Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Светската економија се движи кон една од најслабите години во последните две децении, предупредуваат Обединетите нации во најновиот извештај за глобалните економски перспективи. Според анализите на Организацијата, ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, растот на цените на енергенсите и нарушувањето во глобалните синџири на снабдување дополнително ја продлабочуваат економската неизвесност, а Европа се вбројува меѓу најпогодените региони. ...
Исплатата на субвенциите за тутунот повторно се одложи и покрај тоа што претходно беа утврдени два крајни рока: 30 април и 20 мај. Од Платежната агенција најавуваат дека средствата ќе почнат да се префрлаат во првата недела од јуни, по завршувањето на засилените теренски контроли. Дел од производителите се жалат дека добиле решенија за поврат на претходно исплатени субвенции, по контролите, кои утврдиле неправилности. Тутунарите се ...
Во март 2026 година, просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, додека просечната бруто-плата достигнала 72.818 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, споредбата меѓу март 2026 и март 2025 година покажува годишен раст на нето-платата од 8,2 %. Најзначаен придонес за овој раст имаат три економски дејности. Највисок годишен пораст е забележан во секторот транспорт и складирање со 15,6 %, следува ...
Јавната набавка за купување 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење е поништена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки донела решение за поништување по службена должност, информираа од Министерството за транспорт. Оттаму посочуваат дека, согласно со законските надлежности и постапките предвидени со регулативата, јавната набавка ќе биде повторно објавена во најбрз можен рок. Овој тендер беше распишан во февруари годинава и ...
Реномирани инженери, менаџери и стопанственици, на првиот Бизнис-ден на Градежниот факултет, кој ќе се одржи на 26 мај на Градежниот факултет во Скопје, ќе ги споделат своите професионални патеки со студентите – идни инженери, со цел полесно да ја надминат транзицијата „од клупа на објект“. Професорот Горан Мијоски вели дека идејата е настанот да прерасне во „инженерско-економски форум од национален интерес“, додека деканот Јосиф Јосифовски ...
Во подножјето на стрмна и густо населена долина, веднаш под ѕидините на Стариот град во Ерусалим, последниве недели земјата се тресе од пневматски чекани и од булдожери. Вообичаено, во булдожерите се работници на државата и на општините, но во населбата Ал Бустан, во сенката на џамијата „Ал Акса“ од 11 век, бучавата ја создаваат Палестинците што ги уриваат сопствените семејни домови, пишува британскиот весник „Гардијан“. Џалал ал Тавил вели ...
Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во последен момент го откажаа гласањето за резолуција со која може да се стави крај на војната во Иран, освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот да ја продолжи. Одлуката доаѓа само два дена откако слична мерка помина во американскиот Сенатот. Гласањето требаше да се одржи во четврток попладне, непосредно пред пратениците да заминат на продолжен викенд ...
Дејан Трендов, наградуваниот независен уметнички фотограф од Македонија, повторно го привлече вниманието на европската културна сцена. Неговото дело „Veil of Memory“ е проценето на 100 илјади евра и се продава преку француската галерија „Artmajeur“, која важи за број еден во Европа и втора во светот. Фотографијата е создадена без манипулација, снимена низ најлон што изгледа како проѕирен вел. Овој материјал не прикрива, туку преформулира, ...
Со наградата за најдобра фестивалска интерпретација, која гордо го носи неговото име, му се оддава особена почит на великанот Бадев чие творештво останува запишано во музичката и културната меморија на секој Македонец Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. На неполни десет години почнал да свири на виолина, во што му помогнал неговиот вујко, Васил. Во годините на младоста го ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, вчера, во Приштина, учествуваше на завршната церемонија за доделувањето грантови за општините, преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и за подобрување на одржливоста – REDUCE“ е финансиран од Европската Унија, преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија 2021-2027. – ...
Речиси два века, низ нејзините порти минале генерации скопјани и гости од целиот свет, а нејзините ѕидови биле сведоци на безброј прослави, успеси, раѓања, свадби, семејни собири и животни приказни што се прераскажуваат со децении. Тука не се служела само храна – тука се создавала традиција, се негувале пријателства и се чувал духот на едно старо, топло и препознатливо Скопје. Овој уникатен ресторан е лоциран во заштитена градска куќа ...
Со реализацијата на настанот „Носталгија за корзо –сеќавање за едно убаво време“, центарци за миг го почувствуваа шармот на старото корзо, но и на игранките. Вчерашната вечер беше исполнета со музика, игра, емоции и спомени, кои го вратија шармот на некогашно Скопје. – Настанот почна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде што граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата ...
На тема „Скопје – европски град на културата 2028: културното наследство и современата културна динамика“, денеска се одржа кафе-дебата на иницијатива на Европското движење на Македонија. Настанот ги обедини претставниците од културниот и јавниот живот, академската заедница, уметниците, архитектите, истражувачите и јавните дејци, кои дискутираа за културното наследство на Скопје, современата културна сцена и за визијата за идниот културен ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот, во Зоолошката градина во Скопје денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини од Скопје и од Битола, со цел нивна модернизација и усогласување со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, изјави дека потпишувањето на меморандумот претставува доказ за ...
Како дел од оваа иницијатива, на неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени стипендии за студии по стоматологија на младите студентки од Зубовце – Весна Максимовска и Теодора Страшевска. Едната е студент на прва година по стоматологија, додека другата веќе е дипломиран стоматолог, завршува магистратура и е на специјализација по ортодонција. Стипендиите се дел од програмата што ја најави Стојановиќ во чест на својот татко, стоматологот ...
Европскиот бизнис-ангел на годината и бизнисмен од светски размери, Душан Стојановиќ, иако живее и работи во Сингапур, не ги заборава семејните корени, кои влечат до гостиварско Зубовце. Тој деновиве го реализираше ветувањето што го даде минатата година, за развој и промоција на Зубовце и додели повеќе стипендии за поддршка на младите таленти, за нивно образование и професионален развој. На неодамнешната онлајн свеченост им беа доделени ...
Македонската Агенција за филм и оваа година активно учествуваше на Филмскиот фестивал во Кан, кој започна на 12 мај, а завршува на 23 мај, а каде што македонската кинематографија беше претставена преку повеќе професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко ...
– Мудар е, остроумен и великодушен човекот Атанас Конески, кој ни го подарува своето ковчеже во кое ги положил најважните нешта што еден животен патник си ги чува како вредни спомени и сознанија, како нешта што на секој номад му се неопходни за да ја изгради својата животна филозофија и за да преживее дури и во најсурови услови. Тој можел да ги зачува само за себе, но еве, го отвора своето ковчеже за сите што сакаат да се загледаат во него – ...
На големата сцена на Театар Комедија, на 27 и 28 мај, со почеток во 20:00 часот, ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“, по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство што живее во една рудиментарна средина и се подготвува ...
Поетот за деца и за возрасни, Филип Димкоски, викендов ќе настапи на државната смотра на читањето со меѓународно учество „Читателчиња“ („Читалиќи“), во Алексинац, Србија. Во рамките на манифестацијата, Димкоски, како единствен автор од Македонија, ќе учествува на средбите со деца, заедно со еминентни книжевни имиња од државата домаќин и од регионот, како што се Јасминка Петровиќ, Дејан Алексиќ, Виолета Јовиќ, Власта Н. Цениќ, Гордана ...
Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, оцени дека банкарскиот сектор во регионот е значително поотпорен и постабилен во споредба со периодот пред пандемијата, но предупреди дека засилениот кредитен раст и континуираниот раст на цените на недвижностите бараат внимателни и претпазливи политики. Говорејќи на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, организиран од Банката за меѓународни ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши контроли кај повеќе откупни центри што вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица и утврди повеќе неправилности и постапувања спротивни на законските одредби, особено во делот на уредувањето на договорните односи помеѓу откупувачите и набавувачите на земјоделски и прехранбени производи. – Меѓу утврдените неправилности се ...
Тажна вест го потресе светот на мотоспортот откако на 41-годишна возраст почина Кајл Буш, еден од најуспешните возачи во историјата на НАСКАР. Двократниот шампион бил хоспитализиран поради сериозна здравствена состојба, само неколку дена пред легендарната трка „Кок-кола 600“. Причината за смртта засега не е официјално објавена. Според американските медиуми, Буш претходно имал проблеми со синусите и се жалел на болки поради притисокот при ...
Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива и неочекувана соработка: Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни, во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости. Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот ...
Настапот што се одржа пред родители, гости и љубители на фолклорот, во Музејот на македонската борба за самостојност, со програма што ја прикажа посветеноста на ансамблот кон зачувување на македонската традиција, предизвика бурни аплаузи и одушевување, а познатите ора ги разиграа срцата на присутните Македонскиот фолклор и македонската традиција уште еднаш ја покажаа целата своја убавина и своето богатство на целовечерниот концерт што го ...
Град Скопје вчера не успеа да го затвори нелегалниот премин на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај Бит-пазар, но скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, денеска, во изјава за медиумите, истакна дека е упорен и решителен кога е во прашање почитувањето на законите и безбедноста на граѓаните. – Ќе биде потребна поддршка од Министерството за внатрешни работи, а ќе разговарам и со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. До мене ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува корисниците на услуги дека по повод празникот Свети Кирил и Методиј, в понеделник шалтерите за наплата и рекламации во дирекцијата на претпријатието нема да работат. Со редовно работно време ќе се продолжи од вторник. Од претпријатието ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. ...
Неодамна полицијата во Тетово откри случај во кој 23-годишна жена од Скопје објавувала лажни огласи на социјалните мрежи за изнајмување станови во Тетово. Таа ги контактирала жртвите преку телефон и им барала да уплатат пари однапред, најчесто преку трансакциска сметка или во готово. Откако жртвите ги уплатувале средствата, „сопствениот“ стан што го рекламирала – не постоел или не бил достапен- ова е еден од многуте примери на онлајн измама ...
Непознат подносител пријавил во Антикорупциска дека поранешни членови на Управниот одбор на АД ТЕЦ „Неготино“ и по припојувањето кон АД ЕСМ, наводно продолжиле во работен однос во компанијата без да бидат избрани преку јавен оглас, како што предвидуваат правилата за вработување во државни друштва. Според наводите, тие ја оправдувале својата позиција со менаџерски договори, врз основа на кои им било овозможено да останат во компанијата или да ...
Екипата на Партизан се пласираше во финалето на АБА-лигата откако со 2:0 во серија ја елиминираше Црвена звезда. На вториот полуфинален натпревар, „црно-белите“ славеа со убедливи 89:78 и целосно го надиграа најголемиот ривал. Тимот на Жоан Пењароја уште од стартот наметна силно темпо и стекна двоцифрена предност. Најефикасен кај Партизан беше Бруно Фернандо со 19 поени и шест скока, а одлична партија одигра и Дилан Осетковски, кој постигна ...