Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Францускиот министер за транспорт Филип Табаро денес изјави дека Французите можат слободно да патуваат и покрај можната епидемија на хантавирус во Аргентина. Тој потврди дека пациент хоспитализиран во Париз се заразил со хантавирус, нагласи дека во моментов е исклучен секаков ризик од ширење на инфекцијата и додаде дека и покрај стравувањата од ширење на хантавирус, воведувањето на какви било ограничувања е исклучено, објави BFM TV. „Нема ...
Голем број бизнис и технолошки лидери патуваат со американскиот претседател Доналд Трамп во Кина оваа недела, вклучувајќи ги Тим Кук од „Епл“ и Елон Маск од „Тесла“ и „Спејс Екс“, објави Би-Би-Си. Меѓу оние што му се придружуваат на Трамп во Пекинг се Лари Финк од „БлекРок“, како и раководители од „Мета“, „Виза“, „Џеј-Пи-Еј Морган“, „Боинг“, „Каргил“… Вкупно 17 американски раководители ќе му се придружат на Трамп на патувањето, изјави за ...
Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...
Во акцијата „Карика“, припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска уапсија шест лица под сомнение за детска порнографија. Се сомнева дека тие комуницирале со деца, барале од нив да фотографираат без облека и на некој начин фотографирале интимни делови од нивните тела. Во денешната акција (13 мај) уапсени се шест лица – Б.А. и П.Д. од Бијелина, Д.Т. од Лопар, Д.Н. од Угљевик, Е.М. од Градачац и Б.В. од Србија, за кои ...
Флорентино Перез ja финишира потрагата по нов тренер на Реал (М). Беше јасно како ден дека негова лична преференција е Жозе Мурињо, кој веќе успешно ги тренираше „кралевите“ претходно. Португалецот е подготвен да се врати на клупата на мадридскиот гигант, но неговото доаѓање би можело да предизвика важно заминување од соблекувалната. Според шпанските медиуми, Тибо Куртоа не е обожавател на португалскиот тренер и се вели дека веќе изјавил дека ...
Главниот град на Кина е на пат да биде домаќин на еден од највнимателно следените и најважните дипломатски состаноци во годината, додека лидерите на двете најголеми економии во светот се подготвуваат за средба лице в лице. Ова ќе биде првата државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина по неговиот реизбор, а втор пат кинескиот претседател Шји Џинпинг да го угости Трамп во земјата; нивниот последен таков состанок во Кина ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела е прикажана како дел од САД, со натпис „51-ва држава“. Објавената слика ја прикажува територијата на Венецуела исполнета со боите на американското знаме. Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, пред два дена изјави дека нејзината земја не планира да стане 51-ва земја на САД, ...
Доналд Трамп повторно го нападна поранешниот претседател Барак Обама во серија објави доцна во ноќта на неговата социјална мрежа Truth Social. Завчера, американскиот претседател ги нападна своите противници во повеќе од 50 објави, а неговиот претходник во Белата куќа исто така беше цел, пишува Unilad. Во една од објавите што ги сподели Трамп, 44-от американски претседател беше наречен „најдемонската сила во американската политика во ...
Нов вид телефонска измама, позната како „spoofing“, сè повеќе добива на интензитет во Србија, а граѓаните стануваат мета на добро организирани измамници кои користат лажни телефонски броеви, психолошки притисок, па дури и имитација на глас со помош на вештачка интелигенција. Службата за борба против високотехнолошкиот криминал на Министерството за внатрешни работи, исто така, предупреди на опасноста од ваквите повици, наведувајќи дека ...
Дајте, еднаш засекогаш, сите да сфатиме дека: И УТРЕ ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ, ОД ЗАДУТРЕ ТОА ДА ВАЖИ, И ПО ТРИ ДЕНА ДА ГИ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО БРИСЕЛ, И БЕЗ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ ЗАВРШИМЕ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ – МАКЕДОНИЈА НЕМА НИКАДЕ ДА СТИГНЕ! НЕМА НИШТО ДА ПОСТИГНЕ, ОСВЕН ШТО ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПОТЦЕНИ И ПОСРАМОТИ, БИДЕЈЌИ ДОГОВОРОТ СО БРИСЕЛ ЌЕ МОРА ДА БИДЕ РАТИФИКУВАН ОД СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ. ИМА ЛИ НЕКОЈ ВО ОВАА НАША МАКЕДОНИЈА ШТО ВЕРУВА, ОЧЕКУВА, СЕ ...
По одлуката на обвинителството за организиран криминал и корупција за запирање на постапката против 13 лица опфатени во истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, државното ЕСМ соопшти дека ја разгледуваат можноста за жалба. „До овој момент, до АД ЕСМ сè уште не е доставено Решението од ОЈО ГОКК во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
Главниот зоонегувател во скопската Зоолошка градина, Сашо Панчев истакна дека по физиономијата и по сите карактерни црти животното личи на волк, но оти допрва ќе се утврдува дали е чист волк или е мелез. -Чекаме да дојде тим од Агенцијата за храна и ветеринарство за да се утврди за што точно станува збор. Има многу кучиња што имаат иста физиономија со волците, па затоа ќе се направат испитувања – вели Панчев Сашо Панчев главен зоо негувател, ...
Директорот на Светската здравствена организација им порача на земјите да се подготват за повеќе случаи на хантавирус, додека властите во Париз објавија дека Французинка која го заразила вирусот на MV Hondius има најтешка форма на болеста и е на респиратор. Тедрос Аданом Гебрејесус ѝ се заблагодари на Шпанија за „сочувството и солидарноста“ што ја покажа со прифаќањето на погодениот крузер и ги повика властите да ги следат советите и ...
Екипата на Маџари приреди вистинска сензација во македонската кошаркарска Суперлига и како голем аутсајдер успеа да се пласира во финалето на плејофот, совладувајќи го ТФТ со 71:69 во драматичен натпревар што се решаваше во последните секунди. Уште поголем подвиг за Маџари е фактот што тимот настапи без еден од своите најважни играчи, повредениот Грин, но и покрај тоа одигра меч полн со карактер, борбеност и огромна желба за победа. Од самиот ...
Арсенал со минимални 1:0 ја доби пресметката против градскиот ривал Вест хем, но сè уште главна тема, кога е во прашање фудбалската јавност, е поништениот гол за 1:1 во судиското продолжение. Беше свирен прекршок врз голманот на Арсенал, по интервенцијата на ВАР и долгата рецензија. Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, не штедеше зборови, опишувајќи ја одлуката како „целосен срам и апсолутен циркус“ и тврдејќи дека се менуваат ...
Американската војска размислува официјално да ја преименува војната со Иран во „Operation Sledgehammer“ (Операција чекан) доколку прекинот на огнот пропадне и американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги продолжи големите борбени операции, открија двајца американски функционери. Администрацијата на Трамп прогласи крај на „Операцијата Епски бес“ откако САД и Иран се согласија на прекин на огнот на почетокот на април за да ги продолжат ...
Елон Маск е само еден од истакнатите американски бизнис лидери што го придружуваат американскиот претседател Доналд Трамп на неговата државна посета на Кина оваа недела. Портпарол на Белата куќа потврди дека Маск се качил на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој полетал за Пекинг, објави Ројтерс. Најбогатиот човек во светот, кој моментално е во правен спор со шефот на „ОпенАИ“ во Калифорнија, е дел од групата директори поканети да се ...
Иранската влада поднесе тужба против Соединетите Американски Држави пред арбитражното тело во Хаг, обвинувајќи го Вашингтон за воени напади врз иранските нуклеарни постројки, наметнување економски санкции и закана за употреба на сила, објави иранската новинска агенција Мизан, а беше објавено и од новинските агенции Ксинхуа и Тасним. Според обвинувањата, Техеран го темели својот случај на Алжирските декларации од 1981 година, кои, по ...
Синоќешниот брутален судир меѓу две групи мигранти во шумите кај Обреновац имаше драматичен епилог. Иако полициската операција „Вихор 3“ официјално заврши, инспекторите и специјалните единици сè уште се на нозе и го бараат вооружениот убиец. Инаку, синоќа во непрооден шумски масив беше откриен грозоморен злостор. При претресот на подрачјето, полицајците наидоа на тело на маж со прострелна рана во грбот, кој беше завиткан во ќебе. На местото ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски синоќа информираше дека во една скопска населба бил заловен волк, кој, како што посочи, незаконски бил чуван како домашно милениче. Според неговата објава на социјалните мрежи, животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја ...
Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откри неколку детали за него за време на интервју со американскиот новинар Такер Карлсон. – Не е лична одмазда, но мислам дека тој е една од најголемите пречки за постигнување мир – нагласи Мендел на почетокот на разговорот. Таа, исто така, изрази мислење дека е „скоро надреално“ како западните политичари кои ја посетија Украина се однесуваа кон Зеленски како ...
Русија ќе го распореди својот нов стратешки нуклеарен проектил, „Сармат“, подоцна оваа година, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин, опишувајќи го како „најмоќниот во светот“. Планираното распоредување на проектилот – дизајниран да носи нуклеарни боеви глави за да погоди цели оддалечени илјадници километри во САД или Европа – доаѓа по неколку години одложувања и доцнења. Путин во телевизиско обраќање рече дека моќта на боевата ...
Администрацијата на Доналд Трамп започна една од најагресивните мерки против протекувањето информации од американските медиуми во последните години, откако претседателот лично побара истраги за новинари кои известуваат за војната со Иран. Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично го охрабри Министерството за правда да издаде судски покани до новинарите кои известуваат за војната со Иран да ги откријат своите извори, објави Си-Ен-Ен, ...
Европската комисија подготвува нови правила за заштита на децата од зависничкиот дизајн на социјалните мрежи како што се TikTok, Facebook, Instagram и X, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во Копенхаген. Таа предупреди на растечките последици за децата и младите, како што се недостаток на сон, депресија, анксиозност, самоповредување, зависност, онлајн злоупотреба и експлоатација. Таа нагласи дека овие проблеми не се ...
Американската војска размислува официјално да ја преименува војната со Иран во „Operation Sledgehammer“ (Операција чекан) доколку прекинот на огнот пропадне и американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги продолжи големите борбени операции, открија двајца американски функционери. Администрацијата на Трамп прогласи крај на „Операцијата Епски бес“ откако САД и Иран се согласија на прекин на огнот на почетокот на април за да ги продолжат ...
Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави, изјави денеска дека претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп би требало да престане да испраќа контрадикторни пораки за своите намери во војната со Иран и наместо тоа да ја заврши работата и да помогне во соборувањето на власта во Техеран. Критиката на Пахлави доаѓа во момент кога САД и Иран разменуваат предлози за долготраен мировен процес во услови на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека верува дека врховниот водач на Иран, Моџтаба Хамнеи е жив. Во интервју за емисијата „60 минути“, на „Си-би-Ес“, Нетанјаху рече: Мислам дека Моџтаба Хамнеи е жив. Каква е неговата состојба, тешко е да се каже. Тој додаде дека Хамнеи се крие. „Се крие во некој бункер или на тајна локација и се обидува да го одржи својот авторитет. Сметам дека го нема истиот авторитет што го имаше неговиот ...
Рускиот претседател Владимир Путин предложи вклучување на поранешниот германски кацелар Герхард Шредер во можните преговори меѓу Русија и Европа. Меѓутоа, зад кулисите, политичките кругови веруваат дека друг поранешен германски канцелар, Ангела Меркел, би била поприлагодена за улогата на посредник, наведува Шоигел“, повикувајќи се на извори. Меркел важи за соодветен кандидат за улогата на посредник, бидејќи лично ги познава украинскиот ...
Ѕвездите исплаќаат бонус до крајот на мај: Време е целата ваша напорна работа да се исплати, бидејќи до крајот на мај планетите ќе отворат трезор кој е заклучен предолго. Ѕвездите плаќаат бонус за три хороскопски знаци, и тоа двоен – пристигнуваат огромни пари и личност која менува сè. Транзитот на Венера и Јупитер работи директно во нивна корист, а кулминацијата следи во последната деценија од месецот. Еден детаљ во средината на текстот ...