Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Владата на Србија денес ја усвои Уредбата за условите и начинот на спроведување на субвенционираната набавка на нови возила што имаат исклучиво електричен погон, а за овие цели се издвоени 170 милиони динари. Рокот за поднесување барања за набавка на нови електрични возила е од 1 март до 30 септември годинава, а субвенцијата за правни и физички лица е до 5.000 евра – во зависност од видот на возилото, објави Владата по седницата. Барањата за ...
Иако британскиот премиер Кир Стармер никогаш не бил поврзан со Џефри Епштајн, тој е во сериозна опасност да ја изгуби работата поради него. Од друга страна, претседателот Доналд Трамп, чие име е споменато илјадници пати во досиејата за осрамотениот финансиер, нема такви грижи. Како што политичката криза се продлабочува на источната страна од Атлантикот, жртвите на Епштајн во Вашингтон се борат со инерција во потрагата по правда. Оваа разлика ...
Воена игра што симулира руски напад врз НАТО откри недостаток на подготвеност на Западот за инвазија, според медиумите кои објавија временска рамка за можни случувања во таков сценарио. Симулацијата предвидува настани што ќе се случат во октомври 2026 година, кога Русија ќе ги искористи измислените тврдења за „хуманитарна криза“ во Калининград за да го заземе градот Маријамполе во Литванија, кој се наоѓа во близина на витална европска патна ...
Еден од најголемите борци во историјата на ММА, Џон Џонс (38), откри дека се бори со сериозна здравствена состојба што би можела ненадејно да ја заврши неговата славна кариера. Џонс, кој доминираше во две тежински категории, се соочува со противник кого можеби нема да може да го победи: времето и неговите последици, пишува „Гив ми спорт“. Имам тежок артритис, а повеќето луѓе не го знаат тоа, рече Џонс. „Мојот лев колк е целосно зафатен од ...
По 15 години, Мануел Нојер веројатно нема да биде член на Баерн (М) следната сезона. Иако преговорите сè уште се во тек за продолжување на соработката за уште една година со кој легендарниот голман би ја завршил својата приказна во клубот, постои голема веројатност дека Нојер ќе ги закачи ракавиците за клинот. Управата на Баерн (М) веќе размислува за потенцијални замени. Бројни голмани се поврзуваа со клубот од Минхен, а најново име на тој ...
Бизарни воени радио комуникации во кои се споменуваат термини како „переци“ и „империјални крекери од лук“ наводно се снимени во близина на строго чуваната Област 51, токму кога еден британски патник снимал мистериозно триаголно НЛО кое личи на чипсови од Доритос. Додека експертите веруваат дека таканареченото летало „Дорито“ веројатно е создадено од човек, Националниот центар за известување за НЛО забележал пораст на извештаи за слични ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела објави дека се согласил на еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, нагласувајќи го својот личен однос со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп рече дека го убедил својот руски колега да ги запре нападите врз украинските градови и енергетската инфраструктура за време на бруталниот студен бран. Проблемот за Трамп е што немало вистинско прекинување на непријателствата, барем од руска ...
Емили Доерти, единствената преживеана жртва на англискиот сериски убиец Стив Рајт, познат по озлогласениот прекар „Давител од Сафолк“, изјави дека други жени можеби ќе беа живи денес доколку полицијата ја сфатеше нејзината приказна сериозно, објави Скај њуз во петокот. Во своето прво интервју за медиумите, Доерти раскажа како убиецот се обидел да ја киднапира во градот Феликстоу во 1999 година. Таа вели дека ужасот се случил додека се враќала ...
Одделот за итни случаи во болница во Тулуз, Франција, се соочи со една од најбизарните медицински и безбедносни ситуации во својата историја кога 24-годишен маж побара помош поради она што го опиша како екстремна непријатност и силна болка во аналната област. Она што следеше ја претвори рутинската вечер во болничка драма што бараше итна интервенција на експерти за деактивирање бомби и делумна евакуација. Инцидентот се случил ноќта помеѓу ...
Речиси цели две години по исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Бор, се очекува да почне судењето на двајцата осомничени за нејзино убиство. Откако две обвиненија беа вратени на доработка, ново, трето по ред, поднесе Вишото јавно обвинителство во Зајечар до Вишиот суд во Неготин. Ова обвинение, кое се темели на нови истраги, според извори на српските медиуми е различно од претходните две, а исто е тоа што за обвинетите за убиството на ...
Сега веќе и официјално граѓаните можат да видат како директно Алфа ТВ и Богдан Илиевски го бранат Орбан. Поинаков и подиректен начин од ова не постои. Како што кажавме, Петер Шац е сопственик на 99% од „CHS Invest Group“ со мнозинство удели во телевизијата Алфа ТВ. Заедно со Агнес Адамик, сопственичка на речиси 40% од порталите, дел од медиумската мрежа за промоција на анти-ЕУ кампањата, авторитарните идеи но и црна кампања против опозицијата ...
Светската антидопинг агенција (ВАДА) би можела да започне истрага доколку се појават докази дека ски-скокачите инјектираат хијалуронска киселина во своите пениси за да ги подобрат своите изведби. Наводите, првпат објавени од германскиот весник „Билд“ минатиот месец, станаа жешка тема на разговор пред почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Се тврди дека скокачите инјектирале хијалуронска киселина во своите пениси пред да им ...
Барселона веќе некое време го „мери пулсот“ на еден од најбараните напаѓачи во светот. Првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, го смета тоа за добар политички потег, но прашањето е колку е реален. Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд е во центарот на шпекулациите за трансфер, а актуелниот шампион на Шпанија верува дека може да го ангажира во иднина. Според извори блиски до клубот, претседателот Жоан Лапорта го гледа Халанд како ...
ФОТО: Youtube Селвер Хрустиќ, државјанин на Босна и Херцеговина кој се борел во руската армија сè додека не бил заробен во Украина, раскажа со кого контактирал пред да дојде во Русија и какви биле неговите денови пред да заврши во украински затвор. Хрустиќ, кој моментално е во затвор во Украина, рече дека се приклучил на руската армија со надеж дека тоа ќе му помогне по проблемите со законот во Германија и Босна и Херцеговина, пишува ...
Амбер Лук, Австралијанката позната како „Синоокиот бел змеј“, со години ја фасцинира и шокира јавноста со својата екстремна трансформација на телото. Со повеќе од 600 тетоважи што го покриваат речиси целото нејзино тело, пресечен јазик и сино обоени очи, таа стана симбол на пркос и индивидуалност. Сепак, по една деценија помината во градење на својот уникатен идентитет, 30-годишната Амбер неодамна објави одлука што изненади многумина: таа го ...
Обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски иЗНАМ како политички субјект, се класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази. Оваа партија во изумирање наместо со аргументи и факти повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот ...
Роберт Левандовски би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Неговата сопруга Ана експлицитно го наговести тоа кога беше прашана за иднината на нејзиниот сопруг, а нејзините зборови веќе ги објавуваат медиумите во Шпанија и пошироко. „Ќе видиме како ќе помине оваа сезона во Барселона бидејќи, да речеме само, ова веројатно ќе биде последната сезона на мојот сопруг тука, па затоа ја цедиме секоја капка. Уживаме во секој момент, ...
– Авторот во фокус, Дејан Дуковски, ќе биде наш гостин и заеднички ќе придонесеме за поголема афирмација на македонската драма. Освен постојаните активности на фестивалот, снимаме документарен филм кој треба да ја отслика историјата на фестивалот, но и да ни помогне во понатамошното креирање на современиот македонски театар. За мене, овој јубилеј е можност да се направи своевидна ретроспектива на претходниците, исклучителните театарски ...
За ова може да се зборува и да се пишуваат мемоари, но никогаш нема ништо да се реши како што треба. Парите си го прават своето, естрадната мафија е секогаш над пејачите, па на кој како ќе му се „посреќи“. Неодамнешната свежа случка со Здравко Чолиќ, кој поради својот брат мораше да ги враќа старите лихварски долгови, ја отвори Пандорината кутија. Преплетена е мрежата која, за жал, функционира со години наназад. Се поставува логичното прашање ...
Историска заплена на меѓу 27 и 30 тони марихуана е неофицијалниот резултат на големата синоќешна акција на македонската полиција и на Обвинителството, со цел да се спречи илегалната трговија со оваа наркотична дрога. Јавноста вчера беше во исчекување и на официјална потврда за запленетото количество, но до затворањето на весникот, не дојде таква потврда од македонското МВР. Но, видеоснимките во медиумите на кои се гледаат бројни камиони и ...
Националниот Џез-оркестар, на 19 февруари, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист, Ренато Чико (Renato Chicco). Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Lionel Hampton и музички директор на Jon ...
Во Галерија МКЦ, на 10 февруари, во 19:30 часот, ќе се отвори самостојна изложба на уметницата Цветанка Јованова-Хермес. Со изложбата насловена „Емоција во боја“, Јованова-Хермес ја одбележува својата 20. самостојна изложба, претставувајќи околу 30 дела во кои бојата е главниот носител на емоцијата, движењето и внатрешната состојба. Делата се движат меѓу фигурацијата и апстракцијата, со силен експресивен потег и со интензивна колоритна ...
Битолскиот пејач Сефедин Бајрамов, заедно со Камерниот оркестар на Битола и со своитегости Ана Петановска и Виктор Апостоловски, на 12 февруари, во пресрет на празникот на виното и љубовта, ќе одржи концерт насловен „Прстен за неа“, во големата сала на Центарот за култура – Битола. – Ова нема да биде обичен концерт, туку ќе претставува музичка приказна наменета за љубовта, емоциите, ветувањата и вечните песни што не се забораваат – вели за ...
На 96 годишна возраст почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметноста и археологија, автор на повеќе од 200 стручни и научни трудови посветени главно на средновековната уметност, филмски и телевизиски сценарист. Долги години беше почесен конзул на Јапонија во Република Македонија. Роден е на 5 април 1929 го Штип. Од 1953 работеше во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на ...
Договорот на УПОЗ со Владата за зголемување на платите за 40 проценти е прифатлив за 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ. До крајот на неделава, се очекува да се изјаснат сите синдикални организации, а потоа Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор, се вели во соопштението од УПОЗ. ...
Овчарите бараат зголемување на откупната цена на јагнето и крај на манипулациите од страна на трговците. Откупувачите ги откупуваат јагнињата по пониска цена, а потоа ги продаваат на црно по далеку повисока. Во малопродажбата, цената на килограм јагнешко достигнува 1.200 денари, а овчарите не можат да постигнат откупна цена од 300 денари. Овчарите се револтирани и поради каснењето на субвенциите, поради што, како што велат, стадата се ...
Стабилниот курс на денарот во однос на еврото и натаму ја зајакнува довербата во економијата, инфлацијата бележи стабилизирање и натамошно намалување во текот на годината. Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, овие податоци кажуваат дека монетарната политика ја исполнува својата главна цел – одржување на ценовната и на финансиската стабилност. – Стабилниот девизен курс на денарот, кој се одржува веќе со децении, претставува ...
Во периодот јануари – декември 2025 година, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и со Србија, кои заедно сочинуваат 47,8 % од вкупниот обем на надворешната трговија на Република Македонија. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 % во вкупната трговска размена. Според податоците на Државниот завод за статистика, трендот на раст на извозот и на увозот продолжил и во 2025 година. Вкупната вредност на ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, јавно потврди дека странските инвестициски фондови се заинтересирани за македонскиот пазар на недвижности, особено за купување станови во новоградба. Тој истакна дека еден дански фонд веќе купил околу 40 стана во централното градско подрачје на Скопје, но засега останува нејасно дали ќе се издаваат или ќе се чуваат како „замрзнат капитал“. Славески предупреди дека ваквите вложувања се врзани со ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ, со цел унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше за актуелните состојби и можностите за воспоставување нови авиолинии како начин за подобро поврзување на Македонија и Црна Гора. Вицепремиерот го запозна амбасадорот со ...