Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот откри дека за време на посетата на Пекинг разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за укинување на санкциите врз кинеските компании што купуваат иранска нафта и дека наскоро ќе биде донесена одлука за ова прашање. Вашингтон неодамна воведе санкции врз неколку кинески рафинерии за нафта поради купување на тој енергетски извор од Иран. Меѓу нив е и „Хенгли петрохемикал“, една од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого се согласи дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат. „Трамп се врати од Кина. Се согласивме дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат. Ормутскиот теснец мора веднаш да се отвори. На Техеран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“, напиша Мерц на својот X профил. Мерц напиша дека тој и Трамп разговарале и за ...
Пентагон ги откажа плановите за привремено распоредување на 4.000 американски војници во Полска, изјавија двајца американски функционери, изненадувачки потег што повторно ги отвора прашањата за претходно објавеното намалување на трупите во Европа од страна на претседателот Доналд Трамп. Портпаролот на Пентагон одби да коментира за извештајот, а еден пратеник рече дека одлуката сè уште не е доставена до Конгресот. Нема официјално соопштение. ...
Атмосферата над Европа претрпува значителна промена бидејќи длабок циклонски бран се движи низ центарот на континентот, носејќи значително постуден воздух далеку на југ и зголемувајќи го ризикот од утрински мразови. Судирот на оваа необично ладна воздушна маса со топол и влажен воздух над Медитеранот создава услови за период со екстремни временски услови. Областите од северна Италија до јадранскиот брег на западен Балкан се загрозени од ...
„Инвестирајте веднаш“, „Поддржете го Трамп“, „Вашиот чек вреди 10.000 долари по изборите“. Вака изгледале пораките што со месеци стигнувале до американски граѓани, главно постари луѓе, убедувајќи ги дека купуваат специјални „Trump Bucks“ – наводно поврзани со Доналд Трамп и неговата претседателска кампања. Но, според американските федерални власти, станува збор за добро организирана интернет-измама зад која стојат двајца македонски државјани ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се согласиле дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен и дека конфликтот на Блискиот Исток треба да заврши, по разговорите што ги имал со кинескиот претседател Си Џинпинг. Иако беа објавени малку детали од средбите во Кина, според „Ал Џезира“, двете страни постигнале согласност околу клучните прашања поврзани со безбедноста на поморскиот сообраќај и прекинот на војната во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја заврши тридневната посета на Кина и го напушти Пекинг по средбите со кинескиот претседател Шји Џинпинг, за време на кои двајцата лидери разговараа за трговијата, Иран, енергијата и односите меѓу двете најголеми економии во светот. Трамп се качи на Air Force One по прошталниот ручек и неформалниот собир во комплексот Џонгнанхаи, резиденцијата на кинеското државно раководство. На аеродромот го испрати ...
Скандалот со Анриј Јермак, поранешниот шеф на украинската претседателска канцеларија, кој е во притвор за перење пари, можеби, нема да ја заниша позицијата на својот близок пријател, претседателот Володимир Зеленски, но со сигурност ќе удри по неговиот рејтинг. Според антикорупциските власти, групата на која ѝ припаѓал Јермак, а која наводно ја водел уште еден близок човек на Зеленски – Тимур Миндич, испрала пари во износ од 460 милиони ...
Припадниците на украинските сили за беспилотни системи уништиле руски амфибиски авион Бе-200 и погодиле хеликоптер Ка-27 во ноќен напад со беспилотно летало врз воен аеродром во Јејск, потврди денес командантот на силите, Роберт Бровди. Јејск е големо морско пристаниште во северозападниот Краснодарски крај. Според Националната служба за статистика за 2017 година, градот Јејск имал население од 84.259 жители. Нападот на рускиот аеродром го ...
Медиумската империја изградена од владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, клучен столб на 16-годишното владеење на националистичкиот лидер, брзо се урива по изборите минатиот месец кои ненадејно го завршија неговото владеење. Во рок од неколку недели од изборите, на кои централно-десничарската опозиција предводена од Петер Маѓар победи со убедлива победа, високи личности од некои од најистакнатите про-Орбански медиуми беа ...
По изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека нема да присуствува на прославата на Денот на независноста на Црна Гора бидејќи тоа е настан што го слави „отцепувањето од Србија“, реагираше и Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од враќањето на црногорската независност да се претставува како чин насочен ...
Авион што летал од Хургада до Минхен извршил итно слетување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако екипажот пријавил чад во кабината, објави „Блиц“. Според извештаите, авионот слетал пред некое време, а патниците во моментов се евакуираат. Ситуацијата засега се чини дека е стабилна, додека надлежните служби спроведуваат безбедносни процедури на аеродромот. Засега нема информации за повредени или што го предизвикало чадот во кабината. ...
„Инвестирајте веднаш“, „Поддржете го Трамп“, „Вашиот чек вреди 10.000 долари по изборите“. Вака изгледале пораките што со месеци стигнувале до американски граѓани, главно постари луѓе, убедувајќи ги дека купуваат специјални „Trump Bucks“ – наводно поврзани со Доналд Трамп и неговата претседателска кампања. Но, според американските федерални власти, станува збор за добро организирана интернет-измама зад која стојат двајца македонски државјани ...
Состојбата на Лука Дончиќ, кој е надвор од терените од 2 април, е многу посериозна отколку што првично се мислеше. Словенечкиот кошаркар не одигра ниту еден натпревар во НБА од тој ден, а новите информации укажуваат за подолго закрепнување. Во негово отсуство, Лос Анџелес лејкерс беше поразен од Оклахома со вкупен резултат од 4:0 во полуфиналето на Западната конференција. Многумина веруваат дека со Дончиќ на теренот, исходот ќе бил поинаков. ...
Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“, кој претставува една од првите конкретни локални иницијативи за создавање енергетска заедница во Република Македонија. Соларната градина ќе биде поставена во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ќе овозможи производство и користење на обновлива енергија преку заеднички модел на соработка меѓу општината, граѓаните и партнерските ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски го посети СОС Детско село, каде што оствари средба и дружење со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата. За време на посетата биле донирани подароци, но, како што истакна Ѓорѓиевски, најголем впечаток му оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите луѓе кои растат во СОС Детско село. -Овие деца се вистински херои. Меѓу нив ...
Највисоката здравствена агенција во Африка прогласи појава на епидемија на ебола во источната провинција Итури во Демократска Република Конго. Околу 246 случаи и 65 смртни исходи се пријавени, главно во рударските градови Монгвалу и Рвампара, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ). Во соопштението објавено во петок се додава дека се организира состанок со Демократска Република Конго, Уганда, Јужен Судан и ...
Механизмите за врбување остануваат исти: се наоѓа личност што поминува низ тежок период и ѝ се посветуваат внимание, разбирање и чувство на припадност, а семејството, пријателите и претходните врски се претставуваат како пречки или опасности. Потоа доаѓаат финансиските барања, контролата на информациите, јавното понижување, користењето на приватните исповеди како средство за морална уцена, а во најтешките случаи, сексуално насилство и физичко ...
Дали возачите во Македонија, и посебно во Скопје, ѝ се враќаат на својата „омилена“ практика на непочитување на сообраќајните правила и прописи? Односно, дали по првичниот позитивен ефект по стартот на системот „Безбеден град“ на почетокот на февруари и намалувањето на бројот на сообраќајните прекршоци и незгоди, сега пак се враќа трендот на нивното зголемување? Ваквата дилема се поставува откако ќе се видат податоците за направените ...
Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000. Гинеколозите предупредуваат дека се потребни поголема грижа за женското репродуктивно здравје, подобра превенција и посилна институционална поддршка Во последната деценија, Македонија бележи значителен пад на бројот ...
На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 ...
Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија е отворена самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...
Во рамките на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, на 16 мај, во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини. Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде што секој момент носи нова неизвесност. Насловната улога ќе ја игра Марија Јелиќ од Србија, а во екипата се и солисти од Бугарија, Италија и од ...
Македонската стрип-цртачка и илустраторка Славица Купенкова, позната под уметничкото име Dona da Vidra, ќе ја претставува Македонија на претстојниот 11. Меѓународен фестивал на стрип и фантастика во Сомбор (11. Somborski Internacionalni Festival Stripa i Fantastike). Наградуваната уметница ќе дебатира и ќе го промовира својот најнов графички роман на престижниот меѓународен настан во Србија. Како што информира македонскиот промотор Томе ...
Јасмина Шопова, потпретседателкa на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ истакна дека „Деновите на поезијата“ не се ограничуваат на јубилеи, но се клучен момент бидејќи идејата водилка на манифестацијата е токму незаборавот, негувањето на културното наследство и нишката која ги поврзува некогашните и сегашните генерации, минатото и иднината Инспирирани од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата што го надлетала неговиот свет ...
Владата продолжува со мерките за поддршка на домашната економија и на малите бизниси, со цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, поттикнување на модернизацијата на производството и отворање нови можности за раст и развој. Преку новиот пакет финансиска помош, фокусот е ставен на микро, малите и средните претпријатија и на занаетчиите, како двигатели на економската активност во државата. Министерството за економија и труд ...
Во соработка со Македонската радио-телевизија, Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“, во режија на Коле Ангеловски. Проекцијата ќе се одржи утре, во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот. – Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните може да резервираат место на следните ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и за иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со фокус на младите семејства, децата и на повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. ...
Во Општина Ѓорче Петров започна со реализација пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. – Во рамките на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и „Алпакеко“, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на Општината – информираа од Општина Ѓорче ...
Донаторството и хуманоста секогаш оделе заедно, а Скопје и скопјани секогаш несебично ги негувале низ целата своја историја. Примерите покажуваат дека тие имаат големо и широко срце, а донаторството им е во крвта. Донаторството во Скопје има долга традиција, пред сѐ во однос на градењето верски објекти. Религијата и црквата биле заштитнички што го чувале духовниот и националниот идентитет на народот. Затоа, според познатиот скопски хроничар ...