Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Нов напад на образовни институции ја потресе Северна Америка. По масакрот во средното училиште во Канада во кој беа убиени десет лица, беше пријавено пукање и на универзитетскиот кампус во американската држава Јужна Каролина, каде што беа убиени две лица, а едно беше рането. Универзитетот ја потврди веста за пукањето што се случи синоќа, велејќи дека побарал од Одделот за спроведување на законот на Јужна Каролина да спроведе истрага. Кампусот ...
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста во јавниот превоз, уапсен е возачот на трамвајот кој излета од шините претходниот ден во Сараево, при што загина едно лице, а тешко повреди уште четири други. Возачот А.К. (1978) се наоѓа во полициските простории на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, соопштија од оваа институција, пренесува Радио Слободна Европа (RSE). Во несреќата што се ...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето ...
Пожарот што избувна утрово во Будакеш, недалеку од Будимпешта, одзеде неколку животи, додека десетици луѓе се повредени. Пламените целосно го зафатија покривот на двокатниот хотел на улицата Зичи Петер, а се претпоставува дека причина за пожарот е експлозија на плинска боца. Пожарникарите евакуираа неколку луѓе наутро и во урнатините пронајдоа три тела, двајца мажи и една жена. Целата кровна конструкција на двокатната зграда изгоре во ...
Реал (М) повторно е во средината на големи промени откако Чаби Алонсо беше отпуштен од тренерската позиција. Иако очекувањата беа големи, одборот процени дека е потребен нов пресврт за да се врати клубот на победничката патека. Алонсо беше заменет од Алваро Арбелоа, поранешен играч на Реал и легенда на клубот, но се чини дека тоа е привремено решение. Се очекува Арбелоа да го води тимот до крајот на сезоната, кога се очекува да биде назначен ...
Русија се надева дека ќе ги реши прашањата околу нафтеното ембарго на САД против Куба преку конструктивен дијалог со САД, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков рече дека Русија не сака нејзината помош за Куба да предизвика дополнителни американски царини и да доведе до понатамошна ескалација, иако моменталната трговија меѓу Русија и САД е на нула. Руските медиуми објавија во четврток дека Русија наскоро ќе испорача пратка сурова ...
Владата на Соединетите Американски Држави објави дека приходите од царини се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што исто така доведе до намалување на буџетскиот дефицит. Само во јануари, вкупно 30 милијарди долари се собрани преку царини, а 124 милијарди долари од почетокот на фискалната година, објави CNBC. Владата, исто така, изјави дека евидентирала помал буџетски дефицит отколку пред една година, што ...
Пет одделни заговори за атентат врз сирискиот претседател или неговите врвни министри беа осуетени минатата година, се вели во извештајот на Обединетите нации за групата Исламска држава (ИД). Според извештајот, сирискиот претседател Ахмед ал-Шара бил двапати цел, еднаш во северен Алепо и еднаш во јужна Дара, од страна на Сараја Ансар ал-Суна, паравоена група поврзана со ИСИС која изврши бомбашки напад врз црква во Дамаск минатото лето. ...
Париската полиција презеде мерки против организирана измама во музејот Лувр и приведе 10 лица, вклучувајќи вработени во музејот и туристички водичи, осомничени за продажба на лажни билети на кинески посетители и пререзервирање на тури, објавија денес француските медиуми. Според весникот „Ле Паризиен“, полицијата ги уапсило осомничените откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. Како што објави „Еуроњуз“, запленети се три возила, ...
Во страотната несреќа што се случи вчера во Сараево, кога трамвај излета од шините во близина на Националниот музеј, еден млад маж загина, додека неколку лица беа повредени. На едно девојче (17) ѝ беше ампутирана ногата поради тешките повреди. Д-р Ријада Блажевиќ, специјалист по итна медицина, потврди дека диспечерскиот центар на Службата за итна медицинска помош добил неколку повици од сограѓани во 12 часот дека трамвај излетал од шините. – ...
Засилената операција за спроведување на имиграциските мерки во Минесота е завршена, објави претставникот за границите на Белата куќа, Том Хоман, додека во Вашингтон продолжува политичкиот ќор-сокак околу финансирањето на Министерството за внатрешна безбедност (DHS). Хоман објави дека операцијата, која траеше неколку месеци, наречена „Операција Метро Сарџ“, која доведе до масовни протести, илјадници апсења и смрт на двајца американски ...
Во страотната несреќа што се случи вчера во Сараево, кога трамвај излета од шините во близина на Националниот музеј, еден млад маж загина, додека неколку лица беа повредени. На едно девојче (17) ѝ беше ампутирана ногата поради тешките повреди. Д-р Ријада Блажевиќ, специјалист по итна медицина, потврди дека диспечерскиот центар на Службата за итна медицинска помош добил неколку повици од сограѓани во 12 часот дека трамвај излетал од шините. – ...
Словачкиот премиер Робеет Фицо ја обвини Холандија дека има „опасна тенденција“ да се меша во внатрешните работи на други земји. Тој реагираше на тоа што новата холанска владана својот коалициски договор ја спомена Словачка како земја која “активно ја подрива Европа“. Фицо рече дека холанскиот документ ја опишува Словачка како „европоцентрична и непослушна држава“ и наводно сугерира можност за санкции како одземање на правото на глас или ...
Затемнувањето на Сонцето на 17 февруари во Водолија носи длабоки промени зад сцената на секојдневниот живот – во начинот на кој градиме безбедност, заработуваме пари, го користиме нашето влијание и стоиме зад тоа што сме. Некои ќе го почувствуваат тоа влијание преку парите и кариерата, други преку врските, а трети преку внатрешна промена на вредностите и чувството дека повеќе не можат да функционираат според старите правила. Сега станува ...
Голема криминална група, за која се претпоставува дека е поврзана со српската нарко мафија, е разбиена благодарение на истрајноста на виенските истражители, што довело до апсење на девет осомничени во изминатиот период, соопшти денеска виенската полиција. Тие се обвинети за шверц на кокаин и на дури еден тон канабис од голема плантажа во Шпанија, а чие крајно одредиште била Австрија, поточно Виена. Дрогата била носена со камиони преку ...
Полицијата изврши рација во просториите на Европската комисија во Брисел како дел од истрагата за можни неправилности во продажбата на недвижен имот во сопственост на Европската Унија, потврдија повеќе извори запознаени со случајот. Полициската операција беше спроведена во утринските часови и опфати неколку згради на Европската комисија, вклучувајќи го и одделот одговорен за буџетот, објавува „Фајненшл тајмс“. Истрагата се однесува на ...
Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп создава услови за постигнување договор со Иран што би избегнал воена акција. Нетанјаху, кој вчера разговараше со Трамп во Вашингтон, рече дека секој договор со Иран „мора да вклучува елементи што се од витално значење за Израел“. Тие вклучуваат запирање на нуклеарната програма на Иран, ограничување на балистичките ракети и ...
На 14 јуни, Швајцарците ќе гласаат на референдум за предлогот на најголемата политичка група во земјата, Швајцарската народна партија, за ограничување на населението на 10 милиони поради растечкиот број мигранти, објавува FoNet. Доколку предлогот добие поддршка од мнозинството, владата ќе мора да престане да им дозволува на мигрантите, вклучувајќи ги барателите на азил и членовите на семејствата на оние што веќе се во Швајцарија, да влезат ...
Најмалку 50 малолетници во јужната полска епархија Сосновјец биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на лица поврзани со црковни институции, претежно свештеници, во текот на неколку децении, утврди Истражната комисија во таа епархија. Според независната комисија, 66 проценти од идентификуваните жртви биле девојчиња, додека 96 проценти биле под 15 години во времето на злоупотребата. Останатите четири проценти биле на возраст меѓу 15 и 18 ...
Сопствениците на кучиња и мачки во Подгорица нема да можат да ги размножуваат своите миленици до 2030 година, а потоа, некомерцијалното размножуање ќе биде дозволено еднаш во текот на нивниот живот, при што сопственикот ќе биде должен да го пријави. Комерцијалното размножување е дозволено само ако сопственикот има одлука за регистрација на одгледувачницата. Ова, меѓу другото, е предвидено во новата одлука за чување миленици на територијата на ...
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20:59 часот во Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 156 километри од Елбасан, во близина на границата со Грција. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата. Засега нема извештаи за ...
Украинскиот пепрезентативец во скелетон, Владислав Хераскевич, им се заблагодари на сите за, како што рече, огромната поддршка што ја добива во овој момент. Имено, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) му забрани на Хераскевич да носи кацига со фотографии од своите сонародници убиени во текот на руската инвазија врз Украина и откако не го почитуваше тоа, доби забрана за настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Сакам да им се ...
Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) им препорача денеска на авиокомпании од Европската унија до 31 март да го избегнуваат воздушниот простор на Иран поради, како што беше наведено, зголемениот безбедносен ризик за цивилни летови. „Присуството и можната употреба од поширок спектар на оружје и системи за противвоздушна одбрана, во комбинација со нрепредвидливите реакции на државите создава ризик за цивилните летови кои ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Централното собрание на „Движење Беса“ со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во иднина партијата да биде дел од процесот почнат за спојување на повеќе политички партии во партијата „Вреди“ (ВЛЕН) како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва по час и половина заседавање во партиското седиште во Тетово. – Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот ...
По повод роденденот на Кети Милковска, која прерано го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ го организира првиот меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“. Маршот се реализира во Македонска Каменица, со поддршка и присуство на родители од Кочани, објави „Каменица 24“. Настанот започна пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде семејството, пријателите, ...
Купувате леб, го оставете го во кујнскиот шкаф и заборавете на него. Поминува една недела – ништо. Десет дена – сè уште мек. Две недели подоцна сè уште нема мувла, нема тврда кора, нема непријатен мирис. Таквиот леб денес повеќе не изненадува никого, но ретко се прашуваме зошто се однесува толку неприродно. Затоа што лебот, барем оној што го паметиме од домашните кујни или малите пекарници, не траеше со недели. Се стврднуваше по само еден или ...
Тројца британски државјани се обвинети за групно силување на 28-годишна жена во нејзината хотелска соба во Сплит. Ами Арифи (30), Гежим Џафа (29) и Сохкиб Шакиби (25) се обвинети дека го сториле злосторството утрото на 22 јули минатата година. Доколку бидат прогласени за виновни, се соочуваат со затворска казна до десет години, пишува „Дејли мејл“. Окружното јавно обвинителство во Сплит го поднесе обвинението вчера. Според обвинителството, ...
Вештото лице Маја Равник од медицинскиот факултет во Марибор, Словенија повеќе од осум часа денеска одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот дирекот на Клиниката за онкологија Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Равник, во судница одговараше и на вкрстени прашања од првообвинетиот Нино Васев, кои беа во насока на конкретните лекови и дози кои се давале и нивната ...
Кинезинката Ајлин Гу (22) беше најголемата домашна ѕвезда на Зимските олимписки игри во Пекинг. Иако е родена во Калифорнија, а нејзиниот татко е Американец, Гу одлучи да ги брани боите на земјата на својата мајка. На Олимписките игри во 2022 година, таа освои два златни и еден сребрен медал, станувајќи голема спортска хероина на Кина. Неколку години подоцна, таа пристигна во Италија, за нова серија натпревари. Иако повторно освои медал, таа ...