Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека го потпишал договорот за изработка на основен проект за зафаќање вода од Раштанска Река со што, како што вели, и официјално почнува реализацијата на едно децениско барање на жителите на Раштак. Станува збор за долгогодишен проблем и потреба на населението, за кој изминативе години постоеше голем интерес и очекување. – Со изработката на основниот проект се поставуваат ...

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ објаснуваат дека ова не е мерка за ограничување, туку начин да се воведе баланс и одржливост во користењето на јавниот простор. Една од најважните промени, како што соопштија од претпријатието, е и новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Според ЈП ПОЦ, токму досегашниот ...

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ велат дека во рамките на категоријата ментално здравје, најчесто пријавувани поткатегории биле „стравот и вознемиреноста“ и „самоубиствените мисли и обидите за самоубиство“, при што за секоја од нив биле евидентирани по 19 случаи, односно деца што биле директно засегнати од овие состојби Вознемирено девојче се јавило на СОС телефонската линија за деца и млади „Ало, Бушавко“ при Првата детска ...

Соединетите Американски Држави годинава се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции, што се смета за потврда на систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, на почетокот од годината Трамп го потпиша повлекувањето на САД од 66 ...

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба од меѓународно значење поради ново жариште на ебола во Демократска Република Конго и случаи поврзани со Уганда. Тоа не значи дека светот е пред нова пандемија или пред затворања како во времето на ковид, но значи дека здравствените системи повторно се соочуваат со вирус кој се шири брзо во заедници со слаб надзор, недоволна здравствена инфраструктура и големо движење на ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во кинескиот југозападен регион Гуангкси, рано изутринава, уби брачен пар – маж на 63 и жена на 53-годишна возраст и принуди повеќе од 7.000 луѓе во градот Лиуџоу да се евакуираат, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во транспортот. Еден човек се води како исчезнат, додека четири лица се испратени во болница, но без повреди опасни за живот, ...

Четири дена по посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп, на Кина, гостин на претседателот Шји Џинпинг ќе му биде рускиот претседател, Владимир Путин. Тој треба да отпатува во дводневна посета на Кина утре, откако со Џинпинг, во неделата си разменија писма со честитки. Шји изјави дека билатералната соработка меѓу Русија и Кина „продолжи да се продлабочува и зајакнува“, бидејќи оваа година се одбележува 30-годишнината од стратешкото ...

Поранешниот шеф на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, е ослободен од притвор откако за него беше собрана кауција од 140 милиони гривни, односно околу 3,2 милиони долари. Високиот антикорупциски суд во Украина потврди дека целосниот износ бил уплатен денеска. Но, Јермак останува под строги судски ограничувања – не смее да го напушти Киев без дозвола, мора да се јавува на повик на истражителите, ...

По средбата со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, Трамп побара од Иран да побрза со постигнување договор, а Иран одговори дека САД не направиле ништо во врска со нивните нови предлози Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран дека „часовникот отчукува“ и дека истекува времето за преговори за завршување на војната. На својата социјална мрежа тој напиша дека би било подобро преговорите да почнат наскоро. – Подобро да се ...

Неделата на турската кујна се слави секоја година во периодот од 21 до 27 мај, а манифестацијата се организира под покровителство на првата дама, нејзината екселенција Емине Ердоган. Годинешната тема на Неделата на турската кујна е „Трпезата на наследството“ и ја претставува турската кујна како живописно, споделено културно наследство, кое се развивало со векови преку миграција, ритуали, колективен придонес и долгогодишна традиција. Неделата ...

Дали оди на работа, како добива плата и кој му ги плаќа патувањата на егзотичните дестинации, што е тука интересот на Македонија… се прашањата што пратениците од опозицискиот СДСМ денеска ги адресираа до вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Но, тој не ги слушна бидејќи не беше присутен во салата на седницата на која опозициските пратеници поставуваа прашања до владините функционери. Каде бил, собранискиот потпретседател Антонијо ...

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, речиси 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. – Прва пролетна култура што влегува во процес на откуп, односно пласман, е пролетната зелка. Во Струмичкиот Регион, оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се ...

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ објави за скок на годишните приходи и профит, проценувајќи дека цените на летните патувања во највисоките нивоа треба да останат на минатогодишното ниво, со намален ризик од недостиг на гориво. Во фискалната година што завршува во март, приходите на „Рајанер“ се зголемија за 11 проценти, на 15,54 милијарди евра. Нето-добивката по оданочувањето скокна за 40 проценти, на 2,26 милијарди евра. ...

Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат на територијата на Грција ќе мора задолжително да поседуваат нов, проширен комплет за прва помош, согласно со новите прописи што ги воведуваат грчките власти. Во спротивност, возачите ризикуваат парична казна од 30 евра. Според информациите објавени од Асоцијацијата на камионски транспортери „Макам-транс“, новиот комплет треба да содржи вкупно 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано ...

Неконтролираниот увоз на земјоделски производи го уништува домашното производство, реагираат македонските земјоделци. Според нив, државата располага со механизми преку CEFTA за заштита на домашниот пазар, но тие не се користат доволно. Како една од мерките се посочува воведувањето општи заштитни механизми, односно привремено зголемување на царините или воведување квоти, доколку увозот на одреден производ драстично се зголеми и предизвика ...

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, денеска (18 мај) во историскиот дел на Музејот на Македонија се отвора изложбата ,,Вода:Од исконски верувања до современ пулс”. Автор е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска. „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ е приказна која што низ призмата на археологијата, етнологијата и уметноста ни овозможува да ги следиме патиштата каде што водата се преобразува од биолошка ...

Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност во Скопје, под раководство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, имаше извонредно претставување на еден од најголемите универзитетски фестивали во Европа – „Universitas Cantat“, со долга традиција и форум на најквалитетните универзитетски хорски ансамбли од светот. – Нашиот хор веќе третпат доби покана за учество, што само по себе е извонредно признание. Концертите на хорот „Драган ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, вечерва 19 мај (19:00 ч.), во галеријата „Остен“ ќе ја отвори изложбата „Студентите против дискриминација“, на која ќе бидат претставени постери посветени на промоцијата на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството, изработени од студенти на Факултетот за арт и дизајн при Европски ...

Самиот мјузикл има една многу важна порака – дека нашата одлука и вербата одлучуваат дали е Скопје крајот или почетокот на светот. Мјузиклот ја носи и важната порака, дека не е доволно човекот да сонува, тој мора да се бори, да верува за да ги оствари своите соништа, посочи на вчерашната прес- конференција Дејан Пројковски, режисерот на македонскиот мјузикл „Као какао“, чија премиера на 2 јуни (20.30 часот) на сцената на Македонскиот народен ...

Силни емоции и солзи од спомените се случија кога Иван и бендот ја отпеаја својата емотивна песна посветена на прерано починатиот музичар, Џоко Георгиев-Џочето. Тој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани, додека настапуваше со групата ДНК. Песната е на вториот албум на Иван Кукиќ, снимен за „Кроација рекордс“ (поранешен „Југотон“). Со еден тон емоции и со моќ што ја носи во секоја нота, во секој акорд, познатиот ...

Општина Илинден и годинава доделува субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите. Веќе е објавен јавниот повик со кој се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот клима-уред или соларен панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека целта на оваа мерка е ...

Убиецот на доставувачот на пица во хрватскиот град Дрниш, по потрага подолга од 24 часа, утринава е пронајден и уапсен. Педесетгодишниот Кристијан Алексиќ, во саботата околу 11 часот, на терасата од својата куќа, пукаше и го уби 19-годишниот доставувач на пица Лука М., а потоа избега. Полицијата околу три часот по полноќ го пронајде скриен на стотина метри од неговиот дом, вооружен со нож и со огнено оружје. Според неофицијални информации, ...

АД ЕСМ ќе го почитува рокот од 8 дена и до крајот на неделата ќе поднесе приговор до Вишото јавно обвинителство на одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во текот на енергетската криза. Според последното соопштение од компанијата, суштински ќе приговара за начинот на кој Обвинителството ги толкувало доказите и исказите во постапката. ЕСМ тврди дека обвинителката паушално го ...

Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари што се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот. Музејското патување низ монетарното ...

Овој викенд, нуркачкиот центар „Амфора“ реализираше успешна еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Притоа, било отстрането големо количество отпад од дното на езерото. – Овој викенд, подводниот свет на Охридско Езеро, со централна локација во автокампот „Градиште“, беше почист и побезбеден благодарение на големата регионална еколошка акција. Во акцијата се обединија 80-мина нуркачи со заедничка мисија: заштита ...

Поскапува водата од градскиот водовод во Битола, и тоа за домаќинствата за 4,58 денари од кубен метар, а за другите категории потрошувачи за 4,88 денари од кубен метар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад и таа веќе е објавена на веб-страницата на РКЕ. Според изменетото решение за утврдување регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење, односно водоснабдување на ...

Како дел од својата поширока определба за поддршка на младите, образованието и на локалната заедница, рудникот „Бучим“ реализира STEM образовна програма наменета за децата на вработените и на талентираните ученици од Општина Радовиш. Оваа програма за STEM-едукација денес прераснува во една од највпечатливите локални приказни за вложување во младите таленти, знаењето и во идните можности. Преку модел на кофинансирање од 50 %, рудникот ...

По обновеното полетувалиште за параглајдеристи на Мечкин Камен, Крушево за оваа сезона ќе добие уште две полетувалишта на местото Црн Врв. Со постојните 2.000 квадратни метри, сега ќе се добијат уште толку, со што градот ќе одговори на сѐ поголемите потреби на параглајдеристите од светот. Овие полетувалишта ќе бидат готови до август, кога се европското и светското јуниорско првенство во параглајдерство. Градоначалникот на Општина Крушево, ...

Српската ракометна репрезентација предводена од новиот селектор Раул Гонзалес, поранешна легенда на Вардар и на Македонија, приреди големо изненадување и се квалификуваше за Светското првенство, по драматичен плејоф против Унгарија. По победата во Ниш со 31:29, „орлите“ беа поразени со 31:30 во реваншот во Веспрем, но вкупниот резултат им беше доволен за пласман на Светското првенство. Србија успеа да ја одржи разликата во текот на целиот ...

Некогаш најтрофеен битолски атлетски клуб, речиси заборавен. АК Олимп од Битола, викендов испиша една од најголемите страници во својата понова историја. На Купот на Македонија за сениори и сениорки 2026, Олимп во женска конкуренција беше апсолутен шампион на Македонија со 367 бодови, најуспешен женски клуб на натпреварувањето и второ место во севкупниот пласман со 831 бод, веднаш зад екипата на Куманово. Ирма Хајдари имаше блескав викенд и ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
45%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.61
90%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.21
81%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.88
50%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
6.65
61%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.99
85%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
59%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.8
49%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.51
55%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.92
69%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
3.12
60%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Бакар

13.01