Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, бил повикан на информативен разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија од Министерство за внатрешни работи. Според МВР, Николовски бил повикан по наредба на Основно јавно обвинителство во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. – Во тек се активности, по што соодветно ќе ја информираме јавноста – соопштија од Министерството за внатрешни ...
Според федералните податоци објавени денес, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо ги исцрпува стратешките резерви на нафта со најбрзо темпо досега, објави Си-Ен-Ен. Стратешките резерви на нафта се намалија за 8,6 милиони барели минатата недела, што е најголемиот пад досега што датира од почетокот на 1980-тите, објави американската телевизиска мрежа. Претходниот рекорд беше поставен во септември 2022 година за време ...
Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки – вели министерката за финансии,Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата. – Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја започна тридневната државна посета на Кина во ек на тековната војна во Иран, јавува Анадолу. Ова е прва посета на Кина од актуелен претседател на САД по девет години. Трамп од Меѓународниот аеродром во Пекинг ќе се упати кон својот хотел. Кинескиот претседател Си Џинпинг утре ќе биде домаќин на Трамп на разговори на ниво на самит во Големата народна сала. Конфликтот на Блискиот Исток, Тајван, ...
Екипата на Реал Мадрид се пласираше на фајнал-фор турнирот во Евролигата, но овој пат пристигнаа лоши вести од Шпанија. Имено, „кралскиот клуб“ ќе биде на завршницата без еден од најдобрите играчи во својот состав, Еди Таварес, кој има сериозна повреда на коленото. Тој се повреди на почетокот од првиот натпревар од плејоф-серијата против Хапоел Тел Авив, по незгодно „слетување“. Шпанците велат дека, со многу среќа, би можел да се врати во ...
Кејт Мидлтон пристигна во Италија, на нејзиното прво официјално патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак. Принцезата од Велс, 44, е во посета на Реџо Емилија за да ја прошири својата мисија за поддршка на децата и семејствата во нивните најрани години. Таа им зборуваше на децата на италијански На принцезата ѝ беше приреденo срдечно добредојде по нејзиното пристигнување во северниот италијански град кратко по пладне на 13 мај. ...
Шокантен луксуз, фотелји вредни милиони, салон за пури, белведер, уметнички дела, историски стил. Вака изгледа „досега скриената“ зграда на министерството на Антал Роган (кој го водеше кабинетот на Орбан и ги контролираше разузнавачките и комуникациските служби) одвнатре. Ова го напиша Петер Маѓар на неговата Фејсбук страница. Маѓар, исто така, објави видео од обиколката на зградата, забележувајќи дека „инвестиција вредна 100 милијарди ...
Бенјамин Нетанјаху тајно ги посетил Обединетите Арапски Емирати за време на конфликтот со Иран, соопшти кабинетот на израелскиот премиер. Според соопштението, Нетанјаху за време на операцијата „Рика лав“ се сретнал со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, пренесува Ал Џезира. „Оваа посета доведе до историски пробив во односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати“, се наведува во соопштението. Посетата ...
Нова студија од српски научници открива дека електронските цигари трајно ги оштетуваат белите дробови, дури и во ниски дози. Вкусовите како што е ментолот се особено опасни. Години истражувања од научници од Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство (IMGGI) покажаа дека изложеноста на кондензат од електронски цигари доведува до сериозни молекуларни промени, дури и со краткотрајна изложеност на ниски дози кои не се ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Познатиот кошаркар Џејсон Колинс почина на 48-годишна возраст, објави НБА. За жал, Колинс ја загуби битката со агресивен тумор на мозокот и лекарите не можеа да го спасат. Тој некогаш беше моќен центар кој остави длабок белег во НБА и играше во неа од 2001 до 2014 година. Во НБА пристигна како 18. избор на драфтот, а Хјустон веднаш го испрати во Њу Џерси, каде што играше до 2008 година и беше важен дел од генерацијата во која беа Џејсон Кид, ...
Маратонката од Етиопија, Јебргвал Мелесе, почина на 36-годишна возраст откако ненадејно се колабираше на тренинг, соопшти Етиопската атлетска федерација. Мелесе, победничка на престижните маратони во Хјустон, Прага и во Шангај, се подготвуваше за својот следен настап во Отава, закажан за 24 мај. Во текот на рутинска тренинг-сесија во Адис Абеба, таа доживеа здравствен колапс и беше итно префрлена во болница, но лекарите не можеа да ја спасат. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Пекинг, каде што му беше приредена церемонија за добредојде.ф Кинескиот лидер Си Џинпинг испрати висок функционер да ја предводи делегацијата за добредојде – кинескиот потпретседател Хан Женг. Хан се смета за пратеник на Си за дипломатски настани, а минатата година присуствуваше на претседателската инаугурација на Трамп. Тој е пензиониран член на Постојаниот комитет на Политбирото, највисокото ...
По смртоносната епидемија на хантавирус на бродот МВ Хондиус и новиот бран на норовирус на бродот Карибиан Принцес, повторно се поставува прашањето дали крузерите се совршено место за ширење на заразни болести. Три смртни случаи поврзани со хантавирус и повеќе од 110 инфекции со норовирус на друг брод повторно го вратија во фокусот проблемот што светот го запозна најдобро за време на пандемијата на коронавирус – колку лесно се шират вирусите ...
Предложениот систем за ракетна одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп, познат како „Златна купола за Америка“, би можел да чини дури 1,2 трилиони долари во следните 20 години, покажа нова анализа на Конгресната буџетска канцеларија (CBO), што е значително повеќе од претходната проценка на Трамп од 175 милијарди долари, објави АП. Во непартискиот извештај на CBO објавен во вторник се вели дека анализата е „еден илустративен ...
Во филипинскиот Сенат беше испукан куршум во услови на општ хаос околу зградата во очекување на апсењето на висок сенатор, објави ABC. Сенаторот Роналд дела Роса е затворен во својата канцеларија од понеделник, кога Меѓународниот кривичен суд (МКС) потврди дека бара негово апсење по обвинение за злосторства против човештвото. Не беше веднаш јасно кој ги испукал истрелите, но секретарот на Сенатот, Марк Ландро Мендоза, рече дека нема жртви. ...
Словачка денес ги затвори сите гранични премини со Украина од безбедносни причини по еден од најмасовните руски напади од почетокот на војната. Експлозиите одекнаа во Закарпатскиот регион, на само неколку десетици километри од територијата на Европската Унија. Според соопштението од Финансиската администрација на Словачка, на граѓаните им е советувано да ги следат упатствата на полицијата и надлежните служби додека продолжува вонредната ...
Агенцијата за храна и ветеринарство официјално потврди дека дивото животно кое синоќа беше заловено во скопската населба Козле е волк. Од АХВ информираат дека официјален ветеринар доцна попладнево спровел вонреден инспекциски надзор во скопската зоолошка градина, каде што животното било згрижено по заловувањето. „Врз основа на искуството во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и ...
Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните. „Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и ...
На прашање од медиумите дали телефонски се слушнал со премиерот Христијан Мицкоски и како го толкува повикот од првиот човек на Владата, државниот обвинител Ненад Савески потврдува и објаснува дека не се зборувало за детали од конкретен предмет. ”Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека е забележана зачестена појава во изминативе денови, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 да испраќаат пораки на македонски корисници за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...
Заблудите во кои тонат некои луѓе користејќи вештачка интелигенција се феномен што експертите за ментално здравје забрзано се обидуваат да го разберат. АФП пренесува приказни на луѓе кои практично се изгубиле во виртуелен свет постојано комуницирајќи со Чет-ГПТ. Том Милар, поранешен затворски чувар од канадскиот град Садбери, мислел дека ги открил тајните на универзумот. Во занесот на грозничаво откривање тој го решил проблемот со ...
Шпанија нема да се откаже од својата посветеност кон меѓународното право, и покрај зголемените критики од САД за одбивањето да дозволат нејзините воздухопловни бази да се користат за војна во Иран, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес за Политико. „Бевме една од ретките земји што испратија војници да им помогнат на САД во нивната независност“, се присети Албарес. Тој додаде дека Шпанија сака да ги одржи своите односи со ...
Александар Зверев доживеа шокантна елиминација на мастерсот во Рим, откако загуби од Лучијано Дардери со 1:6, 7:6, 6:0. Германецот целосно потфрли во третиот сет, во кој не освои ниту еден гем, а по натпреварот беше видно фрустриран и разочаран. Наместо да ја побара вината во својата игра, Зверев жестоко го нападна теренот и условите за игра. Мислам дека ова е најлошиот терен на кој сум играл. Јуниори, професионалци, фјучерс, тренинг… никогаш ...
Судот на правдата на ЕУ пресуди дека земјите-членки можат да наметнат обврска за „фер надомест“ на издавачите кога дигиталните платформи ја користат нивната содржина за вести. Со ова се потврди италијанската регулаторна рамка во спор против американската компанија Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм. Одлуката е донесена во постапка покрената откако Мета ги оспори италијанските правила, тврдејќи дека тие не се во согласност со европското ...
Фокусирана на реформската агенда, но и подготвена за избори е македонската Влада во овој период, кога сè повеќе се вжештува политичката битка меѓу власта и опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека до крајот на следниот месец речиси целосно ќе бидат исполнети главните обврски од реформската агенда. Но, истовремено кажа дека неговата владејачка партија и Владата во целина се целосно подготвени за избори, кога и да се ...
Легендарната Џоан Колинс уште еднаш докажа дека гламурот нема рок на траење. Ѕвездата од „Династија“ блесна на отворањето на 79-от Кански филмски фестивал, каде што привлече внимание на црвениот тепих во впечатлива бела тоалета и беспрекорен холивудски стил. Актерката Џоан Колинс се појави на отворањето и проекцијата на филмот „La Vénus Électrique“ во иконскиот Палата на фестивалите во Кан, уште еднаш покажувајќи зошто со децении е синоним за ...
Годинава за престижната „Златна палма“, која ќе биде доделена на 23 мај, ќе се натпреваруваат вкупно 22 филмски остварувања, а стартот го означи премиерата на француската комедија „Електричниот бакнеж“ во режија на Пјер Салвадори. На отворањето на фестивалот, на новозеландскиот режисер Питер Џексон, автор на трилогијата „Господар на прстените“, му беше доделена почесната „Златна палма“. Наградата му ја врачи актерот Елајџа Вуд, кој го играше ...
Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, споредуваат и ...
Пред да влезе во авион, Трамп најави дека долго ќе се разговара за Иран, за неколку минути подоцна да каже дека Иран нема да биде една од темите зашто „го имаме многу под контрола“. На списокот со бизнис-лидери што патуваат со Трамп се и Илон Маск, Тим Кук и Јенсен Хуанг. Администрацијата на Трамп се надева дека со оваа посета ќе почне процесот на формирање одбор за трговија со Кина, кој би можел да помогне во спречувањето на трговската војна ...