Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Австралискиот „Квантас“ беше принуден да го пренасочи летот кон Соединетите Американски Држави поради немирен патник, а локалните медиуми објавија дека човекот каснал член на екипажот. Лет од Мелбурн до Далас беше принуден да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, во петокот поради проблематичен патник. Човекот беше совладан од други патници, а локалните медиуми, вклучувајќи го и националниот радиодифузер ABC, објавија дека ...
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта, во најмасовниот украински напад со беспилотни летала врз Русија досега, биле уништени 556 непријателски беспилотни летала. „Ноќниот украински напад со беспилотни летала беше најмасовниот во 2026 година. 556 беспилотни летала беа уништени и пресретнати над руските региони“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесе ТАСС. Според руското Министерство за ...
Возач на автомобил вчера околу 16:30 часот во Модена прегази пешаци со брзина од 100 километри на час, при што повреди осум лица, од кои четири сериозно, а италијанските медиуми денес објавија дека имал проблеми со менталното здравје. Две жртви од несреќата имаат ампутирани долни екстремитети, а едно лице е во критична состојба, објавува порталот RAI.it. Возачот, кој се обидел да избега, бил запрен од минувачи и задржан додека не пристигнала ...
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост поради епидемијата на ебола. Нова епидемија на ебола во Демократска Република Конго одзеде 80 животи, а има 246 сомнителни случаи, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вирусот се прошири и во Уганда. Генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека постојат значителни неизвесности околу ...
Бугарската пејачка Дара со песната „Бангаранга“ е победник на овогодинешното издание на песна за Евровизија, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. До последен момент атмосферата беше напната, а после четири часа се дозна дека Бугарија ја носи победата која од публиката и од жирито доби 516 бодови. Второто место го освои Израел и пејачот Ноам Бетан, додека третото место и припадна на Австралија. Добри резултати остварија и претставниците на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија. Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Република Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност. На првиот ден од посетата, министерот ...
Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како што соопшти Полициската управа Шибеник-Книн, злосторството се случило околу 23:05 часот на терасата од семејна куќа во Дрниш. Според досега познатите информации, 50-годишниот К.А. со огнено оружје пукал во 19-годишен хрватски државјанин, кој починал на самото место од повредите. Како што дознава Јутарњи, ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска оствари средба со македонските каратисти и со раководството на македонската карате репрезентација пред нивниот настап на претстојното Европско првенство во Франкфурт- Германија што ќе се одржи од 20 до 24 мај 2026 година. -На нашите најдобри каратисти им посакувам успешен настап на Европското првенство со максимална посветеност и силен тимски дух. Верувам дека тие достоинствено ќе ја претставуваат ...
Хороскопските знаци Бик и Девица стануваат магнети за пари од 20 мај, а причината не е космичка магија, туку специфичен транзит на Сонцето. Поволен агол на Јупитер отвора канали за приход, па парите конечно почнуваат да се лепат за прстите на оние кои со месеци работеле во тишина. Сепак, самиот датум не е единствениот услов за оваа голема животна пресвртница всушност да се случи. Сонцето влегува во знакот на Близнаци и ги активира втората и ...
Вишото јавно обвинителтво во Белград започна истрага за 10 лица меѓу кои е и Веселин Милиќ поради сомнеж за повеќе кривични дела во врска со убиството на А.Н. по кого и понатаму се трага. Данка В. (42) е обвинета за кривично дело недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали. Полициските службеници Веселин М. (46), Бобан М. (41), Саво С. (33) и Петко П. (46) се обвинети за кривични дела ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека недостатокот на доверба е главната пречка во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран. „Се сомневаме во нивната сериозност“, изјави Арагчи пред новинарите во Њу Делхи, додавајќи дека разговорите ќе продолжат „доколку Вашингтон е подготвен за фер и избалансиран договор“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно оваа недела го отфрли најновиот мировен предлог на Иран како ...
Локалните здравствени власти денес во шпанското пристаниште „Ла Коруња“ одобрија истоварување на патници од крузер погоден од епидемија на гастроентеритис. Патниците од крузерот „Амбиција“ се истоварија во пристаништето Ла Коруња, каде што бродот, кој превезуваше повеќе од 1.750 луѓе, вклучувајќи 30 активни случаи на гастроентеритис, се закотви утрово, објави RTVE. Епидемијата на гастроентеритис погоди десетици патници и дел од екипажот на ...
Промената на чело на ОН е шанса за воспоставување на ред во светската организација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Оваа година ќе се одржат избори за нов генерален секретар. Промената отвора реална можност за воспоставување ред во светската организација. Или – не реална можност, туку одредена шанса. Ние одлично разбираме каква е реалноста“, рече Лавров на министерскиот состанок на БРИКС во Индија. Лавров, исто ...
Иако често се зборува за храна и пијалaци што треба да се избегнуваат за здравјето на срцето, дури ни лекарите не се откажуваат од сите свои омилени навики. Двајца кардиолози открија кои „нездрави“ работи сè уште повремено ги консумираат, иако се свесни дека не се сметаат за идеален избор за телото. Д-р Метју Кан и д-р Чарли Кокс разговараа за списанието Stylist за малите задоволства од кои не се откажуваат, нагласувајќи дека умереноста е ...
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронајдоа возилото и лицето поврзани со сообраќајната несреќа што се случи на 15.05.2026 на ул. „Радишанска“ во Скопје, во која две лица (пешаци) се здобија со повреди, а возачот го напушти местото на настанот. Возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и возачот И.П.(50) биле пронајдени на ул. „Мак Диздар“ во Скопје. Со возачот е обавен службен ...
Обид за убиство се случил вчера наутро во стан во загрепската населба Максимир, по расправија што ескалирала во физичка пресметка. Во таа пргода, 28-годишен бразилски државјанин го повредил својот 31-годишен партнер, државјанин на Босна и Херцеговина, со остар предмет. Инцидентот се случил околу 8:30 часот наутро во стан на улицата Ферде Ливадиќа, а според полициските информации, на физичката пресметка ѝ претходела вербална расправија меѓу ...
На 43. протестен „Марш за ангелите“ што денеска за прв пат се одржа во Виница родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ рекоа дека институциите и понатаму ја туркаат приказната дека „клучна причина“ за смртта на 63-те жртви е јаглерод моноксидот, но, според нив, останува фактот дека кај една третина од жртвите е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности. Учесниците испратија порака дека сеќавањето на загинатите не ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ одржа прес-конференција за актуелни прашања, на која го коментираше убиството на Александар Нешовиќ и најави службено патување во Кина. На конференцијата учествуваше и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, пренесува српски „Телеграф“. – Во наредните недели ќе имаме интензивна надворешнополитичка активност. Патуваме во Азербејџан, ќе се вратиме во вторник наутро, а потоа чекаме конечна потврда. Гледам ...
Автомобил се заби во пешаци во северниот италијански град Модена во саботата, при што беа повредени осум лица, од кои две критично, изјави градоначалникот за италијанската телевизија Скај тг24, пренесе АП. Градоначалникот Масимо Мецети рече дека никој не е починат, но две жртви се во многу сериозна состојба. Тој рече дека жената притисната на излог може да бара ампутација на двете нозе. Возачот бил маж опишан од сведоци во неговите 30-ти ...
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди Соломонските Острови во Тихиот Океан денес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот беше на отворено море, на длабочина од 35 километри, пренесе „Танјуг“. Досега нема извештаи за повредени, ниту за предизвикана материјална штета. ИЗДВОЕНИ Одлуката за намалување на акцизите на горивата и ДДВ-то за бензините од 18 на 10% продолжува ...
Хакерите пронајдоа начин да ја контролираат количината на гориво на бензинските пумпи низ САД. Американските власти се сомневаат дека иранските хакери стојат зад серија упади во системи што ја следат количината на гориво во резервоарите на американските бензински пумпи, пишува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на извори од истрагата. Хакерите наводно користеле таканаречени ATG системи (автоматски мерач на резервоари), кои го следат нивото на гориво ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за итни испораки на системи за воздушна одбрана, можноста за зајакнување на заштитата на украинската инфраструктура и проширување на воената соработка меѓу Киев и Париз. Зеленски изјави на „Телеграм“ дека една од главните теми на разговорот била одбраната од ракетни напади, како и стекнувањето дополнителни системи што би можеле да ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување до Тајван да не прогласува формално независност од Кина. „Не сакам некој да стане независен“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“ во петокот, на крајот од дводенвниот самит со кинескиот колега Шји Џинпинг во Пекинг. Тајванскиот претседател Лај Чинг-те претходно изјави дека Тајван не мора да прогласи формално независност затоа што веќе се гледа како суверена нација. ...
Поранешниот британски министер за здравство Вес Стритинг денес потврди дека ќе се кандидира доколку се распишат избори за нов лидер на Лабуристичката партија. На прашањето дали би учествувал во евентуална трка за лидерство на партијата, Стритинг рече дека прво треба да се организира натпревар со најдобрите кандидати и дека тој ќе учествува, објави „Скај њуз“. Додаде дека не сака итни избори за нов лидер бидејќи „тоа не е во интерес на ...
Иран воведува нов механизам за контрола на поморскиот сообраќај низ одредена рута во Ормускиот теснец, кој вкучува наплаќање надомест за „специјализирани услуги“, соопшти денеска висок ирански функционер Ебрахим Азизи. Во објавата на социјалната мрежа „Икс“, Азизи, кој ја врши функцијата претседател на Комитетот за национална безбедност и надоврешна политика во парламентот, наведе дека новиот систем е во согласнсот со иранскиот национален ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон, стои во соопштението на полицијата. Во пријавата ...
Припадник на Кралската церемонијална и коњичка единица на британската војска им подлегна на тешките повреди здобиени по пад од коњ, пренесоа денес британсктие медиуми. На повредениот војник му беше укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но тој почина, пренесе „Гардијан“. Несреќата се случила по манифестацијата за прикажување на коњицата одржана во градините на дворецот Виндзор, соопшти полицијата. Војникот паднал од коњ во петокот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на традиционалниот собир на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, кој по традиција се одржа во дворот на манастирот „Пеленица“ во близина на скопската населба Драчево. Настанот, кој со години наназад ги собира долгогодишните членови и основачи на партијата, помина во знак на сплотеност и заедништво. Премиерот ја искористи можноста јавно да изрази почит кон луѓето кои ги поставиле темелите на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ...