Бев на многу конференции во Минхен, никогаш немало толку многу луѓе, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, обраќајќи се пред српските новинари од Минхен. Тој рече дека никогаш не видел толку многу луѓе во униформа и дека сите зборуваат за војна. Исто така, рече дека се зборувало за нуклеарна енергија, пренесе „Данас“. Како што додаде, внимателно го слушал германскиот канцелар и нагласил дека во светот се случуваат многу нови ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на ...

Поранешниот светски тениски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, не верува дека моментно најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, може да стигне до 25. Гренд слем титула. Надал, кој беше на добротворен голф турнир во Мадрид, беше прашан дали верува дека Ѓоковиќ може да стигне до 25 гренд слем титула, на што одговори: „Заврши. Не мислам дека треба да го анализираме тенисот само врз основа на тоа кој ќе победи. Имаше шанса ...

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во пожар во станбен комплекс во Будакеши, предградие на Будимпешта, соопштија денес официјални лица. Пожарот избувнал по експлозија на горниот кат од двокатна зграда со поткровје, а околностите на трагедијата сè уште се истражуваат, објавува Index.hu. Се сомнева дека пожарот е предизвикан од човечка грешка и нелегална употреба на цилиндри за гас. По пристигнувањето на местото на ...

Боневие изјави дека една од жртвите е француски државјанин, додека другите се странци. Тој додаде дека инцидентот се истражува. Медиумите пишуваат дека инцидентот се случиј надвор од уредените скијачки патеки. Се чини дека една од жртвите се затекнала во лавината високо над планинската стрмнина, а дека преостанатите двајца биле во збир од пет скијачи, вклучувајќи и професинален водич, пониско во планината на место од каде што не виделе дека ...

Возилата во Скопје в сабота, 14 февруари, ќе се движат по кружна маршрута кон Бутел од 06:00 часот поради Задушница. Посебни мерки ќе важат и околу гробиштата Камник, Драчево и во Ѓорче Петров. Верскиот празник Задушница ќе донесе изменет режим на сообраќај во главниот град. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најави посебни мерки што ќе важат утре, 14.02.2026 година, од 06:00 часот. Сообраќајот кон градските гробишта ...

Данската премиерка Мете Фредериксен денес изјави дека не верува оти кризата со Гренланд е решена, иако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од своето претходно барање САД да ја преземат контролата врз Гренланд од Данска, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (FT). „Ќе се обидеме да видиме дали можеме да најдеме решение… но не мислам дека е завршено“, рече Фредериксен во интервју на Минхенската безбедносна конференција. Трамп ...

Во 1969 година, оваа зграда на Менхетен доби статус на индивидуален културен споменик на градот Њујорк, поради „импресивната чистота на стилот, изведена со извонредна финеса и авторитет“. Епстин сакал да ја купи, но кога дознал дека за тоа треба дозвола од пет држави, се откажал. – Продажбата на зградата на Петтата авенија број 854, првпат по повеќе од 75 години, отвора ново поглавје во славната историја на овој имот. Новиот сопственик на ...

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основни животни потреби. „Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При ...

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави во Талин дека Европската Унија не смее да си дозволи да добие „тројански коњ“ во новиот процес на проширување, поради што таа предлага новите пристапни договори да содржат посилни заштитни мерки кога станува збор за почитување на „темелите“, а Црна Гора би можела да биде првата со таков нов вид договор. Кос нагласи во Талин, на состанок посветен на проширувањето, дека новите пристапни ...

САД потрошија 40 милиони долари за депортирање на 300 мигранти во Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потроши повеќе од 40 милиони долари за депортирање на околу 300 мигранти во трети земји со кои немаа никакви врски, делејќи милиони долари во паушални трансфери на странски влади без систем за следење на тоа како се користеле парите, покажа нов извештај од сенатскиот комитет. Според сенатскиот комитет за надворешни ...

Граѓаните на Сараево, претежно студенти и средношколци, денес одржаа двочасовен протест пред Националниот музеј, каде што се случи трамвајска несреќа во која загина студентот Ердоан Моранкиќ, пренесе „Бета“. Во несреќата се повредени четири лица, од кои едно потешко. Според сараевските медиуми, на 17-годишна девојка ѝ е ампутирана ногата и сè уште е во критична состојба. На крајот од митингот, собраните граѓани прашаа – „До кога системот ќе ...

Црногорскиот ракометен шампион, Будуќност, полека го склопува играчкиот ростер за наредната сезона, во која ќе влезе со големи амбиции. Како прв потег беше договорот со левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, која ќе замине од романскиот првак ЧСМ Букурешт на лето и ќе се врати во својата татковина. Покрај Јауковиќ, Будуќност ја ангажира и српската репрезентативка Јована Скробиќ, потоа репрезентативката на Фарските Острови – Суна Хансен, Хрватката Хана ...

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, има доверба од 78 проценти од Русите, а 80 проценти од испитаниците веруваат дека тој добро ја врши својата работа, според резултатите од анкетата спроведена од Фондот за јавно мислење. Вкупно 52 проценти од анкетираните дале позитивна оценка за работата на владата, а 56 проценти веруваат дека премиерот Михаил Мишустин добро ја врши својата работа. Нивото на поддршка за политичката партија ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја отвори Минхенската безбедносна конференција (MSC) со говор во кој повика на поголема независност на Европа од САД. Во исто време, тој ги отфрли барањата за прекин на трансатлантските односи. Влеговме во нова фаза на отворени конфликти кои го менуваат светот во кој живееме… Светскиот поредок базиран на правила повеќе не постои како што постоеше во минатото. Најголемата задача за Европа и Германија е што ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 1 февруари 2026 година, по породувањето во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го своето новородено бебе. Надлежните органи преземаат мерки за заштита и згрижување на детето, а по целосно ...

На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83. место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) на трката на 10 километри со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка. Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските олимписки игри Милано и Кортина 2026. Иако патот до ...

Лекари, колеги од неговата фела, многубројни пријатели, новинари, бизнисмени, пејачи, спортисти, уметници, тв-лица, јавни личности од најразлични сфери на општествениот живот, како и дел од навивачката група „Комити“, беа присутни таа гламурозна ноќ, на прославата на неговиот 54. роденден. Станува збор за добро познатиот, но и кај многумина од нас омилениот и почитуван доктор, Емил Угриновски. Човек боем, градски лик, кој ги слави значајните ...

Популарната Сплиќанка ги евоцираше спомените! Хитот е напишан од нејзиното поранешно момче Петар Грашо, а до ден-денес често се слуша и кај нас, во Македонија. На секој својот македонски концерт, Даниела дури и по двапати ја пее оваа прекрасна нежна балада, на барање на публиката Хрватите, овој викенд, на познатиот музички фестивал „Дора“, на финалната вечер, ќе го изберат својот претставник за Песна на Евровизија 2026, која се одржува во ...

Со германско-авганистанската драма „Нема добри луѓе“ (No Good Men) на авганистанската режисерка Шарбану Садат, вчеравечер се отвори годинашниот 76. Берлински филмски фестивал, кој ќе се одржува до 22 февруари. Годинава, во главната конкуренција за наградата „Златна мечка“ ќе се натпреваруваат 22 филма, за кои ќе решава меѓународно жири, чиј претседател е германскиот режисер Вим Вендерс. Легендарниот режисер, познат по антологискиот „Небото ...

– Седумдесет и девет години организирано дејствување на писателите, пред сè во заедничката насока на промоција на нашите книжевност и култура, е здружена потврда на писателската професија како еден од најстарите и најважни столбови на кои се крепи поимањето на она што отсекогаш го сметам за култура и цивилизација. Ова се безмалку осум децении континуиран стремеж да се биде рамноправен дел од светот, да се сведочи сопствената книжевност и ...

Народното собрание на Република Бугарија вчера го ратификуваше договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, потврдувајќи го стратешкото значење на овој инфраструктурен проект за регионот. Македонското Собрание веќе го ратификуваше договорот во декември, со што се исполнети сите формални услови за почеток на реализацијата. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар ...

Јавното претпријатие за државни патишта, во 2026 година ќе се соочи со значително зголемен финансиски товар по основ на отплата на кредити кон странски финансиски институции, но истовремено ќе управува со буџет кој надминува половина милијарда евра. Според Годишната програма за работа, за сервисирање на долговите се предвидени 7,5 милијарди денари, односно околу 120 милиони евра. Во споредба со 2025 година, кога биле планирани околу 65 ...

Oпштина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар. Манифестацијата започна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, ...

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори синоќа објави дека САД ќе испрати уште еден носач на авиони на Блиски Исток. Според весникот на Блиски Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите. Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот. Претседателот на САД, Доналд Трамп пред неколку дена изјави дека размислува за испраќање на втор носач ...

Поранешен директор, поранешен вработен и двајца вработени во „Водовод“ – Кочани се осомничени дека со наместен тендер овозможиле фирма од Могила да стекне противправна имотна корист од речиси 23.000 евра. Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани доставила пријави до Основното јавно обвинителство Кочани за А.К.(44), поранешен директор, З.Г. (53) и Б.А. (64), вработени во претпријатието, како и З.Ј.(55), поранешен ...

САД и Македонија договорија рамка за реципрочна трговија што Владата ја претставува како историски исчекор, но економските аналитичари предупредуваат за ограничени ефекти. Додека Скопје најавува нови можности за извоз и инвестиции, експертите посочуваат дека задржувањето на 15-процентната американска тарифа и обврската за увоз на американски гас отвораат прашања за вистинската рамнотежа на договорот. Очекувањата се поделени меѓу политичкиот ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне, во текот на ноќта и во недела, се очекуваат врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи. Според најавата, локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, додека во недела ...

Два настани го обележуваат обидот за преобразба на западната геополитичка структура. Во немилост на растечката мултиполарност спротивна на плановите на поранешната трансатлантска блискост и создавањето униполарен поредок со светска влада во Брисел и во Вашингтон, неформалниот европски лидерски самит во замокот во Ајден Бизен во рурална Белгија и 62. Минхенска безбедносна конференција ги демонстрираат зачетоците на скршнувањето на ЕУ и на НАТО ...

Непосредно пред Собранието да го предложи професорот на правниот факултет, Гоце Наумовски, за нов судија во Уставниот суд, судот на седница поведе постапка за членовите 14 и 15, со кои се формираат платите на избраните и именувани функционери во државата. Имено, на седницата одржана на 4 февруари по сопствена иницијатива, судот поведе постапка со која на Собранието му дава рок од 60 дена да го измени или да го дополни Законот за платите, ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42