Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Судницата во Кривичниот суд беше претесна да ги собере новинарите и семејствата на починатите деца во „Пулс“, на судењето за 13-темина полицајци што биле на работа и во контрола на дискотеката на Дејан Јовановски-Деко, вечерта на 16 март. По едно одложување и долги паузи, започна главната расправа, која ја води судијката Фанка Јанчулева. Сите обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, додека обвинителството оцени оти полициските ...
Без присуство на претставници од СДСМ денеска продолжи со работа Работната група за реформа на изборното законодавство. Министерство за правда соопшти дека групата денеска ја одржала четвртата седница, на која продолжи разгледувањето на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда. Во однос на учеството на СДСМ, беше истакнато дека до Министерството за правда ...
Полицијата во Ниш го уапси бугарскиот државјанин С. Б. Г. (61) под сомнение дека измамил седумдесет и четиригодишна жена од Ниш. Полицијата во Ниш, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство во тој град, го уапси бугарскиот државјанин С. Б. Г. (61), осомничен дека се јавил на седумдесет и четиригодишна жена од Ниш и ѝ кажал дека нејзиниот син е тешко повреден, по што и побарал да му даде 150.000 евра за трошоците за наводното ...
Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денес изјави дека Европската Унија ќе одлучи кој ќе биде нејзин преговарач во евентуалните разговори со Русија за прекин на војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин за време на викендот изјави дека би сакал поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да биде медијатор. „Европа ќе избере европски преговарач, а не Русија“, рече Тајани по ...
– Предизвиците на новото време – глобализацијата, новите технологии и вредносните ориентации, ѝ даваат на културата карактеристики на исклучително развојна сфера за целокупниот современ развој. Улогата на државата е да ги стимулира, да ги помага, да ги унапредува и да ги развива културните односи во општеството. Во функција на целосна интеграција на културата, приоритетно е таа да се третира како дел од сите развојни планови на државата. ...
– Мајската селекција на остварувања не функционира само како низа проекции туку и како концептуален пресек низ македонската и светската кинематографија, во кој филмот се појавува како сведоштво, но и како активен чин на преосмислување на стварноста – посочуваат од Кинотеката на Македонија, најавувајќи го репертоарот на филмови што јавноста ќе може да ги види месецов – Мајската програма на Кинотеката претставува внимателно обликуван репертоар ...
Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“– Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4 %, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828). Во истиот период, јануари – април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7 %. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека енергетиката денес бара силни, функционални и одржливи партнерства што носат конкретни резултати, нагласувајќи дека регионалниот дијалог е неопходен за иднината на енергетскиот развој. За време на средбите во Белград, Божиновска истакна дека Македонија сè појасно ја зацврстува својата улога како активен и релевантен партнер на регионалните и на европските ...
Додека светските енергетски пазари остануваат под силен притисок од геополитичките тензии и скокот на цената на нафтата над 105 долари за барел, во Македонија засега има мало олеснување за возачите. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесе просечно намалување на цените на горивата од 1,78 проценти, со најголем пад кај дизелот и кај екстра лесното масло. Иако е минимално ова намалување, граѓаните барем привремено ќе ...
Тензиите на Блискиот Исток и неизвесноста околу Хормускиот Проток би можеле да предизвикаат нов бран поскапувања на храната во Европа, предупредуваат економистите и аналитичарите на пазарот. Според нив, нарушувањата во снабдувањето со ѓубрива и порастот на цените на енергијата би можеле сериозно да влијаат врз земјоделското производство и да доведат до значително повисоки цени на овошјето и на зеленчукот во наредниот период. Процените ...
Ќе се преиспитува системот со воведените блок-тарифи во сметките за електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, при што може да се донесе одлука за евентуално нивно укинување. И евтината тарифа, која им овозможува на граѓаните значителни заштеди во домашниот буџет, е доведена во прашање. Новиот претседател на РКЕ, Ацо Ристов, смета дека е нелогично за ист производ да има пет различни цени — четири во блок-тарифите и една во ...
На делницата Гостивар – Букојчани, реализацијата веќе достигна 60 проценти, додека градежните работи на Коридорот 8 се одвиваат со засилено темпо. Владата тврди дека се надминуваат проблемите на трасата и дека по две изгубени години, машините сега работат на целата делница. Иако рокот за завршување е продолжен до 2029 година, најавите се дека западниот автопатски коридор би можел да биде готов и поранo Интензивно се градат автопатските ...
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана Купишта, бил затечен камион што незаконски фрлал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од Општина Аеродром информираат дека од страна на општинскиот Инспекторат бил издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот. – За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност. Општина ...
Учениците од основното училиште „Дане Крапчев“ во населбата Ченто го освоија второто место во светот, на престижниот натпревар „First Lego League“ во роботска игра. – Во конкуренција на 55 држави и над 1.000 ученици од целиот свет, нашиот тим, со 525 освоени бода, се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови што може рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите. Ова не е само успех. Ова е доказ дека трудот, знаењето, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше за Си-Би-Ес за војните во кои е вклучен Израел, истакнувајќи дека до нападот на Хамас на 7 октомври, тој се сметал за највоздржан премиер. Одговарајќи на прашање од новинар, Нетанјаху рече дека тврдењата дека е „гладен за војни“ се смешни со оглед на неговите политики. „Ме сметаа, знаете, политички тврд, но воено многу воздржан. Очигледно тоа се промени на 7 октомври затоа што имаа намера да нè ...
По вандализмот во најголемото основно училиште „Ванчо Прќе“ во Штип, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во сите училишта, освен што има видеонадзор, ќе бидат поставени и алармни системи со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијантни појави. – Имаме видеонадзор на сите образовни институции, но дополнително, за да се превенира и за полесно да се идентификува и лоцира проблемот, потребно е да бидат лоцирани алармни ...
Хорот при скопското основно училиште од Кисела Вода „Кузман Јосифовски-Питу“, под менторство на наставничката Вера Ангеловска, го освои првото место во хорска интерпретација на државниот натпревар што се одржа деновиве, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Музичката екипа (52 ученици) врвно се претстави, за заслужен, највисок пласман на ниво на основните училишта во Македонија. На натпреварот, тие ги изведоа задолжителната ...
Во рамките на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од Националниот парк „Маврово“. Воедно, оттаму ги известуваат сите спортски риболовци дека вчера стапи во сила забраната за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство. Од управата на најголемиот национален парк ...
Најголемиот глобален хуманитарен мотохепенинг наречен „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава го слави своето 11. скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење, секако, е чест, но и обврска. Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните вљубеници во класичните мотоцикли и во модата, во борбата против машките болести. Единаесеттата скопска едиција досега навестува ...
Во Тетово, вчера се одржа републичката манифестација „Вешта жена 2026“, на која се натпреваруваа победничките од 11. општински натпревари во подготвување, декорирање и сервирање главно јадење, погача и десерт. Титулата гран-при вешта жена, според бројот на бодови од жирито, ѝ беше доделена на Катерина Николовска од Прилеп. Второто место ѝ припадна на Даниела Димитриевска од Тетово, а третото место го освои Мима Ѓорѓиева од Македонска ...
Пред многу години, во 1984 гoдина, „Ју-ту“ го издаде својот четврти албум, „Unforgettable Fire“, кој е неверојатно емотивен. Кај нас, во нашите продавници, како и секогаш, дојде со големо задоцнување, некаде 87-88 г., кога групата веќе го издаде на светскиот пазар исконскиот „The Joshua Tree“. На „Unforgettable Fire“ ги гледаме како продуценти Брајан Ино и Даниел Ланоис, кои ги донесоа тој пожесток звук и таа прекрасна атмосфера, каде што ...
Пејачката Јасна Госпиќ добро ја памтиме од саревската група „Амбасадори“ во која пред Јасна пееше Исмета Крвавац. Јасна во групата дојде на 17 години, тогаш кога со нив го снимила и најголемиот хит „Дојди во 5 до 5“. Сепак живот ја однесе на друга страна, па Јасна прерано ја напуштила естрадата. Животот во Титова Југославија и тогашниот дух на времето ѝ останале во убаво сеќавање, па иако со години не живее овде, признава дека го зачувала ...
Чуда во спортот се можни и се случуваат кога најмалку ги очекувате. Така Џош Стрикленд го шокираше непобедливиот Хамзат Чимаев, одземајќи му го појасот на настанот „УФЦ 328“. Спектакуларна борба во Њу Џерси и резултат што малкумина го очекуваа. Американскиот борач на крајот победи со поделена одлука и со тоа го освои појасот во средна категорија. Така, Чеченецот го претрпи својот прв пораз и покажа ферплеј. Го зеде појасот и го стави околу ...
Рускиот шампион во повеќебој, Дмитри Исаев, трагично го загуби животот во Калуга откако беше застрелан пред зградата во која живееше. Според првичните информации од руските медиуми, за убиството е осомничен поранешниот партнер на неговата девојка. Тажната вест ја потврди спортскиот клуб Логово зверја, каде што работеше Исаев како тренер. Многу ни е тешко да зборуваме за ова… Дмитриј Исаев, нашиот тренер, спортист и пријател, го загуби ...
Конечно, да здивнеме. По толку многу турбуленции, во Виена (на 12.05.) започнува годинашното 70. издание на Песна на Евровизија, со двете полуфинални вечери и со главната финална вечер на 16 мај. Натпреварот се одржува во гламурозната арена „Wiener Stadthalle“, но, за жал, Македонија нема да учествува и овој пат. За утеха, Македонската РТВ ќе ги пренесува сите трите вечери во живо, на својата фреквенција, што значи дека, сепак, на некој ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нов крупен енергетски проект со кој државата ќе се поврзе со српскиот гасоводен систем, оценувајќи дека Македонија постепено се позиционира како важен регионален енергетски центар. Според него, Владата веќе ги финализира подготовките за почеток на постапката за изградба на гасоводниот интерконектор со Србија, додека паралелно интензивно се работи и на гасното поврзување со Грција. Мицкоски информираше дека ...
Пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ закажан за 11 мај, новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, објави дека Будимпешта повеќе нема да го користи ветото како средство за политички притисок во рамките на Европската Унија. Таа нагласи дека Унгарија ќе се стреми да ја поправи нарушената доверба меѓу партнерите во ЕУ и НАТО. Според неа, Унгарија претходно „премногу често дејствувала како кочница на европските ...
Полска ќе бара одговори за тоа како поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, баран за злоупотреба на службената должност, успеал да отпатува од Унгарија во САД, изјави денес портпаролот на полското Министерство за надворешни работи. Зиобро и неговиот заменик Марцин Романовски добија азил во Унгарија од тогашниот премиер Виктор Орбан, но Варшава се надеваше дека поразот на поранешниот премиер од проевропскиот ривал Петер Маѓар на ...
Холандскиот луксузен крузер „МВ Хондиус“, кој веќе една недела ги полни светските медиуми поради патници заразени со хантавирус, е произведен во Хрватска. „Бродосплит“ од Сплит ја договорил неговата изградба во 2016 година и го испорачал во 2019 година на холандската компанија „Оушнвајд експедишнс“, од каде нагласуваат дека е „најфлексибилниот, најнапреден и најиновативен туристички брод во поларните региони“. „Хондиус“ осто така е првиот ...