нарушени од долгото владеење на Виктор Орбан, пишува „Дојче Веле“. Дел од таа стратегија е план Унгарија да биде подготвена да се приклучи на еврозоната до крајот на деценијата. Но, некои во земјата, вклучително и гувернерот на централната банка, веруваат дека временската рамка може да биде ...

Британската влада, предводена од премиерот и лидер на Лабуристичката партија, Кир Стармер, го загуби својот четврти министер за еден ден, објави „Би-би-си“. Министерот за здравство Зубир Ахмед поднесе оставка бидејќи верува дека е јасно дека британската јавност „неповратно ја изгубила довербата“ во премиерот Стармер. Речиси две години по убедливата победа на општите избори и враќањето на власт во Велика Британија по 14 години, Лабуристичката ...

Опседнат со идејата дека некој го украл американското злато, претседателот Доналд Трамп повторно бара да ги провери федералните резерви во Форт Нокс. Во емисијата „Фул межр“ на „Синклер бродкаст груп“, Трамп одговори на прашање на гледач за ревизијата на Форт Нокс што наводно ја најавил минатиот февруари. Тој рече дека „си играл“ со идејата за ревизија и дека сакал да затропа на вратата на Форт Нокс, идеја што силно ја промовираше Илон Маск, ...

Контролорот на Пентагон, Џулс Херст, денес ги процени трошоците за американските воени операции во Иран на 29 милијарди долари (24,7 милијарди евра) за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Претставничкиот дом, објави американската телевизиска мрежа „Си-ен-ен“. За време на претходното сослушување на 30 април, Херст ја процени бројката на 25 милијарди долари (21 милијарда евра). „Здружениот штаб и тимот на контролорот постојано ја ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е уверен дека Иран целосно ќе го запре збогатувањето на ураниум и ќе се откаже од развојот на нуклеарно оружје, и покрај фактот дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран сè уште не постигнале напредок. „Сто проценти ќе го запре тоа“, рече Трамп во интервју за утринската програма емитувана на њујоршкото радио VABC, одговарајќи на прашањето дали верува дека Иран може да биде спречен да ...

Директивата предвидува фармацевтските компании да плаќаат 80 проценти од трошоците за дополнително прочистување на водата, за да се отстранат фармацевтските остатоци кои произлегуваат од третманот на пациентот при излачување на лековите од телото и не се поврзани со регулирани производствени процеси и прочистување на отпадните води. Во Холандија пресметале дека цените на клучните антибиотици би можеле да се зголемат до 220 проценти, а ...

Жителите на едно канадско предградие останаа парлизирани од шок по чудна сообраќајна несреќа во која мотоцикл заврши да виси од семафор. Полицијата во Делта, предградие на Ванкувер во канадската покраина Британска Колумбија, извести дека полицајците биле повикани на раскрсницата на Скот Роуд, 72-ра Авенија и 120-та улица кратко пред 15 часот во саботата, по пријава за судир помеѓу автомобил и мотоцикл, пренесе „Пипл“. „Поради силата на ...

Иранската влада објави дека пристапот до интернет ќе биде вратен во нормала по завршувањето на војната со САД и Израел. Портпаролката на иранската влада, Фатеме Мохаџерани, изјави дека властите го сметаат интернетот за дел од основна инфраструктура и граѓанско право, со порака дека се спротивставуваат на дискриминацијата во пристапот до мрежата, објави Ал Џезира. Таа изјави дека сегашната политика има за цел да обезбеди стабилен и ...

Со уставна измена, Северна Кореја ги поедностави причините поради кои може да активира нуклеарна одбрана. Со ревизија на уставот е овозможена измена на членот 3 од Законот за нуклеарна политика, кој сега гласи: Ако системот за команда и контрола на нуклеарните сили на државата е загрозен од напади од непријателски сили… автоматски и без одложување ќе биде лансиран нуклеарен удар. Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун има целосна контрола врз ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрехесус, изјави дека се очекува бројот на случаи на хантавирус да се зголеми поради периодот што поминал помеѓу појавата на првиот случај и потврдата на инфекцијата. Зборувајќи на прес-конференција, Тедрос рече дека првиот случај е регистриран на 6 април на крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), додека инфекцијата била потврдена како заразна дури на 24 или 25 април, ...

Како гром од ведро небо одекна „бомба“ дека Лука Дончиќ, суперѕвездата на Лејкерси, нема да игра за словенечката репрезентација во квалификациите за Светското првенство ова лето. Лука ја објави веста на својот профил на Инстаграм, веднаш по елиминацијата од Оклахома. Причината не е повреда, туку судски случај во Љубљана во кој Дончиќ ја тужи својата поранешна долгогодишна партнерка и мајка на нивните две ќерки, Анамарија Голтес, за ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д. (27) од Скопје. Според информациите, околу 16:20 часот на подрачјето на Аеродром, тој од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое било во движење, пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. бил извршен службен разговор, а од него бил одземен сигнален пиштол со рамка во која имало 11 парчиња муниција од ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
5.51
26%
1010
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
0.45
69%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.25
74%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
41%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
5.1
38%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
77%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
39%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.42
41%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.23
42%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.02
43%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.45
51%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Алуминиум

3.46

Калај

53.60

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46