Филипински сенатор избегал под сомнителни околности од силно чуваната зграда на Сенатот каде што бил држен во „заштитен притвор“ за да избегне апсење по наредба од Меѓународниот кривичен суд по обвинение за злосторства против човештвото. Меѓународниот кривичен суд (МКС) во понеделник отвори налог за апсење на Дела Роса, поранешниот началник на филипинската полиција, кој по наредба на тогашниот претседател Родриго Дутерте, спроведе операции ...

Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која е дел од владејачката коалиција, вчера го објави своето повлекување од владата, оставајќи ја Силина без мнозинство, пренесе „АП“. Минатата недела, латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс, од Прогресивната партија, беше принуден да поднесе оставка поради начинот на кој владата ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја има поддршката од својот кабинет, изјави денес министерката за образование Бриџит Филипсон откако Вес Стритинг поднесе оставка од функцијата министер за здравство. „Беше навистина тешко и многу вознемирувачко. Нема да лажам, но мислам дека денес имаме можност да застанеме и да се обидеме да продолжиме понатаму. Она што можам многу јасно да го кажам е дека премиерот ја има мојата целосна поддршка, дека тој ...

Сè повеќе тенисери се незадоволни од организацијата на мастерсот во Рим, а последна што јавно го искажа своето мислење е германската тенисерка Лаура Зигемунд. Таа предизвика бура на ВТА-турнирот во Рим, не поради своите игри туку поради острите критики за однесувањето на публиката. Откако победи во двојки, Зигемунд се отвори и откри низ каков пекол поминуваат професионалните спортисти поради агресивни поединци, особено спортските ...

Ребалансот на буџетот за 2026 година повторно ја отвора дебатата за состојбата на јавните финансии, реалноста на буџетските проекции и начинот на кој државата го покрива јазот меѓу приходите и расходите. Иако формално се работи за редовна фискална алатка, неговиот тајминг и контекстот укажуваат на посложени економски предизвици. Во време кога Министерството за финансии веќе ги започна подготовките за корекција на државната каса, синдикатите ...

Сè почесто се забележува дека дел од товарниот сообраќај, наместо да се движи по автопатната мрежа, се пренасочува кон споредните делници. Причината, според дел од надлежните и учесниците во сообраќајот, е избегнување на трошоците за патарина. Во практика, ако помине камион повеќе делници на автопат (на пример, од север до југ на Коридорот 10), вкупниот трошок може да се собере и на неколку илјади денари по едно патување, зависно од ...

Во услови на забрзани технолошки и пазарни трансформации, компаниите што сакаат да останат конкурентни мора постојано да се менуваат, да инвестираат во иновации и да градат култура што ги поттикнува новите идеи. Токму ова беше во фокусот на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, организиран од компанијата „Реплек“, која собра голем број учесници од бизнисот, академскиот свет, институциите и медиумите, при што се дебатираше за ...

Американските федерални власти покренаа обвинение против двајца државјани на Македонија, осомничени дека преку интернет организирале измама во која лажно го користеле името на американскиот претседател Доналд Трамп за да извлечат пари од граѓани низ САД. Според соопштението на американското Министерство за правда, обвинети се 25-годишниот Горан С. и 39-годишната Кристина Ј., кои наводно продавале лажни „Trump Bucks“, „Trump coins“ и други ...

Враќањето на легендарниот Лино Червар во македонскиот ракомет предизвика големо внимание во спортската јавност, а со пофални зборови за искусниот стратег се огласи и Кирил Лазаров. Селекторот на Македонија и тренер на РК Алкалоид истакна дека ангажманот на Червар во Еурофарм Пелистер е одлична вест за целиот домашен ракомет и дополнителен мотив за сите клубови и тренери во лигата да го подигнат нивото на уште поголемо скалило. Лазаров ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас во интервју за списанието „Венити фер“ зборуваше за менталните и за физичките предизвици со кои се соочува, нагласувајќи дека неговата цел е да избегне да стане роб на тенисот. Поради повреда на зглобот, Алкарас беше принуден да го пропушти поголемиот дел од сезоната на неговата омилена подлога, вклучувајќи ги турнирите во Барселона, Мадрид и Рим. Тој исто така нема да игра на Ролан Гарос, каде што требаше да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг на денешната средба во Пекинг се согласија дека Ормускиот теснец „мора да остане отворен“ и дека Иран „никогаш не смее да има нуклеарно оружје“, соопшти Белата куќа. Војната во Иран требаше да биде една од главните теми на долгоочекуваниот самит меѓу Шји и Трамп – Иран јавно ја изрази својата желба Кина да ги повтори своите услови за евентуален мировен договор со САД. ...

Според американското соопштение за средбата зад затворени врати, двајцата претседатели се согласиле дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје. Во кинеското соопштение, пак, Иран се споменува само површно, меѓу другите геополитички прашања, а акцентот се става на Тајван, прашање кое, како што рекол Шји, ако не се раководи правилно, „би ги турнало сите кинеско-американски односи во многу опасна ситуација“. Се шпекулира дека за време на ...

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја укина вонредната состојба што ја воведе неговиот претходник Виктор Орбан како одговор на заканата од војна. Вонредна состојба во државата првпат беше прогласена во 2020 година како одговор на пандемијата на вирусот корона, а потоа беше продолжена во 2022 година по почетокот на руската инвазија на Русија врз Украина. Оттогаш, властите во Украина редовно ја продолжуваат. „Денес, по четири години, ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека на Американските Соединети Држави не им е потребна помош од Кина во врска со Иран. Меѓутоа, тој истакна дека претседателот Доналд Трамп и кинескиот водач Шји Џинпинг пронашле „заеднички јазик“ за прашањето за Ормускиот теснец. „Не ни е потребна помош од Кина“, изјави за Рубио за „Ен-би-си“. Тој додаде дека двете страни се усогласиле во противењето на иранскиот развој на нуклеарно оружје и ...

Полска пресретна руски извидувачки авион Иљушин Ил-20 над меѓународните води на Балтичкото море, објави денеска министерот за одбрана Владислав Косиниак -Камиш. Министерот на социјалните мрежи опиша дека тоа била „агресивна акција“ на Москва за тестирање на полските системи за противвоздушна одбрана. „Секоја провокација ќе добие моментен одговор нашите пилоти“, напиша Косиниак-Камиш на социјалната мрежа „Икс“. Според него, рускиот авион летал ...

Русија го изврши својот најголем воздушен напад од почетокот на војната во Украина во период од два дена, таргетирајќи го Киев и други градови со стотици беспилотни летала, соопштија украинските власти во четврток. Седум лица загинаа, а 44 се ранети во комбиниран руски напад со ракети и беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, пренесе „Бета“. Украинската служба за вонредни состојби соопшти дека 20 лица се водат како исчезнати. ...

Рударите кои беа заробени во рудникот „Стари трг“ во близина на јужниот дел на Косовска Митровица поради проблеми со електричната енергија го напуштија рудникот, објавува „Економија онлајн“. Поради проблеми со електричната енергија во рудникот, 18 рудари беа заробени од 01:30 часот по полноќ ноќеска. Компанијата „Трепча Југ“ претходно денес објави дека рударите се заробени поради прекин во снабдувањето со електрична енергија поради дефект во ...

Вкупно девет кардиолошки интервенции во неколку државни и приватни здравствени установи биле неоправдано извршени, а Јавното обвинителство ќе треба да утврди дали станува збор за кривични дела и кој треба да одговара. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за здравство на која беа претставени клучните факти што го утврдила тричлената комисија составена од странски експерти. Министерот Азир Алиу, рече дека ...

Куба се соочува со една од најлошите енергетски кризи во последните децении откако министерот за енергетика Висенте де ла О објави дека земјата останала без дизел и нафта за греење. Како резултат на тоа, жителите на Хавана и другите градови се без електрична енергија до 22 часа на ден, додека земјата се потпира исклучиво на ограничено домашно производство на нафта, природен гас и обновливи извори на енергија. Кубанските власти ја обвинуваат ...

Расте психозатамеѓу обичниот свет поради хантавирусот. Во меѓувреме, властите ширум светот се обидуваат да ја смират ситуацијата, нагласувајќи дека нема причина за паника и дека вирусот не циркулира меѓу населението. Епидемиолозите се согласуваат дека оваа епидемија на брод нема никаква врска со ширењето на КОВИД, но луѓето се претпазливи, учејќи од искуството со лошата комуникација на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Меѓу ...

Во време кога Москва и Киев ги засилуваат меѓусебните напади, една изјава на рускиот претседател, Владимир Путин, дадена пред новинарите изминатиот викенд, по прославата на Денот на победата, го сврти вниманието на многумина и покрена лавина од шпекулации околу тоа што сакал да каже. – Мислам дека работата се ближи кон крајот – рече тој, зборувајќи за војната во Украина, која трае веќе пет години. Подоцна Кремљ го повтори своето тврдење дека ...

Според најновите податоци на Евростат, во 2025 година само 23,4 проценти од домаќинствата во Европска Унија имале деца. Од вкупно 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, 47,4 милиони биле семејства со деца. Најголем дел од нив биле парови со деца, кои сочинувале 14,7 проценти од сите домаќинства. Другите типови домаќинства со деца учествувале со 5,6 проценти, додека самохрани родители сочинувале 3 проценти. Поголемиот дел од домаќинствата во ...

Во рамките на акцијата „Генералка викенд“, која се одржа на 8 мај, ЈП „Комунална хигиена“ транспортираше вкупно 200 кубни метри отпад на територијата на градот Скопје. Од претпријатието наведуваат дека акцијата почнала на кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собирале најразлични видови непрописно фрлен отпад, од брегот и од пешачките патеки. – Воедно, акцијата се одвиваше и ...

Општина Аеродром в понеделник започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата своја територија, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска акција и има цел почиста и поуредна животна средина за сите. Од Општина Аеродром информираат дека во соработка со нејзиното јавно претпријатие за комунални дејности, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови каде што граѓаните ...

Градот крие многу приказни, а најинспиративните се поврзани со жените што оставиле трага во нашата историја и во културното наследство. В недела, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, во рамките на проектот на Општина Центар, ќе се одржи тематската прошетка „Женското наследство во Центар“. Водич и овој пат ќе биде Бојана Јанева. Од Општина Центар ги повикуваат жителите да се приклучат и да ја искористат ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, повика на хуманитарна акција за помош на самохраната мајка Катерина на три мали деца, која имала преживено семејно насилство и денес се бори за гол опстанок. Како што наведе Стефковски, во домот каде што живее со своите деца и со очувот, нема основни услови за живот. Нема доволно храна, нема сигурност, нема топлина… – Ова не е само приказна за сиромаштијата. Ова е приказна за мајка што ...

Случката со животното за кое се претпоставуваше, а и навистина се покажа дека е волк, и за кое, исто така, се претпоставуваше дека е чувано во домашни услови, го наметна прашањето колку е опасно, но и дозволиво кај нас, чувањето диви животни дома. Ова прашање е регулирано со Законот за заштита на природата, каде што во членот 32 се наведува дека е забрането чување и одгледување диви животински видови во несоодветни услови, во заробеништво. – ...

Селата околу Старо Нагоричане цела година живееле во страв од серијата напади врз жени – четири завршиле со смрт, а две со преживеани сведоштва што му ги раскажале на надлежниот обвинител. Жртвите биле жени, дел живееле сами, а психијатриското вештачење покажало дека осомничениот бил целосно свесен и пресметлив додека убивал Основното јавно обвинителство – Куманово ја прошири истрагата против 26-годишниот Трајко Б. од селото Драгоманце, кој ...

Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 7. На пригодната свеченост таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – за младите, за возрасните и за пензионерите, каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. Сиљановска-Давкова додаде дека секој ...

Нов фемицид се случи во битолската населба Баир, 31-годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца, била избодена до смрт од сопругот со кој била разделена. Убиството се случило вчераутро во 6 и 40 часот на ул. „5-та“. Сопругот, на возраст од 33 години, е приведен и за него е предложена мерка притвор. Мотивот за фемицидот е семејна расправија и недоразбирања кои траеле подолг период. Сопружниците биле разделени, жената заминала да живее кај ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
33%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.29
82%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.48
79%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
40%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.24
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
75%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Калај

53.60