Има забрзување на процесот на реформите споредено со извештајот за напредокот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при посетата на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот на Европската ...

Претседател на суд зел 8.000 евра мито за да влијае врз судска постапка, соопшти Јавното обвинителство. Против него и против судски администратор е отворена истрага и се побарани мерки за обезбедување. „Предметен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран кримина и коруција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. ...

На 10.05.2026, пријавениот испратил смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Берово, соопшти МВР во дневниот билтен. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 10.05.2026, пријавениот испратил смс пораки со заканувачка содржина на јавен ...

На 13.05.2026 во 15:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство”, во правец од Скопје кон Гевгелија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа”, сопственост на МВР, а управувано од Р.П.(30) и товарно возило „сканиа” со полуприколка со босански национални ознаки, управувано од Р.М.(42) од Босна и Херцеговина. Во несреќата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник Р.П., констатирани ...

Случајот со деветмината пациенти не може да се сведе на едноставна квалификација дека биле изведувани непотребни операции на срце. Според изјавата на министерот за здравство, Азир Алиу, произлегува дека странските експерти укажале на сосема поинаков и поспецифичен проблем – сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација. Со други зборови, спорот не е во самиот оперативен зафат како изолирана медицинска постапка, туку во она што му ...

Еден од најпопуларните фудбалски клубови на светот, Манчестер Јунајтед го промовираше новиот дрес кој што играчите ќе го носат во следната 2026/27 сезона. Со Адидас како генерален спонзор за опремата, Манчестер Јунајтед со години е во врвиот на продажба на дресови ширум светот, заедно со Реал Мадрид, и лутиот ривал Луверпул. Новитет е овојпат што се враќа дизајнот со јака. Manchester United have revealed their new home kit for the 2026/27 ...

Со ваква порака кинескиот лидер Си Џинпинг по девет години го пречека американскиот колега Трамп на дводвевниот критичен самит во екот на засилени геополитички тензии и турбулетни економски односи меѓу двете најсилни економии. Со највисоки државни и воени почести Трамп беше пречекан пред големата народна сала во Пекинг, додека стотици деца трескавично мафтаа со американски знамиња. Чест ми е да ви бидам пријател, му рече Трамп на кинескиот ...

Тужбата се однесува на тврдења дека тој имал неколку сериозни здравствени проблеми во 2024 година, што Нетанјаху жестоко го негира, објави „Тајмс оф Израел“. „Мојата здравствена состојба е добра, некои би рекле одлична“, рече израелскиот премиер. Тој ги отфрли тврдењата дека некогаш имал рак на панкреас, посочувајќи дека таквата дијагноза, рече тој, веќе би имала фатални последици. Нетанјаху детално ги раскажа медицинските интервенции на ...

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, го коментираше триумфот од 2-0 над Ленс во одложениот натпревар од 29-то коло од француското првенство. Со овој успех, Парижаните ја обезбедија шампионската титула за сезоната 2025/26. На едно коло до крајот, ПСЖ е лидер на табелата со 76 бода, девет бода пред најблискиот ривал. „Сакавме да дојдеме тука и да победиме. Сакаме добро да се подготвиме сега, вклучително и за финалето на Лигата на ...

Папата Лав всиноќа го критикуваше зголемувањето на европските трошоци за одбрана, кои достигнаа највисоко ниво од крајот на Студената војна минатата година, под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „предавство“ на дипломатијата. Папата, кој го предизвика гневот на Трамп во последните недели откако ја критикуваше војната во Иран, им рече на студентите во Рим дека вооружувањето не треба да се нарекува трошење за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска изрази чудење за коинциденцијата во реториката на бугарските власти и македонската опозиција во однос на карактерот на спорот меѓу двете земји. Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозицијата дека прашањето со Бугарија е исклучиво европски, а не билатерален проблем, Муцунски порача дека Владата останува фокусирана на заштита на достоинството на државата ...

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани - истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го ...

Легендарната македонска рок група Меморија го најави големиот концерт закажан за 23 октомври во арената Јане Сандански и снимањето на документарниот филм за групата која опстојува цели 43 години. На вчерашната прес-конференција музичкиот новинар и водител, но и некогашен член на бендот, Антонио Димитриевски откри дека овој пат концептуално целиот концерт како и документарниот филм ќе бидат насочени не само кон историјатот на Меморија, туку и ...

Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни (3,2 милиони долари), објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати директен повик до опозицијата да ја тргне настрана дневната политика кога станува збор за стратешките интереси на државата. Тој побара политичка зрелост и конструктивност околу клучните реформи кои се директно поврзани со европската агенда и Планот за раст. „Денес сакаме јасно да упатиме повик до опозицијата, да покажеме зрелост околу реформите клучни за државата, особено за Изборниот ...

Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има ...

Доцнењето се случи откако кинеските безбедносни претставници не му дозволиле на агент на американската тајна служба, кој ја придружувал прес-тимот, да влезе во комплексот со оружје, објави „Њујорк тајмс“. Според извештаите, следеле интензивни консултации меѓу американските и кинеските претставници, по што бил постигнат компромис и ситуацијата била решена. 众媒体记者没让跟拍习近平与特朗普游天坛,而是被集体留在一间房里。一位中方的工作人员向记者们解释说,主席走了你们才能走。在主席离开前,我们的安保人员不允许你们离开。 ...

Деновиве воздухот е исполнет со оној препознатлив, нежен и опоен мирис кој непогрешиво ни кажува само едно – сезоната на бозелот е во полн ек. Овој дар од природата со векови е дел од нашата традиција; речиси и да нема семејство кое нема своја приказна поврзана со берењето на белите цветови по сончевите ливади. Подготовката на домашен сируп од бозел е многу повеќе од обичен кулинарски рецепт – тоа е драгоцен ритуал кој се пренесува низ ...

Министри и високи претставници од Европа и Централна Азија, од 11 до 15 мај 2026 година, престојуваат во Душанбе, каде што дискутираат за зајакнување на ефикасноста, инклузивноста, отпорноста и одржливоста на агро-прехранбените системи во услови на сè поизразени климатски, економски и геополитички предизвици. 35-тата сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа (ERC35) се одржува во главниот град на Таџикистан под главната тема: ...

Времето на оброкот, како и намирниците што ги јадеме за појадок, можат значајно да влијаат на нивото на шеќер во крвта и на енергијата во текот на остатокот од денот. Затоа, многумина се согласуваат дека појадокот е најдобро да се изеде во рок од еден до два часа по будењето, со цел да се одржи стабилно ниво на шеќер и да се обезбедат хранливи материи за почеток на денот. Покрај тоа, важна е и доследноста во времето на оброците, бидејќи ...

Токсичните хемикалии се наоѓаат насекаде околу нас – во облеката, козметиката, домашната хемија, пакувањата за храна – а можат сериозно да го загрозат здравјето на младите, нервите и хормоните. Последиците можат да вклучуваат дебелина, неплодност и висок крвен притисок. Тестирањата во Германија покажуваат дека децата и тинејџерите се контаминирани со забранети пластификатори, пишува „Дојче веле“. Што се всушност пластификаторите? ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, упати силна порака за неопходноста од итна заштита на домашното стопанство на конференцијата „Бизнис со интегритет“. Министерот отворено и реално укажа дека македонските мали и средни претпријатија се соочуваат со огромни предизвици во сегашниот либерален систем, каде тешко можат да им парираат на регионалните и светските гиганти без соодветна државна поткрепа. Министерот Николоски ...

Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките - ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...

По незаборавните музички вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски го продолжува концертниот караван и пристигнува во Тетово. На 22 мај, со почеток од 20 часот, сцената на Домот на културата „Иљо Антевски Смок“ ќе биде местото каде емоциите ќе пеат најгласно, под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со музика, искрени емоции и песни што оставиле белег низ годините. ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, денеска на прес-конференција остро го обвини шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, за, како што рече, политичко влијание и затворање на предметот „Мазут“, вреден 167 милиони евра. Според Стојаноска, одлуката за запирање на постапката е „доказ за големото влијание“ што, според неа, го имаат Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев врз обвинителството и судството. „Пред само една година, обвинителството ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола утринава изврши увид на местото во битолската населба Баир, каде што беше убиена 31-годишната А. В. од Битола. Од местото на убиството се земени траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, а дополнително е издадена наредба за обдукција на телото на починатата. „Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на ...

Вин Дизел, Мишел Родригез и Џордана Брустер ја прославија годишнината што започна со премиерата на првиот дел во 2001 година. Специјален гостин на црвениот тепих беше Медоу Вокер, ќерка на покојниот актер Пол Вокер, кој беше еден од столбовите на легендарниот филмски хит до неговата трагична несреќа во 2013 година. Вин Дизел, Мишел Родригез и Џордана Брустер ја прославија 25-годишнината со ќерката на Пол Вокер и специјална проекција на ...

Полицијата соопшти дека ги уапсила крадците на велосипед во Аеродром. Полицајците во средата, 13 мај, уапсиле двајца 22-годишници од Сарај по пријавата на А.С. дека во вторникот пред теретана му бил одземен велосипедот. Лицата се идентификувани и приведени веднаш по добиената пријава и се преземени сите активности. Велосипедот е вратен на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи. Претходно снимка од крадците кои сред бел ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
45%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.61
90%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.21
81%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.88
50%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
6.65
61%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.99
85%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
59%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.8
49%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.51
55%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.92
69%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
3.12
60%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59