Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Рускиот претседател, Владимир Путин, ја почна својата посета на Кина само по четири дена откако оттаму си замина американскиот претседател, Доналд Трамп, а четири дена по него, во Кина доаѓа српскиот претседател, Александар Вучиќ. Како што објави Претседателството на Србија, на покана од претседателот Шји Џинпинг, тој ќе биде во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај. Претходно Вучиќ рече дека го смета патувањето во Кина за круна на ...
Шпанскиот тенисер и втор најдобар играч во светот, Карлос Алкараз, нема да игра на гренд слемот Вимблдон. Тој ја потврди оваа информација на „Инстаграм“. Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал, сè уште не сум подготвен да се натпреварувам, поради што морам да се повлечам од турнирите на трева во Квинс и Вимблдон. Тоа се два навистина посебни турнири за мене и многу ќе ми недостигаат. Продолжуваме да работиме за ...
Финалето на Источната конференција на НБА почна на драматичен начин. Дури по продолжение, Њујорк успеа да слави над Кливленд со 115:104, поведувајќи со 1-0 во серијата. Никс успеа да направи чудо, враќајќи се од огромна негатива, добивајќи го продолжението и, на крајот, победувајќи. Губеше со 93:71 на осум минути до крајот, а потоа го надмина дефицитот од 22 поени и, на крајот, победи. На самиот крај од регуларното време, Сем Мерил имаше ...
Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности што еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој човек, кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество, треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната ...
Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 21 мај во 20:00 часот, ќе се одржи нов музички спектакл со битолскиот оркестар „Дива“. Во големата сала од Центарот, публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок-хитови MTV hits – vol.2 во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Публиката ќе биде дел од вечер полна со емоции, ритам и чиста музичка ...
Европската Унија ги разгледува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, како можни посредници во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, објави британското издание „Фајненшал тајмс“. Европа сака да назначи свој претставник, бидејќи преговорите за Украина предводени од САД се во застој. Меркел е позната по тоа што има најбогато искуство во преговорите со рускиот ...
Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај во 12:00 часот, во малата сала на Драмски театар Скопје. Станува збор за значајно издание што, преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи, отвора важни прашања за современиот театар, неговите развој, естетика и општествено значење. Книгата претставува драгоцен придонес кон театарската уметност ...
Театарот „Златен Елец“ ги подготвува претставите „Свињи“ и „Теорема“, чии премиери се најавени за почетокот на јули, првата во Центарот за култура во Битола, а втората во Младинскиот културен центар во Скопје. – „Свињи“ не е само драма или обичен комичен текст со апсурдни елементи – тоа е еден вид егзистенцијална состојба – вели режисерката на „Свињи“, Тамара Стојаноска. – Пјер Паоло Пазолини и неговата „Теорема“ првпат се работат во ...
Само неколку дена по невообичаено студениот бран, Европа е на пат да доживее целосен пресврт. Според „Сивиар ведер Јуроп“, се развива топлинска купола која би можела да урне рекорди на голем дел од континентот. Силна термална маса ќе се развие над северозападна Африка кон југозападна и западна Европа. Сè ќе се прошири подалеку на север и исток и ќе доминира во поголемиот дел од европскиот континент во текот на остатокот од мај. Температурата ...
На плажа во Лутра Орајас Еленис во Коринт, жителите на областа виделе ајкула како се движи на многу мало растојание од брегот. Според информациите од korinthostv.gr , ајкулата се појавила во плитките води на плажата, предизвикувајќи голем интерес кај капачите и жителите на областа. Сведоците на местото на настанот ја опишаа глетката како невидена за областа, додека неколкумина побрзаа да го снимат моментот со своите мобилни телефони. ИЗДВОЕНИ ...
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денеска, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 21 километар од градот Малатја, на истокот од Турција. Засега нема официјални извештаи за повредени или материјална штета. Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен, лустерите се нишале, а потресот ...
Царинската управа на граничниот премин Табановце спречила обид за нелегален пренос на половина милион евра кеш, скриени во специјално изработен бункер во минибус со албански регистарски таблички. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информираше дека станува збор за најголема заплена на девизи во историјата на македонската Царина. Минибусот, сопственост на туристичка агенција од Албанија, бил запрен при влез во државата на ...
Европската Унија рано наутро во средата постигнала согласност за законската рамка за спроведување на трговски договор со САД, утврден минатото лето во голф-одморалиштето на американскиот претседател Доналд Трамп во Тарнбери, Шкотска, јави „Политико“. Со тоа, се чини дека ЕУ ќе ја избегне заканата на Трамп дека со брутални царини ќе го казни понатамошното одложување на договорот. Со договорот од Тарнбери ЕУ се согласи да ги укине царините за ...
На 21 мај, со почеток на 19:30 часот, во Аудиокултура ќе се одржи промоција на новиот компакт-диск на дуото Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да подујне). По „Апокриф” и „Пиле Шарено”, „Ветер да подујне“ е трет по ред албум на Добрила и Дориан во издание на СЏФ Рекордс. Албумот е снимен, миксан, мастериран и продуциран од Дориан Јовановиќ во Профундус студиото во Скопје. Дизајнот е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска. ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако уште во декември минатата година била отворена предистражна постапка и биле преземени повеќе истражни дејствија, надлежната обвинителка која деновиве е во центарот на вниманието за ...
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, стана полноправна членка на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), беше соопштено на Генералното собрание на организацијата. Со ова членство, Македонија прави значаен исчекор кон интеграција во европскиот систем за издавање, пренос и признавање на гаранции за потекло на електрична енергија произведена од обновливи извори. Процесот се реализира паралелно со активностите што ги ...
Полицијата на граничниот премин „Дојран“, според неофицијални информации, спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, која била сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази. Според информациите, македонски државјани со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат кон Грција. Марихуаната била распределена во околу 50 пластични кутии за да не предизвика сомнеж при граничната контрола. Само во изминатиот ...
Во галеријата Руди Арт Спејс во Скопје, на 20 мај, во 19 часот ќе се отвори изложбата на дизајнерката на накит, Елена Ристовска под наслов „Дива површина“. -Да се дизајнира накит значи спој на инженерство, скицирање, избор на материјали, моделирање и обликување на уметност која можеме да ја носиме. Дизајнот на накит можеби е еден од најубедливите потврди на човековата историја, постојано делувајќи како огледало на културните, технолошките и ...
Американската вселенска агенција НАСА објави аудио снимка што открива како всушност звучи црна дупка во длабоката вселена. Морничавиот звук доаѓа од галактичкото јато Персеј, кое е оддалечено околу 250 милиони светлосни години од Земјата. Снимката брзо стана вирална на интернет, а многу корисници беа воодушевени од тоа колку вознемирувачки и морничаво звучат овие длабоки тонови. Како НАСА успеа да го сними звукот произведен од црна дупка Иако ...
Велика Британија ќе дозволи увоз и поврзани транспортни услуги на дизел и гориво за авиони рафинирано од руска сурова нафта, според новата трговска лиценца што ја ослободува Велика Британија од санкции за одредени производи од Русија. Според новата трговска лиценца, која стапи на сила во среда, санкциите не се однесуваат на гориво преработено и рафинирано во трети земји, но вклучува услови како што се барањата за водење евиденција, објави ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека распоредувањето на американски војници во Полска е одложено, но нагласи дека не е вистина дека американските војници се повлекуваат од Европа. Венс на брифингот во Белата куќа изјави дека САД сакаат да ја охрабрат Европа да преземе поголема одговорност за својата заедничка одбрана, објави Ројтерс. „Не зборуваме за повлекување на секој американски војник од Европа. Зборуваме за ...
Најмалку 500 случаи и 130 смртни случаи за кои се сомнева дека се поврзани со ебола се регистрирани од почетокот на новата епидемија на ебола, изјави денес Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО). Тој, исто така, рече дека е длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата на ебола, бидејќи бројот на случаи продолжува да расте. Според него, во главниот град на Уганда, Кампала, потврдени се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп свика состанок за Иран со својот врвен тим за национална безбедност во понеделник вечерта, на кој беше и брифинг за воените опции, објави „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски претставници. Средбата се одржа неколку часа откако Трамп објави дека ги откажува нападите за кои рече дека се планирани за вторник. Повикувајќи се на американски претставници, „Аксиос“ рече дека Трамп не донел конечна ...
И краткото и долгото спиење се поврзани со хронична опструктивна белодробна болест, астма, како и со проблеми со варењето како што се гастритис и гастроезофагеална рефлуксна болест. Научниците во Соединетите Американски Држави анализирале податоци од речиси половина милион учесници од UK Biobank и откриле дека околу седум часа сон се поврзани со помалку знаци на биолошко стареење. Студијата, објавена во списанието Nature, открила дека луѓето ...
Три хороскопски знаци кои, според Баба Ванѓа, се проколнати за цел живот, носат товар кој не е избран, туку е наследен при раѓање. Слепата пророчица тврдела дека среќата им се лизга низ прстите, без разлика колку се трудат да ја задржат. Ванѓа верувала дека ѕвездите не се фер кон сите. Постојат знаци за кои сè доаѓа доцна, со труд и жртва. Овие три знаци, рекла таа, ретко добиваат нешто како подарок. Тие плаќаат двојно за секоја победа, а ...
Борбен авион на НАТО собори дрон за кој се сомневаше дека е украинска ракета, која излета од курсот поради руско електронско блокирање над естонската територија, објавија естонските власти. Остатоци од дронот паднаа денес во мочурлива област во централна Естонија, без пријавени штети, објавува Би-Би-Си. Детали за инцидентот Министерот за одбрана Хано Певкур на прес-конференција изјави дека романски Ф-16 ја испалил ракетата кратко по пладне по ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска на својот Фејсбук профил излезе со реакција по повод соопштението на опозициската СДСМ. Како што вели, нема намалување на бројот на студентски стипендии. „Министерството за образование и наука постојано работи на подобрување на стандардот на македонските студенти и во ниту еден момент не е поставено прашањето за намалување на вкупниот број на стипендии или укинување на одредена ...
Најновите ажурирања на прогностичките материјали од овој месец Мај 2026 укажуваат дека ни започнува силен Ел Нињо, Климатолошки феномен кој носи многу топли лета во Европа и на Балканот со екстремно високи температури, суши и силни временски непогоди кои голема е веројатноста да прераснат во Суперќелијски бури. Во текот на летниме месеци ќе бидеме под силно влијание на Ел Нињо кој во Македонија ќе ни донесе екстремно топло лето со температури ...
Кромидот против брчки не е магична формула за затегнато лице, но може да го освежи вашиот тен ако го користите внимателно. Дали кромидот против брчки навистина помага? Може малку да ја омекне и освежи кожата, но не ги брише длабоките брчки. Најмногу има смисла како повремена маска за тен кој не е чувствителен. Како маската од кромид може да го освежи тенот Кромидот за лице привлекува внимание бидејќи содржи сулфурни соединенија и ...