Европската централна банка ја привршува постапката за редизајн на евробанкнотите, а конечната одлука за тоа како ќе изгледаат парите што ќе се користат во иднина се очекува во текот на оваа година. Процесот почна кон крајот на 2021 година и сега влегува во завршна фаза. Во избор се две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“. Преку нив треба да се дефинира новиот визуелен идентитет на евробанкнотите, кои во оптек би се нашле неколку години ...

Грција потврди дека новиот систем на Европската Унија за влез и излез (EES), кој ги заменува пасошките печати со биометриска регистрација на патниците од земјите надвор од ЕУ, е целосно во функција. Властите ги демантираат тврдењата за исклучоци за одредени националности, вклучително и за британските патници, нагласувајќи дека правилата важат универзално, со можност за привремено исклучување само во услови на метеж. Но, сепак, на полицијата ...

Финансиските друштва за брзи кредити ќе мора да се откажат од агресивни кампањи и пораки што асоцираат на „лесни“ и „инстант“ пари. Со оваа одлука, Министерството за финансии сака да стави крај на манипулативните реклами со кои кај граѓаните се создава впечаток дека земањето кредит е едноставна и безризична одлука. Термини како „пари веднаш“, „кеш за минута“ или „продавница за пари“ упатуваат на тоа дека кредитот не претставува финансиска ...

Европскиот авиосообраќај влегува во едно од најнеизвесните лета во последната деценија. Индустријата е притисната од три паралелни кризи – од драматичниот пораст на цените на авионското гориво, од доцнењето во испораките на нови авиони, како и од недостигот на авиокапацитети на европскиот пазар. Неколку големи авиокомпании веќе почнаа да кратат линии и летови за да ги намалат трошоците. Германската „Луфтханза“ отстрани повеќе илјади летови од ...

Почна пролетното хортикултурно уредување на територијата на Општина Карпош, во рамките на кое ќе бидат насадени околу 1.000 садници, кои се повеќегодишни украсни растенија. Садниците од видот фотинија, туја, нандина, боксус и други ќе бидат насадени на претходно утврдени локации во целата општина, каде што веќе има поставено системи за наводнување и каде што ќе има лица задолжени за полевање. – Вложувањето во животната средина е трајна ...

Шпанските власти го уапсија Џонатан Андиќ, синот на основачот на модниот бренд „Манго“, Исак Андиќ, во рамки на истрагата за смртта на неговиот татко, која првично беше третирана како планинарска несреќа. Случајот се води како истрага за можно убиство, а Андиќ допрва треба да даде исказ пред судија во Марторељ, во Каталонија. Исак Андиќ, еден од најпознатите шпански модни претприемачи, загина во декември 2024 година за време на планинарење ...

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање, здравствениот систем и понатаму функционира со ограничен опфат, доцнење во дијагностиката и сериозен недостиг од стручен кадар, што директно ги намалува шансите за успешно лекување“, е заклучокот на извештајот. Државниот завод ...

Најостро реагирам за обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација, реагира денеска министерот за правда, Игор Филков. Во реакцијата по повод на вчерашните протести со кои се бараше употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, тој потенцира дека правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот ...

Воедно, ќе се расчистуваат повеќе локации со времени објекти. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека за сите граѓани што живеат на адресите каде што ќе биде воведено зонско паркирање, паркингот ќе биде бесплатен, додека другите ќе плаќаат согласно со одлуката донесена од Советот пред повеќе од девет години Во Куманово ќе се прошируваат паркинзите, а ќе се воведе и зонско паркирање. Воедно, ќе се ...

Симболично, од Разловци, премиерот Христијан Мицкоски испрати пораки за национално единство, зачувување на државното достоинство и обединување околу државните интереси, оценувајќи дека Македонија не смее да биде „држава на понижувања и распродажби“. Додека власта повикува на заедништво и на патриотско обединување, опозицијата обвинува дека таквите повици се „лажни и лицемерни“ и служат за дефокусирање од реформите и евроинтеграциите. Лидерот ...

Во јуни ќе стартуваат разговорите на партнерите во владината коалиција околу реконструкцијата на актуелниот владин кабинет. Тогаш ќе се дознаат и позициите на партнерите околу тоа кои ресори и во чии раце ќе се најдат. Средбата на лидерите на владејачките партии сè уште не е закажана и, како што дознаваме, таа не била спомената на првата средба на премиерот Христијан Мицкоски со двајцата лидери на обединетата партија Вреди. Првото среќавање ...

По повод големиот јубилеј 150 години од Разловечкото востание, со пригодна свеченост во Делчево е промовирана новата поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание, со што се оддава посебна почит кон ликот и делото на разловечките востаници и, воопшто, кон значењето на востанието. Поштенската марка е со номинална вредност од 48 денари, испечатена е во 6.000 примероци, а дизајнер на марката е Лариса Донев од Бирото за филателија на ...

Нови траги на возрасна мечка вознемирија дел од жителите и сточарите во Струмичкиот Регион откако повторно била регистрирана на потегот Смрдеж – Еленица. Од ЈП „Национални шуми“ предупредуваат дека мечката подолг период се задржува на терен што не е типично живеалиште за овој вид. Ловечките друштва и шумските служби најавуваат засилени теренски контроли за утврдување на движењето и присуството на дивечот во овој дел од државата На планината ...

Името на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Жезус, е последното кое се поврзува со италијанскиот калчо гигант Милан. Седумкратниот европски клупски шампион планира да купи нов напаѓач за време на летниот преоден рок, а освен „росонерите“, интерес за услугите на Жезус покажуваат неколку клубови од неговата татковина. ИЗДВОЕНИ Во Разловци „задушен“ уште еден повик за национално обединување Осум ...

Лидерот во шпанската Ла Лига, тимот на Барселона, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Бернардо Силва. Искусниот играч за врска веќе потврди дека си заминува од „Итихад“ на крајот од актуелната сезона, а тоа значи дека може да се пресели на „Ноу Камп“ без никакво обештетување. ИЗДВОЕНИ Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат ...

Француското кошаркарско чудо, Виктор Вембањама, одигра натпревар за историјата, предводејќи го Сан Антонио до спектакуларна победа од 122:115 на гости, против Оклахома, по две продолженија на првиот меч од финалето на Западната конференција. Тој блескаше со неверојатни 41 поен и 24 скока, од кои девет офанзивни, а додаде и три асистенции за 49 минути на теренот. Во клучните моменти, токму тој го реши натпреварот, постигнувајќи девет поени во ...

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека раководните лица се сериозно загрижени кога е во прашање клупската иднина на англискиот интернационалец Хари Кејн. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот клуб до 2027 година и преговара за нов договор, но челниците се загрижени поради фактот дека Кејн може да почне да размислува поинаку доколку добие богата понуда од Саудиска Арабија. ИЗДВОЕНИ ...

Еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, Кирил Лазаров, остави длабока трага во европскиот ракомет, а денес успешно ја води нашата селекција на патот кон светскиот врв. Во автобиографијата на Лазаров „Само на победа“, легендарниот хрватски стратег, Лино Червар, кој, исто така, остави длабока трага во европскиот ракомет, детално зборува за нивниот однос, почетоците во Загреб и за причините поради кои уште на првата средба ...

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе серија казни по инцидентите и недоличното однесување на натпреварите во македонскиот фудбал. Најголемо внимание привлече одлуката за поведување дисциплинска постапка против Вардар поради, како што стои во соопштението, „недолично, дискриминирачко и деградирачко“ славење на титулата од страна на фудбалерите. Парични казни добија повеќе клубови поради пиротехника, навредливи скандирања и слаба организација ...

За прв пат, Златан Ибрахимовиќ даде интервју на босански јазик во емисијата „Неуспехот на шампионот“, во која водител е поранешниот селектор на Хрватска, Славен Билиќ. Иако е очигледно дека Златан не може течно да комуницира, неговиот напор да пренесе приказни со помош на Билиќ навистина ги импресионираше сите гледачи. Во емисијата што се емитуваше пред неколку дена, тој зборуваше и за тоа како еден тренер го понижил засекогаш, а тоа е ...

– Имам многу македонски пријатели и долго размислував за песна за Македонија или за песна во која ќе се споменува името Македонија. Се надевам дека луѓето низ „Ружа са југа“ ќе ја почувствуваат душата на оваа питома земја, на овие драги луѓе. Низ спотот, ќе ги видат и преубавите македонски предели и градови, особено Охрид Бобан Рајовиќ, познатиот црногорски пејач со 28-годишна естрадна кариера, доаѓа со нова песна која ја раскажува не само ...

Подготовките за 39. издание на „Фолк-фест Валандово 2026“ се прикрај. За новата модерна сцена, фестивалската магија, песните и за големите очекувања разговараме со Ѓоко Павлов, технички директор на „Фолк-фест Валандово“, функција што е една од трите најважни, можеби и најважна во реализацијата на оваа значајна македонска манифестација 0 Како валандовчанец и човек што е дел од самиот врв на организацијата, што за Вас лично значи „Фолк-фест ...

По средбата меѓу кинескиот претседател Шји Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг, шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји оцени дека станува збор за историски момент во односите меѓу Кина и САД. Според него, двајцата лидери воделе отворени, темелни и конструктивни разговори за иднината на билатералните односи, светскиот мир и глобалниот развој. Како што соопшти кинеското МНР, Ванг Ји истакна дека и Кина и САД се наоѓаат во ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, е критикуван поради новиот фонд вреден повеќе од 1,7 милијарди долари, наменет за наводни жртви на политички и идеолошки мотивирани владини дејства. Министерството за правда појасни дека се создава фонд од 1,776 милијарди долари за обесштетување на политичките сојузници кои биле гонети за време на администрацијата на Џо Бајден. – Доналд Трамп ја тужеше сопствената влада. Министерството за правда на ...

Вооружените сили на Белорусија и Русија почнаа вежба во Белорусија која симулира можна употреба на нуклеарно оружје, соопшти денеска Министерството за одбрана во Минск. Маневрите се одржуваат за да се практикува транспорт на нуклеарно оружје и да се подготви негово распоредување, соопшти Министерството, нагласувајќи дека станува збор за рутински вежби на ракетните сили и воздухопловството, кои не се насочени против никого. Украинскиот ...

Во инцидентот што се случи во градот Абнуб, на околу 300 километри јужно од Каиро во провинцијата Асиут, исто така се повредени пет лица, пренесе ДПА. Министерството соопшти дека сторителот синоќа отворил оган неселективно кон минувачите на една автобуска станица. Безбедносните сили потоа го пронашле на земјоделско земјиште. Мажот бил убиен во престрелка со полицијата. Според првичните истраги, сторителот веќе подолго време имал проблеми со ...

Шест луѓе се убиени, а осум ранети во Турција кога вооружен маж отвори оган во близина на јужниот град Мерсин, објавија турските медиуми. Според наводите, осомничениот Метин О. (37) прво пукал во месарница и ресторан во локалниот град Тарсус, каде што работел пред една година, при што ги убил сопственикот на локалот и еден вработен, а ранил неколкумина гости. Потоа избегал и патем продолжил да убива. Негови жртви се: поранешната сопруга, која ...

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата, на граничниот премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус, кој сообраќал на релација Гостивар – Истанбул, е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...

Мај е месец на еуромеланома или на европската кампања за превенција на ракот на кожата, која опфаќа бесплатни дермоскопски прегледи на бенките. И оваа година, и во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија ќе се вршат бесплатни прегледи на 20 и 21 мај од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на амбулантата за дерматовенерологија, без претходно закажување. Мотото на годинашната кампања е „За да се заштитите од рак на кожата… ако го ...

Професорот Богдан Богданов од Институтот за хемија за весникот Вечер вели дека, иако бил избран да го испита мазутот од ТЕЦ Неготино од истрагата за екоцид, сепак досега никој од Обвинителството за организиран криминал и корупција не го повикал да го испита вештачењето направено во Србија. „Точно е дека побараа човек од Институтот, ние им одговоривме позитивно, јас бев избран како одговорен на Лабораторијата за анализа на горива. Не знам ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Бакар

13.01