Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од Србија, за весникот Вечер, тврди дека постои сомневање дека 5-те тони запленета марихуана во во село Коњух кај Крушевац, потекнуваат од Македонија. Од српското обвинителство каде се води истрагата против петмина осомничени за шверц на дрога, велат дека од првиот ден се во комуникација со надлежните во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски досега неколкупати вели дека нема ...

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение против тројца и една фирма за кривичното дело загрозување на животната средина и природата со отпад, од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на пожарот што избувна на дива депонија во скопско Визбегово, на 9 јули минатата година. Според Обвинителството, во периодот од 28 февруари до 9 јули 2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад на ...

Француската двојка Лоренс Фурние Бодри и Гијом Сизерон го освои златниот медал во слободен стил во уметничко лизгање, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Тие стигнаа до златото со вкупно 225,82 поени. Сребрениот медал го освои парот од САД, Медисон Чок и Еван Бејтс, со 224,39 поени. Канадската двојка, Пајпер Џајлс и Пол Поарие, го освои бронзениот медал со 217,74 поени. Лоренс Фурне Бодри и Гијом Сизерон се сметаат за ...

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ, ја заврши соработката со Тофаш, информираа од клубот. Причината за таквата одлука беше резултатската криза на турскиот прволигаш, особено последните порази и во ФИБА Лигата на шампионите. Рајковиќ беше назначен за главен тренер на Тофаш на стартот на сезоната 2025/2026, но не успеа да ја заврши на своето ново работно место. Решивме да се разделиме со нашиот почитуван тренер и му се ...

Главниот тренер на финската репрезентација за скијачки скокови, словенечкиот стручњак Игор Медвед, беше разрешен од сите должности и мораше веднаш да ја напушти олимписката арена. Како што потврди Финскиот олимписки комитет, Медвед е исклучен од Олимписките игри во Милано и Кортина д’ Ампецо поради однесување кое грубо ги крши правилата и вредностите на тимот. Причината за таквата радикална одлука се проблемите со алкохолот. Јане Ханинен, ...

Шеесет и три или шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава. – Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас ...

Како одговор на прашање за забрзано членство на Украина во ЕУ, унгарскиот премиер Виктор Орбан цитираше стихови од оперетата „Кралица на царевите“ и рече: „Сонувајте, сонувајте, слатки соништа“. На брифинг пред да оди на неформалниот самит на ЕУ во четврток во Брисел, каде што ќе се дискутира прашањето за наоѓање решение за економските проблеми, тој потврди дека унгарскиот суверенитет е од најголема важност и дека унгарската влада нема да ...

Албанската актерка Анила Биша поднесе тужба против албанската влада за недозволено користење на нејзиното лице и глас за време на создавањето на Диела, министерка создадена со помош на вештачка интелигенција. Премиерот Еди Рама ја претстави Диела во септември 2025 година, наведувајќи дека се работи за министерка дизајнирана од вештачка интелигенција да биде неподмитлива и ефикасна во владините набавки. Оттогаш, Диела стана позната како првата ...

Маж (38) почина синоќа во Општата болница Чачак по операција на крајници. Во Општата болница Чачак, ноќта помеѓу 11 и 12 февруари, дошло до смртоносен исход во постоперативниот тек по операцијата на третиот крајник кај 38-годишен маж, се наведува во соопштението. Пациентот, иако не е наш осигуреник, самостојно аплицирал за споменатата хируршка интервенција поради респираторни проблеми од кои страдал со години, свесен за ризикот од самата ...

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од Србија, за весникот Вечер, тврди дека постои сомневање дека 5-те тони запленета марихуана во во село Коњух кај Крушевац, потекнуваат од Македонија. Од српското обвинителство каде се води истрагата против петмина осомничени за шверц на дрога, велат дека од првиот ден се во комуникација со надлежните во земјава. Премиерот Христијан Мицкоски досега неколкупати вели дека нема ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Бислимоски, официјално поднесе оставка од својата функција. Утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието за повлекувањето, но во оставката не ги навел причините. Одлуката не ја коментира ниту тој, ниту неговите соработници, а јавноста засега може само да шпекулира, со оглед на тоа дека вториот петгодишен мандат на Бислимоски требаше да заврши во јуни 2028 година. Се очекува ...

Стотици авиони на „Луфтханза“ во Германија ќе останат приземјени денес поради еднодневен штрајк на пилотите и кабинскиот персонал. Прекинот на работата е резултат на конфликт со синдикатите околу напорите на авиокомпанијата да ги намали трошоците и да ја зголеми профитабилноста. Иако точниот број на „засегнати“ летови не е објавен, компанијата објави „бројни откажувања“, иако некои летови од поголемите аеродроми како што се Франкфурт и Берлин ...

Маја, 12-годишно девојче кое беше застрелано во главата и вратот во пукотницата во средното училиште Тамблер Риџ, се бори за живот во болница, според објавата на нејзината мајка на страницата GoFundMe потврдена од CNN. Маја е сериозно повредена во нападот во училиштето во вторникот и се наоѓа во Детската болница во Ванкувер, каде што е на интензивна нега. Член на семејството ја започна кампањата за собирање средства. Вчера во градот Тамблер ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц влезе во политички конфликт со работната сила од околу 46 милиони луѓе, велејќи дека Германците не работат доволно и премногу често земаат боледување, што го забавува растот на економијата, пишува Политико. Во својот говор пред претставниците на индустријата, Мерц истакна дека рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот и четиридневната работна недела не се доволни за зачувување на благосостојбата на ...

По повеќе од една година во политички ќор-сокак, Косово има нова влада. На нејзино чело е повторно Албин Курти, чија влада, во средата на вонредна седница пратениците ја потврдија со 66 гласа „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија Ветевендосје (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства. Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природа со отпад од член 230 од Кривичниот законик. Во периодот од 28.02.2025 до 09.07.2025 година, обвинетите незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, запаливост, ...

Австралискиот сноубордер Камерон „Кам“ Болтон (35) претрпе фрактура на два вратни пршлени на Зимските олимписки игри во Италија. Болтон доживеа ужасен пад за време на тренингот во Ливињо. На почетокот, тој не беше свесен за сериозноста на повредата, па затоа замина да се одмори. Бидејќи болката стана неподнослива, Болтон побара лекарска помош. Дијагнозата беше ужасна – тој претрпе фрактура на вратните пршлени по што беше итно префрлен во ...

На средбата меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс се разговараше за економските текови и реформите во финансискиот сектор, со акцент на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност како предуслов за инвестиции и економски раст. Во фокусот беа и модернизацијата на платните системи, пристапувањето кон СЕПА и воспоставувањето на системот за инстант плаќања ТИПС, како значајни ...

Во јуни годинава швајцарските гласачи ќе одлучат за две национални прашања на референдум, вклучувајќи ја и иницијативата на крајно десничарската Швајцарска народна партија која предвидува ограничување на населението на земјата на 10 милиони, како и реформа на државната служба. Иницијативата „Не за десет милиони Швајцарија“ (No to Ten Million Switzerland) има за цел да го ограничи бројот на постојани жители до 2050 година, објавува порталот ...

Српскиот министер без ресор задолжен за меѓународна економска соработка, Ненад Поповиќ, денес изјави дека во мај првите пациенти во Русија ќе ја примат вакцината против рак, а пациентите од Србија ќе бидат првите што ќе ја примат вакцината веднаш по руските, на крајот од годината. Поповиќ изјави дека производството на вакцини во Србија би можело да започне во втората половина на 2027 година. Ненад Поповиќ за РТС изјави дека во Москва се ...

Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на ул.„Димитрие Чуповски “ и ул.„Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани ...

Во Белград е приведен Саит Саитов, осомничениот за прегазување жена во Скопје, соопшти МВР. – Вчера од страна на надлежните служби во Србија, известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското Министерство за внатрешни работи, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице ...

Генералната обвинителка на САД, Пем Бонди, изјави дека се надева дека Гислен Максвел, соучесничката на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, „ќе умре во затвор“. За време на сведочењето пред Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на САД, демократската претставничка Дебора Рос праша дали американскиот претседател Доналд Трамп треба да ја помилува Максвел или да ја ублажи нејзината казна, на што Бонди одговори ...

Отежнат пат до професорските звања или стимулирање на личниот квалитет кој ќе доведе и до напредокот во рангирањето на македонските универзитети на светските образовни листи каде сега имаат незавидна позиција? Ваква дилема се појавува врзано за новопредложените решенија во новиот закон за високо образование чија што верзија е на увид на јавноста со цел да се соберат сите критички мислења. Прашањата поврзани со изборот во наставно-научни ...

Без разлика дали следат скијачи на брзи спустови или снимаат санки на падините, новите дронови со камери за „перспектива од прво лице“ им нудат на гледачите на Зимските олимписки игри возбудлива и динамична перспектива. Таканаречените дронови со поглед од прво лице (FPV- first person view) се користат за прв пат на Зимските олимписки игри оваа година, а вкупно 15 од нив беа распоредени на натпревари за време на Олимпијадата Милано-Кортина, ...

Девет лица, вклучувајќи го и осомничениот, се пронајдени мртви по пукотницата во градот во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти во среда канадската полиција, а 25 лица се повредени. Шест лица се пронајдени мртви во средното училиште Тамблер Риџ, а уште две лица се пронајдени мртви во дом за кој се верува дека е поврзан со инцидентот, соопшти полицијата. Напаѓачката, Џеси Ван Рутселар, исто така е пронајдена мртва од ...

Односот меѓу претседателите на Русија и претседателите на Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Доналд Трамп, е одличен, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Духот, во однос на атмосферата на односот меѓу претседателите Путин и Трамп, е одличен. И тоа е навистина така. И во голема мера, токму овој дух, оваа човечка симпатија и меѓусебно почитување помогнаа да се создаде атмосферата што овозможи да се ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, коментирајќи ги извештаите на одредени медиуми, изјави дека прв пат слушнал дека датумот на изборите во Украина може да биде 24 февруари и нагласи дека одржувањето на изборите зависи од безбедносната ситуација. Како што објави Укринформ, претседателот на Украина го изјави ова пред новинарите коментирајќи ја информацијата на „Фајненшл тајмс“ за наводната намера на 24 февруари да се објави датумот ...

Чешката полиција ја заврши повеќемесечната истрага за случајот „Кошмар“ и предметот е предаден во судот, со предложени обвиненија против седум странски државјани и еден чешки државјанин. Тие се обвинети за шверц на повеќе од 30 килограми кокаин и други наркотици од Германија во Чешка. Според истражителите, групата дејствувала од летото 2024 година до февруари 2025 година. Организаторот и неговиот помошник возеле курири до Берлин, каде што ...

Зимските олимписки игри се во тек, а видовме уште едно изненадување во борбата за медали и првиот медал кој оди на Балтикот. Во натпреварот во санкање за жени, Елина Бота од Латвија постигна најдобар резултат во кариерата. По четири возења, Бота стигна до сребрениот медал и првиот медал за својата земја на годинашните Зимски олимписки игри. Инаку, по бројот на жители, Летонија е колку Македонија (1.8 милиони жители). За 25-годишната Летонка, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Сребро

2711.59

Злато

166253.76

Калај

50.64

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66