Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Попладнево на автопатот Велес–Скопје, се запалил автобус со прилепски регистарски таблички во близина на наплатната станица Отовица. Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени. Според информациите од Министерството за внатрешни работи за медиумите, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за ...
Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од клучните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност кон населбата Драчево и околните места во Општина Кисела Вода, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој денеска изврши увид во градежните работи на трасата што деновиве се довршува. Тој најави дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат ...
Откако авионот на „Кроација ерлајнс“ не успеал да полета за Франкфурт, ја напуштил пистата и завршил на едната страна на тревната површина. Притоа, претрпел штета од судир со вертикалната ознака и светлата на работ на пистата, пренесе хрватски „Тпортал“. Дека авионот скршнал од пистата и претрпел штета при полетувањето, од непознати причини, му било потврдено на новинарот на „Слободна Далмација“, Ивица Марковиќ, а го потврдил и ...
Десетици, можеби стотици илјади демонстранти се собраа во Лондон на масовен марш „Обединето Кралство“ организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, а во градот се одржуваат и ривалски пропалестински демонстрации. Во исто време, десетици илјади фудбалски навивачи се упатуваат кон стадионот „Вембли“ за финалето на ФА Купот, што предизвика масовни безбедносни мерки во главниот град. Повеќе од 4.000 полицајци се распоредени во ...
Маринирањето пилешко е еден од најлесните начини да го направите месото посочно, поароматично и повкусно, без многу труд и компликации. Овие четири едноставни и вкусни маринади кои се подготвуваат брзо и лесно се вклопуваат во секојдневното готвење, но и во пикниците и викенд дружењата во природа. Најголемиот проблем ќе ви биде за кој начин да се одлучите. Целиот процес е многу практичен – пилешкото се става во кеса за замрзнување со патент, ...
Германска студија на Институтот Фраунхофер за интегрирани кола покажа дека 48 проценти од европскиот пазар на е-цигари е составен од производи од нерегуларни извори. Вредноста на овој паралелен црн пазар се проценува на 6,6 милијарди евра, додека, според проекциите на авторите на студијата, таа би можела да достигне 10,83 милијарди евра до 2030 година. Студијата, исто така, покажа дека 90 проценти од е-цигарите увезени во Европската Унија ...
Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската здравствена организација (СЗО) апелираа до ООН да ја прогласи климатската криза за глобална вонредна состојба за јавно здравје, што е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го издаде. Паневропски панел од 11 члена процени дека климатските промени претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за здравјето на луѓето ширум светот, наведувајќи го зголемениот број на смртни случаи од ...
Претседателот Александар Вучиќ ги замоли медиумите да не објавуваат непроверени информации во врска со инцидентот во ресторанот во Сењак. Тој истакна дека телото на исчезнатиот А. Н. сè уште не е пронајдено. „Имавме неколку медиуми кои објавија како е пронајдено телото на убиениот човек, а сè уште не знаеме, односно немаме потврда, знаеме дека имало пукање, бидејќи пронајдовме траги од тоа“, рече Вучиќ. „Некои луѓе мислат дека можат да ги ...
Осум лица загинаа денес во Бангкок во судир помеѓу товарен воз, градски автобус, неколку автомобили и мотоцикл, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила на прометна тесна улица во близина на железничката станица, која исто така го опслужува аеродромот во централниот дел на тајландската престолнина. Автобусот и неколку автомобили се запалија по судирот, а видеата на социјалните медиуми покажаа како возот турка неколку возила по шините, ...
Две лица ги загубија животите денес во Германија кога мал авион се урна во Лимбургерхоф, јужно од Манхајм. „Според досегашната истрага, двајца патници во авионот загинаа во несреќата“, изјави портпаролот на полицијата Торстен Мишлер, објави „Билд“. Уште едно лице е повредено, објави германскиот SWR, повикувајќи се на заменик-инспекторот за заштита од пожари и катастрофи Аксел Фишер, пренесе „Танјуг“. ИЗДВОЕНИ Стејт департмент: Израел и Либан ...
Денес на аеродромот во Сплит се случила несреќа за време на полетувањето на авион на „Кроација ерлајнс“, пишува „ДалмацијаДанас“. Според првичните информации, авионот требало да полета, но од засега непозната причина завршил надвор од пистата, на тревната површина покрај пистата. Лизгањето, како што дознава „ДалмацијаДанас“, се случило за време на полетувањето, поради засега непознати и непредвидени околности. Во овој момент не е познато дали ...
Американскиот актер Џон Траволта ја доби почесната Златна палма на овогодинешниот Кански филмски фестивал, пред светската премиера на неговиот режисерски деби „Ноќен лет до Лос Анџелес“. Почесната награда му ја додели на Траволта директорот на фестивалот Тиери Фремо за време на церемонијата одржана во Кан. Траволта, двократен номиниран за Оскар, го претстави својот прв игран филм како режисер на фестивалот, кој е базиран на неговиот роман од ...
Ирачки државјанин обвинет за учество во повеќе напади врз американски интереси во Европа е уапсен и однесен во Соединетите Држави, каде што ќе се соочи со обвиненија за тероризам, објави Министерството за правда на САД. Обвинителите во соопштението синоќа изјавија дека осомничениот, Мохамед Бакер Саад Дауд Ал-Саади, бил висок член на милитантната група „Катаиб Хезболах“, поддржана од Иран, и го обвинија за обезбедување материјална поддршка на ...
Џамиите во северниот дел на Појасот Газа денес ја објавија смртта на командантот на военото крило на „Хамас“, Иза ал-Дин ал-Хадад, еден ден откако израелската војска соопшти дека бил цел на воздушни напади. Според сведоци, „мачеништвото“ на ал-Хадад е објавено во неколку џамии во Газа, објавува „Ројтерс“. Хамас официјално не ја потврди ниту негираше информацијата за судбината на својот воен командант. Израелските одбранбени сили (ИДФ) ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека гарантира дека во наредниот период ќе спречи „половина од дилерите на дрога да имаат полициско обезбедување“ и потврди дека таква ситуација постои веќе 40 години. „Ова се случува веќе 40 години. Еве, супер. Можеби немам сила, но имам волја да го сменам и гарантирам дека ќе го сменам. Половина од нив знаат кој е секој дилер на дрога, па ако знаете зошто е на слобода? Државата го штити на еден ...
Осумдесет лица починаа во Конго по повторното појавување на епидемијата на ебола, соопшти Министерството за здравство на земјата во нов извештај. Министерството ги потврди новите случаи доцна синоќа, откако во најновиот извештај беа потврдени 246 случаи и 65 смртни случаи, а инфекцијата се прошири во провинциите Рвампара, Монгвала и Бунија, објави денес британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница. Африканските центри за контрола и ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Според информациите од полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу еден часот по полноќ, а при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол. Како што се наведува во пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година ...
Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот. Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со ...
Министерството за спорт продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура. По тригодишен застој продолжува изградбата на базенот во Струмица, почнат и оставен недовршен од претходната власт. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникотна Општина Струмица, Петар Јанков, денеска изврши увид во градежните работи набазенот.Констатирано беше дека работите се одвива според планот и дека базенот ќе биде завршен во ...
Маж каснат од ајкула на западниот брег на Австралија им подлегна на повредите денес, соопшти локалната полиција. Ова беше втор фатален напад од ајкула регистриран во Австралија оваа година, а жртвата беше 38-годишен маж кој беше каснат од животното утрово во близина на островот Ротнест, во близина на Перт, додаде полицијата, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница. Мажот беше донесен на брегот, но спасувачите не беа во ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај, објави денес Кремљ. За време на посетата, која ќе се одржи само неколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, рускиот лидер ќе разговара со својот кинески колега Шји Џинпинг за начините за „понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка“ меѓу Русија и Кина, објави истиот извор. Путин и Шји ќе „разменуваат мислења за ...
Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерик Трамп, објави дека ќе поднесе тужба против поранешната портпаролка на Белата куќа Џен Псаки и телевизискиот канал „Ем-ес нау“ (MS Now) за, како што тврди, ширење неточни информации. Тој го објави ова на својата страница на социјалната мрежа „Икс“. Причината за правната постапка се изјавите дадени од Псаки во нејзината емисија на каналот Ем Ес Нау, во која таа претпостави дека Ерик Трамп го ...
Идеалниот појадок, според диететичарите и нутриционистите, треба да изгледа токму вака. Ако ги има сите овие состојки, тоа е најдобриот појадок во светот. Појадокот од многумина се смета за најважниот оброк во денот, но експертите за исхрана нагласуваат дека квалитетот е многу поважен од самото јадење што било наутро. Диететичарите и нутриционистите се едногласни: најдобриот појадок е оној што постигнува рамнотежа помеѓу протеини, влакна, ...
Израел и Либан се согласија, по уште една рунда разговори во Вашингтон, да го продолжат прекинот на огнот за 45 дена, објави денес Стејт департментот. Договорот следеше по два „продуктивни“ дена разговори, а уште разговори се закажани за 2 и 3 јуни, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот. Крвкото прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, која дејствува од либанска територија, требаше да истече во недела. „Се ...
Пентагон подготви планови за евентуално продолжување на воените операции против Иран, вклучувајќи засилени воздушни напади и потенцијално распоредување на американски специјални сили, објави „Њујорк Тајмс“. Според весникот, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за своите следни чекори по враќањето од Кина, каде што разговараше со кинескиот претседател Шји Џинпинг. Весникот наведува дека Пентагон ја разгледува ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека се спротивставува на исплатата на законски утврдената отпремнина на поранешниот премиер Виктор Орбан, што предизвика политички контроверзии во Унгарија. Станува збор за отпремнина од околу 39 милиони форинти (околу 105.000 евра), на која Орбан би имал право според важечките прописи по напуштањето на функцијата, објавува Index.hu. „Според неговата анкетна листа за имот, Виктор Орбан, кој е без пари, ...
Руските сили извршија голем напад врз Украина во текот на ноќта помеѓу 15 и 16 мај, лансирајќи вкупно 294 беспилотни летала. Според украинските воздухопловни сили, воздушната одбрана уништила или електронски блокирала 269 дронови, објавува „Украинска правда“. Украинските сили наведуваат дека авионите Шахед, Гербера, Италмас, како и мамките Пародија, биле соборени или неутрализирани. Нападот бил насочен кон север, југ, центар и исток од ...
Високиот суд во Белград одреди притвор до 30 дена за Веселин М, осомничен дека извршил неколку кривични дела како началник на градската полиција во Белград со цел да го прикрие кривичното дело обид за тешко убиство во ресторан во Сењак на 12 мај, по што, следниот ден, А. Н. беше пријавен за исчезнат. Нареден му е притвор за да не уништува, крие, менува или фалсификува докази или траги од кривичното дело, како и за да не ја попречува ...
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени, информираат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа објави дека американските и нигериските сили во Нигерија го убиле Абу-Билал ал-Минуки, кого го опиша како втор човек по команда на Исламска држава, објавуи порталот „Кликс“. Трамп изјави на платформата Truth Social дека операцијата е спроведена по негова наредба и дека американските сили и нигериските вооружени сили ја спровеле без пропусти. Тој рече дека ова била внимателно планирана и многу сложена ...