Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Индија денес ги зголеми цените на горивата на бензинските пумпи за првпат по војната меѓу САД и Израел и Иран, со цел да ги ублажи загубите предизвикани од глобалниот пораст на цените на нафтата. Цените на горивата се зголемија за три рупии по литар, или 0,027 евра, па така литар бензин во Њу Делхи сега чини 97,77 рупии (0,88 евра), а литар дизел чини 90,67 рупии (0,81 евра). Индија увезува околу 90 проценти од своите потреби за нафта и е ...
Мексико се подготвува за организација на Светското првенство во фудбал, но безбедносната ситуација во земјата станува сериозна причина за загриженост. По ликвидацијата на озлогласениот наркобос, Немесио Осегера Сервантес, водачот на картелот Халиско, насилството ескалираше во повеќе мексикански држави. Картелите одговорија со блокади на патишта, вооружени пресметки, палење возила и грабежи, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може ...
Израел и Либан се согласија да го продолжат прекинот на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи на 16 април за 45 дена, соопшти во петок американскиот Стејт департмент, пренесува Ројтерс. „Прекинот на непријателствата, кој стапува на сила на 16 април, ќе биде продолжен за 45 дена за да се овозможи понатамошен напредок“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот. Стејт департментот ги опиша разговорите меѓу ...
Израел денеска изврши напад во Газа со цел ликвидација на шефот на вооруженото крило на Хамас, Из ал Дин ал Хадад, кого го смета за еден од главните организатори на нападот од 7 октомври 2023 година. Израелските власти соопштија дека Ал Хадад бил цел на воздушен удар во градот Газа. Тој ја презел командата над военото крило на Хамас по ликвидацијата на Мохамед Синвар во мај 2025 година. Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин ...
Најголемиот нарцис во хороскопот крши срца затоа што бара аплауз, а не љубов. Препознајте ја неговата манипулација на време пред да се изгорите. Заборавете на романтичните бајки. Првата средба со реалноста боли, затоа што најголемиот нарцис во хороскопот наплаќа превисока цена за секоја илузија што ја имате. Кога маж Лав ќе влезе во вашиот живот, на почетокот сè изгледа како филм, но маските паѓаат штом ќе помине првата фаза на маѓепсаност. ...
Ситуацијата во редовите на Милвоки, очигледно, била далеку од нормална оваа сезона, а шокантни детали за атмосферата во тимот откри центарот Мајлс Тарнер. При гостување во еден американски поткаст, Тарнер зборуваше за недисциплината во соблекувалната и откри дека играчите редовно доцнеле на состаноците, видеоанализите, па дури и на летовите на тимот. Тоа беше едно од најлудите нешта што сум ги видел. Ако требаше да полета авионот во 14:00 ...
Домат полн со хемикалии е препознатлив на прв поглед, но повеќето купувачи сепак паѓаат на истиот трик за продажба. Совршено униформна боја, безживотно стебло и целосно отсуство на мирис се првите знаци дека овошјето доаѓа од лабораторија, а не од нива. За да избегнете купување вештачко овошје, доволно е да обрнете внимание на неколку клучни детали кои никогаш не лажат. Специјален тест со стебло, кој продавачите се обидуваат да го сокријат, ...
Лука Дончиќ првпат во кариерата нема да настапи за словенечката репрезентација, а словенечките медиуми откриваат дека причината не е ниту повреда ниту притисок од Лос Анџелес лејкерс, туку тешката семејна ситуација и борбата за старателство над неговите ќерки. Според словенечкиот портал „Екипа свет24“, Дончиќ веќе со месеци се соочува со сериозни приватни проблеми поврзани со поранешната партнерка, Анамарија Голтес. Наводно, фиксните судски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти Пекинг во петокот без никакви конкретни договори за горливите прашања што ги затегнаа односите меѓу двете сили, но неговата дводневна посета се чини дека ги стабилизираше односите со кинескиот лидер Си Џинпинг – барем засега, објавува CNN. За време на дводневните интензивни состаноци и раскошни церемонии, лидерите разговараа за низа теми, од Иран и Тајван до трговија, на првата таква средба во ...
Европските акции завршија со остар пад во петокот откако податоците покажаа забрзување на инфлацијата во САД, а цените на нафтата растат. Тоа ги поттикна стравувањата дека каматните стапки би можеле да останат високи подолго време, објави CNBC. Паневропскиот индекс STOXX Europe 600 падна за 1,6 проценти, германскиот DAX падна за 2,07 проценти, францускиот CAC 40 падна за 1,6 проценти, британскиот FTSE 100 изгуби 1,71 процент, а италијанскиот ...
Грчки танкер со сурова нафта денеска исплови од Заливот кон Индија, откако успешно помина низ Ормускиот теснец, еден од ретките вакви премини оваа недела. Според податоците за следење на бродови, танкерот „Каролос“, кој плови под либериско знаме и има капацитет од околу еден милион барели нафта, на 14 мај го поминал теснецот и сега се движи кон индиското пристаниште Сика. Во посебен случај, низ теснецот поминал и танкер под панамско знаме ...
Холандски државјанин синоќа се однесувал агресивно кај Градежниот факултет во Скопје и бил пријавен дека носел пиштол на појасот. Кога полицајци дошле за да го уапсат, 22-годишниот Холанѓанец им пружил отпор, но тие го совладале, соопшти МВР. Според информациите, осомничениот со иницијали С.С.С. пред апсењето бил во угостителски локал во близина, каде агресивно се однесувал со персоналот и со гостите, кои забележале дека носи пиштол на ...
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае на безбедноста на неговата земја. „Добив гаранции, што е важно за мене, дека ова се логистички одлуки и дека тие нема директно да влијаат на одвраќањето и безбедноста на Полска. Полска беше, е и ќе биде најсигурен, најлојален сојузник, и за САД и за другите сојузници на НАТО“, рече Туск, кој денес ги посети ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети одмазда против Русија во понеделникот откако во ракетен напад врз станбена зграда во Киев загинаа 24 лица, меѓу кои и три деца, додека американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новите напади би можеле да ги поткопаат напорите за дипломатски крај на војната. Зеленски положи црвени рози на урнатините на зграда во киевската област Дарницки, на левиот брег на реката Днепар, каде што ...
За време на враќањето на американската делегација од Кина, персоналот на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ не дозволил да се внесат никакви предмети од кинеско потекло во авионот, тврди дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, наведувајќи дека сè што добиле завршило во ѓубре пред да се качат. „Американскиот персонал зел сè што кинеските претставници ѝ дале на делегацијата, вклучувајќи акредитации, привремени телефони и ...
Сопственик на криптовалута успеа да го врати својот биткоин паричник, кој содржеше богатство во вредност од речиси 400.000 долари, откако му помогна вештачкиот бот на Антропик, Клојд. Вештачката интелигенција анализираше стари дигитални податоци и помогна да се врати пристапот до паричникот, кој беше заклучен 11 години. Биткоин паричникот остана недостапен бидејќи сопственикот ја заборави лозинката што ја создаде во студентските денови, и ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „А1 Македонија“, Методија Мирчев, ...
Судскиот совет денеска, на итна седница, донесе едногласна одлука привремено да го оддалечи од судиската функција вршителот на должност претседател на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији. Оваа драстична мерка следува откако против него беше отворена опсежна истрага под сомнение дека примил поткуп во износ од 8.000 евра за незаконско влијание врз судски одлуки. На неговото место во гостиварскиот суд, како нов вршител на должност претседател, ...
Според информациите од падокот, тимот на Мерцедес Ф1 подготвува голема техничка надградба за претстојната трка за Големата награда на Канада, а првичните процени сугерираат дека новиот пакет би можел да донесе дури три десетинки од секундата по круг. Мерцедес моментално има целосна контрола врз шампионатот во Формула 1, откако Џорџ Расел славеше во Австралија, додека младиот Кими Антонели врза три победи и го презеде врвот во генералниот ...
Екипата на Реал Мадрид реши да го пополни ростерот за завршницата од сезоната. „Кралскиот клуб“ е во завршни преговори за ангажман на турскиот центар Омер Јурчевен до крајот на сезоната, објави „Баскет њуз“. Мадридскиот гигант бара итно засилување под кошевите по проблемите со ростерот, откако остана без Еди Таварес и Алекс Лен, па во моментов Усман Гаруба е единствениот класичен центар во тимот. Според информациите, Јурчевен ќе може да ...
Началникот на полицијата во Белград и поранешен советник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Веселин Милиќ, е уапсен денес, беше објавено во Белград, во продолжение на истрагата и расветлувањето на околностите за исчезнувањето на Александар Нешовиќ на 12 мај, кого медиумите го поврзуваат со еден од криминалните кланови на Белград. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), Милиќ е уапсен од страна на припадници на ...
Медиумите од ЕУ денес оценуваат дека договорите постигнати на средбата меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп се исклучително важни за светските односи и Европа, особено за смирување на војната во Иран и нафтената криза, но тие веруваат дека тоа не ја намалува битката на двете суперсили за светска доминација. Францускиот весник „Ле Монд“ смета дека за таа цел доаѓа „клучен ...
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди источниот брег на островот Хоншу, Јапонија. Според првичните податоци, епицентарот бил на длабочина од околу 40 километри, лоциран североисточно од градот Ишиномаки, објави 4news.mk Иако станува збор за моќен удар кој бил почувствуван на поголема оддалеченост (дури и во Камагаја, на 395 км од епицентарот), добрите вести се дека: Не е издадено предупредување ...
Американскиот претседател Доналд Трамп не смеел да го користи својот личен мобилен телефон за време на посетата на Кина, во согласност со строгите безбедносни мерки што се во сила за американската делегација во Пекинг, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на портпарол на Белата куќа. Според американскиот весник, Трамп и членовите на неговиот тим биле предупредени да не користат лични уреди за време на престојот во Кина поради ризик од надзор, ...
Марија ван Керхове, директорка на Одделот за епидемиска подготвеност и превенција на Светската здравствена организација (СЗО), изјави на 15 мај дека едно лице од Соединетите Американски Држави, кое претходно било тестирано со неубедливи резултати, е потврдено дека е негативно на хантавирус, со што вкупниот број на случаи во светот се намали на 10 од 11. Ван Керхове рече дека во претходниот извештај е вклучено едно лице од Соединетите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот откри дека за време на посетата на Пекинг разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за укинување на санкциите врз кинеските компании што купуваат иранска нафта и дека наскоро ќе биде донесена одлука за ова прашање. Вашингтон неодамна воведе санкции врз неколку кинески рафинерии за нафта поради купување на тој енергетски извор од Иран. Меѓу нив е и „Хенгли петрохемикал“, една од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого се согласи дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат. „Трамп се врати од Кина. Се согласивме дека преговорите со Иран мора веднаш да започнат. Ормутскиот теснец мора веднаш да се отвори. На Техеран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“, напиша Мерц на својот X профил. Мерц напиша дека тој и Трамп разговарале и за ...
Пентагон ги откажа плановите за привремено распоредување на 4.000 американски војници во Полска, изјавија двајца американски функционери, изненадувачки потег што повторно ги отвора прашањата за претходно објавеното намалување на трупите во Европа од страна на претседателот Доналд Трамп. Портпаролот на Пентагон одби да коментира за извештајот, а еден пратеник рече дека одлуката сè уште не е доставена до Конгресот. Нема официјално соопштение. ...
Атмосферата над Европа претрпува значителна промена бидејќи длабок циклонски бран се движи низ центарот на континентот, носејќи значително постуден воздух далеку на југ и зголемувајќи го ризикот од утрински мразови. Судирот на оваа необично ладна воздушна маса со топол и влажен воздух над Медитеранот создава услови за период со екстремни временски услови. Областите од северна Италија до јадранскиот брег на западен Балкан се загрозени од ...
„Инвестирајте веднаш“, „Поддржете го Трамп“, „Вашиот чек вреди 10.000 долари по изборите“. Вака изгледале пораките што со месеци стигнувале до американски граѓани, главно постари луѓе, убедувајќи ги дека купуваат специјални „Trump Bucks“ – наводно поврзани со Доналд Трамп и неговата претседателска кампања. Но, според американските федерални власти, станува збор за добро организирана интернет-измама зад која стојат двајца македонски државјани ...